You are on page 1of 1

Објавен на: 25.11.

2020 Позиција: Останато

Hotel Paradise Tetovo Локација: Ул.Благоја Тоска, бр.124, Тетово

Активен до: 31.12.2020

Hotel Paradise Tetovo


Претпријатието ДОО Hotel Paradise Tetovo е едно од најпознатите угостителски претпријатија во градот. Поради
зголемен број на туристи и посетители имаме потреба од зголемување на нашиот кадар.

Се бара: Маркетинг менаџер

Позицијата вклучува:

- Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата


- Одредување и следење на маркетинг буџет и активности преку разни маркетинг канали
- Одговорност за бренд менаџмент и репутација на компанијата
- Координација со надворешни маркетинг агенции и предлози за нови производи на пазарот
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
- Следење на конкуренцијата и постојано подобрување на маркетинг техниките
- Следење стапки на конверзија и мерење на перформансите
- Анализа на потенцијални стратегиски партнери за маркетинг целите на компанијата
- На оваа позиција вработениот одговара пред Генерален директор

Профил на кандидат:

- Релевантно менаџерско искуство од областа на маркетинг


- Релевантно искуство од минимум 2 години од областа на маркетинг
- Стручно познавање од областа на Дигитален маркетинг ќе се смета за предност
- Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг
- Креативен ум со способност за давање на сугестии за постојани подобрувања
- Одлично познавање на англиски јазик

Услови што ги нуди компанијата:

- Современа и најнова технологија


- Можност за напредување 
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим вашите податоци и мотивационо писмо пратете ги на нашата е-
маил адреса hotel_paradise@gmail.com најдоцна до 31 наредниот месец.

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

You might also like