You are on page 1of 1

Втора писмена работа по македонски јазик и литература

Тема: „Да се живее за да се продолжи со борбата или да се умре за да се исполни идеалот за


којшто се живеел“

Секојдневно во нас војуваат моралите и идеалите. Се запрашуваме дали правилата кои владеат во
општеството важат и за нас. Оваа тематика е обработена во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев,
кој оваа внатрешна борба ја прикажува преку главните ликови во делото, Арсо и Глигор.

Двајцата се преживеани атентатори кои различно ја разбираат и ја гледаат оваа шанса на живот
која им била дадена. Глигор верува дека тоа што преживеал не го прави предавник и не го јаде
грижата на совест, туку тој смета дека ова е шанса да го продолжи тоа што го започнал, и да ја
оствари својата Тој е типичен пример за човек кој не се откажува. Иако е затворен, измачуван и
понижен пред судот, тој не се предава и не потпаѓа под влијанието на непријателите. Одма штом
е сместен во затвор, тој не мирува, не размислува на што било или што требало да биде, туку
размислува за иднината. Затоа тој одма бара начин да избега од затвор, во што успева. Но
неговата борбеност се гледа и во тоа што иако е фатен и вратен во затвор, тој пак почнува со
барање на нов начин, во случајов копање тунел, со цел да избега. Во контраст на Глигор, Арсо
многу поразлично го разбира фактот што преживеал. Тој со самиот факт што е жив се сметал за
предавник и сметал како своите мртви браќа и својата татковина да ги изневерил. Арсо сметал
дека единствено може да биде слободен во смртта. Иако на почетокот е претставен како лик кој
има цврсти ставови и цели во животот, тој подоцна почнува да страда и да се омаловажува себе,
поради што на крај одлучува самиот да си ја издаде казната, смрт. Ова може да се согледа дури и
во неговиот прв неуспех, кога не успева да избега низ тунелот, за на крај единствениот спас од
својата душевна болка да ја гледа во смрт. Иако имаат различни размислувања, сепак се и слични
во некои аспекти. Тие се големи патриоти. Давањето на животот за татковината ги води кон верба
дека ќе бидат пример за идни генерации и да помогнат во ослободување на нивната татковина.
Едниот е разочаран другиот е мотивиран, двајцата поради тоа што ја сакаат својата татковина.

Идеалите на двата лика, иако сосема различни, меѓусебно се надополнуваат. Така и секој од нас
цели кон нешто различно, нешто кое за него претставува прав пат, пат по којшто треба да чекори
за да дојде до посакуваното. Иако оваа вечна борба во нас го отежнува тој пат, сепак тоа не тереба
да биде причина ние да престанеме да живееме.

You might also like