You are on page 1of 2

Леб за тате

Во нашата сиромашна соба заѕвони часовникот: рапаво, како да кашла. Пет часот наутро.
Шумови: мама тивко го буди татко ми. Тој сонливо прашува: ,,Заревеќе време...?“

Тате излегол надвор, цепи некое трупче. Мириса на запалена весникарска хартија, мама дува во
шпоретот, ќе вари чај од липа.... Ги познавам нејзините меки чекори до моето креветче.

Мама шепоти: Иле, синко, знаеш, треба да одиш по леб.... Така е секое утро.

Излегов надвор. Студеникаво е. Ја покренав јаката од палтото. Фурната се наоѓаше на аголот.


Ниска куќарка, а внатре се: испотениот фурнаџија и помошниците – боси и во поткошули.
А лебовите, скоро извадени од фурната, мирисливо се испаруваат, а нивната препечена кора е
црвеникава... Во малата дланка ги стегам парите, точно до денар. Фурнаџијата имал обичај да
поткрадува од мали деца, велеа домашните. Изминав, можеби, половина пат. Од една кафеава
порта се измолкна русо детенце. Геле! И него го пратиле по леб... Цупкаме кон фурната. Ќе купам
топол леб, тате ќе ми рече: Голем да пораснеш, Иле! И пак ќе се нурнам во креветчето, сонот ме
очекува под перницата.

Но, што е тоа? Геле застанал. Повеќето луѓе се собрале среде улицата. Вреват. Се крева чад;
некој пали оганче... Разбравме: во едно ѕитче имало осарник, населен со стотици лути оси. Нешто
ги вознемирило, само брмчат. Летаат во роеви, жолти и долгнавести, со остри пецкалки.
Гопрепознав гласот на тетка Мабела:

− Луѓе, да ги растераме некако. Не може да се помине ни наваму ни натаму! Еден мустаклија го


остави својот стар велосипед и рече:

− Јас им го знам лекот! Ќе го разгорам ова оганче – па право под осарникот. Димот ќе ги уништи!
Така и направија. Осите како споулавени летаат горе-долу, паѓаат на земјата, но ги има уште, како
жолт рој извираат од дупката на ѕидот. Луѓето се разбегаа. Јас и Геле се засолнавме во
најблискиот двор... Борбата со овие налутени инсекти ќе потрае долго...

Велко НЕДЕЛКОВСКИ

You might also like