You are on page 1of 13

С.Е.П.У.Г.

С „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“ - СКОПЈЕ

Проектна задача по предметот: БИЗНИС

ТЕМА: ЛИДЕРСТВО НАСПРОТИ МЕНАЏМЕНТ

Ментор: Изработил:
Фани Мечкарова
СОДРЖИНА

1.Вовед-
2.Лидерство, карактеристики на лидерство..............................................
3 Промена на парадигмата: од менаџмент кон лидерство..................
4. Лидерство наспроти менаџмент
5.. Лидерство како партнерство............................................................
.Заклучок.....................................................................................................
.Користена литература.............................................................................

1
1. ВОВЕД

Лидерството е процес на социјално влијание во кој една личност ја


придобива соработката и поддршката на останатите во остварувањето на
заедничката цел. Лидерството е релативно нов феномен, меѓутоа овој концепт
брзо се призна во светот, со преку 2000 наслови за лидерството во САД.
Лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на
луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Лидерството се
трансформира од статичен стереотипен модел до флексибилен модел на
менаџерот. Постојат 5 стила на лидерство и тоа: лидер командант, лидер на
промени, лидер на соработка, лидер на култура и лидер на развој
Менаџментот според човековата и деловната организациска дејност може
да се дефинира како чин на дејствување на луѓето со цел да остварат посакувани
цели. Менаџментот вклучува планирање, организирање, екипирање, водење или
насочување како и контролорање и организирање или обид за остварување цел.
Вештината подразбира користење и манипулирање на човечки ресурси,
финансиски ресурси, технолошки ресурси и природни ресурси. Менаџментот може
исто така да се однесува на личност или луѓе кои го вршат чинот на управување.
Менаџментот на една голрема организација може да се состои од неколку нивоа:
врвен менаџмент, среден менаџмент, менаџмент на ниско ниво, надзорник и
останати подредени членови.

Менаџментот е функција, лидерството е став.

“Менаџер” може да биде напишано на Вашата визит картичка, но не и


“Лидер”, лидерството се појавува во срцата на следбениците во моментот
кога решаваат да ве следат.

Менаџер сте 8 часа дневно, а лидер 24.


Менаџерите управуваат со работата, а лидерите водат во животот.

2
2. ЛИДЕРСТВО И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИДЕРСТВО

Во текот на една деценија доаѓа до изненадување за големиот број на


промени во управувањето на големите компании. Причините за тие промени често
не се јасни до крај. Последиците се непредвидливи. Некои промени во
управувањето доведуваат до значајни успеси. Други завршуваат со значителни
негативни последици. Во светот постојат повеќе примери за компании,
организации и фирми кои биле на работ на затварање или на изумирање, но со
воведување на промени во управувањето се случувал неверојатен пресврт и
повторно компаниите се развиле. За таквите промени клучно е лидерството.
Тоа се дефинира како способност на еден човек, лидер или водач, да води
други луѓе, да влијае на нив, да го следат во остварувањето на поставените цели
и остварување на посакуваните и потребните промени. Лидер е човек кој има
способност да ги наведе другите да го следат, да го прават тоа што тој го
предложува.

Лидерството се трансформира од статичен стереотипен модел до


флексибилен модел на менаџерот. Постојат речиси толку многу различни
дефиниции за лидерството колку што постојат автори кои се обиделе да
дефинираат концепт на лидерството. Како позначајни се издвојуваат следниве:
Лидерството е процес и сопственост. Како процес, лидерството вклучува
користење на влијание без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на
карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно
ќе го примени споменатото влијание.

Лидерството е меѓуперсонално влијание кое се случува кога една личност е


способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на една
организација. Лидерството е динамичен процес на работа во група каде што
поединецот, во определен период, во определен организационен контекст, влијае
на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите
или задачите на групата.

3
Лидерството е динамичен процес кој е под влијание на променливите
барања на задачата, самата група и поединечните членови.

Лидерството не се ограничува само на едно лице. Обично, поставениот


лидер (менаџер) формално се грижи за групата но тој не мора во практика да
биде и лидер на групата. Лидерсвото се извршува и е под влијание на
специфичен збир на околности коишто го создаваат организациониот контекст.
Овој контекст е важен за определување на степенот на моќта што ја поседува
лидерот.

