You are on page 1of 15

Започнување на мал бизнис

Hotel Green
Бизнис план

1
Вовед:
Општи податоци за компанијата

Име: Грин Хотел

Адреса: Ски Центар Кожув

Тел. / Факс: (+389) 033 321 555 и (+389) 333 21 556

E-mail: hotelgreen@yahoo.com

Лице за контакт: Кристијан Стојановски и Матеј Крстески

ЕМБ на фирмата: 1015605

Даночен бр. на фирмат: 1300458744421

Жиро сметка: 1600000000048521

Деловна банка: Комерцијална банка Скопје

Датум на прва регистрација: 28.12.2024 г.

Структура на сопственост: приватна

Број на вработени: 26 вработени.

Шифра на дејност: Угостителство

Напишано од:

Матеј Крстески
Ангела Талеска
Кристијан Стојановски (скрле)
Мирон Илиески
2
1.Предговор
1.1. Опис на бизнис услугата

Хотелскиот комплекс располага со две хотелски крила, во чии што состав


влегуваат 15 апатрмани и 26 соби, сала за семинари, ВИП салон, СПА
содржини, две летни тераси, спортски терени и детско игралиште и
надгледуван паркинг простор. Кожуф планината е мала територија, но во
неа постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа,
културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и
ракотворби, сите овие елементи Грин Хотел многу вешто ги спакува и
вклучи во својата понуда. Она што ние им го нудиме на нашите гости е
сместување во автентична градба, храна со многу локални специјалитети
приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, многубројни
авантури: скијањето и бордањето во зимскиот период, како и планинарење,
велосипедизам по планински патеки, оброк на бачило со повеќе-вековна
традиција, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани
со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-
билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.
Целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе
биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес.
Стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда.
Пресекот на стаклата ќе биде исполнет со инертен гас, со што ќе се добијат
комплетно заштитени ѕидови. Зградата ќе штеди максимум енергија и
самата ќе може да се осветлува, грее и лади.

3
2.Опис на проектот

2.1 Вредност

Стресниот и динамичен живот на луѓето се повеќе ги ориентира да


користат услуги од областа на туризмот.
Географската положба на Република Македонија како крстопат на
Балканот и природните богатства го прави туризмот гранка која има сремеж
да се развие во една од најпрофитабилни стопански дејности. Земајќи ја во
предвид се поголемата грижа за квалитетот на живот од аспект на заштита
на природната средина, здравјето и безбедноста на луѓето сметаме дека
оваа бизнис идеја – Еко хотел ќе се разликува и издвои од постоечката
туристичка понуда. Значајно е да се каже дека актуелната понуда на
хотели од ваков тип во Република Македонија воопшто не ги следи
светските трендови. Евидентен е недостаток на еколошка свест кај
моменталната хотелска индустрија. Предводени од претходно споменатите
податоци, основањето на овој бизнис, Еко-хотел сметаме дека значително
ќе го надополни и подобри квалитетот на туристичката понуда во
Македонија. Реализацијата на вакви проекти и во понеразвиените подрачја
ќе претставува начин за зголемување на економската и инвестиционата
активност во овие области, намалување на невработеноста и
искористување на природните убавини во оваа област со што ќе влијаеме
врз заштедата на енергија и унапредување на животната средина.

4
2.3. Цели и очекувања

Нашата главна цел е преку изградбата на овој хотел да оствариме


профит и да им понудиме на луѓето цел асортиман на врвни услуги при што
ќе водиме сметка и за заштита на природата и околината.
Исто така втора примарна цел е да ги повратиме вложените
средствата во рок од 3 години. Очекуваме да ги задоволиме потребите на
најпребирливите туристи како од Р. Македонија така и од странство и по
неколку години проширување на бизнисот т.е ланец на хотели низ Р.
Македонија.

2.4. Главни купувачи

Нашите услуги ќе бидат наменети за корисници кои имаат формирана


еколошка култура. Поради достапните цени и високото ниво на извршување
на услугите како главни купувачи можат да се јават и најпребирливите
клиенти од сите социо-економски слоеви.

