You are on page 1of 13

Згаснато сонце

Бевме соседки.Живеевме во ист двор.Јас дете од девет годинки(тоа време),а таа млада
жена на околу триесетина години.Се здруживме ко да сме врснички.Таа ја разбираше
мојата осаменост кога мајка ми беше на работа,а јас нејзината потреба да се дружиме.
Беше слепа.Не беше така родена.И ја згрешиле операцијата.Таа приказна ми ја кажуваше
многу пати.И ме расплакуваше.Се трудев да не ме примети дека плачам.Но таа имаше
натприроден осет за нештата.Ќе ме прегрнеше и ќе ме бакнеше.А јас ќе се стуткав до неа
како маченце.И сега ми навираат солзи ко ќе се сетам на неа.Дада Кате,така си ја викав.А
таа мене Соњче бонбонче.Ете не зближи судбината.Јас со мојата осаменост кога мајка ми
беше на работа.А и немав друг во тие часови освен мојата Кате.Моите родители беа
разведени уште кога имав четири години.Роднините ми живееа во друг град.Таа го имаше
сопругот кој ретко беше дома. Ме имаше и мене.Ме нарекуваше ,,старо мало,,.Ми велееше
дека ги разбирам работите повеќе од возрасните.Подоцна сфатив,таа ме сметаше
за ,,зрела,, А и бев тоа.Во душата знаев дека треба да ја потврдам
како човек,еднаков на другите.А беше повеќе и од тоа.Си ги греевме душите од
студенилото на животот.Многу пати ќе седевме во дворот до зајди сонце.Ете ќе ми
излеташе понекогаш,па ќе и’речев:Гледај дада Кате како е црвено сонцето.Ах!Сепак бев
детенце.Па и возрасните некогаш се забораваат.
-Згаснато е моето сонце, бонбонче ! Ќе ја наведнев главата ко ќе сфатев што реков.
Таа чувствуваше и ќе ми речеше:Aјде бонбонче ништо не е!Мене ми е топло во срцето.И
ќе ги пружеше рацете кон мене.Ќе ја погледнев.Ја издаваше солзата на крајот од
клепките.Целата тага во тие згаснати бледо сини очи.Милата дада Кате! Колку топла душа
имаше таа млада жена.Еден ден кога се вратив од училиште,ме повика кај неа во собата.
Си јадевме како и секогаш.Беше прекрасна домаќинка.Снаодлива и умешна.
Да!Еднаква на другите.Дури и подобра. По ништо не се разликуваше од оние што ја
презираа.А не знам зошто.Откако завршивме со јадењето таа зема една бела книга и ме
праша дали сакам да ми чита.Се зачудив како ќе чита без букви.Таа како да знаше дека се
чудам,се насмеа.Е тоа да видиш бонбонче!И почна.Ми ја читаше,,Козета и Гаврош,,Ја
слушав внимателно,потпрена на нејзиното рамо со главчето.Читаше брзо и течно додека
ги движеше прстите по белите издупчени листови од книгата.Тогаш прв пат видов книга
за луѓе со оштетен вид.Морзова азбука е,бонбонче!Таа прва ми кажа за оваа азбука.Тоа за
мене беше чудо.Колку добар човек бил тој што ја измислил.Си помислив.Како дада Кате
би завршила училиште па еве и да ми чита.Потоа јас ќе земев од моите учебници и ќе
пишував домашно.Намерно ја прашував за задачите иако ги знаев.Сакав да ја направам
значајна на овој свет.Знам дека се чувствуваше исполнета што ми помогнала.Голема
лисица бев и јас.Баш ,,старо мало,,Сакав да е среќна.Набргу стана мајка.Го роди девојчето
со најубави сини очи.Беше ја украла сината боја на небото.Бог и’го врати згаснатото сонце
во очите на ова мало ангелче.Но јас пак бев нејзиното бонбонче и мала пријателка.Не ме
замени никој.Знаше дека ја сакам од срце.А и таа мене.Душите се препознаваат.И години
не познаваат.Најдобри пријателки,малецко девојче и млада жена.Ете не спои судбината!
Минуваа години.Сите мали ,,тајни,, и’ги кажував на неа.За мојата прва љубов само таа
знаеше.Вешто ме криеше пред мајка ми .Таа живееше со нивната стара теорија,дечко тек
на дваесет години.Е па срцето не прашува!Што и’ менуваа тие три години,пред?Дада Кате
го разбираше тоа.Како лисици се шушуркавме кога имав нешто важно да и’кажам.И беше
среќна.Често пати ќе ми речеше:Знам дека си убава.Иако не ти го знам ликот.Ти имаш
топла душа.Ќе ме прегрнеше и ќе ме погалеше по главата,анализирајќи ме.
Каква боја ти се очите?Еден ден ме праша. До тогаш никогаш не ми го постави ова
прашање. Зелени!И’реков.
Знаев,знаев !Така те замислував бонбонче.А на моето девојче сини,а?Сигурно и таа е
убава. Убава ко кукличка,очи ко најубавото сино небо!И ’ реков.Знам
го бараше нејзиното згаснато сонце во очите на тоа девојче.Го најде.Детето имаше
беспрекорно чувство кон својата слепа мајка.Се разделивме еден ден.Се преселив во друга
населба.Никогаш повеќе не се сретнавме.Научив многу нешта од неа и преку неа.Таа беше
мојата хероина.Чекореше низ животот со згаснато сонце во очите,но со топлина во
срцето.Студенилото на осаменоста ми го замени со топлина од нејзината душа.А јас
и’подарив зрак од моето сонце.Она што ми грееше во срцето.Дада Кате,мојата хероина!
Чекореше се’до оној проклет ден. На претпоследната
страница од весникот.Некролог.Ги раширив очите во неверување.
Мојата дада Кате!Таа беше жената што настрадала во сообраќајната незгода.
О Боже,зарем еднаш не и’згасна сонцето!?
,,ЛЕЈКА НА ВОДА,,