Главната улога на лидерот е да влијае на групата на своеволно обврзување


во остварување на целите на групата. Лидерството не е индивидуална туку
колективна активност која е водена од заедничка визија. Лидерството се темели
на воспоставување врски, внатре, во соодветната организација. Модел на
лидерство е кога менаџерот од врвот формулира стратегија и по хиерархија ја
доставува на другите менаџери за нејзино извршување. За да се примени овој
модел потребно е да бидат исполнети определени предуслови, како што се: лесно
извршување на стратегијата; добра информираност; објективни планери; поделба
на организацијата на оние кои размислуваат и на оние кои работат.

Откако стратегијата е формулирана, лидерот овозможува таа да се оствари


со преземање на определени чекори (промени) во: структура на организацијата,
системите на планирање, приспособување на нивната култура. Лидерсвото се
извршува и е под влијание на специфичен збир на околности коишто го создаваат
организациониот контекст. Овој контекст е важен за определување на степенот на
моќта што ја поседува лидерот.

4
3. ПРОМЕНА НА ПАРАДИГМАТА: ОД МЕНАЏМЕНТ КОН ЛИДЕРСТВО

Во осумдесеттите години на дваесеттиот век се појави


е д е н цврст и јасен пристап во разбирањето на организациите и начинот
накој работат. Централно место во овој пристап имаше растечкото сфа-
ќање дека членовите во организациите работат поефективно и поефи-касно кога
се исполнети определени услови.  Се појави растечко признавање дека
акумулираното искуство кај вработените во организациите може
продуктивно да се искористиво задоволување на менаџерските потреби и
дека со  зголемување на партнерството во управувањето проблемите
полесно се решаваат и промените се спроведуваат без поголеми тензии.
Впрочем станува збор за комплексна парадигма со значајни
поместувања и тоа:
-менаџмент во лидерството
-вертикално во накосо
-постојани улоги во променливи улоги
-индивидуална одговорност во споделена одговорност
-автократско во колаборативно
-пренесување на стручност во развивање на стручност
-статус во битка или пораст
-ефикасност во ефективност
-контролирање во ослободување
-моќ во ополномоштување или делегирање на овластувањето
Поместувањето на концептот на менаџментот во лидерството, има
цел да нагласи дека лидерството е активност насочена кон луѓето.Сеуште
постои тенденција да се користи терминот менаџмент со целда се
идентификуваат одделни групи на вработени со повисок статус в о е д н а
организација, наместо тоа да се однесува на процесот
н а извршувањето на работите со луѓето и преку нив. Од друга страна, сè

5
повеќе расте поимањето дека во најголемиот дел од организациите, сите
вработени се менаџери, а не само еден или некои.
4. ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Ова се веќе познати и многу употребувани реченици за да се укаже на


разликата помеѓу менаџментот и лидерството.

Менаџментот е наука за ефикасно реализирање на работата со


управување на луѓето. Опфаќа функции како што се координирање, контрола и
извршување на задачи и проекти, со цел извршување на мисијата на
организацијата или компанијата. 

Лидерството пред се е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето


да ја ги извршуваат ефикасно и ефективно поставените работни задачи.
Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Најдобрите
менаџери се и големи лидери кои ефективно ја комбинираат менаџмент-науката
со способноста за лидерство. Ефективните лидери прво градат тим, создаваат
визија, мотивираат и на членовите на тимот им помагаат во градење на нивните
вештини и самодоверба.

Лидерите се срцето, а менаџерите се мозокот на бизнисот. Менаџерите


креираат системи на функционирање, правила и оперативни процедури.
Менаџментот е поврзан со ефикасното функционирање на организацијата, а
лидерството со промените. Организациите управуваат преку планирање, додека
водењето започнува со визија. Лидерот нагласува визија, а не надзор 1. Конечно,
додека во менаџментот остварувањето на планот се остварува со контрола, во
лидерството остварувањето на визијата се постигнува преку инспирација.

