You are on page 1of 8

Носители на туристичкиот процес: турист,

туристичка маса, туристичка група, туристичка


организација и рецепиентно население

Изработиле:
1.Костовски Методија 16450
2.Николовски Кристијан 16485
• Туризмот е организиран процес во кој покрај туристи се
вклучени и голем број други општествени чинители и тоа во
сферата на туристичката емитива, рецептива и туристичкото
посредништво. Сепак, како главни носители на туристичкиот
процес се сметаат:
-туристите;
-туристичката маса;
-туристичката група;
-туристичките организации од рецептивата,
емитивата и комуникативата;
-рецепиентното население;
Турист
• Зборот турист потекнува од латинските зборови tornus и lathe
што означува човек кој изведува кружно патување.
• Турист претсавува лице кое патува во туристичко место најмалку
24 часа поради задоволство.
• Според Ерик Коен основни разлики меѓу туристите и
патниците се:
-туристот е привремен патник;
-туристот е доброволен патник;
-туристот прави кружни патувања;
-туристот патува релативно долго;
- туристот не заминува често на патување;
-туристот патува без работни цели;
Туристичка маса

• Туристичка маса е најширока категорија во туристичкиот процес.


Таа се однесува на сите луге, бидејќи ги опфаќа покрај оние што
патувале и престојувале туристички и оние кои се потенцијални
туристи.
• Туристичката маса претсавува глобална социолошка категорија
која е исклучително широка во својот опфат.
Таа се смета за глобална социолошка категорија бидејќи не
постои човек кој не би патувал од задоволство.
• Исто така, туристичката маса е мошне флуидна и динамична
категорија која е зависна од туристичката практика.
Туристичка група

• Туристичка група претсавува целина од поединци организирани


во група за определено време со цел задоволување на
туристичките цели, вредности и потреби преку туристичкото
патување и престој.
• Најзначајни карактеристики на една туристичка група се:
-нови социо-културни односи;
-постојаност на потребите и целите;
-заеднички идентитет;
-своја структура и организација;
-туристички водич;
Туристички организации од рецептивата,
емитивата и комуникативата

• Туристичките организации од емитивата ги сочинуваат


емитивните туристички агенции, бироа, друштва, сојузи, и сл. И
нивна цел е да го поттикнат интересот на туристите за патување.
• Туристичките организации од комуникативата се всушност
сообраќајните претпријатија кои можат да вршат редовни услуги
на превоз до туристичките дестинации или посебен во
туристичките сезони или целогодишно.
• Туристичките организации од рецептивата се
најпрепознатливи туристички организации. Тука спаѓаат сите
туристички капацитети за сместување, послужување, забава,
спортски туристички капацитети, културни како и рецептивните
Т.А. , бироа, друштва и сојузи.
Рецепиентно население
• Рецепиентното население е всушност домашното население кои
ги опслужува туристите за време на нивниот престој и е во
извесен социо-културен престој со туристите, при што на тој
начин обезбедува основни или дополнителни средства за
егзистенција.
• Под рецепиентно население во поширока смисла на зборот го
подразбираме вкупното домашно население во одредено
туристичко место.
• Под рецепиентно население во потесна смисла на зборот го
подразбираме она население кое е вклучено директно во
туристичката дејност преку давање услуги на туристите со што
остварува основни или дополнителни приходи за егзистенција.
Локалната самоуправа и туристите
• Во рамките на односот локална самоуправа-турист посебно се значајни:
степенот на задоволство кое туристот го изразува од функционирањето
на локалните служби, а посебно во делот на комуналните услуги,
сообраќајот, уредувањето и заштитата на животната средина, услугите
врзани со конфорниот престој на туристите.
• Во функција на подобрување на овој дел сегмент од престојот на
туристите и односот локална самоуправа-туристи, а врз основа на
искуствата од земјата и светот, сметаме дека во иднина би требало да се
размисли за следното:
-Формирање посебно одделение за контакт со туристите;
-Зајакнување на координацијата помеѓу службите на локалната
самоуправа и локалната полиција;
- Зајакнување на координацијата помеѓу службите на локалната
самоуправа и туристичко-угостителските субјекти;
-Информирање на туристите за услугите кои ги нуди локалната самоуправа
и на местата на кои можат да се обратат доколку имаат некаков проблем.

You might also like