You are on page 1of 29

ФИЛОЗОФИЈА

 Филозофија – filo, filija (љубов, посветеност) / sofija (мудрост,


знаење)
 Филозофски дисциплини: Метафизика, Гносеологија, Антропологија, Етика,
Естетика, Историја на филозофија, Логика, Филозофија на историја, Економија,
Педагогија, Филозофија на политика, Филозофија на религија...

 Метафизика или прва филозофија, прва филозофска дисциплина која се


занимава со најапстрактните филозофски прашања, пр, битие, небитие, постојано,
Основа на светот...се занимава со она што е од онаа страна на физичкото,
појавното.
Онтологијата или општата метафизика се занимава со БИТИЕТО.
 Битие (Архе, супстанција) – она што е дадено како такво, го има како
такво, тоа е`, она поарди кое се` постои, НЕШТО.
 Суштество (она што постои), се` што постои, на овој или оној начин, не
е важно на кој начин постои, се` она за кое може да се рече дека е`, без
разлика на кој начин е`.
 Суштина, есенција-она по што нешто е` токму такво какво што е`
 Онтолошки концепции-варијанти во однос на квантитетот на битието:
- монизам-се настанало од 1 извор (се користи еден принцип во објаснување на
битието), пр. Милетска школа, Спиноза
- дуализам- се настанало од два принципи, два извора, пр. Декарт
- плурализам- постојат повеќе од два извора, се користат повеќе принципи во
објаснување на битието; пр. Емпедокле
 Онтолошки гледишта-варијанти во однос на квалитетот на битието:
- Материјализам-битието е материјално (пр, вода, атоми, елементи, воздух)
-Идеализам-битието е нешто нематеријално (пр. Бог, идеја, енергија)

 Антропологија-филозофска дисциплина која се занимава со човекот(со


човекот како човек), филозофија за човекот

 Етика-филозофска дисцилина која се занимава со моралот, помага да се


прави разлика помеѓу доброто и злото. Позната и како практична филозофија
- автономна етика- изворот на моралот е во самиот човек
- хетерономна етика – изворот на моралот е надвор од човекот (општествени
норми, авторитети, корист, задоволство....).
1. еудајмонизам – цел на моралното дејствување е среќата (блаженството)
на оној кој дејствува.
2. Хедонизам- цел на моралното дејствување е уживањето (телесно уживање)
на оној кој дествува и избегнување на неугодноста (болката).
3. Утилитаризам – цел на моралното дејствување е остварување на корист за
сите кои со дејството се опфатени.
4. Перфекционизам – цел на дејствувањето е усовршување, напредок на
некое поле.

- должност – нужно дејствување од почитување на моралните норми, закони,


односно чувство на обврзност да се дејствува онака како што бараат моралните
норми.
- доблест – постојано насочување на волјата kон доброто, моралното. Способност
на поединецот да дејствува добро, да се придржува на моралните начела и
барања.
 Естетика – филозофска дисциплина која се занимава со убавото и
творештвото, уметноста (со убавото како такво, убавото како убаво)

 Гносеологија – теорија на познанието, филозофска дисциплина која се


занимава со потеклото, можностите, границите на човековото познание чија цел е
доаѓање до вистината.
- Гносеолошки концепции (според тоа што е извор на познанието):
 Рационализам – разумот (рацио, ум) е изворот на познанието (пр.
Елејска школа, Демокрит, Сократ, Декарт...)
 Емпиризам -искуството е изворот на познанието (пр. Лок, Хјум,
Беркли...)
 Сензуализам – сетилата се изворот на познанието (софисти, епикурејци)
 Критицизам – Кантовата критичка синтеза на рационализмот и емпиризмот
 Ирационализам – заедничко име за сите правци кои патот до вистината го
бараат преку нешто трето (го одземаат приматот на разумот), како на пр.
-Интуиционизам –интуицијата е патот до најважните и најдлабоките вистини (пр.
Бергсон).
-Мистицизам – гносеолошка концепција според која состојбите на екстаза, транс
и сл. единствено водат до вистината за светот (Плотин )
-Волунтаризам- гносеолошка концепција според која волјата е главниотизвор на
спознавањето (Аврелиј Августин, Шопенхауер, Ниче....)

 Гносеолошки гледишта во однос на границите на човековото познание:


- Догматизам – може да се спознае светот во целост.
- Скептицизам – се искажува сомнеж во можноста човекот да го спознае светот.
- Агностицизам – не е можно да се спознае светот во целост, може да се спознае
само појавната страна но, не и суштината на светот, постои граница на нашето
познание, човекот има ограничена познавателна моќ. Поради Кант често се
употребува и терминот критицизам, трансцедентален идеализам.

АНТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА

Космолошки период

 почеток на филозофската мисла


 почетокот е во 6 век п.н.е
 филозофијата се јавува наспроти митот и митолошкото толкување на
светот.
 Се проучува fisis-природата.
 Претставници:
- Милетска школа
- Питагорејски сојуз
- Хераклит
- Елејска школа
- Атомисти

МИЛЕТСКА ШКОЛА

 Претставници: Талес (еден од седумте мудреци), Анаксимандар,


Анаксимен.
 Основното прашање е – ШТО Е АРХЕ?
 Архе – прапочеток, извор, далечно минато, праоснова на се што постои
 Талес-вода, Анаксимандар-апејрон(апеирон), Анаксимен-воздух
 Апејрон – нешто бесконечно, квалитативно неодредено кое содржи
спротивности суво-влажно, топло-ладно со чие комбинирање се добиваат првите по
квалитет определени елементи вода, воздух, оган и земја.
 Монисти
 материјалисти
 ја застапуваат идејата за хилозоизам (секоја ствар е жива, се`
настанува од материјата која има својства на живот)

ПИТАГОРЕЈСКИ СОЈУЗ

 место Кротон, 6 и 5 век п.н.е.


 Бројот и бројчаниот однос се суштината на се` што постои
 Целиот свет е хармонија и број.
 „Се` што се спознава има број, зошто без него ништо нема да може ниту
да се разбере, ниту да се спознае“, „Целиот небесен свод е хармонија и број“.
 Толкување на броевите
 1,2,3,4 – дејствена, творечка четворка
 бројот 10 е израз на хармонијата, божествен принцип
 мнозина во ова учење го гледаат коренот на идеализмот
 рационалисти.

ХЕРАКЛИТ

 Ефес (денешна Турција), 6 и 5 век п.н.е


 филозоф на динамиката и движењето-се` тече (Panta rei)
 Се` е во непрекинато движење. Се` е минливо и менливо, вечно е само
движењето.
 Архе-огнот, кој е динамичен елемент. Се` што е зафатено од огнот,
никогаш не може да биде исто како порано.
 „Сонцето не е секој ден ново, туку тоа постојано и непрекинато е
ново“
 Промените настануваат бидејќи постојано е присутна борбата на
спротивностите.
 Спротивностите тежнеат кон хармонијата (единството на спротивностите).
 логос-светски закон по кој се` се случува
 повеќето луѓе не го разбираат логосот
 до логосот се доаѓа само со рационално спознание.

ЕЛЕЈСКА ШКОЛА

 Претставници: Ксенофан, Парменид, Мелис, Зенон


 Елеја (Јужна Италија), 6 и 5 век п.н.е
 Ксенофан-Бог е едно и се`
 Се сомнева дека може да се спознае вистинската природа на стварноста
„Сал мнение имаат сите“
 Парменид – дело „За природата“
 разликува мнение (doksa) и вистина (aletheja)
 doksa-привид, доаѓа од верување во сетилата (темно познание)
 aletheja-вистинско знаење, до него се доаѓа со разумот (светло
познание)
 битието е`, небитието не е`
 Битието е неподвижно, без зачеток и одмин.
 Исто е мислењето и битието, битието се мисли.
 Нема промени, настанувања и нестанувања ( тоа подразбира премин од
ништо кон нешто и обратно...тоа е невозможно)
 битието не се дели-се` е битие, тоа се` опфаќа
 битието не се движи, движењето е привид на нашите сетила
 Зенон – ги брани ставовите на својот учител со апории
 апорија (ќорсокак, доаѓање до граница, нешто без решение, недоумица)
 индиректен доказ (reductio ad apsurdum) кој ја покажува неодржливоста
на спротивното гледиште – парадокс
 според Аристотел, тој е зачетникот на дијалектиката.
 Најпознати апории: Ахил и желката, Дихотомија, Стрела, Стадион

АТОМИСТИ

1. Квалитативен атомизам

 Претставници: Емпедокле и Анаксагора


 5 век п.н.е.
 Емпедокле-плуралист и материјалисти
 4 елементи: вода, воздух, оган и земја
 2 движечки сили: Љубов (привлечна сила, соединува, создава) и Омраза
(одбивна сила, разединува)
 Се` до новиот век се верувало во постоењето на овие 4 елементи, кога е
воведен и петтиот елемент (квинтесенција) од кој се создадени ѕвездите и
небесните тела.
 Анаксагора – зборува за хомеомерии (семиња)
 нив ги придвижува нус (објективен, светски ум).
 Каква е една ствар како целина, таква е во секој нејзин дел
(хомеомерија)
 и Емпедокле, и Анаксагора го одвојуваат материјалното (4 елементи,
семето) од нематеријалното (силите, умот). Силата е онаа што го придвижува
материјалното (нема повеќе хилозоизам).

