You are on page 1of 26

Те барав

да ти го опишам мојот пуст живот без тебе…


Но залудно беше…
Нашата љубов одамна беше осудена, знам.
Да те барам, но никогаш да не те пронајдам.
За сите оние кои што предоцна се вратиле или?

Никогаш и не биле покрај вас.


Чувај го, за тоа што овој период е секогаш за него тежок, помалку
депресивен. Не прашувај го често зошто е замислен нема да ти
одговори. Чувај го, не прашувај го зошто сака да остане до доцна.
Ноќите го потсетуваат на нас, и зошто денес повторно пиел нема да ти
одговори ке биде приморан да те излаже, а тоа го мрази. Чувај го кога
ке вози, мислите ке му одлетаат, тогаш не знае што прави. Чувај го,
често знае главата да го боли, посебно кога не е наспан. Не му
дозволувај премногу да остане сам, дури и тогаш кога го бара тоа од
тебе, тој ја мрази осаменоста. Не прашувај го никогаш што му е,
обично и сам не знае за себе. Нека секогаш во вашата куќа има по
нешто слатко, ужива во доцните часови да јаде, и многу се нервира
кога ке види дека не останало ништо. Никогаш не пропуштај да го
прашаш како си поминал на работа, тоа многу му значи. Секогаш кога
ти раскажува нешто гледај го во очи, никогаш немој да ја тргнеш
главата знае да се почувствува “безкорисно”. Не му замерувај ако
некогаш нервозен ти каже по некој збор, во тие моменти не знае што
зборува. Не му замерувај кога ке ја заборави годишницата, тој не го
цени само еден ден го цени секој поминат со тебе :)
Чувај го за тоа што тој знае прекрасно да сака
Знаете такви беа тие, никогаш не му успеваше да си легнат лути еден на друг.
Такви беа тие немаше ден а да не се потсетат еден на друг на она “ те сакам” “
Такви беа тие се разбираа и без да прозборат, доволна беше една воздишка.
Такви беа тие, пример за љубов!
Такви беа тие, и после нивната разделба не успеаа да се разделат никогаш.
Тој на едната страна од светот
Таа на другата страна од светот
Но во нив ништо не се смени, иако тој беше со друга потајно секогаш му беше
утеха нејзината фотографија и неколку гласовни што му ги имаше пратено, поспана
или нервозна? Којзнае…
Таа иако цел ден се трудеше да не размислува, ноќта секогаш му беше утеха црната
кутија во која што ги криеше сите негови спомени, па дури и оние за кои што тој не
знаеше, како например:
Поклонот кој не успеа никогаш да му го даде,
албумот и… сѐ она што правеше во моментот додека разговараша со него, некој
обичен лист, на него има само неколку ѕвезди и по некое срце онака ништо
посебно но за неа многу вредно, знаете тоа го обележуваше нивниот прв разговор.

Такви беа тие пријателе, ја живееа најубавата љубов ама од далеку, и секогаш ја
раскажуваа истата приказна на истото место.
Тој на ќерка му која што го носи нејзиното име и
таа на син му кој што го носи неговото име.
Приказната секогаш остануваше без крај исто како кога тој му ја раскажуваше неа,
таа крајот никогаш не го слушна. Не го изговориа ни тие додека ја раскажуваа со
солзи во очите.
Такви беа тие, од далеку ја раскажуваа најубавата љубов.
Посакав да го мразам од дното на мојата душа, но во мене сеуште постоеше дел
кои што се надеваше во нас и покрај сè, ете точно тој дел ме убиваше, секој ден се
повеќе беше причина за она:
“уште овој пат можеби”
“ако сега се јавам можеби ќе биде подобро“,
тој дел беше виновен, за секој мој чекор, што ме тераше да бидам поблизу до него.
Ме научи, како да живеам со него и живот полн надеж, но не ме научи како да
живеам после секоја уништена надеж, а да не се надевам дека еден ден ние ќе
успееме!
Сакаше да го мразам, се правеше само да ја оттргне љубовта од мене, што ја имав
кон него. Но, не успеа, како секој пат после секоја негова грешка, го сакав сè
повеќе.
Се уништував себе си.
Да, не ме уништо тој, се уништив јас за тоа што секогаш кога ќе помислев на
нашата љубов, имаше дел кој сеуште му веруваше на секој негов изговорен збор.
Додека го немаше, секоја ноќ го чекав со надеж дека еден ден ќе се
врати со зборовите “јас се вратив за повеќе никогаш да не заминам”
Се врати, но не за нас.
Се врати за повторно да замине, без да погледне што оставил зад себе.
И повторно.
И повторно.
И поврорно.
После секое негово заминување, верував во нас.
Но, едно знам.
Ако е ова љубовта за која живеев, проклета нека биде секоја секунда
во која се понадевав.

