You are on page 1of 1

Ѓорѓи Абаџиев(1910-1963)

Ѓорѓи Абаџиев- македонски раскажувач, романописец, историограф, публицист и сценарист.


Уште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна
Џумаја (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет
во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Бил
еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок
„Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето
во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за
национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР
Македонија и „11 Октомври“. Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.

Творештво

Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во
неговите дела. Автор е на книгите:

 „Труд и луѓе“
 „Изгрев“
 „Епопејата на Ножот“
 „Последна средба“
 „Арамиско гнездо“
 „Пустина“
 „Балканските војни и Македонија“
Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома.

You might also like