2. Квантитативен атомизам

 Претставници: Левкип и Демокрит


 5 и 4 век п.н.е.
 Постојат честички кои понатаму се неделиви – атоми (atomos-неделиво)
 тие се вечни, непроменливи, материјални, од нив е сочинето се` што
постои (тие се битието-то он)
 постои и празниот простор (небитието=ме он) во кој се движат атомите.
 Тие се разликуваат по обликот, големината, тежината
 немаат мирис, боја, вкус (тие карактеристики се субјективни; тие се
последица на меѓусебниот днос на атомите и нашите сетила).
 Атомите се движат по однапред определене праволиниска патека
(детерминист)
 постојат светло и темно познание.
 Со светлото (рационалното) познание се доаѓа до атомите.
 Етика – повеќе треба да се грижиме за душата отколку за телото
 цел на животот е позтигнување на ефтимија (животна радост, духовна
ведрина, благост во душата)
 таа се постигнува со мерата (умереност во барањата и насладите).

Антрополошки период

 средиште на интересот е човекот.


 Центар на филозофијата станува градот Атина
 централни прашања се прашањата поврзани со моралот, политиката,
законите, воспитанието....
 Најчесто поставувано прашање – Како треба да се живее за да се живее
доблесно?
 Претставници:
- Софисти
- Сократ
- Сократови школи (Киренска, Киничка школа)

СОФИСТИ

 sofos- мудрец
 први платени учители
 подучувале реторика (како се држи говор), дијалектика (како се побива
мислењето на другиот), еристика (како се дискутира и води спор, широка
расправа) како и граматика и етика
 претставници: Протагора, Горгија, Млади софисти
 противници: Сократ, Платон, Аристотел (софизам-намерна грешка при
заклучувањето)
 основни поими – релативизам, субјективизам, нихилизам
 ништо не постои апсолутно, туку само се проценува во однос на нешто
друго
 мерата по која се проценува е човекот (homo mensura) – Протагора рекол
„ Човекот е мера на се`, она што е` дека е`, а она што не е` дека не е`“
 сознаен сензуализам – сознанието зависи од сетилата на човекот.
 Заеднички критериум кој се почитува во заедницата е мислењето на
мнозинството.
 Горгија-нихилист (nihil-ништо)
 Нихилистички тези:
1. Ништо не постои,
2. Ако нешто постои не може да се сознае.
3. Ако нешто може и да се сознае, не може да се пренесе на друг.
 Дела:
Протагора - „За боговите“
Горгија - „За непостојаното или за природата“
 Помлади софисти: Продик, Антифонт, Хипија, Пол, Каликле, Тразимах
 етички релативизам – луѓето од различни краишта имаат различно поимање
за тоа што е добро, ашто е зло.

СОКРАТ

 5 век п.н.е. Атина


 не ги запишувал идеите, туку ги ширел со разговор
 учител на Платон (од платоновите списи најмногу се дознава за животот
и делото на Сократ).
 Обвинет е дека: „не верува во боговите во кои веруваат сите во
Атина„ и „ја расипува младината“
 умрел со испивање на отров (законите треба да се почитуваат, подобро е
неправдата да ја поднесуваш отколку да ја нанесуваш)
 за него добродетелта е знаење.
 целта на филозофскиот разговор е да се дојде до знаењето.
 Луѓето често имаат површни сознанија, а треба да се дојде до
продлабоченото, вистинското знаење.
 Цел на неговата филозофија (воедно и инператив на целиот антички
период) е запознај се себеси!
 Иронија (се мисли едно, а се кажува друго), прв дел од разговорот кој
почнува со „Знам дека ништо не знам“. Тоа е првиот чекор кон знаењето
 мајевтика (мајеутика) – бабичка вештина, вториот дел од разговорот
каде Сократ му помага на собеседникот да дојде до вистината. Сократ му помага
на трудниот дух да ја роди мудроста.
 Придонес во логиката: поим, дефиниција, индукција
 поими- спознавање на општото, на она што не е релативно, променливо.
 Разговорот тече индуктивно – од поединечни примери кон општото.
 Дефиниција – при одредувањето на поимите, се одредува суштината на
нештата.
 етички интелектуализам и оптимизам – човекот греши зошто не знае.
Човекот може да се научи на добро однесување. Во неговата природа е да го
одбира доброто помеѓу доброто и злото, а помеѓу две зла да го одбере помалото
зло.
 Прв зборува за внатрешниот глас (совеста) – daimonion, дајмонион
 Сократ е најкритикуван од Ниче.

Системски период

 создавање на филозофски системи со силна онтолошка подлога.


 Претставници: Платон и Аристотел

ПЛАТОН

 5 и 4 век п.н.е.
 Сократов ученик, учител на Аристотел
 Школа – Академија (на влезот стоел натпис – Нека не влегува никој кој
не знае геометрија). Затворена е 529 год. со декрет на царот Јустинијан
 Дела:
-посветени на Сократ - „Одбрана на Сократ пред атинскиот суд“ (Апологија
сократова), „Криотон“, „Ијон“
-најпознати дела: „Гозба“ (за љубовта, Симпозиум), „Држава“ (Политеија),
„Федон“ (за душата), „Федар“, „Закони“
-дела во кои расправа за другите мислители: „Парменид“, „Протагора“,
„Горгија“.

МЕРАФИЗИКА
 битие=Идеја
 идеите се вечни, совршени, непроменливи (за разлика од постоечкото во
овој свет)
 идеите се причина за се во овој свет. Тие се прототипи, обрасци за
настанување на нештата во овој свет.
 Идеите партиципираат, учествуваат во нештата на овој свет (пр,
столицата постои бидејќи постои идејата столоица, таа настанува како сенка на
таа идеја; столицата во овој свет е толку добра колку што се совпаѓа со
совршената идеја на столица).
 Овј свет е свет на просторот и времето. Тој е постојано менлив и е
минлив. Тој е копија, сенка на светот на идеите.
 Највисоко е идејата на доброто, таа ги опфаќа сите останати.
 Демијургот не е создавател, туку е обликувач на светот.
 Овој правец е објективен идеализам.

ГНОСЕОЛОГИЈА

 мнение (докса)-насочено кон физичкиот свет. Поврзано со сетилното


познание.
 Умно познание (ноесис)-единствено познание кое води до правата
вистина.
 Теорија на анамнеза – вистината е во светот на идеите, нашата душа
која е заробена во телото поради што заборавила се` она што видела во светот
на идеите, може да се сети на содржината на светот на идеите, а со тоа и на
вистината.
 Човековата душа е нематеријална, неделива, бесмртна. Помеѓу физичките
егзистенции таа престојува во светот на идеите. Таа е највредното во човекот.
Телото е материјално, а со тоа е минливо и менливо, тоа е затвор, темнина за
душата.

ДИЈАЛЕКТИКА (ДИЈАЛОГ)

 метод за доаѓање до вистината, според кој низ дијалогот, разговорот,


низ добро осмислени, насочени прашања се предизвикува во душата сеќавање на
она што го видела во светот на идеите.

ЕТИКА И ФИЛОЗОФИЈА НА ПОЛИТИКА

 се забележува единство на етиката и политиката.


 Државата настанува како потреба да се организира поделбата на трудот.
Тоа треба да овозможи држава во која се реализира идејата на доброто
(праведноста).
 Сите луѓе не се еднакви и треба да се распределат во сталежи во
зависност од нивните способности.
 Една држава е добра ако е умерена, храбра, мудра и праведна.
 Праведна е ако секој ја работи работата во која е најдобар.
 Најважната функција на државата е воспитувањето и образованието на
граѓаните.
 Кој во кој сталеж ќе припадне зависи од тоа кој дел на душата е
најразвиен

Сталеж Доминантен дел на душата Доминантен дел на телото доблест


производители страст стомак умереност
војници волја гради храброст
Владетели (филозофи) умност глава мудрост

 Приватна сопственост можат да имаат само работниците, но не и


војниците и владетелите.
 Владетелите се школуваат до 50-та година од животот.
 Овој концепт е многу критикуван бидејќи се занемарува поединецот и
неговите желби. Се уништува семејството како најмала но најважна заедница за
човекот. Се` се става во рацете на државата и се` е подредено на нејзините
интереси (тоталитаризам).
 Во овој процес особено е важно образованието.
 Овој свет може да се усовршува, а може да се усовршува и човековото
живеење според идеите како образец за повистинско постоење и дејствување. Ова
може да се реализира ако умот има предност пред страстите, ако добродетелта
владее над страстите. Тогаш станува збор за единство на мерата, убавината и
вистината.