Тука си, во секоја темна ноќ.


Тука си, во секој агол од станот.
Тука си, во секоја не испишана песна.
Тука си, во секоја не прелеана солза.
Тука си, во секое ново сеќавање.
Тука си, во секоја криза за недостасување.
Тука си, во секој поглед кон небото.
Тука си и кога мислам, дека сите заминале.
Тука си, во секој поглед на празната страна   од
креветот.
Тука си, во секој залак од јадењето.
Тука си, во секоја улица што  ја преминувам.
Тука си, во секоја посветена песна.
И ова ноќ ке те премолчам.
Но, ке те премолчам, онака како никогаш што не сум те премолчила.
Ке те премолчам со насмевка на лицето.
Ке те премолчам со лузна на душата.
Ке те премолчам љубов,
ке те премолчам, за тоа што вечерва посебно болиш, ова ноќ кога започна сè.
Ке те премолчам, за секој спомен што ми го подари.
Ке те премолчам, за тоа што ме болиш, онолку колку што бев среќна таа ноќ, не те
проколнувам за твоето појавување во мојот живот, а не ја проколнувам ни
љубовта, а ни срцето што не успеа да се откаже од тебе, не проколнувам ништо.
Kе те премолчам, не ме прашувај како успевам во тоа.
Бидејќи ке ти се втурнам во прегратки,
не ме прашувај ништо.
Не ми се доближувај.
Немој, за тоа што сум слаба на секој твој чекор.
Не се доближувај, ке преболам и оваа ноќ како секоја што недостасуваш, ке ја
преболам.
Вистина е,
Гневна сум.
Лута сум,
Уништена.
Разочарана, но ке те премолчам.
Како никогаш досега, ке те премолчам.
Ке го премолчам и овој 27 мај!
Ке го премолчам, сето тоа време што го поминавме заедно.
Ке кажам дека не се сеќавам.
Ке кажам дека те нема.
Но, ке те премолчам, а ти, ти не се доближувај, бидејќи ти, ме
болиш.
Ме болиш толку многу, што ако се доближиш, имам чуство
дека ке изгорам... НЕМОЈ, не ми ставај сол на раната љубов.
Оди, изгори заедно со секој спомен што го доживеавме...
Ке те премолчам.
Ти ветувам:)
– “Најсреќниот ден во животот ми беше кога те
запознав тебе.” Така ли? Се прашав на глас. Го
оставив телефонот на масичката и бев спремна да го
претворам неговиот живот во кошмар.
Ќе те сакам. Ќе те сакам толку силно, што ќе те боли. Иако не
си блиску, ќе чувствуваш.
Ќе те сакам, толку силно што ќе плачеш, но нема да ти кажам,
ќе се сетиш. Сам ќе си ги голташ солените солзи и ќе се
сеќаваш.
Ќе те сакам и кога ќе мислиш дека не те сакам, кога секоја ноќ
ќе се убедуваш дека те заборавив. Ќе те паметам, дури и
тогаш кога самиот ќе се заборавиш, повторно ќе
почувствуваш дека те сакам, се уште, никогаш и не
престанав.
Знаеш дека е така.
Ќе те сакам и кога самиот нема да се сакаш, а ќе се случи
тоа. Ќе те сакам, но нема да ти се вратам, повеќе никогаш.
Ниту на сон, а камоли на јаве. Бидејќи не заслужуваш.
Не заслужуваш ниту еден мој поглед, а камоли бакнеж, не дај
боже љубов која ја имаше на претек.

