You are on page 1of 3

Студија на случај 1

Процес на планирање во ДОО Цермат

Друштвото со ограничена одговорност (ДОО) Цермат со седиште во Битола е


фирма формирана во 1995 година. Основна дејност на фирмата е производствена,
конкретно за производство на сладолед. Самото име на фирмата потекнува од името на
Швајцарската општина Цермат во округот Висп во кантонот Валис во германското
говорно подрачје во Швајцарија. Основачот на фирмата бил на привремена работа во
Швајцарија во ова населено туристичко место.

Процес на планирање во ДОО Цермат

Процесот на планирање започнува со: Утврдување на долгорочните цели на


организацијата; Анализа и оценка на предностите и слабости на организацијата;
Анализа и оценка на промените во окружувањето и креирање на стратегија на раст и
развој на организацијата. Стратегијата во себе ги содржи стратегиските планови,
тактичките планови и оперативните планови.

Планови според значење


Стратегиското планирање во ДОО Цермат се гледа во креирањето на стратегија
за развој уште во првите години од формирањето. Стратегијата предвидува создавање
на нови организациски единици на ДОО Цермат во соседните држави. На почетокот на
21 век ДОО Цермат формира свои организациски единици во Република Србија,
Република Хрватска и Република Црна Гора. Начинот на развивање на секоја од овие
организациски единици го сочинуваат тактичкото планирање.

Тактичките планови на ДОО Цермат се поврзани со проктите за развој на секоја


од овие организациски единици.
Планирањето на погони во Република Србија е во Нови Београд. Планирањето
на погон во Република Хрватска е во Осиек. Планирањето на погон во Република
Црна Гора е во Даниловград. Наведените планови се реализирани.
Како тактички планови можат да се разберат и плановите за истражување и
развој на нови производи. Во таа смисла се планирани и развој на следните производи:
Замрзната торта од бисквитно тесто со чоколадно полнење; Десертен прелив од
карамела; Замрзнат зеленчук; Замрзнато лиснато тесто; Замрзнати панирани рибини
прсти; Делумно пржен и замрзнат помфрит; Espresso coffee итн

Оперативните планови во ДОО Цермат се планови поврзани со остварување на


производството на производите. Оперативното планирање се состои во планирање на
количините на суровини според квантитет и квалитет и навремено набавување од
претходно избраните добавувачи од регионот и поширокото окружување. Планирање
на подготвување на производите според традиционални рецепти, Планирање на
дистрибуцијата на готовите производи според време и место преку навремено
обезбедена дистрибутивна мрежа од дистрибутери.
Постојани и еднократни планови во ДОО Цермат
Како постојани планови на ДОО Цермат можат да се разберат Стратегијата за
развој на ДОО Цермат, Статутот за работа на ДОО Цермат, Етичкиот кодекс на
однесување на вработените итн.
Еднократни планови на ДОО Цермат се плановите за развој на производите на
ДОО Цермат. Развојот на секој нов производ во ДОО Цермат се реализира според
посебен проект кој се состои од истражувачки дел и производствен дел. Проектот се
развива тимски. Во тимот влегуваат вработени во ДОО Цермат, но и надворешни
соработници. Тимот го води координатор за развој на производ. Тимот планира
финансиски трошоци за развој на нов производ, временската димензија на развој на
новиот производ и економската исплатливост за производство и продажба на
производот.

Прашања:
Кои видови планирање според значење се врши во ДОО Цермат?
Кои се најзначајни трајни и еднократни планови во ДОО Цермат?
Прашања:

1. Дефинирајте го менаџментот?

2.Ефективноста е способност да се детерминираат и постигнуваат целите. Таа е мерка


за тоа колку фирмата ги прави вистинските работи. Таа е внатрешен индикатор на
фирмата.

ДА НЕ

3.Ако говориме за: јазик, верувања, ставови, вредности, обичаи, навики, животен стил,
мода, религија, етика, естетика, духовност, социјална организација, слоевитост итн,
ние говориме за ____________________________________________ од надворешното
_________________ __ окружување.

4.Ако културата нагласува правила и процедури, и се одликува со неприлагодливост,


инертност и слаба иницијатива, тое е култура __________________ и е
карактеристична за __________________________________________________.

5.Набројте ги и објаснете ги групите на менаџерски вештини или способности?

You might also like