ЕСТЕТИКА

 изразена е критиката на уметноста:


- онтолошки приговор: уметноста ја подражава стварноста (mimesis), а
ставрноста е копија, сенка на идеите (уметникот е сенка на сенките).
- дидактички приговор: многу уметнички дела лошо влијаат на луѓето зошто им
даваат лоши примери (Платон, Хомер прво би го величел, би го наградил со
ловоров венец, но потоа би го избркал од држават).
 Платон точно би определил за кој сталеж која уметност е најпогодна.
Само правата уметност е поучна.

АРИСТОТЕЛ

 4 век п.н.е.
 Роден во Стагира
 неговиот татко е лекар во Пела
 20 години бил најистакнатиот ученик во платоновата Академија
 3 години бил учител на Александар Македонски
 се смета за основач на многу науки: физика, метеорологија,
астрономија, ботаника, зоологија, етика, логика...
 шќола-Ликеј, Перипатетичка школа (додека учеле, филозофирале се шетале
низ паркот)
 дела: „ Органон“, „Метафизика“, „ Физика“, „Никомахова етика“,
„Еудемова етика“, „Политика“, „Поетика“, „Реторика“, „ За душата“......
 Заминал од Атина по смртта на Александар Македонски („Атина повторно
да не и згреши на филозофијата“).
 Филозофијат ја дели на: теоретска (математика, физика, метафизика),
практична (економија, политика, етика), поетска (поетика, реторика) + логика
 Критика упатена на Платон - „Драг ми е Платон, но подрага ми е
вистината“.
 Не признава подвоеност на световите.
 Најопшти поими се категориите (супстанција, квалитет, квантитет,
релација, место, време, положба, состојба, трпење, дејствување).
 најважна е супстанцијата (субјект), се` останато е предикат
(акциденција)
 Силогизам-систем од три искази, каде првите два се премиси од кои со
логичка нужност се изведува третиот исказ-заклучокот.
 Вистината значи совпаѓање на мислите и нештата, оваа негова теорија на
висината е позната како теорија на кореспонденција (соодветност).

МЕТАФИЗИКА

 Се` што постои има четири принципи, четири причини:


- материја (таа е граѓа на се` што постои), пасивен принцип, можност
(потенција) да на себе ја прими формата.
- Форма ( морфе). Формата е активен, творечки и обликувачки принцип.
- движење, менување (дејствувањето на формата како активен принцип, врз
материјата која е пасивниот принцип, го претставува движењето). Односот на
материјата и формата е ист како односот на можноста спрема стварноста. Односот
и единството на материјата и формата се нарекува hilemorfizam (хиле-материја,
морфе-форма).
- Цел - Движењето не е случајнотуку е движење со цел – ентелехија. Крајната
цел на движењето е создавање на чиста форма.
 Сите четири принципи прават нештата да се такви какви што се.
 Чистата форма е нешто нематеријално, совршено, вечно, не се движи, но
го дава првиот импулс на движењето. Во ваквото објаснување на чистата форма,
многу филозофи од средниот век, го препознале Бог (телеологија, телос- Бог)
 Чистата форма е и првата причина за движењето и менувањето, но во исто
време и финална причина.

УЧЕЊЕ ЗА ДУШАТА

 Се` што живее има душа.


 Аристотел разликува:
- вегетативна душа (јадро на животот – исхрана, растење, размножување)
- страста е стремеж да се освои нешто (агресивност, пркос, смелост). Ја има
само кај животните и човекот.
- разумската душа. Неа ја има само човекот. Оваа душа го насочува човекот што
да прави, а што да неправи. Таа овозможува разумско однесување што подразбира
умереност.
ЕТИКА
 Целта на живеењето е постигнување на среќа, блаженство (EUDAIMONIZAM)
 eudaimonija – среќа, блаженство, благ дух.
 Ако сме морални во однесувањето, среќата секогаш ќе е со нас.
 Најважо е да се пронајде средната мера (умереноста). Највишата
вредност за Аристотел е умереноста. Во нашето постапување секогаш треба да сме
умерени (ништо премногу, ништо премалку). Средната мера (умереноста)
овозможува да се постигне целта на човековото живеење – среќата,
блаженството.
 Во делото „Евдемова етика“ се истакнува етичката вредност калокагатија
(спој од зборот убаво и добро). Со овој поим се упатува на слеаноста на
убавото и доброто.

ПОЛИТИКА

 Човекот е ZOON POLITIKON – политичко суштество, суштество на


заедницата. Тој може да преживее само со другите („кој може да живее сам не е
човек, тој е или ѕвер или Бог“)
 добра е онаа држава каде владетелите мислат за доброто на сите.

Колкумина владеат Владеат


со добро Владеат
со лошо
еден монархија тиранија
неколкумина аристократија олигархија
мнозина демократија охлократија

ПОЕТИКА

 врвна уметничка творба е трагедијата, во која ние се соживуваме и


сочувствуваме со хероите во неа, па преку солзите ја прочистуваме душата од
страсти- катарза (катарзис).

ХЕЛИНИСТИЧКИ ПЕРИОД

 Хелинизам – мешање на културите предизвикано со создавањето на


големата империја на Александар Македонски.
 Период на особен развој на математиката, физиката, географијата....
 филозофијата треба да е практична, да помогне во животот, да се грижи
за душата на човекот.
 Идеал е секој да стане мудрец
 АТАРАКСИЈА – непоматеност на духот, состојба без страсти, душевен мир,
спокој...
 се повеќе се забележува врската на филозофијата и религијата
 529 год, со декретот на Јустинијан затворена е Академијата.
 Претставници: СТОИЦИ, ЕПИКУРЕЈЦИ, СКЕПТИЦИ

СТОИЧКА ШКОЛА

 4 век.п.н.е – 2 век
 многу популарна и во Рим
 stoa poikile – шарен трем
 основач – Зенон Феничанецот од Кипар
 претставници: Клеант, Хризип, Сенека, Епиктет, Марко Аврелиј
 стоик – оној кој трпи, поднесува, размислува разумно и дејствува
достоинствено.
 Филозофијата ја делат на: Физика, Логика и Етика
 основа на се` е огнот. Зенон разликува два огнаоној кој само ги
уништува предметите, и творечкиот оган кој ги раѓа нештата, ги оживува и
раздвижува.
 Се` настанува од 4 елементи: вода, воздух, земја (пасивни елементи) и
оган (активниот елемент).
 При настанувањето и нестанувањето владее строг ред, строга законитост
(детерминизам, фатум, судбина).
 Основни добродетели (квалитети) се: умност, умереност, храброст,
справедливост.

 Со силна волја може да се достигне апатија-состојба на немање на силни


негативни страсти, безафектна состојба.
 Филозофијата служи да не обучи за тоа како да ги ограничиме своите
страсти, желби. Треба да се оствари автаркија (слобода од потреби, независност
од желби, скромност, независност од се` што е надвор од нас).
 Најважно е човекот да ја достигне внатрешната слобода. Ние имаме моќ
над нашата волја.
 Космополити – еднаквост на сите луѓе, „жители на светот“
 „На мудрецот татковина му е целиот свет.“

ЕПИКУРЕЈСКА ШКОЛА

 од 4 век.п.н.е
 основач Епикур
 сензуалисти – осетите се извор и критериум на вистината.
 Го поддржуваат хедонизмот (уживањето е добро). Често погрешно е
толкуван нивниот хедонизам бидејќи тие се за продуховен хедонизам.
 продуховен хедонизам: цел е отсуство на болката, а не насладата.
(телесните уживања се краткотрајни, а духовното задоволство е трајно-мудрост,
пријателство, чистота, убавина....)
 и тие ја почитуваат атараксијата
 атомистичка метафизика – се` е сочинето од атоми.
 Атомите во своето движење можат да скршнат од патот (да деклинираат) и
нивното соединување станува непредвидливо.
 Човекот треба да се ослободи од старвот од смртта и стравот од
боговите.

СКЕПТИЧКА ШКОЛА

 4 век п. н. е.
 Претставници: Пирон, Тимон, Аркесилај, Карнеад, Енесидем, Секст-
Емпирик
 скепса – сомнеж
 Енесидем искажал 10 начини за засновање на сомневањето (тропи).
 Релативизам – тезата и антитезата по било кое прашање сепак се во
равнотежа.
 Нема ништо сигурно, се` е релативно.
 Атараксија – душевен мир кој се постигнува останувајќи надвор од било
кое тврдење.
 Epohe- воздржување од донесување на судови.
 Секст Емпирик дела - „Против догматичарите“ (против логичарите,
физичарите и етичарите), „Против математичарите“ (против математичарите,
астрономите, геометричарите и музичарите).

ЕКЛЕКТИЗАМ

 ги повторувале мислите на позначајните мислители.