Убаво ми велеше мајка ми: А бре не летај ко лејка на вода!


Не лејкаааа....,јас уште бетер!
Ко пијан за плот!
Упорно налетував и се залепував за некој,,будала,,Ама изгледа јас бев побудала од
нив.Сега ми е јасно.Скапо ме чинеа тие ,,фраери,, кои всушност лечеа комплекси врз некој
што има сила да ги трпи.Отсекогаш знаев да бидам заштитничка и кога не треба. Тој
те ,,убива,,а ти го љубиш.Мислев дека сите имаат душа.Ама имало и маски.
Не!
Само имаат гнасна стратегија да ти влезат во срцето и да копаат ко црв.
Да ти ријат, дур не го извадиш срцето сама и да им го фрлиш во фаца.
Нааа...!
А бре ни тогаш ништо не си направила!
Не му треба твоето срце.Му треба жртва.Да умира без ден,да чмаe,со памук душа да ти
вади.
А и јас си имав вроден талент...Ќе те засакам.Ама како си дошол,така и си ошол.Што
велеше еден мој комшија.
А и ти ми дојде така ко ,,кец на десетка,, ама пак во погрешна игра.
Мислев дека дојде мојот принц.А ти бетер од сите.Залетан на белиот коњот....Мислиш
сите царства ќе ти ги фрли пред нозе.
А бе како не падна негде по патот!?
Принцезата утопорена те чека.Верував во бајки.Младост!
Убаво велеше мајка ми,лејка на вода.
Умничка си бев ,но во овие игри срцето го пуштив да зборува.Мозокот на ,,пасење,,
Ти верував ко замајана.Па кој нема да верува кога sвезди му симнуваат?
А тие ме изгореа.
Те сакам,по сто пати на ден ми велеше.
Знаеш, од тебе почнав да го презирам тој збор.А бе папагалска школа си завршил беше
очигледно.Ете ти ми направи да не верувам никому.Минхаунзен ти беше братучед
прв.Ама ете ми влезе црв во срцето.Знаев ама пуштив да тече реката.
Младост!
Сега среќен ли си со ,,таа,,?А таа беше баш типичен пример на жена која ја презираш.
,,На трупче ќе го исечам,со оваа не би бил!,,
Како да не!
,,Па го исече ли?,,Или го чуваш да ја донајадеш ,,таа,,?
А бе ќе те изеде со сѐ кондури!
Среќен ли си што појдов сама по својот пат?
Да,заминав со скршено срце и со солзи по лицето.А врнеше таа ноќ,среќа моја. Ретко кој
ја позна будалата што плаче.А можеше да го има светот на дланка.
Ама таа беше,лејка на вода.Беше заштитничка на ,,питачи,,за љубов.Неблагодарни,погани
души,со најлошата глумачка школа.Им ја делеше душата,луда.А бе батали ги оние,шуто
па боде!
И ете после се' ми остана презир кон тебе и гадост.
Да!Добивам нагон за повраќање од твојата проклето расипана душа.
Само криво ми е што сум лик во твојата приказна,а ти моја инспирација да
ја ,,излувтирам,,душата.
Не, не ми требаше маж што ќе се фали само со ,,тоа,, во шлицот.Ми требаше некој со грб
на кој ќе се потпрам кога ќе задуваат силни ветрови.Да!
И знаеш тогаш кога заминав,го извадив џокерот од ракав.,,Како дошол,така ошол,,Убаво
викаше чичо Петре.
Па не сум толку будала да играм толку чесно со валкан играч.
Стратегија!
А бе мајко,не бев јас баш,,лејка на вода,,!
Само налетував на нив и дремев ко ,,пијан на плот,,
Еден ден ќе се отрезниш!
Па никогаш не е доцна!
КОГА ТИ ,,ДИШИ,,ГЛАВАТА

