Professional Documents
Culture Documents
ЧИНГО
ГО ЛЕМ АТ А
ВОДА
МИСЛА
СКОПЈЕ
1 990
1984
Н а м а ј к а м и В е рг а
Кога веќе решив да ви раскажувам за Исак,
Кејтеновиот син, би имал толку убави, нежни и
незаборавни спомени, толку чисти и светли мигови кои не
верувам дека некогаш можеда се заборават. Јас сум толку
горд кога си спомнувам за Кејтеновиот син, горд како
самиот Исус Христос. Но јас сакам да ви ги изнесам само
оние часови во домот, само оние проклети часови
поминати во домот, господе, та ние и немавме други
часови, чесен другарски збор, само оние часови додека
дојдовме до Сентерлевиот рид. Тоа беше некој непознат
рид, Сентерлевиот. Говореа дека е тоа оној рид откаде
што се раѓа сонцето, неможно, ридот откаде што се раѓа
сонцето. Познава ли некој друг такво слично место, таков
еден рид откаде што се раѓа сонцето? Не верувам, се
чини, Сентерлевиот беше единствен таков рид.
Веројатно, тука имаше и нешто неречено, но тоа за
вистината не го знаеше дури и татенцето, нашиот
управител другарот Аритои Јаковлески. Како што беше -
беше, по време едно со сигурност дознавме, - патот до
Сентерлевиот рид беше страшно стрмен, како во
пеколот. А ние само што требашеда појдеме по него, -
проклет да бидам, - и сега не знам откаде толку сила,
волја, храброст за еден таков ужасен, тежок пат. Во
почетокот ќе спомнам само толку, илјадапати,
милионпати, неброено била поголема, посилна страста за
убавиот живот и слободата. Проклет да бидам ако тоа
не нè држеше да одиме, да не се плашиме од страшните
казни. О, вечни, о слатки соништа. Проклет да бидам, тоа
беше гласот на Големата вода.
Д РУГ АРОТ ОД СТ Р ОЈ ОТ ,
СО НОТ З А Г ОЛ Е М АТ А ВОД А
О, да! О, не!
Зошто не!?
Те гледам како глист,
а можеби во тебе е артист!
О, да! О, не!
Зошто не!?
Можеби пак враг,
некој друг чудна дарба,
ова-она, другар - брат,
четка, бои, нова шарба.
О, да! О, не!
Зошто не!?
А можеби поет,
човек со цвет!
О, да!О, не!
Зошто не,
можеби машинист,
весел тракторист, чедо мило!
О, да! О, не! Можеби пилот, светло крило,
можеби оперски пејач,
орач,
сејач,
О, да! О, не!
Зошто не!?
Најдобро ударник,
количка, крамп,
трудбеник прв,
дарител на крв!
1
раскажувачкото творештво на Живко Чинго (поговор) стр.138
кон избраните раскази на Чинго, Петар Бошковски, доаѓајќи
кон поентата на своето разгледување, го истакнува тој
квалитет на прозата на Чинго: „Не знам колку може да важи
за општо правило дека литературата треба да се чита на
глас, но во случајот на прозата на Чинго таквиот начин на
контактирање може да се земе како пример на
совпадливост. Остварена како кажување, таа и како да бара
да биде кажувана.“2 Миодраг Друговац, посочувајќи
одделни деловн од расказите на Чинго забележува: „...Чинго
ја усвитува својата реченица, дијалогот му е мошне
едноставен, занимлив и неверојатно непринуден, како
изделкан во духот на народниот раскажувач...“3 Милан
Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на
раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и
прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи
со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор
изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на
раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со
книжевниот професнонализам...“4 Георги Старделов го
формулира своето сознание начинот на кажувањето на
Чннго, посочувајќи ни еден целосен паралелизам со
народното творештво: „Првиот впечаток со кој се доживува
прозата на Живко Чинго се наметнува низ сознанието со
кое си го претставуваме нашиот модерен раскажувач низ
ликата на нашиот мудар и ингениозен народен
раскажувач...“5 Димитар Митрев во својот есеј за прозата на
Чинго забележува: ,.Не ми е познато дали во лозата
2
Живко Чинго „Пожар’’, Македонска книга, Скопје-1970; П.Т. Бошковски:
3
Миораг Друговац: „Биографија литерарна“, Мисла, Скопје - 1968, стр. 97.
4
Милан Ѓурчинов: „Определувања“, Култура, Скопје - 1969, стр. 204.
5
Георги Старлелов: „Светови“, Мисла, Скопје - 1969, стр. 85.
чинговска постоел некаков народен рапсод од кого Чинго ја
наследил својата неусилена раскажувачка моќ, но тој ја има
таа моќна посебност и која низ вековите на овој народ
никако не била некаква индивидуална посебност.
