You are on page 1of 5

Фантина страда

Го чекала Мадлен во болницата, беше неподвижна.

Сестрите кои се грижеа за неа во болницата и кажаа дека Мадлен отишол по Козета.

пет години ја немаше видено Козета. мајка и ја викала Козета а името и било Еуфразија.

мислата дека ќе ја види Козета утре ја подобри состојбата на Фантина, и се намали притисокот
пулсот и беше добар.

Во Арас

Мадлен во Арас ја барал судската палата

стигнал во мрачната зграда на судот, имало измешани групи на адвокати кои шепотеле на прагот
на судницата.

таму му судеа на човекот кого го викаа Жан Валжан за гранка скршена од јаболкница.

Додека судијата ги читаше сите обвиненија за Шанматје, тој негирал се како и тоа дека тој е Жан
Валжан.

Човекот објаснуваше дека работел како колар и дека имал ќерка која била перачка на реката и
дека мажот и ја тепал и таа умрела.

Го прашаа дали прескокна ограда на некој двор и украл јаболка од таму и дали е тој Жан Валжан.

Човекот се бранеше дека гранката ја нашол наземи кога патувал по полето од местото Ај.

Г. Мадлен откри во судницата и пред поротниците дека тој е Жан Валжан.

Среќата на Фантина

Таа очекувал дека Мадлен ќе ја доведе Фантина кога ќе се врати од пат но тој не беше кај
Тенардиеви.

Мадлен отиде во болницата да ја види Фантина, не ја водеше Козета.

Лекарот ја убедуваше дека се уште е многу болна и има треска и видувањето на детето ќе и
наштети.

Мадлен ја фати за рака Фантина и ја тешеше дека наскоро ќе ја види Козета.


Жавер доби писмо дека треба да спроведе наредба за апсење на Мадлен отиде во болницата
каде тој седеше до Фантина и го фати за јаката.

Жан Валжан бараше три дена за да го доведе детето на Фантина.

Фантина умира.

Жавер го предаде Жан Валжан на градскиот затвор.

Жан Валжан избега од затворот и се упати во Париз.

Фантина ја погребаа во бесплатниот дел за сиромасите.

втор дел

козета

Бродот Орион

На пристаништето во тулон влегуваше бродот Орион, беше оштетен од морето. На


неговото крило имаше голем слој школки со што ја губеше брзината. Бродот пропушташе
вода и заради тој дефект доплива до Тулон. Овде го вооружуваа и го поправаа.

Едно утро топлпата беше сведок на еден несреќен случај. Екипажот ги прицврстуваше
едрата а чуварот на катарката кој требаше да го фати крајот на големото едро изгуби
рамнотежа. Ја зграпчи скалата од јаже и остана да виси. Толпата гледаше во крик. Тој ја
гобеше силата. Човекот бече облечен во црвено и имаше зелена капа, значи беше
робијаш.

Робијашпот падна во морето меѓу два брода. Падот беше опасен. Четворица луѓе
сабрзано вгелоа во еден чамец да го спасат, но тој исчезна во морето.

Тоа беше Жан Валжан.

Тенардиеви

Во 1823 г. Монфермеј беше само мало село. Се живееше евтино со оној лесен селски
живот. Тенардиеви имаа двојна корист од Козета, таа им беше слугинка а од мајката
добиваа пари. Кога престанаа парите Тенардиеви ја задржаа Козета.
Во Монфермеј водата беше реткост, по неа требаше да се оди доста далеку.

Козета им беше слугинка – таа се грижеше за водата во куќата а бидејќи се плашеше од


темница се грижеше куќата никогаш да не остане без вода.

На Бадник во крчмата имаше патници и трговци и пиеја покрај една свеќа. Тенардиевица
се грижеше за печеното за вечера кое се приготвуваше на добро распламтениот оган.

Козета седеше на напречната даска на кујнската маса покрај печката. Беше во партали а
на нозете носеше дрвени чевли.

Тенардиеви добија и син и сега имаше помалку од една година.

Козета добиваше ќотек од жената зимно време беше боса заради Тенардие. Таа се
качуваше, симнуваше, четкаше миеше, триеше, преместуваше тешки предмети.

Козета размислуваше со намуртен поглед окото и беше помодрено од тупаницата на


Тенардиевица. Размислуваше дека одамна е стемнето дека се наполнети со вода
тенџерињата и кантите во собите на патниците, но и дека во големата канта нема вода.
Малку се тешеше со тоа дека во куќата на Тенардиеви малку се пиеше вода.