Сега ќе ја имаш само во твоите мисли и ќе ја чувствуваш со


твоето срце, но никогаш повторно нема да ја дофатиш во
прегратка.

Те сакам.
Ме повика да седнам во твоја близина. Дојдов, но ти свртив грб,
продолжувајќи да зборувам со пријателите пред нас, а ти започна да
ми ја плетиш косата.
Кога насетив каква фризура имаш на ум, посегнав по твоите прсти во
мојата коса без да се свртам накај тебе, смеејќи се како дете.
Прстите ни се преплетуваа додека се шегував за плетенката. Ти реков
дека не ми стојат убаво вакви фризури, а ти не ми одговори ништо.
Продолжи со она што го започна, фокусирајќи се на плетењето на
мојата коса како на нешто од кое што ти зависи животот.
Изгледаше многу сериозно со веѓите накосени и усните стиснати, па
решив да те оставам да го завршиш она што го започна.
После неколку минути, крајот го заврза со нараквицата која секогаш ја
носеше на десната рака. Ја префрли плетенката на левата страна од
мојот врат.
Неколку моменти подоцна, ги почувствував твоите дланки околу мојот
стомак како полека ме повлекуваат кон тебе. Ме повлече толку блиску
што го почувствував твојот топол здив на мојот врат.
Мислев ако останам мирна како статуа, ќе се повлечеш, но погрешив.
Набрзо, ми ја навлече плетената капа преку главата која го собираше
моето и твоето лице во неа и ме бакна во истиот момент кога се
свртив кон тебе. Беше тоа еден од најсочните бакнежи кои сум ги
вкусила во животот.
Ноќ е. Размислувам за тебе. Во глава ми се вртат сакакви идеи, некои
луди идеи за нас. Толку си далеку од мене, но сепак блиску до моево
срце. Во секој миг очекувам да се појавиш од некаде, да дојдеш тука, да
бидеш крај мене. Знам дека и тоа ќе се случи, знам дека ќе дојдеш – го
чувствувам тоа. Ги чувствувам твоите чекори како се приближуваат кон
мене. Но сепак тебе те нема. Каде си оваа ноќ? Какво е ова чувство,
оваа празнина што ја чувствувам во себе? Дали си ти тоа што ми
недостасува да ја потполнам празнината која крвари во срцево? Но не,
не можам да издржам. Овој немир ноќва мора да исчезне. Морам да
излезам, не можам да преживеам затворена во оваа просторија. Да
излезам и барем за миг да заборавам на тебе. А надвор е ладно. Душата
полека почнува да ми се претвора во мраз. Пред мене ја гледам
месечината која што ми го осветлува патот оваа ноќ. Со забрзани чекори
одам по патеката која што не ми е позната. Дали е тоа патот кој ќе ме
одведе до тебе? И во тој момент погледот за миг ми застана и пред мене
се појави твојот лик. Така јасно пред мене беше ти. Незнам дали сонувам
или ова е стварност. А сето тоа траесе кратко. Само штом трепнав пред
мене немаше нисто друго освен темнина, а таму горе на небото јасниот
