You are on page 1of 13

КАТАЛОГ НА ТУРИСТИЧКИ

АРАНЖМАНИ ОД ,,M TRAVEL‚‚


Големо значење меѓу пропагандните средства на
туристичката агенција, а посебно кај организаторите
на патувањата има каталогот на аранжманот.
Во каталогот агенцијата треба да ги поврзе
пропагандната и продажната функција. Токму врз
основа на информациите и илустрациите во
каталогот, клиентот има претстава за понудениот
производ и донесува одлука за купување.
Патничките агенции каталогот го издаваат, по
правило, како годишна едиција на своите програми
или како сезонска едиција. Заради ексклузивноста
во печатењето (фина хартија, боја и слично),
каталогот за агенцијата е многу скап производ.
Насловната страна на каталогот на ,,M TRAVEL‘‘ е
составена од логото на агенцијата, сезоната во која
ќе се одвиваат туристичките аранжмани односно за
ЛЕТО 2023. Исто така на насловната страна е
поставен мотивот на туристичката агенција ,,
Сигурно, Квалитетно, Професионално’’, кој ќе биде
од големо значење и ќе се привлечат што поголем
број на туристи. Важни елементи на насловната
страна на каталогот од туристичката агенција M
TRAVEL претставуваат дел информациите кои што се
дадени: e-mail-пошта и телефонскиот број од
туристичката агенција. Сите тие елементи се
корисни за туристите, бидејќи ќе можат лесно да ја
контактираат агенцијата за сите посакувани работи.
Хургада - еден од најатрактивните ресорти во
Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км )
јужно од Каиро на западната обала на Црвеното
Море - на афричко тло . Најголема атракција на
Хургада е беспрекорно чистото и топло море.
Подводниот свет е исклучително богат така што
Хургада е особено популарна кај љубителите на
подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што
е особено интересно за посетителите е и малиот,
ненаселен архипелаг на корални острови со
прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Туристите при изборот на дестинацијата Хургада ќе
бидат сместени во следниве објекти:
• Desert Rose Resort – објект што е категоризиран со
5 ѕвездички, на база на проширен пансион
односно All Inclusive – цена 601 €;
• Labranda Royal – објект што е категоризиран со 5
ѕвездички, на база на проширен пансион односно
All Inclusive – цена 747 €;
• Continental Resort - објект што е категоризиран со
5 ѕвездички, на база на проширен пансион
односно All Inclusive – цена 788 €;
• Sheraton Soma Bay - објект што е категоризиран со
5 ѕвездички, на база на проширен пансион
односно All Inclusive – цена 918 €;
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Директен авионски лет на релација Скопје –
Хургада – Скопје.
• Чекиран багаж до 20кг по лице.
• Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
• Сместување во избраниот хотел според
резервираниот термин и број на ноќевања, на база
на избраната услуга.
• Организиран групен трансфер аеродром – хотел –
аеродром
• Локална асистенција и Услуги на претставник на
организаторот.
• Организација на програмата.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително здравствено патничко
осигурување.
• Хотелски услуги после одјавување на собите
(*** Хотелот има право да прекине со All
Inclusive услуги по Check Out).
• Факултативни екескурзии и други индивидуални
трошоци.
• Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива
на лице место по пристигнување. Потребни се
25усд, хотелска резервација и пасош со важност
од минимум 6 месеци.
Во срцето на Медитеранот, Тунис е земја во која се
спојуваат илјадници години култура, земја на
традиција и легенди, светлина и боја, контрасти. Со
своите прекрасни долги и широки песочни плажи,
бројни хотели и културно-историски споменици,
привлекува многубројни туристи од целиот свет, кои
во големи броеви доаѓаат да уживаат под топлото
африканско сонце и водите на средоземјетео но и да
ги истражуваат знаменитостите на бурното минато,
како и непознатите на секогаш мистичната и убава
Сахара.
Сонцето, плажите, морето, песокот, камилите,
пустината, оасите, удобните хотели се првата
асоцијација за оние кои патуваат во Тунис. Тунис е сè,
но многу повеќе…
Туристите при изборот на дестинацијата Хургада ќе
бидат сместени во следниве објекти:
• Rosa Beach - објект што е категоризиран со 4
ѕвездички, на база на проширен пансион односно
All Inclusive – цена 1.139 €;
• Le Soleil Bella Vista - објект што е категоризиран со 5
ѕвездички, на база на проширен пансион односно
All Inclusive – цена 1.172 €;
• Marabout - објект што е категоризиран со 5
ѕвездички, на база на проширен пансион односно
All Inclusive – цена 1.200 €;
• Riadh Palms - објект што е категоризиран со 5
ѕвездички, на база на проширен пансион односно
All Inclusive – цена 1.306 €;
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Директен авионски лет на релација Скопје –
Тунис – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
• Аеродромски такси и сигурносни такси.
• Сместување во избраниот хотел според
резервираниот термин, на база на избраната
услуга.
• Организиран групен трансфер аеродром – хотел –
аеродром (На барање, со доплата може да биде
организиран приватен трансфер).
• Локална асистенција и Услуги на претставник на
организаторот.
• Организација на програмата.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително здравствено патничко
осигурување.
• Останати индивидуални трошоци и
факултативни екскурзии.
• туристички таккси - се плаќаат на рецепција во
хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND
за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3
TND);
Во последната страна на каталогот се наведени
сите услови за користење на аранжманот и услови
и начини на плаќање за туристичките аранжмани.
Исто така на последната страна на каталогот се
наведени и некои препораки на кои што туристите
треба да се придржуваат за непречено
извршување на туристичките аранжмани.
Во оваа проектна задача создадовме каталог на туристички
аранжмани, со цел креирање на незаборавни, нови
авантури во прегратките на прекрасната Хургада и
магичниот Тунис. Ги доловивме сите поволности, атракции,
знаменитости и преубавите топли и долги песочни плажи,
каде заедно ќе ги створиме незаборавните моменти и ќе
избегаме од секојдневието. Со можноста гостите да си го
изберат хотелот во кој сакаат да уживаат, нè прави
поразлични од многу други, а воедно и поволните цени на
аранжманите.
Време е за промена, за летување, за оддалечување од
хаосот и лавиринтот што не обзема последниот период, па
направете го правилниот избор бидејќи летото е на самиот
праг, а нас нè чекаат убавините на Хургада и Тунис.
Со правилен избор и одлична понуда, се создаваат
вистинските авантури.

You might also like