А бе да сакав немаше да изглумам така! И мистер Бин ќе ми позавидеше. Бев будна пред
алармот веќе еден час порано. Вообичаено за мене. Го уклучувам нетот и нормална
процедура да одговорам на коментарите во некоја моја објава. Обавезно, ко пред
новинари. Во пораки гледам по некој залутан во ноќта. Во 03h...читам: како сме? ,,Чекаме
муштерии,, јас па побудала од него. И го очистувам во блок. Нит го знам нит бутур. Тоа
зеленото знае ли да угаси и без нет? Јас во 10-ти сон...тој... како сме? Или...маче многу си
убава.Тоа негде 04h. Изгледа го држи пијалокот па се осмелил да пише. Или жена му си
легнала,па ај ќе аламе по жениве. ,,Море марш!,, По некое срце и бакнеж. Се правам
мутава на тие. А најезиво...ај ќе ќутам! Беше што беше.Како дошло,тако прошло. Се
спремам така фино,лепо...со сите нишани.Пред поаѓање обиколка во сите соби...децава се
штрецаат штом се фатам на квака. Чекај шпоретот,пеглата...а не сум ја уклучила 10
дена...бојлерот...телевизорот Ја бакнувам иконата и се прекрстувам. Ретко заборавам.
Правац ѓубрето.Кесичето во рака и надвор од станот.Уф....чекај шпоретот!
1,2,3,4,5...ги пребројувам ринглите као некој да ќе ми ги украде.И рерната во прилог.
Добро е,сите се на нула.И конечно излегувам.Ја клучам вратата.Клучот во чанта и пружам
рака да го повикам лифтот.
Чекор од мојот стан е.Пак се вртам пред влезната врата и се пофаќам за sвончето.
Sвонам!Тупкам со ногата и се нервирам.
Уште еднаш sвонам и тоа упорно.Чекам!А не знам што.
Нешто као ,,нервозни поштар,,
Таман се пофатив уште еднаш да заsвонам и ми светна....Аууу бргу,бргу во лифтот дур не
ми отворил некој од децата.
Не можев да верувам колку ми ,,диши,,главата тоа утро.А наспана бев.
Уште во 21h го фатив креветот.
Sвонам на своја врата уште во 06h...а сама ја заклучив.Во лифтот се смејам со солзи.Не
можам самата да се гледам во огледало.
,,Не си нормална ма!,,сама си зборувам.
На штрек сум...очекувам децата да ме побараат на телефон.Ама,не!
Добро е!Си велам.Сигурно не го чуле sвоното.И цел ден ми се смее за мојата будалаштина
од утрото.Попладнето се враќам од работа,ама не sвонам!Си имам клуч.
Уште од врата ги поздравувам на цел глас.
,,Здраво клинции...како сме!?,,
А тие:
,,Добри мамо! Сабајле некоја будала ни sвонеше упорно, рано,порано...немаше никој кога
отворивме,,
Не претпоставуваа дека тоа сум јас.Зошто би им sвонела...имам клуч,а и отидов на работа.
Превртувам со очите....
,,Јас сум будалата!,,
,,Мамо мааааа...!,,
Ќерка ми се фати за глава.Сфати,пак од моите дешавки.Син ми се смешкаше како и
обично.Идол сум му заради својата умешност да се преобразувам од мајка во дете...дете во
мајка.И се уште сака да гледаме заедно,,пу матер,,иако има 23год.Тоа му е фудбал....назив
што сам му го даде кога имаше само 3 год.
Цел саат бараше ,,пу матер,, да гледа.А ние се чудевме што е тоа. Дур не почна фудбалот и
не се намести пред телевизорот.А татко му е виновен. Пцовка ,,пу матер му е... Тоа при
нервозни ситуации во играта што малиов си ја преобрази по негово.
,,Е па мамо ма!,,
Што мамо,ма!?,,
И на мама некогаш и ,,диши,,главата.
Ете тоа утро бев ,,нервозни поштар,, sвони 3 пута.Добро е што немаме камери на спратот...
МИРИСА НА СПОМЕНИ

