You are on page 1of 1

Осврт на Пустина

Пустина е историски но и психолошки роман. Опишани се двајцата преживеани


атентатори – Арсо и Глигор, односно нивната внатрешна состојба. Дејството во романот се
одвива во солунскиот затвор каде Арсо и Глигор ја чекаат нивната пресуда.

Ликот на Глигор е претставен како бунтовник кој не се помирува со својата но и со


судбината на неговата татквоина. Глигор го сака животот и слободата. Смета дека треба да
добијат доживотна затворска казна затоа што според него тоа е начин на продолжување на
нивниот живот. За разлика од него, Арсо е човек кој едвај чека да ја добие пресудата.
Опседнат е со мислата да умре и да им се придружи на другарите за кои мисли дека чесно ја
извршиле својата задача, за него да се остане жив значи предавство. Во затворот Глигор цело
време е во движење, ги запознава сите во затворот и сака да ги слуша нивните животни
приказни. Глигор полн со живот изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но при бегството тој
успева а Арсо останува во затворот. Арсо осамен останува во затворот каде се присетува на
неговите родители, сестра си но и на ликовите во книгите кои ја бараат смислата на нивното
постоење. Се и сеќава на атентатите и на неговата љубов Ана за која сметал дека е само жена
која сака да биде задоволена и постојано ја навредувал. Глигор откако е фатен повторно се
враќа во затворот кај Арсо. Му ја расажува доживеаната авантура низ пустината Сахара. Му
раскажува за Едип – човекот кој му помогнал, но и за тоа како му ја вратил вербата во животот.
Глигор решава повторно да избега и да ископа тунел од ќелијата, но Арсо е болен и уште
повеќе паднат во духот. Глигор го охрабрува но не успева целосно. Арсо се обесува во
затворската ќелија а Глигор бега кон слободата.

Арсо ја исполнува својата заклетва воден од помислата дека не треба да има живот
бидејќи смртта е обезбедена од порано, за разлика од него Глигор и во ропството пронаоѓа
слобода – ако има живот може да има и слобода.

You might also like