You are on page 1of 2

Чичко Горио Ониоре Де Балзак

Оноре де Балзак (1799-1850) е претставник на францускиот реализам. Роден е во Тур, на југот од


Франција, во граѓанско семејство. Прво учел во духовен колеџ, а потоа се запишал на правни
науки во Париз. Таму секојдневно присуствувал на судските расправии, каде татковците се
откажувале од своите синови, синовите од татковците, жените од мажите, браќата од сестрите,
симнувајќи ги сите маски на лицемерието и добрината. Искуството од овие животни приказни, тој
подоцна ќе го искористи во своите дела.

Балзак си поставил за цел да се збогати или да биде славен. Бил многу самоуверен и верувал
дека целиот свет ќе слушне за него. Живеел во изнајмена соба и започнал да пишува. Но,
неговите први дела се со романтичарски карактер и не се многу успешни. Решил да се зафати со
трговија, но таму бил уште понеуспешен и само повеќе се задолжил.

Повторно ѝ се враќа на литературата. Прв негов книжевен успех е романот „Последниот Жуан во
годината 1800“. По успехот, доаѓа до израз неговото расипништво. Ужива во раскошот и славата,
имал врски со постари дами, живеел боемски живот по кабариња и кафеани. Но, и многу работел.
Знаел да се затвори дома и да работи по цел дан спиејќи само по два часа.

И покрај неговиот физички изглед кој бил полн со недостатоци: бил полничок и низок, често
невкусно облечен, тој имал мила ѕвезда со што ги пленувал соговорниците. Бил речит, со смисла
за хумор што го правело омилен во друштвото, а жените го обожувале.

Балзак има многу обемно творештво. Неговите дела тој ги поврзал во една целина која ја
нарекол „Човечка комедија“. Меѓу најпознатите се романите: „Шуани“, „Евгенија Гранде“, „Чичко
Горио“, „Изгубени илузии“, „Шагринска кожа“, „Селани“.

Чичко Горио е роман напишан во 1832 година, а објавен во 1834-1835 година, и со тоа влегол во
циклусот есеи, со наслов „Човечка комедија“ (1815-1848). Основната тема на романот е искрената
татковска љубов, која сепак не наоѓа место во корумпираното општество на Париз.

Еден од главните литературни проблеми на новелата е универзалниот мит дека славата и


богатството може да се стекнат преку чесна работа. Низ оваа приказна писателот го опишува
животот на главните ликови, студентот Ежен де Растињак, Чичко Горио и неговите две ќерки.

Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се


претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите – оние
што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот
најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.
„Чичко Горио“ се смета за ремек-дело, тој е најважниот и најчитаниот роман на Балзак. Романот се
споменува како најкарактеристичен пример за реализмот.По излегувањето, романот бил примен со
просечни критики. Некои критичари го пофалиле авторот за неговите комплексни ликови и за вниманието
посветено на детаљите; други го прекориле за неговите нагласени прикази на корумпираноста и алчноста.
Омилена и на Балзак, книгата подоцна се здобила со широка популарност и честопати била адаптирана
во филм или за театар.
Набљудувано во историски рамки, дејството во романот се случува за време на Бурбонската обнова, која
предизвикала значајни промени во француското општество, така што борбата на поединците да стигнат до
висок статус во општеството е главниот признак на книгата. Авторот го следи обидот на провинцијалецот
Ежен де Растињак да се пробие во високото општество на Париз. Овој сиромашен благородник сонува за
успех, слава, пари и љубов, но е приморан да живее во сиромаштија. Романот го популаризирал поимот
„Растињак“, како синоним за човек подготвен на сè во намерата да си ја подобри својата општествена
состојба.
Исто така, во романот, Балзак ја анализира суштината на бракот и на семејството, искажувајќи песимистички
поглед кон овие институции. Чичко Горио е трагичниот јунак во романот кого го убива претераната, страсна
родителска љубов кон своите две ќерки. Неговата несреќа станува сè поголема колку што расте љубовта кон
разгалените ќерки. По смртта на нивната мајка, тој едноставно ги разгалил и со тоа ги претворил во
нечувствителни, себични и неблагодарни изроди. Воден од општоприфатениот критериум дека парите се
волшебнотото стапче во кое е содржана исполнетоста на животот, тој уште за време на нивното детство им
купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но тој однос се претвора во ѓаволски круг.
Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој не само што успеал богато да ги омажи,
односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто, туку одејќи им
постојано по волјата, полека станал и нивен стројник кој им наоѓа љубовници. Постојано на услуга во
исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува.
Тие пак, го посетуваат татка си само кога од него треба да добијат пари, срамејќи се од него, обичниот
граѓанин, бидејќи тие се движат во аристократските кругови. На крајот, Горио умира сам, а на погребот на
несреќниот старец не се појавува ниедна ќерка. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и
обезвреднување на семејната врска.
Во романот се појавуваат и бројни други ликови, кои се само просечни личности - верна слика на
општествениот морал на една епоха. Ним Балзак им вдахнува вистински живот, а нивниот изглед, навиките,
потребите и карактерите се насликани точно и прецизно до најситните детаљи. Секој од тие пропаднати
личности го живее својот личен живот, но сите заедно претставуваат цел сталеж. Во тој поглед, во „Чичко
Горио“, Балзак истовремено дава слика на заедничките одлики на определени општествени групи, но и на
поединечни личности кои се издвојуваат од просечноста. Оваа техника на истовремено сликање на
обичниот свет и необичните, силни ликови претставувало голема иновација во францускиот роман.

You might also like