You are on page 1of 2

Пиреј

Петре М. Андреевски вели дека нашето племе е пиреј, дека сме како тревата
што не може да се уништи, колку и да нè корнат, скубат, газат, ништат,
омаловажуваат – ние живееме и опстојуваме, ние истрајуваме и истрпуваме сè.
Насловот на првиот роман на Андреевски е симбол за неуништливоста
на македонскиот народ кој постоел и ќе постои и покрај сите обиди за
негово истребување.

Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската жена ја


споредил токму со пирејот. Оваа жена не се ништи, не се истребува.
Таа после сите страданја и маки повторно озивува, потерува, рагја.
Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално
воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее
или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред
другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност
и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи
за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со
своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка
се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Со почетокот на
првата светска војна нивната среќа завршува. Јон војната го
расипува. Тој се претвора во вистинско чудовиште, го зема во
заложништво својот роден брат како начин да се врати дома кај
својата жена. Во меѓувреме Велика ја снаоѓаат огромни тешкотии.
Нејзиното прво дете Ангеле умира трагично од не искористени воени
средства. Нивната мака продолжува со пустошот од војната немањето
јадење и неадекватната хигиена се оние работи кои на Велика ке и ги
донесат најголемите загуби. Со доаѓањето на војната во нивниот крај
доаѓа и опасната болест која ќе ја доведе онаа метафора којашто е
опишана со пирејот. Болеста тивко доаѓа над луѓето и најмногу штета
ќе предизвика на децата. Децата на Велика како лисја наесен едно по
едно паѓаат и сите пет умираат. После сите овие маки, Велика
повторно собира сила да ги соопшти лошите вести на штотуку
вратениот Јон. Неговата психичка состојба од овој момент па до крајот
на делото детериорира. Косата му побелува речиси одеднаш,
започнува да ја обвинува Велика за сите грешки што се случиле.
Велика сепак после сите овие маки го претрпува и ова. Таа повторно
затруднува и на денот на смртта на Јон го раѓа своето шестто дете
Роден, кое го продолжува нивниот род.
Овој роман како дел од модернизмот ги соочува читателите со темни и
безнадежни слики од човештвото, војните и последиците од војните,
особено фокусирајќи се на уништената човечка психа по Првата
Светска војна, најголемата катастрофа за човештвото.

You might also like