 Ги нарекувале епигони (деца на александровите генерали кои не биле
способни да ги задржат освоените територии).
 Еклектици (одбирачи) од различни погледи го земале она што им се
допаѓало и го соединувале во една целина.
 Претставници: Марко Тулиј Кикерон, Боетиј.
РЕЛИГИОЗЕН ПЕРИОД ВО ХЕЛИНИЗМОТ – ПЛОТИН

 неоплатонизам
 апсолутен монизам – се` настанува од Едното по пат на еманација.
 Битието го нарекува Едно (Божество) за да го нагласи негирањето на
мноштвото.
 Еманација – излевање, извирање на Едното
 Од Едното се еманираат хипостази (форми на суштествување): Ум, душа,
материја. (пат надолу)
 Човекот може да се врати кон едното со мистичната екстаза.
 Екстаза – соединување со Едното, излез од себе
 степени на сознание (пат нагоре) – сетилно сознание, разумско познание
(умување), интуиција.
 Мисична љубов – целосно предавање на Божеството и соединување со него.
 Дело - „Енеади“ (деветкнижија)
 „Јас се обидувам да го спојам божественото во себе со божественото во
универзумот“.

СРЕДНОВЕКОВНА ФИЛОЗОФИЈА
ПАТРИСТИКА

 од 1 до 8 век
 дејствувањето на црковните отци има две цели:
- одбрана на христијанството (апологија, апологети)
- градење и ширење на христијанско учење како догматско учење.
 Paters- татко, отец, црковен отец
 догма – неменлив принцип или теза кои се сметаат за суштествени и
несоборливи; неприкосновен став. Во него се верува.
 Се нагласува важноста на верата.
 Ако не веруваш, нема ни да разбереш!
 Верувањето е доволно за спасението.
 Бог е надреден над човекот како негов создавач, строг господар и
неприкосновен судија.
 Бог му определил на човекот духовни заповеди, кои тој треба да ги
слуша, му поставува сложени задачи, кои тој треба да ги извршува. Така се
заслужува спасение.
 Има само една вистина, неа Бог ја искажал преку откровението,
јавувајќи им се на пророците.
 Филозофијата станува слугинка на теологијата.
 Сите вистини, добрини, убавини се „таму“, а животот „овде“ е само
подготовка за спас.
 Општествата се теократски (теос = Бог, кратеин = владеење)
 Бог го создава светот од ништо, по сопствена волја и замисла.
 Почетната христијанска филозофија се нарекува патристика - мисли на
првите црковни отци
 Ориген - „За принципите“ ; сакал да ги помири христијанството и
платонизмот
на крајот Бог, од љубов ќе им прости на сите луѓе, и се` ќе се врати во Бог
(апокатастаза) и Бог ќе биде се` во се`.
 Тертулијан - „Верувам затоа што е апсурдно (Credo quia apsurdum est)
 АВРЕЛИЈ АВГУСТИН

- 4 и 5 век
- особено ги ценел Платон и платонистите.
- дела: „Исповеди“ (автобиографски), „За божјата држава“, „За христијанското
учење“, „За среќниот живот“. Напишал повеќе од 100 писма, 500 проповеди, 200
писма и посланија.
- Скептицизмот самиот се побива бидејќи и сомневањето е еден вид на знаење
кое потврдува дека постоиме. Така првата извесност е поврзана со нашето
сомневање – ако се сомневам значи дека постојам, бидејќи јас сум тој/таа што
се сомнева.
- нашето спасение е предестинирано (одредено однапред) од него.
- Во делото „За државата божја“ учел за постоење на две држави: Земна
(сведска) и Божја (небесна).
- позната мисла „Верувам за да разберам“.
- Бог е создавач на историјата, но не учествува во неа. Пред да го
создаде овој свет Бог
имал план за неговиот развиток.

ВИЗАНТИСКА ФИЛОЗОФИЈА
 Во 313 год. Константин станал Христијанин и наредил да се запрат
прогоните на Христијаните.
 313 год. со Миланскиот едикт на Константин, Христијанството е
прогласено за рамноправна религија со останатите.
 Во 324 год. Константин станал единствен император и го прогласил
Христијанството за официјална религија во Царството.
 325 во Никеја, Мала Азија Константин го свикал првиот голем собир на
епископи со цел да се воспостави заедничка основа на верата. Вакви собири се
одржани вкупно 7 а требало да ги спречи струите кои се инспирирале од некои
други погледи.
 падното и источното христијанство целосно се поделиле во 1054 год.
така целосно значење добиле поимите православие и католицизам.
 Византија траела повеќе од 1000 год. до 1453 год. кога Цариград е
освоен од Турците и станал центар на Отоманското царство.
 Познати мислители од овој период се Атанасиј Велики, Јован Златоуст,
Василиј Велики, Јован Дамаскин, Максим Исповедник, Михаил Псел, Григориј
Акиндин од Прилеп и др.
 Псевдо-Дионизиј Агреопаагит христијанските догми ги спојувал со
неоплатонизмот. Тој вели дека Гог има позитивни определби (позитивна
теологија) како добро, светлина, убавина. Но Бог може да има и негативни
определби (негативна теологија) како несоздаден, неограничен и сл. Тој
користел и суперлативна теологија кога го определувал како совршен, најдобар,
најзначаен.
 Максим Исповедник – бил голем поборник за православието, за него
страдал и умрел во прогонство. Тој е под силно влијание на Платон и успешно го
внел во христијанските сфаќања. Со тоа од учењето на Псевдо-Дионизиј ги
исчистил неоплатонизмот.
 Јован Дамаскин- во делото „Извор на знаењето“ го систематизирал сето
дотогашно знаење. Тој вешто се служел со формалната логика на Аристотел.
Сметал дека верата е пред разумот иако меѓу нив нема некој расчекор.
Теологијата е духовна царица, а филозофијата и другите науки се само нејзини
слугинки.
За него стравот од можноста да ја загуби егзистенцијата, човекот може да го
надмине со приближување кон Бога.
Дамаскин бил поборник на иконофилството (обожавање на иконите), а против
иконоборството (отфрлање на иконите како израз на идолопоклонство)

 Византискиот хуманизам:
 Во Византија хуманизмот ќе се појави многу порано пред европскиот
хуманизам. Во тоа допринело присуството на античката мисла како и развојот на
византискиот универзитет и науките.
 Фотиј – Најзначаен византиски филозоф и хуманист на IX век е Фотиј. На
Високата царигратска школа ја водел катедрата по филозофија. Во оваа школа се
образувале и Константин филозоф (Кирил) и Методиј. Бил сестрано образован, се
занимавал со филозофија, теологија, право, граматика, медицина и др. сакал да
ја „гледа“ филозофијата како независна од теологијата. Повеќе го почитувал
Аристотел во однос на Платон.
 Михаил Псел- бил енциклопедист, поет, беседник, и особено ја сакал
Платоновата филозофија. За него филозофијата е подготовка за метафизиката. Со
метафизиката треба да се стигне до теологијата како прва филозофија. Тој
сакал смислата на теологијата да ја открие со светлината на грчката
филозофија. За него филозофијата е дар од Бог. Со неа се изучуваат поимите кои
се во Бог и според кои тој ги создава сите свои творби. Сепак до вистината се
доаѓа по пат на внатрешното, непосредно просветлување, додека рационалното
познание му е потчинето на на ова и е второзначно.
 Неговиот ученик Јован Итал сметал дека предмет на филозофијата е
битието како целост. Тврдел дека умот е единствената основа на знаењето, како
на филозофското така и на теолошкото знаење. Поради тоа бил осуден како
еретик.

 Крајот на Византија:
 Во 13,14 и 15 век моќта на Византија се повеќе опаѓала, но во областа
на културата таа го достигнала својот врв. Во Цариград се основал универзитет
во кој наставата воопшто не содржела теологија. Платонизмот и аристотелизмот
силно се чувствувале. Најзначаен мислител овој период бил Плетон (Грегориј)
кој го критикувал Аристотел. Така византиската филозофија завршува како
возобнова на Платон од чии идеи и тргна.

ИСИХАСТИЧКИ СПОР

 Во Византиската теологија и филозофија настанала голема борба меѓу


мистицизмот и рационализмот (14 век)
 Овој спор го добил своето име според исихастите ( исихија – молчење,
живеење во молк, внатрешна концентрација, спокој)
 Ова движење било развиено меѓу монасите испосници во Атос (Света
Гора), каде била најголемата заедница на православни монаси.
 Тие тврделе дека до Бога се стигнува преку доживувањето на Божјото
присуство во душата, а не преку разумот.
 Монасите од Атос се собрале околу Григориј Палама кој бил голем
приврзаник на исихазмот.
 Најголемиот противник на исихазмот бил Варлаам кој тврдел дека
единствениот пат до откривањето на Божјата тајна е Разумот. На страната на
Варлаам застанал и Григориј Акиндин од Прилеп кој исто така тврдел дека до
Бога може да се стигне со упорно учење и посветување на науката и
филозофијата. Тој велел Бог е вистината, а до неа се доаѓа со помош на
разумот.
 Иако отворената борба која започна на овој собир имала теолошко руво,
сепак позади неа се криеше борбата на две филозофски школи во Византија.Тоа
всушност била борба меѓу Платоновци и Аристотеловци.
 Основното прашање беше всушност гносеолошко-како и на кој начин ќе
може човекот да го спознае Бог и да се соедини со него?

