You are on page 1of 2

Утрото, кога ме уби, мислев дека се разбудив во првиот ден од остатокот на мојот бајковиден

живот.

Си реков: „Колку убав ден!“ .

Се облеков во бело и полека, тивко, за да не те разбудам, не проговорив ниту еден збор.

Гледав бледо околу мене и тражев.

Те немаше.

Каде одиш кога заминуваш?

Колку срца имаш скршено?

Колку пати, на колку јазици имаш кажано „Те сакам“ ?

Броиш ли?

Ја кажуваш ли секогаш вистината?

Те прашувам, ДАЛИ броиш или, веќе одамна застана?

Зарем тоа не е важно?

Зарем не е важно колку срца имаш убиено?

Каде ги чуваш срцата што ги кршиш?

Дали тие се твоите трофеи?

На што мислиш, кога се замислуваш?

Моето заминување е бесконечно.

Моето заминување се’ уште трае.

Моето заминување не е како твоето.

Не е блиц.

Не патува со брзина на светлината.

Не е ниту трик.

Заминувањето мое е тивко, долго и болно.

И морам да внимавам да не ме снема, заминувајќи си...

Ги откорнуваш ли од календарот сите оние денови, кога во тебе постоев јас?

Ги заменуваш ли со нови броеви, за да се измешаат сеќавањата? За да се избришат датумите


кога бевме.

Го убиваш ли и времето на нашата среќа?

Дали знаеш што е среќа?

Дали ти знаеш ШТО, воопшто, сакаш?


Илјадници парчиња од мојата среќа блескаат од сончевите зраци. Како златен песок собран од
најубавите песочни плажи.

Каде одам кога заминувам?

Несмасно го притискаш моето срце со тие две раце кои ги држев не сакајќи да ги испуштам.

Ги мразев твоите раце, а толку многу ги сакав.

Ти прснува срцето мое и како песок ти се лизга низ прстите.

Градевме песочни кули.

ШТО го створи бранот кој ги срамни со земја?

На масата, се’ уште неизмиени стојат филџаните од нашето последно кафе.

Ѕидовите се празни.

Ги извадив сите наши заеднички слики од рамките.

Го изгребав твоето лице од секоја слика посебно.

Го пречкртав твоето име од сите листови хартија на кои го пишував секогаш кога те немаше.

Те тргнав од секаде.

... ШТО е тоа во тебе, што не ми дозволува да те тргнам и од моите мисли???

Постои клетва.

И ќе биде растурена.

You might also like