Раскажувачки талент што е повикан во животот на нашата
литературна повест од силниот бран на нашата вековична
раскажувачка стихија. И на нас што читаме и сосема
неусилено ни се чини дека Чинго е уште еден од
мнозинскиот број на некогашните народни раскажувачи.“6
На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор
дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од
најраното детство имав можност од устата на татко ми кој
во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и
пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви
кажувања за „животиштето“. Особено кажувањата за
животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок
јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои
се говореше. Настрана од тоа каде беше познат како човек
со многу пријатели. Речиси секој ден куќата ни беше полна
со секаков свет. Повеќето беа работници, другари на тате,
занаетчии, попови, Ѓупци, Турци, пијаници, лажливци,
револуционери, партијци, филозофи, копачи на злато...“7)
Во сиве наведени мислења, кои се, во основа
идентични, се забележува дека основното сознание води
кон една одредена генерализација: суштинските вредности
прозата на Чинго ги остварува во доменот на стилот.
Нејзините инспиративни текови се поврзани со
уметничкото облагородување на говорот, на приказната,
кои, исто така се наврзуваат на една подалечна и подлабока
6
Димитар Митрев: „Критики и огледи“, Мисла, Скоије - 1969. стр. 105.
7
Интервју на Петар Т. Бошковски со Живко Чинго, „Разгледи“ Скопје, јануари 1970, стр. 53.
раскажувачка традиција. Забележливо е дека стилот на
Чинго не произлегува од еден вид говор, од еден вид
раскажувачка традиција. Тој не се надоврзува само на
фолклорот, тој не се надоврзува ниту само на говорниот
стил. Прашањето е мошне покомплицирано. Изворите на
чинговата стилистика се наоѓани, главно, во тие два домена,
во фолклорот и во говорниот јазик, меѓутоа филтерот кој ги
прочистува тие две структури е извонредно многу
ригорозен. Пред сè, тука е проблесокот на спомените од
детството. Минувајќи низ тој критериум она што некогаш
се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во
сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што
бидува со сите спомени од детството, станало амаглам,
надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и
виѓавања. Натаму, можеме да воочиме еден процес во
градењето на чинговиот стил кој се остварува врз еден
евидентен принцип. Чинго пишува за селото, за неговиот
живот, неговите ломови и катаклизми. Меѓутоа говорот што
Чинго го слушал не е оној изворен селски говор, не е чисто
рурален елемент. Чинго бил во допир со еден нов говор
создаван врз традициите на селото, врз мудроста на
фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова
социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат
говори на одделните занаети, говори на новата политичка
ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на
повратниците. Тој свет на Чинго не е воопшто останат на
нивото на старото село каде усното творештво уште не било
опфатено со некои нови сознанија, со нови потреби на
изразот, со нови поими и ситуации. Во селото што го носи
во себе Чинго, веќе се пробиле и елементите на онаа
цивилизација што до пред педесетина години немаше
никаков пристап во духовната сфера на народниот
раскажувач. Затоа јазикот што Чинго го изнаоѓа меѓу луѓето
за кои говори не е оној фолклорен јазик што ќе го најдеме
во старите зборници на народни приказни. Чинго се
потпира, во основната јазична структуираност на својата
проза, повеќе врз живиот говор, помалку врз фолклорот и
неговите идиоми.
9
М. Друговац, ибид. стр. 93.
Иванов) тоа сознание уште повеќе го задлабочуваат.“10
Митрев, исто така, упатува кон таа паралела, наоѓајќи
објаснување за нејзиниото постоење но и за квалитетот на
воздејството што кај Чинго го врши угледувањего на
светската лигература: „Но колку и самороден талент, Живко
Чинго не е и без угледување на други автори (...) Чинго
знаел и како да го прифати туѓото без да му изневери на
своето. Тој не шетал по странското без своја насока и без
свој правец и не земал било што и од било каде. Одредени
овошки примаат одреден калем и Чинго го нашол за своите
творечки намери соодветниот калем. И тоа е еден негов
редок успех (...) Главниот, да не речам единствениот фонд
од кој Чинго прифатил не една писателска драгоценост, е
советската руска литература. Чинго е еден од оние наши
автори што најсилно го трпат воздејството на вонредни
значајности од советската литература. Таков студиец,
првенствено во однос на еден од мајсторите на светскиот
расказ - Исак Бабел (...) Тоа угледување му помогна многу
да стане мајстор на наједноставно искажани најпотресни
човечки состојби. И од тоа Бабелово мајсторство Чинго се
учи како целосно да ја додржи сопствената елементарност
во показот на збивања што се на подруг начин потресни. Од
Бабела се учи на природен пристап кон судбината на луѓето
како јунаци на раскажното дејство. Од Бабела се учи мирно
да го констатира злочинот и да знае дека потресното во
животот е посилно од потресното во литературата, - за да
значи многу ефектот на здржаното констатирање. Од
Бабела се учи на најголемата вештина на писателското
мајсторство: да се знае што да не се каже. Иако од Бабела се
учи да раскажува без илузии и без разубавување, да биде
10
Г. Старделов, ибид, стр. 85.