И така секоја пролет на детството и раната младост ќе ми замириса.


На првата љубов и симпатии
Првите ,,лоповски,,акции...искинати лалиња по дворовите на комшиите.
Зелените кајсии и штотуку зазреаните цреши.И тоа се'од комшилук(а во твојот двор се
претураат).
Ама не е интересно така.Убаво е со план средена работа.Разработуваме план и ,,напад,,
Мета се дворовите во Кисела Вода каде што го минав детството и првата младост.
Улиците нека се тајна.
Возбуда до максимум додека се шушуркаме пред некоја ограда.И машки и женски,
сложно сите.
Во бегство сите штом ќе не фатат на дело.Најубавиот дел,делење на пленот.Паѓаа и
кавги.Имаше и ,,забушанти,, Е па не може на туѓ грб!
Мај,месец за ,,крадење,,рози од туѓиот двор.Е тука веќе и ножички се земаа.
Ама паѓаа и шамари дома.
Арамбаши!-велеше мајка ми.
А дворот ни беше полн со рози.
Тие не се интересни.Важен беше ,,филмот,,во кој бевме влезени.
Раната младост и срцепарателни песни.На оградата поседнати,кој на трева,кој потпрен на
пони точакот...Свират гитари. Песна се слуша.Јас сум скоро секогаш во соло изведба.
Паѓа и по некој фалш од страна.Обавезно е опоменат. Бевме се'некои уметнички
типови.Бог не'дарил!
Скришни милувања со очи и по некој допир со рака.
Првите бакнежи,првите солзи...
И се'тоа во некои убави времиња...крајот на 70 тите и почеток на 80 тите год.
По некое ,,киднување,,од час.Не за друго!Ама да не бидеш,,предавник,,
Кај сите,таму и ти!
Не би ги менувала овие спомени за ниедно друго детство ни младост.
И се'така ми доаѓа штом пролет ќе замириса.
Мириса на спомени.
,,ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА,,

