Professional Documents
Culture Documents
На Естела Канто
Таа ноќ на саатот на малата железничка станица видов дека веќе изминало
единаесет часот. Тргнав пеш до хотелот. Осетив, како и толку пати претходно,
некаков вид препуштање и олеснување кои во нас ги предизвикуваат познатите
места.
Собата број 19 беше на вториот кат и беше свртена кон некаков сиротински
запуштен заден двор со некаков чардак и, се сеќавам, една клупа. Тоа беше
највисоката хотелска соба. Вратата се отвори уште со површното притискање на
кваката. Лустерот не беше изгаснат. Под немилосрдните зраци на светлината се
препознав себе. Тоа бев јас, свртен со грб, оној што лежеше на тесниот железен
кревет, само постар, ослабнат и блед, со очите вперени во високите гипсени шари.
До мене допре глас. Не беше сосема мој; звучеше како да е од некоја снимка,
непријатен и без преливи.
- Како тоа е чудно - рече тој - двајца сме, а пак еден ист. Но во соновите ништо не е
чудно.
Го запрашав исплашено: - Тогаш, значи, ова е само сон?
- Да, сигурен сум, ова е мојот последен сон.
Со раката покажа кон празното шишенце на мермерот од ноќното масиче. - Ти,
меѓутоа, ќе имаш уште многу да сонуваш пред да стигнеш до оваа ноќ. На кој датум
си роден?
- Не знам сосема прецизно - реков збунето. - Но вчера ја наполнив шеесет и првата.
- Кога ќе стигнеш во оваа ноќ ден порано ќе наполниш осумдесет и четири години.
Денес е дваесет и петти август 1983.
- Зарем толку години ќе морам да чекам! - промрморев.
- Додека мене веќе ништо не ми преостана - додаде тој суво.
- И јас во секој момент можам да умрам, можам да се изгубам во нешто што ми е
непознато и да продолжам да го сонувам својот двојник. Тоа е заморна тема што ми
е наметната од огледалата и Стивенсон.
- Знаев дека ова ќе се случи. Токму овде, пред многу години, во една од собите под
оваа почнавме да ја скицираме историјата на ова самоубиство.
- Да - ми одговори полека, како да си ги враќа спомените. - Но не гледам никаква
поврзаност. Во нашиот нацрт јас бев извадил карта за Адроге и во хотелот Лас
Делициас се качив во собата број 19, најиздвоена од сите. Тука извршив
самоубиство.
- Затоа јас сега сум овде - реков.
- Овде? Секогаш сме овде. Овде те сонувам во твојата куќа во улицата Маипу. Овде
лежам, во мајчината соба.
- Во мајчината соба - повторив, без желба да расправам за тоа. - Но јас тебе те
сонувам во собата 19.
- Кој кого сонува? Јас знам дека те сонувам, но не знам дали и ти ме сонуваш.
Хотелот во Адроге е демолиран пред толку години, пред дваесет, можеби и пред
триесет години. Кој знае.
- Оној што сонува сум јас - повторив речиси предизвикувачки.
- Зарем не сфаќаш дека основно е да утврдиме дали сонува само еден човек, или
сонуваат двајца.
- Јас сум Борхес, оној што го виде твоето име во листата на гостите и се качи горе.
- Борхес сум јас, оној што умира во улицата Маипу.
Блага насмевка го осветли неговото остарено лице. Осетив дека таа насмевка на
некој начин е одраз и на мојата.
Ми пречеше неговиот догматичен тон, без сомневање истиот оној што го користеше
и на моите предавања. Ми пречеше што толку личиме и што тој ја користи
близината на смртта за да ги избегне приговорите. За да му возвратам, реков:
Тој ми рече:
Престана да говори и јас сфатив дека е мртов. Во одредена смисла и јас умрев со
него; целиот збркан се наведнав над креветот каде што веќе немаше никого.
Избегав од собата. Надвор ја немаше градината, ни мермерните скали, ни големата
куќа завиткана во тишина, ни еукалиптусот, ни статуите, ни чардакот, ни малиот
плоштад, ни фонтаните, ни железната порта на вилата во Адроге.