You are on page 1of 7

ТД МАКОШПЕД АД

Скопје

Извршен директор Марија Каранфиловиќ во прилог на


редовното информирање на одборот на директори на ТД
Макошпед АД Скопје, го дава следниот:

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
за работењето на друштвото за 2017 година

Скопје, Февруари 2018 година


ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ

Извршен директор Mарија Каранфиловиќ во прилог на редовното


информирање на одборот на директори на ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ,
го дава следниот:

ИЗВЕШТАЈ
За работењето на друштвото за 2017 година

Основни информации за друштвото

ТД Макошпед АД Скопје e основано 1946 година, брои 732


акционери од земјата и странство. Во текот на долгогодишното
работење го продолжува својот успешен и континуиран развој,
препознатлив по високиот квалитет во понудата на различни услуги
кои опфаќаат организација на транспорт на добра, царинско
посредување, складишно работење.
Земајќи во предвид дека економскиот амбиент во изминатата
2017 година во земјата и регионот беше доста неповолен и со
ослабната ликвидност на правните субјекти, компанијата се потруди
максимално да ги искористи своите предности за придобивање на
нови коминтенти и тоа:
• Децениско искуство и препознатлив бренд во областа на
организација на меѓународен и локален транспорт и
царинско застапување;
• Прилагодливост и флексибилност спрема потребите на
коминтентите;
• Локација и опременост на складовите која обезбедува брза и
професионална услуга на клиентите (во близина на главните
друмски и железнички правци);
• Непрекинато 24 часовно: работно време, обезбедување и
видео надзор на складиштата;
• Посебни дозволи и услови за складирање на фармацевтски
производи, складирање во ладилни комори.

Во текот на годината, како што се менуваа економските услови


во опкружувањето, друштвото соодветно се прилагодуваше преку
тековните активности и деловни потфати.

Компанијата заклучно со 31.12.2017 година брои 732 акционери


од земјата и странство. Основната главнина изнесува 788.424 акции
од кои 78.840 се сопствени акции без право на глас, со номинална
вредност од 1.000 денари. Во 2017 година откупени се вкупно 49.236
сопствени акции во вкупен износ од 24.278.856 денари. Во
претходните години откупени се вкупно 29.604 сопствени акции во
вкупен износ од 14.702.282 денари. Вкупните сопствени акции
претставуваат 9,999% од основната главнина.
Седиштето на друштвото е на ул. Македонија бр.19 Скопје.
2
ТД Макошпед АД во целост го има имплементирано системот за
управување со квалитет ИСО 9001:2008 во сите процеси на своето
работење и ситемот за безбедност на храна HACCP.

Основната дејност на ТД Макошпед АД Скопје се состои од:

Транспорт
Одделот за шпедиција и увоз-извоз нуди организација на секаков
вид меѓународен транспорт, на сите дестинации во Европа и светот од
и за Р. Македонија и тоа:
• камионски, поморски, збирен, жележнички и авионски
транспорт
• организира превоз на специјални и вонгабаритни товар и
обезбедува дозвола за истите
• локален транспорт низ Р. Македонија
• следење на секој транспорт

Царинско посредување
Во рамките на логистичките и транспортните услуги, ТД Макошпед
АД, Ви нуди и царинско посредување во увоз, извоз и транзит.
Нашиот Оддел за царинско посредување ви нуди:
• изработка на царинска документација за одредена царинска
постапка
• тарифирање на стока со примена на меѓународно признати
податоци
• обезбедување на разни дозволи, потврди, согласности и
одобренија потребни за увоз/извоз
• консултантски услуги за било која надворешно-трговска
постапка
Нашиот тим работи согласно царинските прописи и е целосно
посветен на потребите на клиентите.

Царинско и локално складирање


ТД Макошпед АД ви нуди и царинско и локално складирање како
комплетирање на нашата логистичка понуда. Ви нудиме
складирање на збирни, палетизирани и непалетизирани стоки во
обични складови, контејнери и разладни комори.

УПРАВУВАЊЕ СО ФИНАНСИСКИ РИЗИК

Во своето работење друштвото е изложено на повеќе видови на


финансиски ризици како што се пазарниот ризик (ризик од проена на
девизните курсеви и ризик од промена на цените), кредитниот ризик,
ризикот од промена на каматните стапки и ризикот од неликвидност.
За управување со финансиските ризици е надлежен одборот на
директори.

3
Пазарен ризик

Ризик од промени на девизниот курс


Друштвото учествува во меѓународни трансакции со комитенти но
овој обем е многу мал во однос на целокупното работење и промената
на девизните курсеви не може да го наруши тековното работење.

Ризик од промени на цените


Друштвото е изложено на ризик од промена на пазарните цени на
вложувањата расположливи за продажба и истиот е надвор од
контрола на друштвото.

Кредитен ризик
Друштвото е изложено на кредитен ризик во случај купувачите да
не можат да ги извршат своите обврски спрема Друштвото. Во однос
на кредитниот ризик друштвото има политика да соработува со
клиенти што имаат соодветна кредитна историја. Друштвото води
политика на наплата на побарувања до 60 дена. Побарувањата од
купувачите се состојат од голем број на салда(комитенти), со што се
намалува ризикот во работењето доколку со некој комитент дојде до
потешкотии со наплатата.