ПРВИ СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

 Константин филозоф (Кирил) ја дал првата дефиниција на филозофијата на


словенски јазик, која гласи: ФИЛОЗОФИЈАТА Е РАЗБИРАЊЕ НА БОЖЈИТЕ И ЧОВЕЧКИТЕ
РАБОТИ, ДО КОЈ СТЕПЕН ЧОВЕКОТ МОЖЕ ДА МУ СЕ ДОБЛИЖИ НА БОГ И КАКО СО СВОИТЕ
ДЕЛА ДА СТАНЕ ЛИКА И ПРИЛИКА НА ОНОЈ ШТО ГО СОЗДАЛ.
 Оваа дефиниција од една страна значи поука како човекот треба да
постапува, а од друга старана таа е и теологија и има теолошка насоченост.
 Кирил пред смттта на своите ученици и на Методиј ќе им го издиктира
значајното теолошко дело „За вистинската вера“ (Написание о правеј вере) , во
кое ги искажува своите ставови за важни религиски прашања.
 Во однос на светото тројство, Кирил рекол тоа е единство на
разнообразноста.
 Во однос на прашањето за природата на Исус Христос, тој го поддржувал
ставот дека Исус има двојна природа. Од својата мајка ја наследил човековата
природа, а од својот татко божествената. Токму затоа тој може да е посредникот
помеѓу овој и оној свет.
 Словение ги нарекуваат светите Кирил и Методиј и нивните ученици Седум
численици (седум на број – Кирил, Методиј, Климент, Наум, Горазд, Сава и
Ангелариј)
 Најзначајните ученици на Св. Кирил и Методиј се Св. Наум и Св. Климент
Охридски. Климент го основал познатиот универзитет вo Охрид каде се образувале
илијадници ученици, околу 3.500. Тие не само што го ширеле Христијанството,
туку и го подучувале народот на добрина, христијанска етика, како и на тоа
како да се поуспешни во земјоделието. Кога тој ќе стане епископ, Наум ќе
застане на чело на охридската школа и ќе изгради манастир во близина на
изворот на езерото кој е и првиот словенски манастир.
Познатиот етички лозунг на Климент е „Тргај се од злото и прави
добро.“
 Св. Климент барал да се надминеме еден со друг во добрина.

БОГОМИЛСКО ДВИЖЕЊЕ

 Како посебна појава во првите векови на словенската писменост и


христијанството се појавило богомилското движење (Х век).
 Тоа е верска секта (секта – правец) инспирирана од дуалистичките
учења (на Заратустра, Мани, павликените).
 Своето име ова движење го добило според својот основач поп Богомил.
 Toa одраз на општествено-економските прилики во Бугарското царство
(Македонија во овој период е под бугарска власт).
 Под разни имиња (торбари, бабуни, патарени, катари, албигојаци)
богомилството се ширело во соседните земји, а преку Босна стигнало и Северна
Италија, Јужна Франција.
 Богомилите учеле дека има два бога - добар и лош. Првиот се однесува
на духовноста, вториот е носител на злото и се изразува во видливото и
телесното.
 Во социјално-политичкото учење тие биле остри критичари на световните
и црковните власти. Посебно ги критикувале црквата и свештенството и ја
отврлале нивната посредничка улога меѓу народот и бога. Учеле дека не треба да
се сака крстот бидејќи на него е распнат Исус, не треба да има црковни згради,
икони, скулптури бидејќи тоа на некој начин е идолопоклонство. Во почетокот,
своите проповеди и нивните духовни покрстувања, ги изведувале најчесто на
отворен простор во близина на селото, односно градот. Не ги прифаќале т.н.
свети тајни како крштевањето, стапувањето во свет брак, причестувањето (за нив
лебот и виното се обични материјални нешта како и сите други), биле против
ортодоксното учење за воскреснувањето на мртвите. Се воздржувале од месо,
жени, немале сопствен имот и богатство. Живееле во сиромаштво, со спокојство и
духовна посветеност и взаемна љубов.. Познато е дека за нив омилен цитат од
евангелијата е „полесно камилата ќе се провре низ иглени уши отколку
богатството во царството небесно“.Тие биле прогонувани, а нивните книги
уништувани.

АРАПСКА ФИЛОЗОФИЈА
 СЕ` ОНА ШТО ВЕЌЕ СУМ ВИ ГО НАПИШАЛА И КАКО ДОПОЛНУВАЊЕ :)
 Според Ибн Сина, Бог е Вистина, Добро, Љубов и Живот. Тој е Творец.
 Во арапската филозофија познат е и мистицизмот на ал-Газали.
 Тој се обидувал сета вера да ја направи мистичка.
 Зборувал за непосредното, живо искуство на Бог.
 Го нарекувале „украс на верата“, „возобновувач на религијата“
 Според него Бог е пред се` волја. Тој го создал светот со својата
волја, го одржува со својата волја и еден ден светот ќе се загуби заради
неговата волја.
 Во своето дело „Несистематичност на филозофите“, ал-Газали ги
критикува филозофите.
 Најмногу кон што може да се стреми верникот е самата близина до Бога и
ништо повеќе.

СКОЛАСТИКА

 Стремежот во Западна Европа во развиениот среден век за обнова на


теолошките мисли со посебен осврт врз идеите на Аристотел е наречена
СКОЛАСТИКА.
 Во овој период се развива и училишната дејност што услови масовно
образование и ширење на културата.
 Во ова време е издаден и Индекс на забранети книги. Тоа биле книги
чија содржина била во расчекор со догмата, па затоа биле спалувани.
 Од студентите се барало да ги научат одговорите точно како што е
официјално одобрено (катехеза).
 Сколастиката е долг период од неколку векови (IX-XV). Затоа се зборува
за:
- рана сколастика (од 9-12 век)
- зрела сколастика (13 век)
- доцна сколастика (од 14 век).
 Две прашања се особено важни за овој период:
1. Односот на верата и разумот (што е примарно во спознавањето на вистината
верата или разумот?) - гносеологија
2. Проблемот на универзалиите (постои нешто општо или се` е поединечности?)
-метафизика.

 Јохан Скот Ериугена - Во неговото дело „За поделбата на природата“


велел дека има четири вида на природа:
- несоздадена и творечка – Бог во чист вид
- создадена и творечка – идеи
- создадена и нетворечка – свет на тела
- несоздадена и нетворечка – Бог како крајна цел

 Анселмо Кентербериски - изградил онтолошки доказ за божјето постоење.


- ако постои поимот за совршенство, тогаш постои и совршенството.
- Анселмо учествувал во една од најголемите расправи на сколастиката –
проблемот на универзалиите. Бил на позиции на реализам.

 Проблемот на универзалиите. Ова прашање потекнува од Платон и


Аристотел (проблемот на општото и поединечното). Околу ова прашање се развиле
3 струи:
- Реалисти (реализам) – општото (идеите) е пред поединечното. (Гијом од Шампо
– постои само универзалниот човек, чија слика ја создал бог, а единките се
само случајности кои личат на таа општа слика).
- Номиналисти (номинализам) – општите нешта (идеите) се само имиња, а
постојат само единечните нешта. (Росцелин – општото е „празен збор“).
- Концептуалистите (концептуализам)– претставници на средната струја - преку
нашите претстави, за општите поими ги врзуваме истите квалитети кај различните
нешта (Пјер Абелар – универзалиите не се „пред нештата“, ниту „по нештата“,
туку „Во нештата“).

 ТОМА АКВИНСКИА
- систематизатор на католичката теолошка мисла
- го нарекувале ангелски доктор (поради неговите знаења и духовни вештини)
- ученик на Алберт Велики коги го нарекувале доктор универзалис (поради
знаењата од различни области).
- дела: „За битието и суштината“, „Против неверниците“, „Сума на теологијата“.
- Секое нешто постои со спојување на две суштини – на материјалноста како
можност и на формата. Се’ постои со вкрстување на материјата и формата. Само
Бог е чиста форма.
- Тома Аквински сакал во секое нешто да ја открие суштината, па да навлезе во
суштината на суштините, за на крај да дојде единствената и чиста суштина на
се’-Бог.
- Среќата значи во себе да се има Бог. Тоа е возможно да се реализира само во
закрила на црквата.
- Зборувал дека теократијата е нужна. Црквата, папата и свештенството ја имаат
директната власт од Бога.

НОВОВЕКОВНА ФИЛОЗОФИЈА

А) ФИЛОЗОФИЈА НА РЕНЕСАНСА
Б) ЕМПИРИЗАМ И РАЦИОНАЛИЗАМ
В) ПРОСВЕТИТЕЛСТВО
Г) КАНТ И КЛАСИЧЕН ГЕРМАНСКИ ИДЕАЛИЗАМ

 Во средиштето на целата нововековна филозофија е ЧОВЕКОТ.

