You are on page 1of 2

Питагорејско братство

Питагора (Самос, 570-493г. п.н.е.), оној кој ја создаде божествената философија. Бог,
дајмон, според Јамблих. Се претпоставува дека е прв кој од скромност се нарекол философ,
сметајќи дека мудроста им е достапна само на боговите. Луѓето можат да бидат само љубители на
мудроста. За него се говори како за човек со исклучителна телесна убавина, величественост,
природно достоинство, реторска моќ, длабоки познавања од математиката, философијата,
астрономијата, музиката. Се облекувал во долга бела облека и имал долга коса со златни ленти во
неа. Го основал питагорејското братство кое имало религиозен, философски, етички и политички
карактер. Во школата постоеле строги правила на однесување и ритуали. Станувале рано, пред
изгрејсонце, а денот го започнувале крај морскиот брег. Следеле беседи, предавања, обреди, а
денот го завршувале со Златните стихови – што направив, што згрешив, што треба да направам?
Постоеле два вида предавања – езотерични и егзотерични. Егзотеричните предавања биле од
отворен вид и можеле да ги следат повеќе слушатели. Езотеричните биле од затворен вид. За
малкумината посветени. Егзотеричните ученици по пет години следење на предавањата и завет на
молчење можеле да стекнат постојан престој во школата и статус на езотерични ученици. Право
на престој имале и жените. Питагора уживал голем углед. Кога во расправа ученици не се
соглесувале и си противречеле, доволно било едниот соговорник да каже „Учителот кажа“ и
дискусијата завршувала. Питагора бил аристократски настроен и ја осудувал демократијата и
тиранијата. КОга избива буна предводена од демократите, питагорејците биле прогонети, сојузот
бил растурен.

Питагорејците не го барале архе-то во сетилниот, материјалниот свет. Материјалните


нешта се менливи и минливи. Тие настануваат и исчезнуваат. Суштина на сѐ што постои е бројот.
Главниот став на питагорејската философија гласи – Бројот е суштина на сите ствари и
универзумот е организиран така што претставува хармоничен систем од броеви и нивни
односи. Броевите се вечни, неменливи, трајни, неуништиви. Тие се основа на сѐ што постои. „Сите
нешта што можат да се сознаат имаат број, без него ништо не може да замислиме и сознаеме“
(Филолај) – секое својство може да се мери, изброи, споредува. Да се познае нешто, значи да се
сознае неговиот број, бројниот однос што владее во тоа нешто. Бројот е законитост на светот што
се искажува со пропорции како бројни односи. Питагорејците на броевите им давале мистични
својства. Броевите 4 и 9 настанати со множење на еднакви множители значеле справедливост,
бројот 5 како збир на првиот парен и првиот непарен број, го означувал бракот. Најважни се
броевите 1, 2, 3, 4 . Нивниот збир ја дава десетката, совршениот број, духовната основа на
светот. Аристотел укажува дека според питагорејците броевите се состав од принципите парно и
непарно. Парното е неограничено, а непарното ограничено. Едното произлегува од двете бидејќи
тоа е и парно и непарно, а броевите произлегуваат од едното, и целото небо е број. Питагорејците
ги сфаќале броевите просторно. Еден е точка, два е линија, три е површина, четири – цврсто тело.
Оттаму, да се каже дека сите ствари се броеви, значи да се каже дека сите тела се состојат од
точки или единици во просторот кои заедно го сочинуваат бројот. Доказ за овие претпоставки е
„тетрактис“, фигурата која ја сметале за света.
.

. .

. . .

. . . .

Тетрактисот покажува дека бројот десет претставува збир од броевите еден, два, три и четири.
Фигуралното користење на броевите покажува дека питагорејците ги сфаќале стварите како
броеви, а не само како нешто броиво.Математичките поими ги вовеле во поредокот на
материјалната стварност.

Питагорејците знаеле дека земјата е сферична и дека не е центар на светот. Според нив,
земјата и планетите се движат заедно со сонцето околу централниот оган, вселенскиот оган кој се
идентификува со бројот еден.

Естетичка теорија.

Учење на космичката хармонија и музиката на сферите.

За питагорејците, целото небо е хармонија и број. ПОстои т.н. музика на сферите,


совршена музика која луѓето не ја слушаат бидејќи се во неа. (Како оние покрај морскиот брег кои
по извесно време не ги слушаат брановите). Таа музика настанува како резултат на движењето на
планетите и нивната меѓусебна оддалеченост. Единствено вдахнатите музичари, оние кои се
упатени во питагорејското учење, можат да ја слушнат и на другите да ја подадат.

Музиката особено се почитувала во Питагорејското братство. Тие откривале односи меѓу


броевите. Помеѓу должината на жицата и висината на тонот. Насекаде ја барале совршената
пропорција. Убавината почива на совршен распоред на деловите.

Метемпсихоза. Учење за селењето на душите.

Питагорејците учеле дека душата е бесмртна. Таа е затворена во телото, но има моќ да се
прочисти и да се ослободи од телото. Услов е , етички да се воздигне и облагороди. Смртта не е
целосно , апсолутно исчезнување, туку селење на душата во друго тело во разни форми (од
животно до човек) Душата има можност да се прочисти до степен на совршенство. Секој човек
треба да избере каков живот ќе живее – теоретски (набљудувачки, контемплативен,
размислувачки), Практичен (политички, со учество во животот на заедницата) или хедонистички ,
посветен на насладите, телесните задоволства. За питагорејците најдобро е да се живее за
сознание, умерено и разумно, за да се постигне вечен спас за душата.

You might also like