Ризик од промени на каматните стапки


Друштвото е изложено на ризик од промени на каматните стапки
кога користи кредити и кога има депонирани средства во банки.
Обврските по кретити вообичаено се отплатуваат по променливи
каматни стапки. Депозитите вложени во банки исто така се подложни
на промени на каматните стапки зависни од движењата на
финансиските пазари. Оваа го изложува друштвото на можен ризик од
промени на каматните стапки.
ТД Макошпед АД Скопје нема посебна политика за намалување на
каматниот ризик и истиот го ретулира преку директни преговори со
банките.

Ризик од ликвидност
Ликвидностен ризик или ризик од неликвидност постои кога
друштвото нема да биде во состојба со паричните средства навремено
да ги плаќа обврските спрема доверителите, вработените и
кредиторите.
Друштвото нема ликвидносни проблеми во работењето затоа што
води политика на навремено обезбедување на потребните парични
средства за плаќање на доспеаните обврски.

Средства и извори на друштвото


Друштвото располага со сопствени извори на средства(капиталот
на друштвото) и со позајмени извори на средства(кредит од банка).
Согласно билансот на состојба за 2017 година, вредноста на
активата и пасивата на Макошпед Изнесува 826.793.252.
Постојаните средства учествуваат со 92%, тековните срества
учествуваат со 8% во активата.

4
Структурата на изворите покажува учество на главнината и
резервите со 92%, а обврските со 8% во пасивата.

Исплата на дивиденда
Во 2017 година друштвото нема исплатено дивиденда на акционерите.

Долгорочен долг
Долгорочниот долг во однос на основната главнина изнесува
5.5%.

Котација на берза
Акциите на друштвото котираат на официјлен пазар на
Македонска Берза АД.

Во 2017 година друштвото нема реализирано голема зделка ниту


зделка со заинтересирана страна.

Органи на управување на друштвото

ТД Макошпед АД Скопје е управувано преку едностепен систем на


управување, одбор на директори составен од 5 членови избрани на
конститутивната седница одржана на 22.05.2017 година:

• Председател Лидија Трајковиќ


• Извршен член Марија Каранфиловиќ
• Неизвршен член Никола Лазаров
• Неизвршен член Коста Младеноски (поднесена оставка на ден
30.01.2018 година со арх.бр. 03-59)
• Независен член Јасмина Цветаноска

На неизвршните членови на одборот на директори во текот нa


2017 година како месечен паушал за вршење на функција им е
исплатено 336.681 денари.
На генералниот извршен директор по основ на менаџерски
договор исплатени се вкупно 670.408 денари.
На претходниот генерален извршен директор по основ на
менаџерски договор за плата заклучно со 22.05.2017 година
исплатени се вкупно 1.895.723 денари и за остaнати надоместоци по
менаџерски договор исплатени се вкупно 4.118.101 денари.

Структура на вработени
Вкупно вработени 37 со следна структура:
- ВСС 9
- ВШС 3
- ССС 18
- КВ 4
- НКВ 3

5
- Мажи 22
- Жени 15

Наоди од екстерните проверки на системот за менаџмент со


квалитетот

Со редовната екстерна проверка извршена во 27.04.2017 година


на системот за управување со квалитетот во организацијата не се
констатирани неусогласености со барањата на стандардот ИСО
9001:2008. Дадена е една препорака коja не претставувa непосредна
неусогласеност на стандардот но чие извршување претставува
можност за подобрување на делотворноста на системот со управување
со квалитетот.

Финансиски резултати за 2017 година

Финансиската политика и креирањето на стратегијата и техниките


на финансиското управување, водење на сметководствениот и
финансискиот менаџмент е прашање на кое во континуитет му се
обрнува посебно внимание со цел непречено и профитабилно
функционрање на друштвото.
Остварените вкупни приходи за 2017 година изнесуваат
103.197.025 денари и во споредба со остварените вкупни приходи за
истиот период 2016 година бележат раст од 23%.
Оперативните приходи изнесуваат 97.632.738 денари и бележат
зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2016
година од 28%. Истите учествуваат со 94% во вкупните приходи.
Финансиските приходи изнесуваат 5.564.287 денари и бележат
намалување во однос на финансиските приходи за истиот период 2016
година. Истите учествуваат со 6% во вкупните приходи.
Вкупните расходи за 2017 година во износ 102.733.488 денари и
бележат раст во однос на вкупните расходи за истиот период 2016
година.
Оперативните расходи во 2017 година изнесуваат 101.453.285
денари и бележат раст во однос на оперативните расходи за истиот
период 2016 година.
Финансиските расходи изнесуваат 1.280.203 денари и бележат
намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2016
година.
Нето добивката за 2017 година изнесува 463.537,00 денари.
Според добиените показатели, друштвото во 2017 година има
обезбедено оптимална финансиска стабилност што се потврдува од
учеството на капиталот и резервите од 92,6% во финансирање на
вкупните средства кое во 2016 година изнесувало 97,4%.
Во 2017 година односот помеѓу капиталот, резервите и
обврските спрема постојаните средства изнесува 108% додека во 2016
година изнесувало 114,3%.

6
Во 2017 година покриеноста на постојаните средства и
залихите, со сопствен капитал изнесува 101,1% додека во 2016
година изнесувало 91,0%.

Февруари, 2018 година ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ

You might also like