бел круг на месечината. Срцево во мене силно затрепери и зачука. Со
страв тргнав да се вратам дома. Незнам кога и како, но наеднаш се
најдов на истото место кога размислував за тебе. Јас веке бев дома, а
незнаев како стигнав до тука. Но едно нешто сигурно знам дека е така.
Сфатив дека ликот кој се појави во темнината не беше ти – тоа беше
месецината која си поигрува со мене. Небото ја почувствува мојата
осаменост, а месечината сака да мислам на тебе и оваа вечер, да
заспијам со мисла за твоите очи, да не ја заборавам твојата насмевка, да
не го заборавам твојот лик
Еден свет. Едно име. Една љубов. Еден почеток. Почеток без крај. Барем
во моите заталкани мисли. Крварам јас. Не можеш да го видиш тоа?
Ѕирни во тапанот што бие. Искривена линија на лицето. Линија која
копнее по вистинска насмевка. Нема воздух. Зарем не се гушиш? Ако
влезеш во мојата душа ќе се изгубиш. Многу е темно, нема светлина.
Може и ќе се удавиш. Таму има море. Море од солзи. Зарем не знаеше
дека срцето знае да плаче? Има многу работи кои ти не ги знаеш. Те
сакам јас. Се сакаш и ти. Само ти. Ме нема мене. Се кријам позади
месечина. Таму само спомени. Ме преколнува. Го пушта лошиот филм и
ме остава сама. Мојот филм. А, сама го режирав. И глумев. Со тебе. За
нас. Мислев дека си беше за нас. Животот ми се вмеша во работата. Ми
вметна друга приказна, поинаква од оваа. Сега, си е само за тебе. Ти си
насекаде. Јас се изгубив. Стојам на улицата на скршени соништа. Не сум
сама. Запознав многу луѓе. Бледи лица. Различни приказни. Само
болката е иста. За сите. Не гледав излез од оваа улица. А, очајно го
барав. Побарав помош од жителите на таа улица… Но, никој не
знаеше… Поседов некое време. Се беше мрачно. Само една реченица,
која светеше на небото ја осветлуваше улицата: “Премногу си добар!“.
Не ја сфатив. А, чекај како дојдов јас тука? Кои се овие луѓе? Сите се
замислени. Чекај, ми текна. Големо срце за тебе. Срце полно со
добрина. Твојата буква запишана во него. Илузија во мене. Целосна
посветеност на тебе. Жар во очите. Очи кои те гледаа само тебе. Си за
тебе. Ништо за мене. Всушност добив нешто. Ја добив оваа улица. Ти ме
прати тука. Месечина постојано ми се насмевнува и ме повикува кај неа.
Љубопитноста секогаш ме носи кај неа. Таа го пушта филмот. Секогаш
истиот филм. Го гледам заедно со ѕвездите, тие ми се придружнички во
болката. Тие се сведоци на мојот филм. Но, чекај ти ја смени улогата.
Всушност, јас дури сега те запознав. Ми студи горе до месечината.
Ладна е. Како и сите луѓе. Раната не се крпи. Времето не се враќа. Си
стои. Само ти продолжуваш. Продолжуваш да ја отежнуваш раната.
Зошто месечината секогаш ми го пушта истиот филм.