целосно при дезилузионизмот и дезидеализацијата, тврд и
сиров во изнесувањето и на најдраматичното. Одовде и
потсилувањето на неговата склоност кон контрасното и
парадоксалното. И пак одовде го збогатува спојувањето на
обичното со лирското. Во постапката, пак, ја пренесува
ретката Бабелова умешност за вплетување на анегдотата во
внатрешниот тек на раскажувањето. Сенасе: научил многу,
учел така што резултатно го оплодил својот изразит
авторски натурел.11
Неоспорно е дека литературата се движи како и сите
уметности во континуитетот кој го овозможуваат врските
меѓу одделни автори. Може да се рече дека без тој феномен
на взаемни воздејства, на користење веќе постигнати
искуства на наоѓање сродни литерарни светови,
литературата би била невозможна. Секој автор духовно се
надоврзува на неговите претходници, дури и во сопствениот
гневен грч предизвикан од потребата да негира она што
пред него се случувало, да го менува тој свет на
литературата со преседански обид, со поставување нов
патоказ пред идните генерации кој ќе ги оддели од товарот
на создадената традиција. Тие грчовни изблици на
најеминентните писатели биле секогаш, едновремено, и
плодни и залудни. Зашто напорот да се одделат од
традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое,
ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на
формалните, манирските и рутинските, наследства и да
дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и
сублиматот на традицијата. Неспорно е дека и Чинго се
наоѓа во еден таков континуитет. Тој не е од оние автори
што вршат свесен, интелектуален чин на бунтовништво со
11
Д. Митрев: ибид. стр.107, 108.
своето дело. Доколку Чинго го прави тоа неговата
интенција се остварува во неговото дело. Меѓутоа, за
прозата на Чинго е навистина битно да се одреди неговата
врска со авторите од кои учел. Битно е зашто на тој начин
полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги
пласира своите значења, своите поенти и откривања.
Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме,
произлегува од една автентична говорна традиција, да учи
толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај
оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту
духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези
блиска? Дали може да се рече со сигурност произлезена од
една книжевна аргументација, дека духовните врски на
Чинго со советските руски прозаисти е толку значајна и
видлива? Според мое мислење може да се направи една
паралела меѓу творештвото на Чинго и на руските
прозаисти од советскиот период но само како укажување на
некои идентични резултати што се остварени во две
различни средини. Различни и блиски. Најнапред мора да се
подсетиме на фактот дека времето за кое зборува Чинго е по
многу свои белези слично на времето што го преживува
Русија во текот на Првата светска војна, Револуцијата и
контрареволуционерните напади врз неа. Се случуваат
длабоки социјални ломови, се изместуваат сите вредности
така што ниту една не останува во поранешниот зглоб, се
политизира и се идеологизира секој домен на животот. Сето
тоа се случува и во социјално и ментално блиски средини -
во село кое брзо и болно се деструира. Од друга страна,
можеме да констатираме дека и руските раскажувачи, пред
советскиот период, уште од Гогољ, извонредно многу се
надоврзуваа на народното творештво и на одделните нивои
говорна традиција. Тој процес во руската литература
започна многу порано до појавата на големите руски
писатели (Гогољ, Пушкин и други). Р. Јакобсон забележува
во кои услови се остварува таа духовна синтеза: „Започнува
(во текот на XVII век - заб. моја) секуларизацијата на
пишуваната литература; првпат во историјата на Русија се
прави обид да се пишува световна литература. А бидејќи
единствената домашна традиција врз која можеа да се
потпрат овие обиди беше усна, во руската книжевност во
седумнаесеттиот век се јавува силното влијание на
фолклорот.“12 Нешто слично се случуваше и кај нас:
основните поттици што можеа да се најдат во прозното
творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг
на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот.
Јакобсон натаму го посочува влијанието што преведената
литература го имала врз развитоког на руската книжевност.
Меѓутоа тој посочува пат што кај нас не беше возможен:
усното творештво, подложно на профаните елементи, лесно
го асимилираше и новиот книжевен материјал од преводите
за тој, дури потоа, да повлијае, веќе еднаш асимилиран, врз
новата пишувана литература. Натаму, руската усна
книжевност изврши неизбришливо влијание во делата на
Пушкин, исто како што Гогољ се инспирираше со
украинските народни приказни, преданија и пословици.
