You are on page 1of 1

Од апсурд до револт- Мерсо од странецот

Странецот  роман  на  Алнерт Ками, издаден во  1942  година. Веројатно најпознатиот роман
на Ками, но честопати се вбројува и меѓу најпознатите дела на  францускиот
егзистенцијализам. Впрочем, романот покрај директно егзистенцијалистичките теми
како  апсурдот, обработува и теми од други филозофски правци
како  детерминизмот,  нихилизмот, натурализмот  и  стоицизмот.

Мерсо е човек на новото време. Тој е отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите


норми, атеист по убедување.Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот
проблем е во сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се
случува околу него.Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее
зашто и така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата
мајка,тој на погребот не покажува никаква емоција ниту жал за тоа што неговата мајка
починува, не му е гајле дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест,
дали ќе се ожени со Марија или не. Сè  му е сеедно.Деновите ги минува незинтересиран за
апсолутно ништо, а кога му се пружа можност да оди во Париз и да напредува, тој истата
можност ја одбива. Не сака да промени ништо во својот безначаен живот. Од здодевност го
прифаќа и пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со законот.
Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се замеша во
тепачката иако тоа него не го засега. И на крајот таа незаинтересираност ќе го доведе во
ситуација да убие човек. Но, тој и понатаму е рамнодушен и му е сеедно. Не се вознемирува
заради убиствито, не се покајува, не зажалува, па дури и не размислува за тоа какви последици
може тоа да донесе на неговиот сопствен живот. Како ништо да не се случило.И во текот на
судскиот процес Мерсо е рамнодушен, не го сфаќа сериозно,не покажува никаква емоција дури
Мерсо не се потрудува да каже што било во своја одбрана. Тоа што го кажува е неприфатливо
за останатите луѓе — дека заради сонцето и неподносливата горештина бил способен да
убие невин човек.Само на крајот, кога ја добива смртната пресуда, во Мерсо почнува да се буди
нешто.Тој појнува да сваќа дека животот е прекраток и дека сепак вреди да се живее. Се крева
револтот кај него заради неможноста од избор. Пресудата е дефинитивна и конечна. Смртта
е конечна. Тогаш за првпат не му е сеедно што нема да поживее уште дваесет години, бидејќи
секогаш има шанси за нов почеток и за поинакво сфаќање на работите.Затоа, бидејќи
извршувањето на смртната казна е неизбежна, Мерсо помирувајќи се со тоа, сепак посакува
барем тогаш околу него да има многу луѓе. Да не биде сам и осамен, како што всушност бил
целиот негов живот.

Ками со својот маркантен филозофски концепт го прикажува она најлошото во човека: да се


биде сам на себе странец, и истото да се прифати со апсурдна индиферентност.На крајот
Мерсо сепак се покајува за се што направил и сака да живее. И на крај вели ми останува да
пожелам на денот на моето погубување да има многу набљудувачи и да ме дочекаат со извици
на омраза. Сепак животот е краток и вреди да се живее бидејки имаме само една шанса и
треба да ја искористиме правилно. Бидејќи се додека не ги изгубиме не го сваќаме значењето
на работите во нашиот живот.

Nadalina Kirilova klas IV2

You might also like