Посакувам нов. Филм кој ќе ја закрпи раната. Се е залудно. Засекогаш ќе


има лузна во срцето. Лузните никогаш не исчезнуваат. Исчезнуваш само
ти. Засекогаш. Животот ми дава шанса да ја поправам грешката. А,
грешката си ти.
Види… сега јас сум на другата сртана од кругот. А ти? Ти тагуваш. И
треба да тагуваш, зошто јас не сум само лик ни само име, туку жива
казна која вечно ќе те потсетува на минатото. Сега тагувај долго во
бесоните ноќи и немој да пиеш зошто виното нема никогаш да ме
избрише од твоите усни. Тагувај кога ќе ги видиш моите сини очи, ледени
и светли и мојот лик како пајажина, прозирен и срушен. Тагувај и не врти
се назад. Ако си убеден дека сеуште си во право, биди и тогаш горд како
и секогаш. Тагувај зошто ќе те следи мојата слика и ќе те боли тоа што
некоја ќе има нешто што имам јас. Но тогаш не ме викај, зошто моето
име згасна. Се изгуби во времето. Го избледеа и искинаа солзите.
Тагувај како што јас тагував по долгите бессони ноќи и пишувај стихови.
И јас нека бидам таа што допрела длабоко во тебе. Тагувај зошто си се
враќа. Кога ќе се сетиш на мене, ќе го видиш минатото и ќе почувствуваш
горчина… А зошто? Затоа што бев само минута во твоите часови, само
капка вода во океанот на твоите страсти. Бев една сосема незначајна
ѕвезда во твоето созвездие. Само момент на сјај на твоето лице. Но
кругот се врти. Сега и двајцата знаеме дека љубовта значи да земаш и
да даваш. Да патиш и да се надеваш, да плачеш и да се радуваш, да
страдаш и да тагуваш. Дека таа може да се роди од љубопитство и да
трае од навика… Сфативме дека е една долга можност за болка, а
првата воздишка на љубовта е последна на разумот и на мудроста.
Велат: “Работата заврши ја до крај или воопшто не ја почнувај!” Јас сега
се обидувам да ставам крај на оваа фарса. Ги бришам од сеќавање тие
кои ми нанесоа болка и продолжувам да чекорам по патот на љубовта кој
не постои. А се ова е затоа што самата згрешив. Ѓаволот да го следев ќе
го стигнев, но јас следев човек без чувства. Каменот да го сакав ќе го
сронев од мојата љубов, но јас сакав човек без срце. По мртовец да
плачев ќе го оживеев со моите солзи, но јас плачев по човек без душа.
Да… солзите се тивок јазик на болката, а кога окото не гледа, срцето
страда.Смешно е тоа што самата сум свесна за се. Што те проценив од
самиот почеток, но сепак не сакав да верувам дека тоа што го гледам е
вистина. А таквите како тебе многу работи би отфрлиле од својот живот,
кога не би се плашеле дека некој друг ќе ги земе. Можеби и тоа е
причина што ти ме чуваше до себе… Но ниту ме имаше, ниту ме
пушташе да одам. Не е важно каде и не е важно со кого, важно е дека ќе
бев подалеку од тебе и немаше да патам. Но како и да е јас нема да ти
вратам за ништо, затоа што тие што патат, па враќаат се далеку од
љубов. Ако вистински сакаш немаш срце да врати без разлика на тоа
колку те повредиле.Сепак сето ова ми беше една огромна животна
лекција од која извлеков поука:

“Надевај се, но никогаш не очекувај!”