А) Филозофија на Ренесансата

 15 и 16 век
 Црквата го губи интелектулниот монопол.
 Реформација-Протестантизам (Мартин Лутер)
 развој на науката
 развој на методите на сознанијата
 развој на техниката
 машина за печатење – книгите стануваат достапни и надвор од црквата
 се отвараат световни сеучилишта (не се контролирани од црквата и
свештенството)
 се популаризира хелиоцентричната теорија.
 Се развива книжевноста на народни јазици.
 Световните владетели се поавторитативни и се ослободуваат од
влијанието на свештенството.
 Се критикува догмата, а се` повеќе се враќа разноликоста на мислата
карактеристично за антиката.
 Од социјалната критичка мисла ќе произлезе посебен вид хуманистичка
филозофија позната како утопизам.
 Антропоцентризам наместо теоцентризам.
 Претставници: Леонардо да Винчи, Николај Коперник, Јохан Кеплер,
Галилео Галилеј (основач на новата природна наука), Николо Макијавели
(познатото дело „Владетел“), Еразмо Ротердамски (дело „Пофалба на глупоста“).
 Особено станала актуелна мислата која му се препишува на Макијавели
(тој никогаш не ја искажал) – „Целта ги оправдува средствата“

ЏОРДАНО БРУНО
 за своето учење е прогонуван од инквизицијата.
 Обвинет е „Учи за бесконечност на вселената и за безброј светови“
 1600 год. е спален на Цветниот плоштад во Рим.
 Дела: „За причината, за принципите и за Едното“, „За бескрајноста на
вселената и световите“, „ За монадата, за бројот и за фигурите“ и др.
 Пантеизам – Бог е природа, свет, космос (а не битие одвоено од
светот). Бог или природа.
 Творечка природа (natura naturans) и создадена природа (natura
naturata).
 Светот се состои од монади – центри на силата. Тие се единство на
материјалното и духовното, на материјата и формата.
 Небото и земјата се дел од огромна хармонична целина (космизам) – не
може да се зборува за нивна подвоеност, а уште помалку дека на земјата е
несовршена, а таму некаде небото е совршено.
 Човекот е микрокосмос во кој се огледа макрокосмосот.
 Човекот е суштество што работи (homo faber), тој го гради својот
живот, сам си ја создава среќата.
 Светот како целина е совршена хармонија во која се губат несовршените
единечности. Како хармонија, светот вистински е убав.

Б) ЕМПИРИЗАМ И РАЦИОНАЛИЗАМ (17 ВЕК)

 Во овој период филозофијата од слугинка на теологијата станува


ПРИЈАТЕЛКА НА ПРИРОДНИТЕ НАУКИ.
 средишен проблем – проблемот за новиот научен метод
Во ова барање се издвоиле 2 гледишта односно два методи:
- ИНДУКТИВЕН МЕТОД – кој се потпира на набљудување, набројување и експеримент.
Приврзаници на овој метод се емпиристите. (заклучувањето тргнува од
поединечното, па се оди кон општото)
- ДЕДУКТИВЕН МЕТОД – кој се потпира на математика и геометрија, а негови
приврзаници се рационалистите. (заклучувањето тргнува од општото, а заклучокот
се однесува на помалку општото-поединечното)
 Емпиристи (извор на нашето знаење е искуството; сето знаење доаѓа од
искуството):
- Френсис Бекон
- Џон Лок
- Џорџ Беркли
- Дејвид Хјум
 Рационалисти (извор на нашето знаење е разумот):
- Рене Декард
- Барух де Спиноза
- Лајбниц

ЕМПИРИСТИ

ФРЕНСИС БЕКОН

 Се стремел да направи Голема обнова на науките.


- „Мнозина излегоа на отворено море – се зголеми науката“
 Објавил само неколку дела од тој систем: „Нов Органон“, „За
достоинството и за зголемувањето на науките“, „Класификација на науките“,
„Есеи-или политички и морални совети“, „Нова Атлантида“.
 Луѓето треба да внимаваат на изворите на невистините и треба да се
ослободат од заблудите, од погрешните претстави.
 Бекон, заблудите гинарекол идоли (лажна слика, нешто замислено, измама
на човечкиот дух) и посочил 4 вида идоли:
- идоли на племето (идоли на родот)
- идоли на пештерата
- идоли на плоштадот (идоли на пазарот)
- идоли на театарот
 Позната е неговата мисла која е инператив за селиот нов век -
„Знаењето е моќ!“
 индукцијата не треба да е просто набројување на поединечностите. Таа
треба да е единство на експерименталните и рационалните способности.
 Треба да се знае како да се собираат податоци, но и како правилно да
се обработат (човекот треба да е пчела).
 Поддржувач на научната индукција и продолжувач на беконовите ставови е
Џ.С.Мил.
 Рекол „Можеме онолку колку што знаеме!“
 научната индукција подразбира систематичност, постепеност и анализа
односно евидентирање на податоците во 4 вида таблици:
- таблица на присуството
- таблица на отсуство, на разлика
- таблица на споредување, на конкомитативни промени
- таблица на остаток
 Дал класификација на науките: Ги поделилспоред способностите на
човекот:
- помнење – Историја
- фантазија – поезија
- разум – филозофија

ЏОН ЛОК

 Филозофијата треба на човекот да му даде корисни применливи сознанија


кои ќе значат разумно решавање на животните проблеми.
 Дела:
- „Есеи за човечкиот разум“ – е најпознатао дело од емпиристичката теорија.
- „Две расправи за власта“ – се однесува на теоријата за природните човекови
права и на неговата либерална политичка доктрина.
- „Писма за толеранцијата“ – едно од најзначајните дела во Етиката, тоа е прв
европски текст со кој се укажува на толеранцијата како врвна современа
вредност.
- „ Мисли за воспитувањето“ – едно од најзначајните педагошки дела на
човештвото.
 Критика на рационалистите – не постојат вродени идеи.
 Tabula rasa- неиспишана табла, таков ни е духот се` додека него не` го
испише искуството.
 „Ништо не е во разумот што предходно не било во сетилата односно
искуството“.
 Разликува два вида на искуство - надворешно искуство – сензации и
внатрешно искуство – рефлексии.
 Така се создаваат првичните, едноставни прости идеи – за некое
надворешно својство, на некоја доживеалица, а со нивно комбинирање се
создаваат сложени идеи.
 Лок зборува за два вида на квалитети:
- Примарните квалитети се својства на самите предмети и не зависат од
субјектот и неговите сетила.
- Секундарните квалитети се наша претстава за нештата, тие зависат од нас
односно се субјективни квалитети.
 Либерализам – зачетник на либералната теорија (Власта треба да е во
служба на луѓето!)
 Толеранцијата – е врвна современа вредност. Особено е важна верската
толеранција, државата мора да се одвои од црквата. Бил против било кој верски
фанатизам.

ЏОРЏ БЕРКЛИ

 Претставник на субјективен идеализам.


 Некои сметаат дека тој е претставник на солипсизмот ( solus, ipse –
само јас).
 Најзначајни дела: „Есеи за новата теорија на видот“, „Расправа за
принципите на човечкото познание“, „Три дијалози меѓу Хилас и Филониус“.
 За него надворешниот свет е збир на осети.
 Надвор од нашиот дух нема ништо, нема ниту материја.
 Нешто за да постои мора да биде перцепирано - „esse est percipi“.
 Ова би значело дека постојат само идеи во субјектот кој мисли.
 Беркли ќе рече – светот постои во перцепциите на едно више суштество,
на Бог. Со ова солипсизмот преминува во објективен идеализам.

ДЕЈВИД ХЈУМ
 Негови познати дела се: „Расправа за човековата природа“, Истражување
на човечкиот разум“, „Истражување на принципите на моралот“.
 умот ги следи законите на асоцирањето:
- според сличност
- допир во времето и во просторот
- асоцијација според очекувањата
 умот ништо не создава туку се’ се добива од искуството и само спојува
според овие закони.
 Не постојат причини и последици, тоа е само наша навика на извесна
едноподругост во следењето на некои појави.
 Човекот не може да има вистинско познание, тој има само впечатоци.
 Хјум на овој начин емпиристичките ставови ги поврзал со скептицизмот.
 Особено влијаел на Кант; Тој рекол „Хјум ме тргна од догматската
дремка“.

РЕНЕ ДЕКАРТ

 Врвен математичар, создавач на аналитичката геоетрија.