Искрено речено,да!
Ете таа вечер ми ,,удри,,во главата.
Но повеќе во душата.
Само две чаши вино,да не речам уште од првата, ми се отворија очите.
Секогаш бев неговото,,бебенце,,
Како да не!
Си дремев така јас дома дур тој алаше по локалните кафичи и кафанчиња.
Кога не бевме заедно секогаш мајка му беше болна...скраја да е.Или пак тој беше со некое
другарче.
Сега и да било така.ОПТУЖЕН Е!
И таа вечер така решивме да си седиме дома.Ко Божем да не бидеме параспури толку да
шетаме.Жими мајка!
Не ме држи место.Вртам на фиксен(немаше тоа време мобилни)кај него.
Ех да имаше мобилки кај ќе му беше крајот!
Ќе му беше!
Се јавува ,,мама,,
Само што ме чу...не дочека
,,Аааа значи сакаш да ме пофалиш за колачите!,,
Ми се упали сијаличето!
Морав да лажам,а не сакав.
,,Ви благодарам!
Преубави,,
Таа не дочека:
,,Ај убаво да си поминете кај вас!,,
И ми затвори.
Ќе си поминеме!-си мислам.
Таман ја спуштив слушалката.
Sрррр....
Ете го!
,,Дали е тоа моето бебенце!?,,
-Дааааа! -се лигавам небаре топрва прозборувам.Мора да е се'под контрола.
Само да знае дека бебенцето се претвори во sверка.
-Ти дома си?- го прашувам.
Момент на вистината!Чекам.
,,Да бе срце!,,
А од таму ми се слуша ехо.Препознавам простории.Надрља ко Жути.
,,Во пижамки си?,,ме прашува.
Небаре сум во градинка.
Го гледам часовникот 21h.
Да,да спиј на тоа уво - си мислам.
-Дааа љубов! - ми се повраќа од лагиве.
Ме заболеа очите од превртување.
Знам дека е сигурен во мене.Но јас во него...НЕ!
Ќе си легнам срце!-му велам.
А тој:
-Те сакам од земјата па до зенитот!
Јас да не бидам покуса како и секогаш.Глупача!
-Јас уште 20 m погоре од зенитот.
Секогаш еден на друг наддававме.
А бевме блиску на дното.
Го излигавивме телефонот и секој во својата приказна.
Се стокмив за 15 минути.Се настегав во најбезобразното фустанче.Беше као страшно
љубоморен.
Високи штикли и црни чорапи.
Таксито и правец.Местото на злосторството.
Го нањушив копилето.Паркиран пред ,,нашиот,,локал.Ме делеа 20 чекори до
одлуката.Молев Бога да не е вистина.
Ама беше.Влегов како каубоец.
Сега ми е смешно нешто пред 30 год.
Ама виното одлучи таа ноќ!
Мојот Ромео ги оврголе очите во недоверба.Ја држеше за рака копилето.
И ми се јави од шанкот.
Пижамкииии!?Еве ти пижамки,со напрчени гради му застанав у фаца.
-Авион!- дофрли некој од соседната маса.
-DC 10-му намигнав.За инает на копилето.
Молчеше...а обично јадеше трици кога некој ќе ме загледаше.
-Значи овде живееш?-го зајадов.
-Ама чекај да ти објаснам!-ми вели.
-Ќутииии! - ем го прашувам,ама не ми треба одговор.Знам се'.
А виното во главата ми врие и ме буцка.
Таа молчи.Сигурно знае која сум.
Ми се плаче ама не се предавам.
Плус и не е поубава од мене.
Му го фрлам прстенот у фаца.
Ми беше подарок како знак на верност.
-Ама јаас....!
-Ќути мајмунеее!
Седеа небаре се стаписани.
Ги држев под контрола како со револвер.
Му ја зедов чашата со црвено вино и му ја исипав во скутот.
-Да ти го оладам ,,братот,,
Тукен му ги сторив белите панталони со кои се фраеришеше.
Се вртам и гордо заминувам.Таман пред вратата, ми текна.Се враќам.Овој дреме ко
климузар.
-Колачите,дај ми ги колачите!
Станува.Одиме заедно до колата.
-Да те однесам до дома.
-Маршшш!
Си ги земам колачите...па за мене беа наменети.
Почнува да врне.Не ми треба такси.
Си грицкам колачи.И за прв пат не ми е тешко.
,,Во виното е вистината,,
ЕХ,ЈАС...