Но еден од патниците побара вода за неговиот коњ.

Козета и кажа дека нема вода. Тенардиевица тогаш луто и рече да донесе од изворот а по
пат на враќање да купи леб и и подаде 15 суа.

Козета го зема ведрото за вода и тргна. кога ја одмина и последната куќа застана.
Понатаму беа полињата и црн темен простор.

Ќе кажам дека веќе нема вода, но се сети на лошата Тенардиевица и пак застана.

Се сврте кон изворот и почна да трча. За среќа не залута, беше црн мрак. Не си дозволи ни
да здивне и така дојде до изворот. Кога се наведна да наполни вода не забележа дека од
џебот и падна парата во изворот.

Го извади полното ведро и го стави на тревата. Забележа дека е многу уморна не можеше
да пречекори ниту чекор повеќе. Седна стуткана на земјата.

Ја полазуваа морници од страв. Полека го креваше ведрото со вода која додека одечше се
одлеваше и капеше на нејзините нозе.

Застануваше често и се одмараше. Кога дојде до еден стар костен застана подолго од
порана за да одмори повторно.
Во тој момент почувствува дека веќе не и е тешко ведрото. Една рака ја беше фатила
дршката и силно ја креваше. Тогаш забележа дека над неа стоеше некоја црна фигура.

Човекот го зема да го носи ведрото. Козета не се исплаши.

Тој започна разговор со неа ја прашуваше колку години има, како се вика, дали има мајка.

Таа му кажа.

Кога стигнаа во крчмата човекот рече дека бара соба да преспие и праша колку чини.

Тенардиевица ја праша Козета зошто не носи леб, а таа тогаш се сети дека заборавила.
Жената ја бараше парата за лебот а кога Козета ја навлече раката во џебот да ја извади
виде дека ја нема. Ја нема госпоѓо. Тенардиевица збесна. Тогаш човекот излади пари и
рече еде ја парата на Козета и испаднала овде а таа не забележала.

Козета седа повторно на своето место. од другата соба излегоа двете сестри на
Тенардиеви. Тие си играа со една кукла. Козета ги гледаше. сакаше и таа кукла за да си
игра. Кога сестрите ја оставија куклата таа крадешкум отиде до неа и ја зеде. седеше во
темницата за да не ја здогледаат, но ногата од куклата ја осветлуваше огнот. Сестрите
видоа дека Козета ја земала куклата и почнаа да викаат. Тенардиевица почна да вика на
девојчето како можела да ја фаќа куклата на нејзините ќерки со тие прљави раце.

Човекот мирно го следеше се она што се случува. Излезе од вратата. по кратко време
дојде со кукла во рацете од продавницата отспротива. И ја подаде на Козета – земи ја
твоја е. Таа се изненади а во исто време блескаше од радост. Тенардиеви тогаш заклучија
дека од него ќе можат да извлечат пари.

Човекот беше Жан Валжан, кој кога падна од бродот всушност не се удавил.

Вечерта отиде во собата да преспие. Ноќта излезе од собата и забележа како Козета спие
на сламен душек со парталаво искинато ќебе во пајажини. До каминот забележа убави
чевли кои девојчињата на Тенардиеви ги ставиле за да добијат подарок бидејќи беше
таков обичајот за Бадник. до новите и убави чевли имаше и еден дрвен стар чевел со
исушена кал. Тоа беше чевелот на Козета. Жан Валжан се симна полека и во нејзиниот
чевел остани еден златник.

Утредента ги праша Тенардиеви дали може да ја земе Козета со себе бидејќи тие и така се
жалеа дека им е товар. Тие се согласија а Жан Валжан им плати 1500 франкови.

Жан Валжан и ја даде облеката што ја носеше во торба за да се облече Козета. Тие тргнаа
а Жан ја држеше за рака таа беше пресреќна. Тогаш Тенадие почувствува дека можеше да
земе уште пари од странецот и излезе да оди по нив и да ги бара каде отишле. трчаше а
по некое време ги стигна, се каеше зошто не ја зема и пушката. Кога ги стигна Жан Валжан
го запраша што сака, а тој објаснуваше дека многу е приврзан со детето, треба да го
предаде на мајката или пак таа да се согласи за да го даде на некој друг. Тогаш Жан
Валжан од џебот извади парче хартија. Тенардие почна да го чита. тоа беше писмо од
Фантина каде вели дека праќа пари да ги подмири сите долгови а Козета да ја испрати кај
неа. Тенардие остана без зборови. Така Козета беше слободна и замина со пријателот на
нејзината мајка.

You might also like