 Негови познати дела се: „Научна распава за методот како правилно да го
водиме својот ум и да ја бараме вистината во науката“(„Расправа за методот“),
„Метафизички размислувања“ („Размислувања за првата филозофија“), „За
страстите на душата“, а неговото дело „Медитациите за првата филоозфија“ кои
ги објавил 1641, во 1662 год Инквизицијата ги впишала во „Индексот на
забранети книги“.
 Карактеристична за него е методолошката скепса (користење на скепсата
како метод)
 Разумот е единствениот критериум и судија.
 Согласно со разумот значи согласно со вистината.
 Бидејќи и се восхитувал на јасноста на математиката, неговиот метод е
дедукција.
 Но, неговата дедукција бара почитување на 4 правила во истражувањето и
заклучувањето, а нивното почитување ќе не’ доведат до вистинско сознание:
- критичко-скептичкото правило во неговиот метод. (нешто се прифаќа за
вистинито дури откога ќе се утврди дека е јасно и евидентно дека е така)
- аналитичкото правило
- синтетичкото правило
- методот на проверка
Постојат 2 нешта во кои тој воопшто не се сомневал: математиката и мислењето.
 Рекол: „Cogito ergo sum.“ - „Мислам значи сум.“ („Мислам значи
постојам“). Мислењето е дел од човековата суштина.
 Тој рекол: „Cogitatur Deus, ergo est“ – „Бог постои зошто јас мислам
на него“. Тоа значи дека егзистенцијата на Бог на некој начин се изведува од
човековото мислење за него.
 Кога зборува за светот Тој тргнува од две супстанции (дуализам):
- Материјалната, телесната супстанција (res extensa), чиј главен атрибут е
протегањето, распространувањето, завземањето простор. Тој материјата ја сфаќа
механички.
- Духовната супстанција (res cogitans), чиј главен атрибут е мислењето.
 Постоењето на овие две супстанции е условено од третата која е доволна
самата на себе, безусловна – Бог.
 Бог само го овозможува постоењето на овие две супстанции, но понатаму
не учествува во опстојувањето и креирањето на светот (деист- Бог го дава само
првиот импулс на настанувањето).
 Човекот, Декарт, ќе го објаснува како машина.
БАРУХ СПИНОЗА

 Роден во Амстердам, Холандија


 Негови познати дела се: „ Етика – изложена по геометриски начин“,
„ Теолошко-политичка расправа“, „ Принципи на Декартовата филозофија“ , а по
неговата смрт се издадени „Расправа за усовршување на човечкиот разум“,
„Политичкиот трактат“.
 Монизам - Супстанцијата е една, вечна, несоздадена, неуништива.
Причината за нејзиното постоење не треба да се бара надвор од неа, таа е во
самата неа. Супстанцијата, природата е „causa sui“ односно причина самата на
себе.
 Супстанцијата има многу својства и атрибути (својства кои имаат
суштинско значење), но човекот може да спознае само 2:
- Својството да се протега, завзема простор,
- Својството да мисли.
- Бог е второто име за природата. Рекол „Deus sive natura“ – „ Бог или
природа“. Ова учење каде Бог и природата се изедначуваат се нарекува пантеизам
(Deus sive natura- Бог или природа).

 супстанцијата и нејзините својства, атрибути се примарни и нив ги


нарекол
природа која создава (творечка природа) – natura naturans.
 Таа своето постоење го изразува преку конечните, поединечните предмети
и идеи кои тој ги нарекол модуси.
 Модусите се создадена природа- natura naturata.
 Спиноза смета дека слободата е сознаена нужност, во природата постои
строга нужност, законитост, ред (детерминист).

Тој разликува 3 вида сознанија кои се разликуваат во степенот на својата


јасност:
 Афективно- кое се темели на на сетилата но и на нашите чувства (пр.
тага, среќа, болка) кое како емотивно е нејасно и неразбирливо.
 Рационално-кое за него не е совршено бидејќи кај него посредува
мислењето. Тоа е дедуктивно и формалистичко.
 Интуитивно- кое за Спиноза е совршено, бидејќи тоа е непосредно, па е
и најсигурно а, во исто време е и безусловно. Со него се спознава причината на
се’- Бог или природа. Тоа е кога со ум човекот го љуби Бог или природата, со
таа интелектуална љубов кон Бог или природата, човекот постигнува морално
совршенство и духовна слобода што е пак крајна цел на филозофијата.

 Човекот како модус мора да се покорува на законите кои владеат во


природата.
 Државата се создава со договор меѓу луѓето.
 Се’ додека државата ги штити интересите на граѓаните, човекот е должен
да и се потчинува.
 Државата е одговорна пред граѓаните, постои заради нив, а не тие
заради неа. Затоа тие и не треба слепо да и се покоруваат (нововековен
либерализам).
 Демократија е кога државата им служи на граѓаните и тоа не со тоа што
ќе им угодува, туку со тоа што ќе ги воспитува да бидат пред се’ луѓе, да се
образуваат и да бидат морални.

ГОТФРИД ВИЛХЕЛМ ЛАЈБНИЦ

 Основач на берлинската академија за наука и уметност.


 Дела: „ Монадологија“, „ Теодицеја“, „Нови есеи за човековиот разум“
 Во основата на светот се наоѓаат монади.
 Монадите се ситни, неделиви, самостојни, духовни делчиња.
 Тие се бескрајно мали единки кои се самоактивни и самодвижечки. Тие се
центри на силата. Нивното име означува единица.
 Се’ што се случува се случува во самата монада. - „Монадите немаат
прозорци низ кои нешто би можело да влезе или да излезе.“
 Монадите имаат две основни својства: стремеж (страст) и знаење (јасна
претстава)
 Постои хиерархиски ред на монадите: најбројни се монадите од кои е
сочинета материјата (голи, прости монади), потоа се духовните монади и
накрајот божествената монада (монадата над сите монади – Бог)
 Бог однапред се` предвидел, ги устроил монадите.Постои согласност на
сите нешта, дури и тие пред да се случуваат – престабилирана хармонија.
 Бог постои, тој го создал овој свет, па затоа тој е најдобар од сите
возможни светови.
 Лајбниц вели дека Бог е најумен, најмоќен, најдобар. Како најумен тој
знаел, како најмоќен тој можел и како најдобар тој сакал да создаде најдобар
свет.
 Лајбниц, законите на логиката ги поставил како закони на постоењето.
Познати се законите:
- закон на идентитет
- закон на непротивречност
- закон на оправданата причина
- закон за континуитет

ПРОСВЕТИТЕЛСТВО

 18 век
 Во просветителството доаѓа до израз желбата за знаење, образование,
просветување
на човекот.
 Просветителите верувале во неограничената моќ на разумот, во знаењето
кое се потпира врз науките и врз просветувањето. Знаењето е ослободувачката
сила која човекот конечно, и за прв пат во историјата, ќе го направи слободен.
 Француските просветители идејно (теоретски и духовно) ја подготвиле
француската буржуарска револуција. Тие го почитувале прочуениот принцип
Слобода, Братство, Единство!
 Претставници: Томас Хобс, Шарл Монтескје, Волтер, Жан Жак Русо, Дени
Дидро, Жан Даламбер, Клод Андриен Хелвециус, Пол Холбах.
 Слободата на духот, новата позиција на филозофијата воделе кон крај
на догматизмот и аристократизмот, кон развој на граѓанската демократија и
развој на науките и филозофијата.

ТОМАС ХОБС

 најпознатао дело - „Левијатан“


 зборува за природната состојба – состојба пред воспоставување на
општеството и држават.
 Според него пос својата природа човекот е егоист и тоа ќе го доведе до
ситуација
„Homo homini lupus“ -„Човек на човек му е волк“, односно„bellum omnium contra
omnes“ - „војна на сите против сите“.
 Државата настанала по пат на договор со што човекот излегол од
природната состојба.
 Човекот ги предава сите права на државата, со неа владее владетел –
суверен. Секој треба да ги слуша неговите заповеди. Државата за возврат треба
да гарантира праведност и мир.

ШАРЛ МОНТЕСКЈЕ

 познати дела: „За духот на законот“, „Персиски писма“


 тројна власт – зконодавна, извршна и судска

ВОЛТЕР ( Франсоа Мари Аруе)

 Најпознати негови дела се „ Филозофски речник“, „ Филозофски


незнајко“, „ Кандид“, „Расправа за толеранцијата“
 го нарекувале и „лав од Фарнеј“
 деист – Бог е креатор на светот, но понатаму не учествува во
случувањето во светот.
 Почитувач на вредноста толеранција - „ Господине, јас не се
согласувам со Вашето мислење, но со сите мои сили ќе го бранам Вашето право да
го искажете својот став!“
 за црквата рекол - „Сопрете ја бесрамничката!“
 препознатлив е по критиката на неправдите и одбрана на човечкото и на
правдината.
 Општата основа на моралот е во здравиот разум кој ги води луѓето до
аргументиран дијалог.
 За Волтер, три нешта се најлоши во светот: гладот, чумата и војната.
Од нив најлоша е војната која се води за интерес на некого, за кои оние кои се
борат незнаат ни каков е. Војната предизвикува глад и чума.
 Во своето дело „Кандид“ тој се потсмева на Лајбницовата констатација
дека овој свeт е најдобар од сите возможни светови. Стварноста не го потврдува
овој став па, тој ќе каже дека ова е најлошиот од сите возможни светови.
 Само низ работата животот можеме да го направиме поднослив.Кандид ќе
заклучи - „треба да ја обработуваме својата градина“

ЖАН-ЖАК РУСО

 познати дела:„ За потеклото на нееднаквоста“ (Расправа за изворите и


за основите на нееднаквоста меѓу луѓето), „ Општествен договор“, „Емил или за
воспитувањето“, „ Јулија или нова Елојза“.
 Природната состојба е златната доба за човекот. Во неа луѓето се
слободни и еднакви, морални а со тоа и среќни.
 Тој рекол – „ човекот се раѓа слободен а, подоцна насекаде е во
окови.“
 Човекот има способности да се усовршува. Тој го проширува своето
знаење, се здобива со нови вештини, ги усовршува орудијата, постојано пронаоѓа
нови. Сето тоа ја зголемува продуктивноста, па се јавуваат и вишок на
производи.
 најпрво се јавува материјалната нееднаквост односно класите, а потоа и
политичката нееднаквост.
 Неговиот идеал е природната состојба. Затоа рекол – Назад кон
природата!
 Во делото „ Општествен договор“, тој вели дека државата настанала по
пат на договор меѓу луѓето.
 Народот, за Русо, е единствен суверен. Законите треба да се израз на
волјата на народот.
 Образованието и просветувањето е семоќно и ќе овозможи разбирање и
приближување кон природната состојба на човекот.

