You are on page 1of 3

1.

Елементи од дефиниција за организација се:


 Општествена единка
 Ориентирани спрема целта
 Свесно структуриран систем на активности
2. Карактеристики на формалната организација се дека таа е трајна, структурирана,
дефинирана и ригидна.
3. Карактеристики на неформалната организација се дека таа е спонтана,
неструктурирана, недефинирана и флексибилна
4. Организационата структура е збир на задачи на поединци и одделенија, формални
односи на известување и канали на комуникација кои ги водат активностите на луѓето
што работат заедно.
5. Карактеристики на идеалната бирократска структура на Weber се:
 Поделба на работата со јасно дефинирање на авторитетот и одговорноста
 Позициите се подредени на хиерархијата на авторитетот
 Менаџерите се подредени на правилата и процедурите кои треба да обезбедат
доверба, и предвидливо осигурување
 Раздвојување на менаџментот од сопственоста на организацијата
 Правните акти и одлуки се во писмена форма
 Личната селекција и промоција се засновани на технички квалификации
6. Предности на матричната оргацизација се:
 Овозможува барањата на окружувањето да бидат остварени едновремено.
 Обезбедува флексибилност
 Охрабрува ефикасно искористување на ресурсите
 Ги зголемува и ги развива способностите
 Ги зголемува мотивацијата и обврската
 Помага во планирањето на врвниот менаџмент
7. Предности на линиската организација се:
 Таа претендира да ги поедностави и да ги разјасни одговорноста и авторитетот во
претпријатието
 Таа промовира брзо одлучување кое овозможува побрзо менување на насоките,
бидејќи неколку луѓе треба да се консултираат за проблемите што ќе се појават
 Постои поголемо чувство на блискост помеѓу менаџерите и вработените и сите
имаат можност да дознаат што се случува во претпријатието
8. Авторитетот е законски уредено право на менаџерот да одлучува, да наредува и да ги
алоцира ресурсите.
9. Делегирање е процес на пренесување на задачи, одговорност и авторитет, со цел да се
остварат задачите од други личности.
10. Департманизација означува групирање на активностите и луѓето по подрачја по
претпријатието
11. Важноста на распонот на менаџерот се огледа во тоа:
 Прво, тој креира суоернадзор
 Второ, ја забавува и ја продолжува комуникацијата
 Трето,го одложува одлучувањето и акцијата бидејќи постојат повеќе нивоа на
ревизија
 Четврто, тој ги намалува иницијативата и моралот
 Петто, тој ја намалува можноста за одговорност и развој
 Шесто, тој ги зголемува трошоците.
12. Предности и слабости на распонот на менаџментот.
Некои од предностите на помалиот распон на менаџментот се следниве:
 овозможува директна контрола и непосреден надзор;
 моналерот има време да мисли за идните настани бидејќи не е оптоварен
со пре- кумерен број на тековни проблеми;
 менаџерот може поефективно и поефикасно да управува неколку луѓе и
поед. ноставни активности. Дури и менаџер со послаби квалитети може
ефективно да ја извр. шува конкретната задача.

Недостатоци на помалиот распон на менаџментот се следниве:

 ги зголемува трошоците за вработување на повеќе менаџери;


 создава дополнителна комплексност во комуницирањето кога се вклучени по-
голем број менаџери;
 создава тешкотии во координирањето на работата во претпријатието, кога се
вклучени поголем број менаџери.

Поголемиот распон на менаџментот ги има следниве предности:

 ги намалува проблемите во комуницирањето, кога се вклучени помал број


мена- цери;
 ги намалува тешкотиите во координирањето, кога се вклучени помал број
мена- цери во претпријатието;
 ги намалува трошоците поради вработувањето на помал број менаџери за
пого- лемиот распон;
 бидејќи менаџерот нема непосреден надзор над подредените, тие се
принудени самите да донесуваат повеќе одлуки, поради што тие побрзо
созреваат. Акцентот на поголемиот распон треба да биде врз остварените
резултати, а не на тоа како менаџери- те даваат наредби.

Недостатоци на поголемиот распон на менаџментот:

 менаџерот не е способен да применува директна контрола и непосреден


надзор;
 потребни се квалитетни менаџери кои создаваат повеќе трошоци за организа-
цијата, бидејќи тие мораат да имаат поголема работа и да дејствуваат
понезависно.

You might also like