You are on page 1of 3

1. Има сѐ помалку стереотипи и предрасуди за жените.

2. Општествената улога на жената е јасна, а со тоа и неограничена.

3. Во медиумите, жената е претставена без стереотипи.

4. Рамноправна и еднаква е застапеноста на жените во политичкиот свет.

5. На раководни функции во јавниот сектор, жените се подеднакво застапени како и

мажите.

6. Жената може да избира помеѓу мајчинството и кариерата - не постојат пречки и

проблеми во тој сегмент од нејзиниот живот.

7. Гласот на жената се слуша и уважува.

8. Институциите и општеството, воопшто, добро се грижат за проблематиката: „насилство

врз жените и семејно насилство“. Постојат закони, законите се е во ред и ја штитат

секоја жена.

9. Жените се застапени во општиот социјално-општествен живот, на секое поле.

10. Постои рамноправност и баланс „маж-жена“.

БОНУС - стереотипи

1. Од жените се очекува да бидат убави, а од мажите - да бидат храбри.

2. Мажот е тој што, во ресторан, треба да ја плати сметката.

3. Жените имаат вродена емотивност, затоа не ги бива за менаџерки.

4. Чистењето и готвењето се вродени способности на секоја жена.

5. Жените-возачки се полоши во сообраќајот во споредба со мажите-возачи.

______________________________________________________________________________________

УНИЦЕФ вели дека родовата еднаквост „значи дека жените и мажите, а и


девојчињата и момчињата, уживаат исти права, ресурси, можности и заштита. Не
бара девојчињата и момчињата, или жените и мажите, да бидат исти, или да бидат
третирани идентично“.[1] На сличен начин Меѓународната организација на трудот ја
дефинира родовата еднаквост, односно како „уживањето на еднакви права, шанси
и третман на мажите и жените, на момчињата и девојчињата во сите сфери на
животот“
Поимот „родова еднаквост“ е целта, додека „родовата неутралност“ и „родовата
праведност“ се практики и начини на размислување кои помагаат за постигнување
на целта. Родовиот паритет, кој се користи за мерење на родовата рамнотежа во
.

дадена ситуација, може да помогне во постигнување на родова еднаквост, но не е


целта сама по себе. Родовата еднаквост е повеќе од еднаква застапеност, таа е
силно врзана за правата на жените и честопати бара промени во политиката.
Тесно поврзан поим е „еднаков третман“ којшто означува отсуство на директна и
индиректна дискриминација врз основа на полот.
На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост бара да се отстранат
штетните практики против жените и девојчињата, вклучувајќи ги и сексуална
трговија, фемицид, сексуално насилство во војна и други тактики на угнетување.
УНФПА изјави дека, „и покрај многуте меѓународни договори кои ги потврдуваат
нивните човекови права, има поголема веројатност жените да бидат сиромашни и
неписмени. Тие имаат поограничен пристап до сопственост на имот, кредити,
обуки и вработувања. Помала е веројатноста жените да бидат политички активни
и многу поголема да бидат жртви на семејно насилство“
____________________________________________________________________

Најдолгата битка во човековата историја: Борбата на жените за еднаквост и


човекови прав
Повеќе од век и половина, ширум планетата Земја, жените се борат за своите
човекови права. Денес живееме во еден современ свет кој се смета за напреден и
цивилизиран. А, сепак, постои нешто што, можеби, не е толку парадоксално, колку
што е лицемерно: постојат 2 датума посветени на женските човекови права: 25
ноември - Меѓународниот ден на борбата против женско насилство и 8 Март -
утрешниот, Меѓународен ден на жените кој повикува на борба за економска,
политичка и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите
За прв пат, 8 март во историјата на женските права се приметува уште во
средината на 19ти век, поточно во 1857 година во Њу Јорк, кога жени вработени во
текстилната индустрија протестирале поради тоа што имале лоши работни услови,
ниски плати и работно време кое надминувало 10 часа дневно
Следувале низа други протести. Првиот ден на жената се одбележал во САД, на 28
февруари 1909 година. Една година подоцна, во 1910, во Копенхаген, се случила
првата Меѓународна конференција на жени, идеја на Клара Цеткин - германска
феминистка. Тоа е годината кога 8 март е установен за Меѓународен ден на
жената и промовира стратегија за еднакви права, вклучувајќи го и правото на глас
И повторно: следувале низа протести од жените во Европа, исто така.
Декларативно и формално, оттогаш, ситуацијата се има променето но, сѐ уште
постојано се прашуваме: ДАЛИ праксата тоа го потврдува. Дали насилството и
дискриминацијата сѐ уште се присутни, подеднакво, без разлика на боја, раса,
имотна состојба, професија и слично? Дали жените успешно се имаат изборено за
своето место во општеството и животот, воопшто? Се соочуваат ли жените со
проблеми специфични само за нив, како жени? Трае ли сѐ уште нивната борба?
Постојат ли стереотипи за жената? Има ли дискриминација? Живееме ли во
модерен, напреден свет кој мисли дека жената е еднакво третирана, како и мажот,
или, сепак, само така мисли
а

1. Краток воведен поздрав за добредојде

2. Краток опис на поводот за кој сме собрани, 8 Март и


родовата еднаквост.

3. Игра „ЗА или ПРОТИВ“

4. Поттикнување на дискусија - жени на јавни функции во


различни сегменти/различни професии

5. Краток говор за машки и женски професии

6. Дискусија со претставнички од „машки“ професии

7. Можност за вклучување на било која жена што сака нешто да


сподели - не мора од личен пример

8. ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ НАСТАН на табла се запишуваат


позитивните и негативните страни/мислења/факти

9. Споредба на позитивните и негативните страни

10.Дискусија - како да се подобрат нештата, водени од


негативната страна на таблата

11. Завршен збор

You might also like