You are on page 1of 1

Хлорна вар- Calcii hypochoridum crudum-CaCl(OCl)

Добивање: Хлорната вар се добива со додавање на хлор во калциум хидроксид на


температура од 25 до 30 °С:

Cl 2+Ca(OH )2 →CaCl ( OCl ) + H 2 O

Таа претставува мешовита сол на хлороводородна и хипохлорна киселина

Cl 2+ H 2 O→ HCl+ HClO

Ca(OH )2 + HCl+ HClO →CaCl ( OCl ) +2 H 2 O

Докажување: Хлорната вар дава реакции на калциум и на хлор. Хипохлоридниот


анјон се докажува со р-р на КИ во кисела средина. Со додавање на хлор јодот го
обојува хлороформскиот слој виолетово.

CaCl ( OCl ) +2 KI +2 HCl → 2 KCl+CaCl2 + I 2+ H 2 O

Определување : Се определува со индиректна јодометриска титрација.


Елементарниот јод кој се добива при докажувањето се титрира со стандарден р-р на
натриум тиосулфат, во прсуство на скроб како индикатор.

I 2+ 2 Na2 S2 O 3 → 2 NaI + Na2 S4 O 6

Особини: бело-сив прав со пробивен мирис на хлор. Препаратот е стабилен се


додека се чува соодветно и целосно сув. Под дејство на влага и Цо2 се разградува и
издвојува хлор.

Употреба: Се користи како дезинфициенс за надворешна употреба. Се употребува


за дезинфекција на простории, предмети, вода, за плакнење на гнојни рани, против
гребаници на кожата во облик на масти и др.
При директна сончева светлина, хлорната вар ослободува кислород и кога се загрева
се распаѓа и може да предизвика експлозија. Затоа, оваа супстанција треба да се чува
во засенчени, ладни (незагреани) и проветрени места. При употреба на хлорната вар
неопходно е да се користи опрема за заштита на кожата и респираторни делови,
особено во претпријатијата што ги произведуваат и транспортираат.

You might also like