1
Welch J. “29 Leadership Secrets” Copyright © 2003 by The McGraw-Hill Companies, Inc.p. 22

6
Менаџерите ги прават работите на вистинскиот начин, а лидерите ги прават
вистинските работи, а комбинацијата од лидерство и менаџмент овозможува да се
направат вистинските работи на вистинскиот начин. 2

Успешните директори и сопственици поседуваат комбинација и од


менаџерски и од лидерски вештини, коишто се подеднакво значајни за водење на
успешен бизнис. Лидерските вештини обезбедуваат насока, додека пак
менаџерските вештини обезбедуваат системи кои овозможуваат раст и развој на
3
компанијата. Врвните менаџери ги поставуваат насоките за движење на
компанијата во идниот период. Поставувањето на визија е различно од
поставувањето на целите и задачите. Целта е конкретна и мерлива, а визијата е
многу поширок поим. Лидерот е ориентиран кон визијата и таа постои се додека
постои компанијата. Менаџерот е ориентиран кратокорочно кон целите и роковите
за нивно завршување. Преку следниот приказ може да се увиди суштината на
двата поими, менаџер и лидер и добро да се воочат разликите помеѓу нив.

НАСОЧЕН КОН РЕЗУЛТАТ Р - насочен кон резултатот

МЕНАЏЕР

БАРА РЕД И ДИСЦИПЛИНА А - администратор

НАСОЧЕН КОН РАЗВОЈ Е - претприемач

ЛИДЕР

ГО ОБЕДИНУВА ПЕРСОНАЛОТ ВО

ОСТВАРУВАЊЕ НА ВИЗИЈАТА И - интегратор

Приказ. Стилови на однесување на поединците според Адижес 4

2
http://www.1000advices.com/guru/leadership_management_bl.html
3
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=65&EditionID=372&ArticleID=6317
4
Петковски К., Пеливанова Г. “Предизвиците на современото лидерство во образование” Херакли комерц, Битола, 2009 стр.
154

7
Лидерите и менаџерите имаат различни позиции и улоги во организацијата 5
МЕНАЏЕР ЛИДЕР

Менаџерот е администратор Лидерот е иноватор

Менаџерот одржува Лидерот развива

Фокус на систем и структура Фокус на луѓе

Развива контрола Развива доверба

Кратокорочна перспектива Долгорочна перспектива

Прашува како и каде Прашува што и зошто

Менаџерот е имитатор Лидерот е иноватор

Се бави со сегашноста Се бави со иднината

Работи со сигурноста Работи со веројатноста

Се бори со комплексноста Се бори со неизвесноста

Концентриран е на фактите Концентриран е на одлуките

Пронаоѓа одговори и решенија Формулира прашања и проблеми

Бара сличност Бара разлика

Води сметка за тоа кај си Те води на ново место

Ги користи испробаните решенија Бара нови решенија

Задолжен е за ефикасност Задолжен е за ефективност

Приказ: Разлики меѓу менаџер и лидер

Разгледани како процеси менаџментот и водството според некои


стојалишта се смета дека се во суштина исти и неразделиви, според други се

5
Bennis Warren G.,”Becoming a leader: the leadership classic - updated and expanded”  Perseus Publishing, USA, 2003, p.
39 – 40.

8
сосема различни функции. Многу автори особено во САД менаџментот го гледаат
6
како дел од водството.

МЕНАЏМЕНТ ЛИДЕРСТВО
Наука Уметност
Објективност Субјективност
Глава Срце
Да се работи Да се биде
Ефикасност Ефективност
Тактика Стратегија
Сегашност Иднина
Мисија Визија
Активност Луѓе
Ред Промена
Сигурност Ризик
Планирање Насочување

Приказ:Споредба меѓу менаџмент и лидерство

Личноста која подобро работи заедно со другите е следбеник, личноста која


им помага на луѓето подобро да работат е менаџер, а личноста која им
овозможува на луѓето подобро да работат е лидер. 7

Основната разлика е тоа што лидерот е креатор на на мисијата и


стратегијата, а менаџерот е оној чија цел е да ја реализира стратегијата преку
преземање на акции.

