You are on page 1of 2

Феминизмот е движење за еднакви права на жените и идеологија за ослободување на жената

,поради неправда за својот пол,и стекнување на неа својствените права. Разни облици на
феминизам нудат различни анализи на причини и субјекти на угнетување на жената ,а
,најзастапен метод е подигање на свеста и спознавање на нештата во подобро,ново светло.

Феминизмот вклучува низа политички, културни , социолошки и филозофски теории поврзани со


темата на полови разлики. Ова е движење кое бара полова еднаквост,економска и политичка
рамноправност на жените во однос на мажите.Се залага за прифаќање на жените како комплетни
личности со свои права и интерес.

Феминистичките движење еволуирале низ три бранови, се додека не го доистигнале


реформаторскиот врв во полза на жената. Така со првиот бран жените добиваат право на глас, а
со вториот се избориле за право на воспитување на деца, право на абортус, право на породилно
отсуство и право на еднакви образовни можности и на еднакви плати. Со двата брана се постави
теренот на права на жените, а со третиот се обезбеди негово чистење од религиозните и
културолошките елементи. Третиот бран, претставувајќи го денешното движење на жените, има
за цел етаблирање на права на жените како цврст, составен дел на универзалните, важечки
човекови права во важечкото меѓународно право. Само вака дефинирани, правата на жените ќе се
спроведуваат во пракса, а секое нивно прекршување ќе биде казнето со согласно важечката е
национална и меѓународна регулатива.

Радикален феминизам -Тврди дека угнетувањето на жената произлегува од категоризацијата на


мажите како супериорна класа во општеството. Има за цел да го уништи, овој пол-класа
систем.Она што го прави радикален е фокусирањето на корените на машката доминација,велејќи
дека сите општества ги карактеризирало владеење на мажот-патријархатот.Кејт Милер ќе каже ,,
половина население кое го сочинуваат жените се контролира од другата половина која ја
претставуваат мажите”. Затоа овој феминизам во своите најекстремни облици ги прикажува
мажите како непријатели и се залага за повлекување на жените од машкото друштво,и
поставување на жените во центарот.Спред нив жените морат да превземат радикална контрола
врз своите тела и животи. Работи за да го направи видливо, невидливото, преку внесување на
родовата структура во општеството.

Марксистички (социјалистички) феминизам -Ја прикажува материјалната основа за угнетување на


жените, врските меѓу начините на производство и статусот на жените. Предводничките на
социјалистичкото движење како Клара Цеткин18 ,барале економска независност на жената како
основен услов за нивна рамноправност како и укинување на хиерархизирањето на половите
аналогно со укинувањето на класите.Друга теза е дека,патријархатот и капитализмот се паралелни
системи на доминација.Само марксистички феминизам има изградено теорија за релација меѓу
градење на внатрешно искуство на жените и нивниот социјален живот

. Либреален феминизам20 -Теорија за индивидуална слобода на жените. Тој е дел од глобалниот


тек на феминстичката теорија.Мери Волстоункрафт ги опишува жените како рационални субјекти
чија инфериорност се должи на инфериорното образование.Таа твреди дека ова може да се
поправи преку еднакви граѓански права и образовни можности ,а во однос на врувањето за
сесуалноста дека нечиј приватен живот не треба да биде општествено регулиран ја прифаќа
дихотомија на јавното и приватното.Верува во индивидуалното ослободување, и е ослободено од
дефинирани полови улоги.Цел е подобрување на жените во системот,потребите за социјална
грижа,универзалното образование и здравствената сигурност 21 .

Родов феминизам22 -Нстојува во потполност да ги елиминира родовите улоги во современото


општество.Се залага за земја каде се префериираат жените во однос на мажите во области како
што се семејното насилство,старателството врздецата, ,развој и еднакви плати.Претставник е
Христина Хоф, а целта е соборување на стереотипите за жените и градење на т.н феминистичка
правичност во однос на правната и политичка еднаквост на жените.

Индивидуален феминизам23 – Ова е израз со кој се опишува движење кое на жените гледа како
на поединци .Се развива под влијание на монархизмот и индивидуалистичкиот анархизам како
идеологии.Овие феминистки се држат до ставот дека сите луѓе имаат морално и /или законско
право на власт над своето тело ,т.е се залагаат за правото на абортус ,а се противат на позитивната
дискриминација.

You might also like