Годините ко срни се губат во далечините… спомените се како бакнежи во
снегот. Што да сторам, како ли да ти довикнам? Се плашам од себеси.
Во еден миг те посакувам, во друг те мразам. Зошто ли мораше така да
биде? Се прашувам зошто јас, зошто мојата душа е пак осудена да
страда, зошто моето срце пак да го боли? Но, одговорите се скриени од
мене, од тебе, злото не нападна сите, не плени, ни ја исуши сета љубов
што постои во нас. Ме боли тоа што низ сите соби има нешто твое, што
насекаде се лее твојот мирис, што писмата твои уште стојат до оганот
но, немам срце да ги запалам. Што на моите усни уште стои твојот печат
од слатка страст и сласт. Ме боли и тоа кога ќе излезам надвор, а
ветрето сеуште шепоти како тебе, дрвјата сеуште ми шумолат за тебе, а
птичките ми пеат некои веќе заборавени песни. Ме боли и кога сенката
која што доаѓа од прозорецот ми подава рака да излезам надвор, а таму
нема ништо, само едни чекори сеуште ме потсеќаат на тебе, а не се
твоите. Кога сама седам во паркот и страдам заедно со есента пред
мене поминуваат заљубени, а тоа ме потсеќа на нас… на деновите
зеднички, на солзите, на бакнежите… на твојот поглед… и шепотот.
Лисјата тажно се ронат на веќе тажната земја и прават едно огромно
жолто море на болката, а само мојата душа одѕвонува тивко и го
повторува твоето име кое толку многу сакам да го избршам од моите
мисли но… сето тоа е невозможно. Како ли ми е само кога вечерта си
доаѓам од уште една есенска прошетка без тебе и влегувам во таа
празна куќа, а ѕидовите ме расплакуваат така болни и ладни. Кога
седнувам на скалите се потсеќам на нашите среќни мигови,
на нашите прегратки… на сите наши мигови кои секогаш беа
магични и опивно-љубовни. Неможам веќе така јас… умирам,
нема за мене веќе спас. Како да живеам кога незнам како,
како да дишам кога незнам за кој би го правела тоа, како да
чекорам кога немам кон каде. Дали би можело да бидам
среќна? Кога ќе е тоа… дали ќе ги видам повторно некогаш
тие зелени очи? Дали ќе ги почувствувам пак усните, дали
тие некогаш пак ќе ја кршат тешката болка како што некогаш
тоа го правеа?
Сакам да седам надвор сама, сакам ветрето да ме гали,
сакам кога срцето ќе ми плаче, сакам кога душата ќе ми
страда, сакам кога ти ќе ме гледаш, сакам кога јас ќе плачам,
сакам кога ќе дојдеш кај мене со намера да ми помогнеш, но
касно ќе е… сакам кога за последен пат ќе ме бакнеш, сакам
кога за последен пат ќе потонам во прегратката твоја, сакам
кога рака ќе ми подадеш, а ќе неможам да ја дофатам, сакам
кога во раце ќе ти умрам, сакам кога последната капка крв ќе
ја пролеам за тебе, сакам кога очите ќе ми се затворат, а
солзите врели врз срцето ќе ти капнат… сакам кога ќе дојде
тој ден… кога ќе сфатиш дека јас сум ти се, кога ќе решиш да
се вратиш, а мене ќе ме нема. Сакам кога и ти така ќе сакаш,
а љубовта некој од срце ќе ти ја зема… сакам кога ќе плачеш,
а солзите ќе неможат да ти се пролеат, сакам кога за неа ќе
страдаш и ќе се бориш, а таа тивко од тебе ќе си замине…
сакам кога тоа ќе се случи, а тебе ќе нема кој да те теши.
Сакам кога ќе посакаш да ме вратиш, а кога ветрот мојата
пепел насекаде ќе ја разнесува.
Проклето мрачна просторија. Задушливо е. Мириса на свежо стопен
восок. Сама сум. Онаа горчлива жичка на виното сега ми стои во грлото
како непроодна препрека. Залудно подголтнувам, осаменоста не оди.
Стои. Сама сум.
Снегот не престанува да паѓа. Романтичните звуци на виолините од
далечината влегуваат преку старите прозорци. Ја исполнуваат проклето
празната просторија. Морам да заминам. Ме ослепува сјајот на
темнината. Пискотот на тишината е премногу гласен за да издржам.
Одлучив, денес кога сите љубат, јас ќе танцувам со снегулките. Тргнав.
Празни улици. Во некој ќош по некој заљубен пар ги разменува своите
бакнжи за добра ноќ. Да денес сите љубат.
Чекор по чекор, без цел заминав далеку. Како да качував илјада
спратови кон небото гледајќи во снегот што паѓаше. Но, не стигнав
доволно високо. Не го сретнав твоето срце… никаде. Болката во вратот
ме одврати од илузијата на моето хипнотизирачко патување. Веќе е
полноќ. Мокра сум. Морам да и се вратам на тишината.