ФРАНЦУСКИ МАТЕРИЈАЛИСТИ – ЕНЦИКЛОПЕДИСТИ

 Енциклопедијата претставувала образложен речник на науките, вештините


и занаетите. Таа била создадена со цел да даде општа слика за напорите на
човечкиот ум кај сите народи и во сите времиња. Представувала прво
концентрирано средство за универзално знаење на човештвото.
 Првиот том на Енциклопедијата е објавен во 1751 год. а, последниот во
1772 год.
 во себе ги содржи сите знаења на епохата, настаните, личностите,
предмети, занаети, социјални и морални проблеми и др.
 Поттикнувачи, организатори и уредници на ова дело се Дидро и Даламбер,
а во изработката учествувале сите филозофи, научници и стручњаци за занаети (
во тоа време сите нив луѓето ги нарекувале филозофи).
 Познати материјалисти – енциклопедисти биле: Дидро, Даламбер,
Хелвециус, Холбах, Ламетри, Кондијак, Кондорсе и др.

ДЕНИ ДИДРО

 Учел дека материјата е активна, составена од честички и во природата


се’ се случува со нивно разделување или соединување.
 Познати дела: „Писмо до слепите“, „ Писмо до глувите и немите“,
„филозофски истражувања за потеклото и за природата на убавото“, „Парадокс за
актерот“, „Есеј за сликарството“.

ЖАН ДАЛАМБЕР

 Бил против секоја метафизика.


 Филозофијата е наука за примена на умот врз различни предмети како
факти од искуството.
 Изворот на нашето знаење е искуството.
 Сите знаења ги поделил во 3 групи кои соодветствуваат на 3 сили на
човекот: на помнењето му соодветствува истоиријата, на разумот му
соодветствува филозофијата, на фантазијата и соодветствува уметноста.

КЛОД АНДРИЕН ХЕЛВЕЦИУС

 дела: „За духот“, „За човекот“


 Воспитанието треба да го научи човекот како своите егоистички
интереси да ги усогласи со општествените (тоа го нарекува добро разбран
егоизам).
 Рекол – „Човекот е сиот воспитание.“
 Човекот не се раѓа ниту добар ниту зол. Тоа од него прават условите во
кои живее. Ако тој е неморален за тоа се виновни условите и тие треба да се
менуваат.
ПОЛ ХОЛБАХ

 дела: „Разголено Христијанство“, „Систем на природата“


 Основната задача на филозофијата е да помогне во постигнувањето на
среќата на човекот.
 Во основата на природата се материјата и движењето. Во неа се е
детерминирано. Човекот неможе да се оддели од природата. Тој е дел од неа.
 Вели дека религијата ги заслепува луѓето, народот го држи во незнаење
и покорност, луѓето ги прави лицемерни. Религијата е спротивна на моралот и
затоа треба да се искорени.
МОДЕРНА ФИЛОЗОФИЈА

 Најзначајната карактеристика на 19 век (модерната епоха на човештвото)


е развојот на науката.
 Науката за прв пат суштествено се одделува од филозофијата токму во
овој период.
 Науката стана производна сила. Се појавува тенденцијата за
ограничување на метафизиката и за изградба на филозофијата како позитивна
наука.
 Филозофијата во овој период започнува да се развива како сноп од
дисциплини.
 Филозофијата, на речиси сите Универзитети станува основната
дисциплина, а филозофите се најзначајните наставници и раководители.
 Ова е и времето во кое филозофските дела се пишуваат на националните
јазици, а не само на латински јазик.

ИМАНУЕЛ КАНТ

 Роден во Кенигсберг, Источна Прусија


 основното прашање во Кантовата филозофија е Што е човекот? Ова
прашање има свои три потпрашања:
 Што можам да знам? – Логика, на него одговара во своето дело „ Критика
на чистиот ум“.

 Што треба да правам? – Етика, на него одговара во своето дело


„ Критика на практичниот ум“.

 На што можам да се надевам? – Естетика, на него одговара во своето


дело „ Критика на моќта на судењето“.
 Со тоа истакнал 3 најважни сили на човекот – сознание, волја, чувства.
 Неговата оригинална филозофска размисла е позната како критицизам
(поради методот што го применил и резултатите до кои дошол, во смисла на
анализа и испитување на границите на сознанието. Сакал да го уништи
затвореното и привидно знаење). или трансцедентален идеализам (идеите се оние
со кои се објаснува трансцедентот, она од другата старана на границата на
нашата познавателна моќ).
 Целото наше познание се состои од судови и тоа: аналитички apriori
судови, синтетички aposteriori судови и синтетички apriori судови.
 Човекот располага со три сознајни моќи: сетила, разум и ум.
 Според него постојат два вида сознанија:
- Сознанија a posteriori кои потекнуваат од искуството.
- Сознанија a priori кои НЕ потекнуваат од искуството и е пред искуството
(трансцедентално сознание исто така се користи и поимот „чист ум“ кој се
однесува на нашата внатрешна природа, во чистиот ум нема сетилни траги, тој
создава сознание независно од сетилното искуств, тоа е априорното сознание).
 Благодарејќи на она што не е искуство а, е пред искуството и истото го
овозможува, човекот може да ги среди осетите еднододруго (простор) и
едноподруго (време). Така се надминува хаосот на впечатоците.
 Според Кант има 12 категориите (најопштите поими)кои се поделени во 4
групи по 3(според квантитет –едност, мноштвеност и се’; според квалитет-
афирмација, негација, лимитација; според релација – акциденција-есенција,
причина последица, заемно дејствување; според модалитет-можност-невозможност,
стварност-нестварност, неопходност-случајност).
 Искуството без априорното е хаос, а априорното без искуството е празна
форма, ништо.
 Поимите без содржина се празни, перцепциите без поими се слепи.
 Човекот може да ги сознае само појавите – ФЕНОМЕНИТЕ (она што е
достапно со сетила и разум), но не и нештата по себе – НОУМЕНИ (она што не е
сетилно и разумно достапно)
 Умот е способност да се минат границите на појавниот свет. Умот
создава идеи.
 Човекот со своите моќи не може да ја сознае „стварта по себе“ бидејќи
таа се наоѓа надвор, од онаа страна на границите на нашето сознание
(трансцеденс). Она што човекот може да сознае е „стварта за нас“ (нештата за
нас) а, тоа е надворешноста, појавната страна на светот. Затоа велиме дека тој
е агностичар.
 Ако човекот настојува да ја дознае „стварта по себе“ тогаш неговиот ум
се заплеткува во противречностикои ги нарекол антиномии (противречни ставови,
спротивни во самите себе; догматска метафизика):
- Дали душата е смрттна или бесмртна?
- Дали Бог постои или не постои?
- Дали светот има почеток и крај во просторот и времето?
- Дали се е нужно или има и слобода и случајност?
- (стварите се деливи бесконечно или се деливи на најситни честички, атоми?)
Вака Кант, ја урнал метафизиката како теоретска наука.
 Чистата слободна волја си препишува самата на себе еден закон кој Кант
го нарекол категорички императив.
 Овој закон може да се разгледува од две страни: формална и содржинска.
- Од формална страна тој гласи: постапувај секогаш така да
максимата на твојата волја може истовремено да биде и закон за сите луѓе.
- Од содржинска страна тој гласи. Постапувај секогаш така да
човекот ти биде цел а, не средство.
 За Кант, морално е само она што е сторено од чиста должност.
(автономија во однесувањето – тоа е моја одлука)
 Во неговата етика постои и хипотетички императив. Тој е условен.
Делата кои се условени од нешто, може да бидат корисни, дозволени, легални но
не се нужни и високо морални. Тие се инспирирани од очекувањето на другите
дека така треба да се постапи (хетерономија во однесувањето – друг е креатор
на моралните норми кои треба да ги почитувам).
 Кант стоел со восхит и стравопочит пред две нешта: ѕвезденото небо над
нас и моралниот закон во нас.
 Во делото „Вечен мир“ ги изложил своите идеи против држењето војска и
водењето војни меѓу државите. За таа цел тој го вовел терминот пацифизам.
 Неговата естетика е формалистичка. За Кант, убаво е она што со својата
форма, без интерес, на сите нужно им се допаѓа.
ЗАПОМНИ:

 ТРАНСЦЕДЕНТАЛНО – Кантов поим за априорно, за она што се случува во


сознанието пред искуството.

 ТРАНСЦЕДЕНТНО – она што е од другата старана на појавите (ноуменот).

You might also like