3.10 Промоција

За домашните потрошувачи подобро да се запознаат со нашите


услуги што ќе ги нудиме, планираме да се промовираме преку реклами во
весници, билборди, посета на саеми и други маркетинг активности. Додека
за потенцијалните странски клиенти ќе се промовираме преку нашиот веб –
сајт на нашиот хотел и ќе биде овозможено електорнско плаќање. Исто така
се предвидува соработка со македонски и странски туристички агенции.

5
3.11 Маркетинг стратегија

Маркетинг стратегијата ќе се базира на потребите и односот со


потрошувачите. Ќе се разликуваме од другите со подобар квалитет на
услугите, љубезноста на персоналот на хотелот, пристапноста на објектот,
поволните цени како и поволностите при плаќање. Оваа стратегија ќе ги
утврди насоките, начелата и критериумите за работењето, а воедно и ќе го
детерминира деловното однесување во однос на маркетингот, продажбата
на услугите и сите други нивоа на менаџмент. Исто така ние ќе бидеме први
во регионот кој ќе се залага за заштеда на главните природни ресурси, а
тоа се водата и електричната енергија како и заштита на животната
средина.

2.4. Опис на производството

Компанијата за давање на услуги е во областа на угостителството


(хотелиерство и рекреативни услуги).

2.5. Вид на инвестиција

- инвестици во фиксни средства 21.400.000 ден.

- инвестиции во тековни средства 100.000 ден.


- вкупна инвестиција 21.500.000 ден.

2.6. Финансиска структура


Сопствено учество 21.500.000 ден. (100%)
Донација 0
Други инвеститори 0
Вкупна инвестиција 21.500.000 ден.

6
2.7. Временски план за реализација на инвестицијата

Компанијата за давање на услуги во областа на хотелиерството


планираме да започне со работа после 16 месеци од денот на
регистрацијата на трговскиот регистар за самостојни дејности.

2.8. Нови работни места


За реализација на предложениот бизнис план се очекува
вработување на 26 работници, од кои 2 рецепционери, 5 хигиеничари, 6
келнери, 3 готвачи, 4 членови на обезбедувањето, 2 батлери, 2 спаситела,
1 секретарка, 1 правник.

7
МЕНАЏМЕНТ И ОРГАНИЗАЦИЈА

1. Правна форма
Правната форма на нашето друштво ќе биде ДОО “Хотел Грин”

2. Организациона шема - органограм

Советодавен
одбор
(сопственици)

Управител

Секретарка Надворешни лица


соработници

Вработени

8
3. Квалификации на претприемачот
Директорот на нашиот хотел има завршено економски факултет,
докторирано на отсек менаџмент, работа со компјутери, има познавање од
3 (три) странски јазика, 7 (седум) години работно искуство од областа на
хотелиерството. Исто така директорот непосредно пред отварањето на
хотелот беше во посета на бизниси од овој вид во Западните земји каде
што има стекнато големо искуство во врска со успешното раководење со
хотелите од овој вид.
4. Број на вработени и квалификации
Во хотелот работат 26 работника од кои 11 работника со завршено
угостителско училиште и соодветен курс, 4 работника со средно општо
образование и соодветен курс за обезведување, 5 работника со работно
искуство од областа на хигиената, 2 работника со диплома од ДИВ, 2
работника со завршен факултет за туризам, 1 работник со завршено средно
економско образование и 1 работник со завршено средно правно
образование.

5. Канцалариска опрема
Хотелот ќе има потреба од 3 компјутери, 1 скенер и 1 принтер, 2
кутии маркети, 2 кутии пенкала, 1 кутија моливи и 3 топа хартија.

