You are on page 1of 2

Васил Иљоски (1902 – 1995)

Васил Иљоски е македонски писател кој живее и твори во периодот меѓу двете светски војни.
Македонски писател кој цели пет децении остана ангажиран во областа на литературното
драмско творештво, испишувајќи едно интересно поглавје во историјата на македонската
литература.

Живот и дејност

Роден е во Крушево, спроти големите историски настани во овој град, во 1902 год........

Творештво

Чорбаџи Теодос

Според жанровската определба – комедија на интрига, што ќе ја подметне Арсо. Инспирирана е


од анегдотата за присилното кумство. Во неа има многу битови и социјални елементи.

Тема-

Идејата е да се исмејат надмените чорбаџии од тоа време.

Локализација- Дејството се случува во Скопје, во турско време.

Композициска структура

Драмата е составена од три чина, а драмското дејство во 4 етапи(експозиција, заплет, кулминација


и расплет).

Ликовите се типизирани, со нагласени особини ...

Во литературно-драмска смисла, делото на В.Иљоски, Чорбаџи Теодос се смета за најоформено,


уметнички најзрело. Првобитниот наслов на текстот, напишан на срски јазик , бил Нагазио човек.
Интересно е дека овој текст на В.Иљоски во јазична смисла, претрпел неколку измени: подоцна
делото добило македонска јазична верзија( на централните македонски говори), а најпосле
авторот го „транскрибирал“ на скопскиот говор.

Ова дело претставува типична комедија. Основен мотив е „забранетата“ љубов. Чорбаџијата
Теодос има син којшто е вљубен во многу сиромашна девојка. Таткото се противи на таков брак,
во кој влегле двајца „социјално нерамноправни“ партнери. Меѓутоа, главниот мотив е позајмен од
анегдота: тоа е присилното кумство што му се наметнува на чорбаџи Теодос од страна на
Циганите, според чиј обичај – првиот човек што ќе наиде на новороденчето, поставен се разбира
во заседа – треба да стане кум на детето. Таа незгода му се случува на чорбаџи Теодос, од што и
произлегуваат сите други комични сцени. Сето тоа на Тедос „ му го крои“ неговиот должник Арсо,
кој се надева дека чорбаџијата ќе му го прости долгот ако Арсо го „извлече од срамот“, да не биде
цигански кум.
Чорбаџијата Теодос е типичен наш Кир – Јања. Тој е болно педантен, смешно горд, алчен,
грабежлив, инсистира на точност и исполнителност и токму прислиленоста во СЕ го доведува во
комични ситуации.

Наспроти него стои должникот Арсо, кој за даго спаси своето лозје од чорбаџијата, ги „мести“
ситуациите во кои „нагазува“ Теодос. По Природа весел, шегобиец, во суштина, со товарот на
должник, економски на работ на пропаста, Арсо како да ја презема улогата на итрите слуги од
комедиите на М.Држиќ.

You might also like