You are on page 1of 1

Ликот на Арсо

(во целиот роман се раскажува од гледна точка на Арсо)

- Арсо е централен лик во романот


- Мечтател, храбар, чесен и доследен млад човек, решен на саможртва за
татковината - “На хероите ликот им е чист кога се мртви”
- Хуман – Го спасил семејството од експлозијата во Отоманската банка
- Родољубив - Учествувал во минирањето на Отоманската банка во Солун
барајќи слобода за Македонија (ослободување од тиранијата)
- На почетокот бил човек со изградени ставови кон животот, упорен силен и
истраен, за подоцна да се презира поради неисполнетата обврска, не умрел за
татковината
- Атентатор, себеубиец – Животот помилуван од тиранинот е робија, а ропството
за Арсо значи повторна афирмација на смртта
- Тивок, мирен, молчалив и пасивен – Ја чека смртта којашто ја ветил
- Жали што останал жив бидејќи смета дека неговото живеење е најголема
казна и не гледа никаква смисла во тоа да се биде жив
- Арсо душевно страда, но не од страв за живот туку поради исчекувањето на
моментот кога ќе дојдат по него за да го носат на бесење
- За себе смета дека повеќе не е револуционер, не е храбар, не е атентатор,
како што од мал имал соништа да биде
- Очаен и малодушен - Целата вистина го води кон очај
- Арсо е противтежа на Глигор - Физички и психички спротивни. И двајцата
сакаат да се слободни, само станува збор за различни интерпретации на
слободата
- На крајот на романот Арсо се беси – „Тука згасна Арсо во лето 1903“

You might also like