Јакобсон вели: „Почнуваат да се бришат границите меѓу
црковното и световното, меѓу книжевноста, меѓу
фолклорог, меѓу пишуваниот и говорниот јазик (...) Руската
народна приказна одигра голема улога во развитокот на
креативните способности кај класичните мајстори на
руската проза - Толстој, Достоевски, Лесков, Островски. И
12
Роман Јакобсон: „Лингвистика и поетика“, Нолит, Белград - 1966, стр. 35.
усниот стил, кој е постојана и типична бележитост на
руската лигература, извира од фолклорната традиција.13
Дека е тој процес жив во руската книжевност, дека е
константен, во своите анализи укажува и В. Виноградов:
„Најголемите писатели од почетокот на XIX век (...) го
употребуваа како изразно уметничко средство не само она
што веќе беше усвоено во книжевниот јазик на таа епоха
како норма за национално-литерарниот израз, туку и она
што беше широко употребувано во народно-говорниот
јазик...14“ Виноградов, натаму, изнесува едно мислење кое е
битно за разбирањето на врската меѓу книжевноста и
нејзините извори на магеријалот:
„Освен прашањата сврзани со проучувањето на
примената на елементите и бележитостите на разните
социјално-говорни стилови, разните композицнски форми,
и типови на општествениот, социјално-групниот,
дијалектскиот и професионалниог говор во уметничката
литература и во творештвото на писателите, стилистиката
на уметничката литература ја зближува со стилистиката на
говорот сложената и суптилно разгранета сфера, засега
малу проучена, на експресивните форми и на говорните
нијанси.“15 Тоа е општокнижевен проблем, блискоста на
самата книжевна стилистика со стилистиката на говорните
форми. Тоа е појава и во македонските книжевни и говорни
стилски особености исто колку и во руските, советски и
предсоветски. Дали Чинго се научил од Бабел? Малу е
веројатно дека може да се научи еден начин на инспирација
зашто е тоа психолошки одредена категорија која е
13
Ibid. str. 38
14
V.V. Vinogradov: ,,Stilistika I poetika”, Zavod za izdavanje udžbenika, Sarajevo -1 971, str.56
15
Ibid, str. 86.
извонредно индивидуална. Исто така тешко може да се
поверува дека може некој да го научи народниот говор. Тој
говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој
го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го
вдишува, така што ништо не може да го надомести тој
период на создавањето првите свесни впечатоци кои се,
едновремено, и суштина на содржината но и феномен од
јазичен крактер. Тешко може, исто така да се претпостави
дека една литерарна свест може успешно да се формира во
својот корен врз искуствата на некоја друга литерарна свест.
Во тој случај пишувањето би можело да се учи како и сите
други вештини без никакви претпоставки. Мене ми е
поблиску до вистината претпоставката дека Чинго се
формира врз истите извори како И. Бабел - врз богатството
на содржините што го исполнуваат говорот кој им станува
близок и нивен уште во детството. Според некои основни
белези на прозата на Чинго имам впечаток ( кој не мора да е
точен но можеби може и да се докаже) дека врз неа повеќе
влијаела приказната на Чехов. Тоа влијание е на прв поглед
невидливо зашто се остварува извонредно суптилно и не
толку во сферата на стилот кој Чинго, веќе покажавме, го
гради врз нашата автентична говорно-фолклорна градиција,
туку во доменот на емотивното и поетското, во самата
поетика на Чинговата проза. Тоа влијание е видливо и кај
сите руски писатели-раскажувачи и во претсоветскиот и во
советскиот период. Чинго многу порано можел да дојде во
контакт со прозата на Чехов одошто со Бабел та нема
основа да ѝ се даде предимство на претпоставката дека и
тој суптилен чувствен тек во неговата проза дошол од втора
рака и не како директен навев. Впрочем влијанијата,
навевите, искуствата, сознанијата, методите остварени или
преземени од еден автор кај друг извонредно тешко можат
да се докажуваат. Со исто право можеме да тврдиме дека
Чинго се влијаел и учел и од Брет Харт колку и од Бабел. И
Харт поникнува од една локална инспирација, од
средиштето на своите родни локални говори и преданија, и
тој е полн со суровости и нежност а истовремено и со еден
фин хумор. Да се потсетиме само на неговата приказна
„Среќко од Роринг Кемп“ па ќе видиме како нејзините
основни текови се извонредно блиски до раскажувањето на
Чинго. Можат да се приведат уште редици примери - што
само би нè довело поблиску до сознавањето на вистината
дека тешко може да се говори за влијанија во оние видови
литератури што имаат идентично потекло и еднаква
инспирација, што се ситуираат врз исти принципи.
Слободан Мицковиќ