9
3. Маркетинг план

3.1. Опис на услугата

Услугите што ќе ги нуди нашата компанија се од областа на давањето


услуги во угостителството односно хотелиерството и рекреативните услуги.
(Поточно дневен престој, рекреација, ноќевање како и исхрана на
посетителите. Хотелот преку рециклирање на отпадот, заштедата на
енергија и вода, корисрејки еколошки локални ресурси, употреба
велосипеди наместо автомобили ќе унапреди заштитата на животната
средина)
Во хотелот ќе се служи органска храна од домашно производство. „Хотел
Грин“ има две хотелски крила, во чии што состав влегуваат 10 апатрмани
од кои еден е делукс, 21 соба и 6 супериор соби, со располагање на вкупно
67 легла. Сепак при полна негова искористеност, хотелот може да прими
100 лица. Сместувачкиот капацитет, е одлика на „модерното“, од причина
што такво е побарувањето на денешниот современ турист, кој има потреба
од удобност и конфор.Сите апартмани и соби се опремени со директна
телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет
конекција, бања со тоалет, воедно истите, со исклучок на неколку, имаат и
тераса со неповторлив поглед.
Апартманите и собите немаат клима - уреди поради тоа што климатските
услови се такви што воопшто нема никаква потреба од истите. Овде
можете да уживате во пријатната дневна температура и во текот на летото
кога во останатите делови од државата владеат неподносливо високи
температури, додека пак ноќите се свежи и предусловуваат вистински
одмор и сон. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење.
Ресторанот се одликува со елементи на супер модерен ентериер и
ресторанската тераса која е во рустичен стил, ги опслужува национална
кујна, мени богато и со локални специјалитети, богатство на избор на еко-
производи и производи од органско потекло, кои се произведуваат во
самиот состав на хотелот и е огромна привилегија карактеристична за

10
регионот во областа на планината Кожуф, ќе ги разгалат сетилата на сите
посетители и ќе ги изненадат со вкус кој никогаш не се заборава.
Се предвидува систем за рециклирање на искористените води од кујната,
бањите и пералната за наводнување на градината. Хигиената во хотелот ќе
се одржува со нетоксични средства за чистење, ќе се користат 100%
памучни постелнини, пешкири и дормео душеци со врвен квалитет.
Проѕирниот покрив дозволува осветлување и греење со помош на
сончевата светлина. Се планира користење и на обновливи извори на
енергија (соларна и енергија на ветерот).
Забавата која се нуди се состои од скијање, спа центар, посета на извор на
природни минерални води, бачило, планинарење.

3.2. Споредба на производот со конкуренцијата

Услугите што ќе ги дава нашиот хотел ќе имаат подобар квалитет и


поефтина цена во однос на другите и ќе бидеме први во регионот кој ќе има
изградено ваков “зелен” хотел кој ќе ја штеди енергијата и ќе ја чува
природната средина. Самата местоположба, френкфентниот пат, спојот на
медитеранската и континенталната клима која овозможува обилни врнежи
на снег во зимскиот период и природните убавини се нашите главни
карактеристики со кои ќе се разликуваме од конкуренцијата и секогаш ќе
бидеме чекор понапред.

3.4. Пазарна област


11
Хотелот ќе биде сместен во срцето на југоисточниот дел на Р.
Македонија, на Кожув планина. Во почетокот се планира да ја покриваме
пазарната област во регионот, со тенденција подоцна да се прошириме
преку отварање на ланец хотели од овој тип.

3.6 Очекувања

Во регионот хотелиерството е застапено на минимално ниво, бројот


на сместувачки капацитети е многу мал. Најголем број од клиентите се
ориентирани за ноќно сместување односно за скијањето, планинарењето и
уживањето во природните убавини на Кожув планина. Според исражувања
и добиените податоци во овој регион се планира изградба на ски центар
чија изградба и посетеност ќе биде на европско ниво. Па затоа капацитети
за сместување се и повеќе од потребни. Тамошното население и бројот на
ноќевања во индивидуалните објекти (семејните куќи) а во согласност со
побарувачката на овие услуги во останатите хотелски објекти на
меѓугранични премини очекуваме годишен прилив од 11713 ноќевања, а кои
навеќе од Ноември до Март како и околу 7517 дневни оброци.