Траги по снегот. Стапалки со непозната големина, непознат број на
чекори. Некој бил тука. Чувствувам некој необичен ритам на трепет. Се
возбудив од неколку чекори. Брзам, морам да стигнам пред да задоцнам.
Празно е. Собата е повторно празна чувствувам по тапиот звук од ехото
на моите чекори. И темно е. Го ублажив ритамот на движење. Скршив
нешто. Чаша. Некој оставил чаша. Но зошто?! Зениците не ми се
привикнуваат на темнината што ја исполнува таа проклета просторија.
Допирам по подот. Роза?! Некој оставил роза. Која е пораката на оваа
чаша, на розата? Очајно барам одговор во нешто. Се плашам. Ги
слушам своите воздишки и ја гледам силуетата на моето тело како сенка
врз огледалото.
Си бил тука? Замина! Проклетство. Еден обичен танц ме предизвика на
копнеж. Ми го скрати тоа задоволство да те љубам. Само уште еднаш.
Осаменоста ме повика на искушение и ме порази. Срцето ми се преврти,
запеа, се расплачи. Престана да бие, а потоа повторно како лудо
прочука во некој недофатлив ритам. Помислив ќе потонам само уште
еднаш во длабочините на твоите очи. Знаеш, сакав да те прегрнувам.
Сакам и сега. Помислив дека мелодијата што ја пее твоето срце ќе ги
милува моите уши. Помислив и посакав да бидеш тука. Се почувствував
како победник во војната со осаменоста, а таа само склучила сојуз со
лажната надеж. Уште еднаш ме фрли во некоја бездна. И не е виновна.
Вешта е. Осаменоста ми го наметнува чувството на вина. Прво ме
избрка од себе, а потоа прекасно ме повика назад. Ти веќе беше
заминат. Сега сама, со спомените на сите ѕвездени ноќи поминати
заедно и оваа пропуштена романтика што ја најави розата и чашата ќе и
се предадам. Овој пат осаменоста нема со кој да се бори, едноставно
победи тогаш кога јас одлучив да изгубам. Тогаш кога веќе немаше што
да изгубам, се беше заминало во неповрат.
Изморена сум од твоите ветувања и мојата верба. Твоите се
лага,а мојата е вистина. И повторно како црно и бело го
обезбојуваме пејсажот. Знам дека животот е суров,а љубовта
уште една метода да умреш пред смртта. Околу мене
џелати,по кои губам глава и инквизитори кои ме следат зад
пети. А јас,нагната кон еден лик,типувам дека иднината е
светлина,тешко достапна. Надежта последна умира.Ако е
така,мојава е бесмртна. И покрај неодговорените
повици,свртените погледи и телото споено со туѓо,јас
верувам дека не си ме заборавил. Колку често сум го правела
истото. Знаеш од што? Од инает! Не сакав да признаам колку
ми значиш,а така добро се лажев себеси. Инаетот е само
луда железница на која се качуваш без да знаеш што
следува. Некого ќе привлечеш со својата лудост,друг ќе го
исфрлиш од возењето. Само упорните остануваат. А ние
двајца? Сме го купиле ли билетот за истото возење? Или ќе
се споиме некогаш,иако возовите биле различни?
Го извикувам твоето име без глас. Никој не може да го слушне, освен
срцето. Не знам како успеа толку многу да го засака твоето име.
Силно е срцето, да. Толку силно што дури ни времето не може да ја
избрише сликата во него. Сликата е совршена. Јас, ти заедно
засекогаш. Зошто никој не ми кажа
дека тоа засекогаш не постои? Таа слика живее само во моето срце.
Живее заедно со болката и солзите. Еве една капна и од срцето.
Зарем не знаеше дека срцето плаче? Има многу работи што ти не ги
знаеш. Ме посетуваш во сонот секоја вечер. Си е прекрасно, но утрото
ми го крши срцето, ја прекинува нашата љубов. Кој всушност ја уништи
нашата љубов? Дали тоа бев јас или ти? Или па сосема некој друг?
Сосема небитно. Станувам наутро, ја ставам вештачката насмевка и
така врвам низ животот. Врвам без цел, без патека. Без љубов во
срцето, бидејќи целата ти ми ја зема. А, колку само болат туѓите усни.
Колку само посакувам да го осетам пак вкусот на твоите, барем за миг.
Реалноста секогаш ми ги уништува соновите, ми го уништува срцето.
Само не знам каде ги стави сите работи низ кои поминавме. Дали
помислуваш на мене кога ке погледнеш во ѕвездите? Ти можеби не,
но тие сигурно се сеќаваат на нас. Тие се сведoци на нашата љубов
што некогаш толку силно гореше. Колку само го мразам зборот
“некогаш”. Зошто не и сега? На некои прашања едноставно нема
одговор.

