You are on page 1of 2

Романот „Чичко Горио“ - слика на француското општество

Романот„Чичко Горио“ е објавен во 1834 година како дел од „Студиите за


општествениот живот“ во рамките на големиот циклус на Балзак наречен „Човечка
комедија“.Овој роман е своевидна историја на современото француско општество,во кој доаѓа до
силен израз реалистичкиот наративен метод на Балзак и неговата извонредна дарба да
обработува единствена тема во која се испреплетени три паралелни приказни на ликовите.Според
принципите на драмската уметност, Балзак тргнувајќи од тоа дека човекот е во постојано
настанување,смета дека треба да прикаже во какви услови живееле неговите ликови и каква е
генезата на нивните карактери како и нивните сегашни стремежи.Затоа овој роман истовремено е
реалистичен,психолошки,социјален и семеен, со детален опис на материјалните услови во кои
живеат неговите јунаци кои пак, ги откриваат карактерните особини на ликовите.Ним Балзак им
вдахнува вистински живот,а нивниот изглед, навиките,потребите и карактерите се насликани
точно и прецизно до најситните детаљи.

„Чичко Горио“ е целосна слика на тогашното француско општество на почетокот од 19


век.Во него се прикажани најниските слоеви, сиромашните,слугите но, и најбогатите,оние што
оделе на балови и живееле удобен,развратнички живот.Дејството на романот се одвива во Париз,
во ноември 1819 година, за време на Бурбонската обнова,која предизвикала значајни промени во
француското општество ,така што борбата на поединците да стигнат до висок статус во
општеството е главниот признак на книгата.

Авторот го прикажува обидот на провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високите


општествени кругови во Париз.Овој сиромашен благородник сонува за успех,слава пари и љубов,
но е приморан да живее во сиромаштија.Од дното на провинцијата младиот Растињак доаѓа во
Париз,полн со илузии дека со своите квалитети и работа ќе успее да си заземе достојно место во
општеството.Меѓутоа,во контакт со бројните животни предизвици и со многубројните гадости што
се случуваат пред неговите очи,овој млад човек ги губи своите илузии и разбира дека својата
посакувана цел не може да ја постигне на чесен начин.Овде Балзак дава приказ на постепеното
морално паѓање на Растињак под дејство на противречните општествени сили.Растињак не е
случајна личност.Во очите на Балзак тој ја оличува онаа пореволуционерна,млада генерација која
се нашла пред низа бариери што требал упорно да ги совладува за да си направи место под
сонцето.Растињак се препуштил да го понесат брановите на животот,во големата трка за
богатство, во која ќе доживее морален пад и неговиот лик станува израз на протест против
условите во кои е осуден да живее. Ежен де Растињак ја губи вербата во човештвото и основното
чувство на емпатија кај луѓето.

Во романот, Балзак ја анализира важноста на бракот и семејството во


општеството,искажувајќи песимистички поглед кон овие институции.Љубовта луѓето ги прави
среќни или ги фрла во очај.Љубовта која е во фабулата на овој роман ги прави луѓето слепи во
постапките кон своите сакани.Темата на благороден татко и на неблагодарни деца Балзак ја
возобновува низ татковската љубов на чичко Горио кон своите ќерки.Чичко Горио е трагичниот
јунак во романот кого го убива претераната ,исконска родителска љубов кон своите две ќерки
Анастазија и Делфина. Неговата несреќа станува поголема како што расте љубовта кон
разгалените ќерки.По смртта на нивната мајка ,тој премногу ги разгалил и со тоа ги претворил во
нечувствителни,себични и неблагодарни изроди.Воден од критеруимот дека парите се
волшебното стапче во кое е содржана исполнетоста на животот, тој уште за време на нивното
детство им купува скапи подароци,искажувајќи ја безрезервната љубов кон своите разгалени
ќерки, но тој однос се претвора во ѓаволски круг.Огромната љубов кон двете свои ќерки го фрла
во судир со моралот.Тој не само што успеал богато да ги омажи,односно да ја направи едната
бароница де Нисенжен, а другата,постарата грофица де Ресто,туку одејќи им постојано по волјата
и ставајќи се секогаш на услуга во исполнување на нивните желби тој,претходно успешен
производител на тестенини,конечно осиромашува.Тие пак,го посетуваат татка си само кога од
него треба да добијат пари,срамејќи се од него,обичниот граѓанин, бидејќи тие се движат во
аристократските кругови.На крајот Горио умира сам ,во присуство на другарот на Ежен, кој
студирал медицина и се грижел за него.На денот на погребот на несреќниот старец немало ни
трага од неговите ќерки.Со тоа е прикажан моралниот пад и обезвреднувањето на семејната
врска.Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите ќерк, кои се
однесуваат со него како „лимон“ кој откако ќе го исцедат до последна капка, го фрлаат.Тажна е
приказната за пожртвуваниот татко на себичните и неблагодарни ќерки.Уште потажна е сликата
на младиот скороевич Растињак,кој ги истражува патиштата кои водат во високото
друштво,откривајќи ги парите како основна движечка сила во трулото буржоаско
општество.Најтажно е, што и двајцата на крај разбираат дека љубовта не се купува со пари.

Третата тема што Балзак ја развива во романот „Чичко Горио“ е темата за криминалецот
поврзана со личноста на Вотрен (Жан Колен) кој дејствува против општеството ,но не како
револуционер, туку како крадец и убиец.Тој е човек што самиот се ставил надвор од законот и
општеството.Тој не е индивидуална аномалија,туку еден вид протест на обесправените против
социјалната неправда.Вотрен не е претставен како романтичарски разбојник кој се бори за
правда, туку како личност која цинички ги разоткрива моралните основи врз кои е изградено
општеството.Всушност, Вотрен е продукт на времето и истовремено негова негација.Тој е притаен
измамник кој умеел да комуницира со луѓето ,често добивал пофалби за отмен човек ,но под таа
маска се криел криминалец во бегство чиј интерес биле парите.Тој знаел како да манипулира со
останатите и да го добие тое што го сака.Вотрен нема да почувствува никаква грижа на совест
затоа што знае дека општеството од кое се откажал е засновано на неморал и дека во него сите се
валкаат во калта на кражбата и криминалот.„Тие што ќе украдат некоја ситница означени се
како необични реткости,а оние што ќе украдат милиони означени се како луѓе полни со
добродетел“.На крајот,тој паѓа во рацете на полицијата но, тоа не значи дека со тоа е задоволена
општествената правда и дека во романот се негираат вистините кои Вотрен ги кажува,туку тоа
значи дека силните ги победуваат слабите.

Романот„ Чичко Горио“ е уметничка слика на ликови кои од различни причини го


загубиле својот висок општествен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски
кварт.Општеството е виновник за положбата во која се наоѓаат.Идејата на Балзак е да го прикаже
општеството каде движечка сила се единствено парите кои морално го деградираат човекот и
сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство,интриги,подлости ,измами и
предавство.Приказната за безумноста на љубовта, кога љубовта како страст не му носи среќа на
оној што нуди и дава љубов, ниту на оној што е предмет на таквата љубов,зашто уништува се што
е човечко,па и самата себе.На тој начин,со судбината на чичко Горио и на неговите ќерки,Балзак
во овој роман ги отсликал сјајот и бедата на капиталот во еден специфичен вид.

You might also like