3.7 Истражување на пазарот

По спроведување анкета на нашите потенцијални корисници на


услуги (патници, локално население, возачи и странски гости од Балканот)
дојдовме до заклучок дека понудата на услуги од ваков вид е мала, а
побарувачката е голема. Од направените разговори со другите даватели на
услуги од оваа област (хотел, мотел, приватни сместувалишта) дојдовме до
податоци кои ни ја докажуваат големата побарувачка и се докажа дека
инвестирањето на вавков бизнис е загарантирана добивка.

3.8 Удел во пазарот

12
Врз основа на направеното истражување на пазарот можеме да
предвидиме дека нашето учество на пазарот ќе се движи од од 5-10 %.

3.9 Продажна цена


Продажната цена на нашите хотелиерски услуги ќе се фомира врз
база на два принципи:
А) Трошковен принцип – како збир на направените трошоци за услугата
Б) Пазарен принцип – како резултат на пазарните законитости понуда и
побарувачка
Се предвидува да се формира следната цена:
ВИД НА Бр. на 1 2 3 4 Деца до 10 Деца
СОБА/АПАРТМАН СОБИ/ Лице Лица Лица Лица години. над 10
АПАРТМАНИ г.

Еднокреветна со 10 20 € 30 € / / бесплатно 8/12€


двоен лежај
Двокреветна со два 4 25 € 35 € / / бесплатно 8€
единечни лежаи

Двокреветна со 1 6 25 € 35 € 45 € / бесплатно 8€
двоен и 1 единечен
лежај

Tрокреветна со 1 1 25 € 35 € 45 € 55 € бесплатно 8€
двоен и 2 eдинечни
лежаи

Класичен апартман 6 30 € 40 € 45 € 50 € бесплатно 8€

Двособен апартман 1 35 € 45 € 55 € 60 € бесплатно 8€


–1
Двособен апартман 2 40 € 55 € 65 € 75 € бесплатно 8€
–2
Супериор соба 1 3 30 € 45 € / / / /

Супериор соба 2 3 35 € 50 € / / / /

De luxe апартман 1 45 € 65 € / / бесплатно 5/8 €

Наведените цени се за ноќевање со појадок!

13
3.9.1 Цени на другите хотелски услуги

Собите се на располагање од 14:00 часот(на денот на


пристигнувањето) и до 12:00 часот (на денот на заминувањето).
Работно време на ресторантот е од 06.00 h до 24:00 h.
Работно време на рецепцијата е 24 часа.

Ценовник за користење на СПА содржини:


- користење на сауна (20мин) 10 €
- користење на џакузи (1час) 10 €
- за група од 4 лица користење на сауна или џакузи 32 €

Пакети
Kористење на релакс пакет (џакузи+сауна):
 Пакет за 1 лице 16 €
 пакет за приватност на 1/2 лица 30 € / 40 €
 за група од 4 лица 60 €

Kористење на тотал-релакс пакет (џакузи+сауна+релакс масажа):


 пакет за 1 лице 22 €
 пакет за приватност на 1/2 лица 40 € / 50 € (масажата ќе биде
изведена последователно на 2те лице)

Ценовник на специфицни типови на масажа:


 релакс масажа на цело тело 10 €
14
 лицева масажа 6 €
 масажа на грб 6 €
 масажа на долни екстремитети 6€
 спортска масажа 10 €
 медицинска масажа+вежби 10€

Цена за користење на сала за семинари:


 до 2 часа 25 €
 за цел ден 50 €

Начин на плаќање:
 готовинско
 со фактура во рок од 7 дена
 платежни картички:
 VISA
 MASTERCARD

3.12 Трошоци за маркетинг


Во нашата копманија постои маркетинг сектор, кој во себе вклучува и
стручни лица кој се задолжени за промоцијата на Hotel Green, меѓутоа ние
во промотивната кампања консултиравме и професионални маркетинг
агенции кој со себе донесоа дополнителни трошоци.
 Трошоци за промоција 35 000 ден.
 Плати за вработени во макетинг секторот 75 000 ден.
 Трошоци за маркетинг агенција 15 000 ден.
 Вкупно тошоци за маркетинг 125 000 ден.

15

You might also like