Еве ноќта е присутна, падна темнината. Којзнае која е по ред откако си ги


бришам солзите за тебе – изгубената љубов. За онаа во која ти го
правеше она невозможното. Ми ги симна ѕвездите од небото и ми ја
отвори вратата на воздишките и на среќата што пред тебе не ми беше
познато. Направи многу работи за мене што зборот фала е премалку за
тебе. Дотогаш не знаев што е тоа љубов. Како ангел од небесниот свет
се појави и ме научи. Се појави и ми го откри тој нов свет исполнет со
многу љубов и ми подари многу доживувања. Само ти го знаеше
најкраткиот пат кој водеше до седмото небо и ме успиваше со волшебни
зборови кои само ти знаеше така да ги изговориш. Тогаш бев најсреќната
кукличка на овој свет. Но оваа вечер скришум излегов од дома за да те
видам прегрнам, бакнам и да ти кажам колку те сакам. Минав низ
темните улици на мрачната ноќ, магливо е си, ѕвездите одвај се
проѕират меѓу облаците. Само месечината ги осветлува улиците мрачни
и само таа е мојот пријател во оваа тивка ноќ. Боса чекорам низ улиците,
трчам, брзам да те пронајдам и извикам во овој доцен час колку те
сакам. Јас чекорам тивко за да не разбудам некој со мисла дека некаде
си сам исполнет со тага и бараш пријател за да разговараш и тежината
од твоето срце да потоне до дното на морето. Мислев дека неможеш да
заспиеш исто како и јас, дека тонеш во илјадници солзи на темната и
страшна ноќ дека седиш некаде сам на улиците и очекуваш нешто… Тоа
и беше така. Седеше на улицата, но не сам и не тонеше во морето од
солзи, осаменост и тага тебе не ти требаше пријател. Ти леташе, а не
тонеше, ти беше исполнет со прегратки бакнежи и нежни зборови,
насмевките на онаа која седеше на моето место, онаа која е таму, а
требаше да биде некаде далеку за моето место да биде слободно, зошто
кој и да видам бескрајно заљубен помислувам на нас. Тогаш здивот ми
запира, се скаменувам и се исцезнува од мене. Ме повреди, ме скрши, а
незнаеше колку те сакам. Требаше да те удрам зошто зборот боли
повеќе од еден шамар, но не го сторив тоа… дали затоа што те сакам
или…?
Тихо испуштав воздиски, крици, ги триев насолзените очи не можев да
поверувам. Во тој момент сето она што на толку чудесен начин ми го
доближи одеднаш го снема како да не било… како да не постоело… како
ништо да не се случило, а сепак бевме мали делови слагалки кои бавно
заљубено ја составуваа сликата на љубовта, бевме дел од судбините
наши, но веќе се се сруши сега птицата плаче, а таа кога плаче умира…
Со дланката на уста, насолзени очи, исполнета со молк од тишината
трчав низ улиците. Слушав чекори и тивки гласови, но се плашев да се
свртам зошто знам требаше да те видам и да се соочам со уште една
твоја измама. Еве додека сега пишувам ветувам дека ќе се потрудам да
те заборавам, ветувам дека нема да плачам за тебе. Еј, злато мое
некогашно, верувам дека кон патот на среќата сега тебе ќе те водат
други, а засега друга и на сите нејзини постапки сети се и на некоја од
моите и еднаш кажи и: Таа ме сакаше како тебе, можеби и повеќе, но таа
требаше да биде сакана зошто го заслужуваше тоа… Не заборавај… и
еднаш ќе почуствуваш што значи некој да те повреди и ти тогаш ќе се
чувствуваш како што се чувствувам сега јас. Можеби и ќе се покаеш, но
ќе биде доцна, многу доцна… Надежта умре… и еве за крај едно збогум
зошто од надежта се умира…

You might also like