You are on page 1of 5

ПИРЕЈ

-ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ-

Маја Аргирова
Ања Максимовска
IV-7
ПИРЕЈ
 „ Пиреј “ е првиот роман на Петре М.
Андреевски.
 Насловот на романот е симболичен,
односно преку троскотната трева пиреј,
авторот го прикажува својот непокорлив
народ. 
 Всушност преку оваа симболика изразена е
и темата и идејата во романот. Темата е
животот на двајца сопружници, Јон и
Велика, и нивните страдања за време на
војните.
РАСКАЖУВАЊЕТО НА ЈОН
 Со раскажување започнува Јон присеќавајќи се
на своето сиромашно и несреќно детство.
Најмногу го боли суровоста и нечувствителноста
на татко му.
 Потоа таткото ги дава децата во манастир, без
понатаму да се грижи за нив.
 Како одминувало времето, Јон растел и
потрезвено го прифаќал животот. Во манастирот
заштита и поткрепа наоѓа во отецот Висарион кој
го охрабрува и поттикнува да учи и да се
описменува.
 По смртта на Висарион, тој ќе поживее како
комита.
РАСКАЖУВАЊЕТО НА ЈОН
 При изборот на жена, воопшто не била пресудна
убавината, туку нејзината сила и работливост. Така,
тој ја здогледал Велика на нива како работи и одлучил
таа да му биде жена.
 Следува плодното време, време на раѓањето на
децата и на раскопачувањето на новите ниви.
 Со почетокот на Првата светска војна Јон го земаат да
се бори од српската страна. Тој го опишува војничкиот
живот кон кој е рамнодушен. Тој не се бори за свои
интереси.
 Почнува да тагува по домот и децата, па затоа решава
да зароби бугарски војник и така да добие отсуство.
 Јон ја осудува војната и смета дека таа уништува сè –
и луѓето и животните и природата.
РАСКАЖУВАЊЕТО НА ЈОН
 На фронтот тој се спријателува со Витомир со кого често
разговараат и добро се разбираат бидејќи потекнуваат од
слични средини.
 Сликите од фронтот често се многу страшни. На сурово-реален
начин се опишани борбите по планината Козјак и Пелистер.
 Апокалиптични се и сликите од битолската болница исполнета
со луѓе на распаѓање во која Јон е однесен по повредата на
ногата. Таму му го сечат палецот.
 Кога се враќа на фронтот борбите се уште пожестоки. Во раце
ќе му умре и пријателот Витомир.
 По завршување на војната, тој се враќа во селото каде дознава
за смртта на неговите деца и оттогаш се препушта на
алкохолот, се избезумува и ја тепа Велика.
 Тој е всушност трагична личност. Почнува да се губи себеси,
целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара
излез за живот, тој бара пат кон смртта, кон крајот.

You might also like