You are on page 1of 1

Јаневски е роден во Скопје, каде што завршил основно и стручно-техничко училиште.

Учествувал во НОБ. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“,
а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца
„Титовче“, списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, литературниот
весник „Хоризонт“ и хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како
уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.

Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле
Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело седум члена.
Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН
центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967
година.

Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски


сценарија: во 1967 година, тој ја адаптирал класичната историска драма на Војдан
Чернодрински „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов; соработувал со Панде
Ташковски на филмската адаптација на епскиот воен роман „Доследни на заветот“,
пренасловен во „Македонскиот дел од пеколот“, во режија на Ватрослав Мимица; и ја
адаптирал сопствената хуманистичка новела „Две Марии“ за филмот со наслов „Јазол“, во
режија на Кирил Ценевски.

Јаневски е автор на многуброjни книги за деца, патописна проза, збирки раскази, романи и
поезија, коишто се преведени на повеќе светски јазици.

You might also like