5. ЛИДЕРСТВОТО КАКО ПАРТНЕРСТВО

Традиционалната култура на лидерството бара затворен надзори контрола,


а мотивира преку негативно засилување. Во ваква средина,основа за
„озаконување” на лидерството е формалниот авторитет, а непотребниот респект.
Овој систем е ориентиран кон задачата и му давамала вредност на развојот на

6
Петковски К. “Водството и ефективната комуникација” , Киро Дандаро Битола 2000 стр. 69
7
Максвел Џ. “Како да станете вистински лидер” , Паблишер, Скопје, 2010 стр. 234

9
добри односи во работењето со подреде-ните.
Вработените реагираат на ваквата форма на лидерството прекуизвршува
ње само на задолжителните активности. Често, може да се з а б е л е ж и
дека овие фрустрации се појавуваат во вид на
а г р е с и в н о однесување, вербална навреда, прекин на работата, а некогаш дури и
саботажа.Важна точка за да се сфати лидерството е неговото разбирањекако
долготраен заемен однос или партнерство меѓу лидерите и членовите на групата.
За да постои вистинсто партнерство,потребни се четири услови:
-Размена на цели. Во партнерството секој вработен на секое ниво е одговорен за
девинирањето на визијата и вредностите. Дијалогот со вработените на различни
нивоа на лидерот му помага јасно да ја одреди споделената визија.
-Право да се каже ,,не’’. Верувањето дека луѓето кои изразуваат спротивно
мислење ќе бидат казнети е спротивно со партнерството. Подобро е поединецот
да ,,изгуби’’ во расправијата или кавгата, но никогаш не треба да го изгуби
правото на глас и правото на свое сопствено мислење.
-Заедничка одговорност. Во партнерството секој е одговорен за резултатите и
тековната ситуација Во праксата ова значи дека секој поединец презема лична
одговорност за успехот и грешките на организациската единица.
-Апсолутна чесност. Доколку сите членови во тимот не се запознаат со
вистината тоа во партнерството, претставува чин на изневерување. Кога моќта е
дистрибуирана, луѓето повеќе сакаат да ја кажат вистината, затоа што така е
чувствуваат помалку ранливи.

ЗАКЛУЧОК:

Доколку менаџерот е истовремено и лидер, тогаш тој многу брзо ќе го


обезбеди успехот на деловниот субјект во кој работи.

Организациите кои го негуваат лидерскиот дух, се оние кои секогаш водат


во воведувањето на промените и постигнување прогрес. Тие имаат далеку повеќе
10
шанси за успех. Вработените многу малку ќе го следат менаџерот кој знае само да
казнува и наредува, а целосно ќе му веруваат на раководителот кој истовремено е
и лидер.
Менаџментот настојува да ги контролира луѓето, а лидерот ги
ополномоштува слободно да ги изразат своите стручни способности. Менаџерите
го централизираат авторитетот, додека лидерите се склони да го “дистрибуираат”
лидерството на повеќе нивоа во организацијата.

Менаџерите се повеќе интерно ориентирани и претежно се преокупирани со


проблемите во организацијата, а лидерите се екстерно ориентирани и се бават со
тековите и трендовите во поширокото општо окружување.

Менаџерите ја акцентираат послушноста на своите соработници, а лидерите ги


придобиваат како соработници. Лидерите се фокусирани на квалитетот, услугите и клиентите, а
менаџерите на задачите и цифрите. За менаџерите промените се наложени и неизбежни само во
кризни ситуации, а лидерите континуирано учат и се склони кон иновации.

Основната разлика е тоа што лидерот е креатор на на мисијата и


стратегијата, а менаџерот е оној чија цел е да ја реализира стратегијата преку
преземање на акции.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТИРА:

1. http://www.scribd.com/doc
2. http://www.scribd.com/doc/76547932/Biznis-Liderstvo-TF
3. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F
%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82
4. http://www.statija.mk/archives/518

11
5. http://www.rrc.org.mk/uslugi/obuki/liderstvo
6. Welch J. “29 Leadership Secrets” Copyright © 2003 by The McGraw-Hill
Companies, Inc.

7. http://www.1000advices.com/guru/leadership_management_bl.html
8. http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?
tabindex=3&tabid=65&EditionID=372&ArticleID=6317
9. Петковски К., Пеливанова Г. “Предизвиците на современото лидерство во
образование” Херакли комерц, Битола, 2009
10. Bennis Warren G.,”Becoming a leader: the leadership classic - updated and
expanded”  Perseus Publishing, USA, 2003,
11. Петковски К. “Водството и ефективната комуникација” , Киро Дандаро
Битола
12. Максвел Џ. “Како да станете вистински лидер” , Паблишер, Скопје, 2010

12

You might also like