Доста е!
Е тогаш ми се смачи.Ми се споија жичките и ,,одлепив,,
Го облеков,,најбезобразното,,
фустанче,меѓу сите безобразни. Па не си жена ако не кокетираш и со себе.
Црни чорапи и високи штикли,задолжително
Го сменив само карминот.Црвен,црвен нека биде оваа ноќ.Се погледнав во огледалото на
излегување.Ми цаклеа зелените очиња.
А и се насмевнував.Како и секогаш.Некогаш од презир така и' се смеев на онаа другата во
огледалото.Некогаш ја сакав затоа што ми беше сојузничка.
Си намигнав,онака кокетно.
,,Ајде оди ,,малецка,, и супер си!,,
Знам понекогаш така сама да си кажам.
Не е грев!На себе си, најголем пријател си.
Нека биде ова ноќ за ,,грев,,!
Ми се мешаа чувствата...А пречекорев само неколку чекори.Сепак не е фер.Повикав и
такси.А што дека!
Застанав до sидот пред влезот и ја потпрев главата.Се сруши нешто во мене и заплакав.
,,Госпоѓо,не ви е добро?,,Го чув таксистот.
,,Да!Се извинувам ,одете!,,
Не ми се виде ништо. Ни ,,безобразното,,фустанче,ни црвениот
кармин...ни ,,безобразните,, планови за таа ноќ.Се вратив.Пак во својата тврдина на
осамена принцеза.Пак само ноќта ќе ми шепоти.
Само зелените очињата уште ми цаклеа.
Ме исплаши помислата дека ќе се најде некој ербап,нивниот сјај да го угаси.
Никогаш повеќе!Еднаш си ветив.
Ех,јас...!
Писмо за аманет

,,Еве ти пишувам може за последен пат. Кога ќе го прочиташ ќе бидам далеку.


Подалеку отколку што беше ти од мене.
Знам, може нема да го исполниш аманетот. Знаеш за белите рози…!
Ти не ги исполни ни моите соништа. Само твојте лаги беа вистина.
А ти верував ко на Бога! И се колнев во љубовта твоја.
А ти Јуда си бил.
Знаеш, таа ноќ кога ми кажаа дека на друга прстен си и’ дал, јас престанав да живеам.
Ми ,,умре’’ душата за еден миг. Кошмарни соништа ми идеа и некоја жена во бело.
Но тоа не сум јас. Насмевка лице и’ краси. И бели рози во рацете држи.
Баш онакви какви што сакав јас.
Стоиш до неа, поглед од мене криеш. Зарем совест имаш!?
-Јуда, Јуда си ти !
Ете и во сонот болка ми задаваш. Те сонував долго.
Од мојата младост, приказна тажна . Плачев, долго плачев. Истрчав таа ноќ по пустите
улици, а мојата душа попуста од нив. Пустина празна.
Паѓаше дожд, студен есенски. Да можеше бар да ги измие твоите гревови.
Ми ,,умре,, душата таа ноќ. На илјада парчиња срце се скрши. Ти прв пораз беше мој.
Следеа и други. Но ти најмногу ме болеше.
Велеа за мене си прашувал и горко си се каел. Не ми значеше тоа.
Одамна ,,умре,, ти во мене. Срце ,,мртво,, но уште чука.
Трепери, но не те љуби.
А те сакав бе! И ти мене. Ама Јуда си бил, ко оној, Исус што го предаде.
Велат пет пари не вреди таа љубов кога еднаш ќе се издаде.
Ете така, сега само ти пишувам. Во по некој стих те спомнувам.
Животот приказни ми напиша. Но ти си ми најтажна. Понекогаш ја раскажувам.
И аманет ти оставив во стих. Бели рози, не заборавај!
И дојди ако пред тебе заминам. Не ти простив и нема никогаш.
Така таа ноќ се заколнав. И Јуда не сум. Ама срцето е предавник стар.
Дојди и бели рози донеси ми за дар!
Жолта свеќа запали кога ќе заѕвонат камбани тажни.
Ете далеку ќе бидам, подалеку од што беше ти од мене.
И отвори го писмово.
,,Свадбени ѕвона за тебе ѕвонеа, за мене сега камбани тажни.
Проклет да бидеш, клетва да те фати за сите зборови лажни,,.
Далеку ќе бидам, подалеку од што беше ти од мене.
Не ти простив!
Но те чекав. Знаеш ли!?,,

You might also like