You are on page 1of 12

СУГС гимназија „Никола Карев“ - Скопје

Област: Хемија

Проектна задача:
Кислородот како основен елемент во живиот и неживиот
свет

Ментор: Изработил:
Проф. Нада Блажеска Александар Пецев IV-1

Скопје, 2013/2014 година


Содржина:

1. Вовед – поим, значење и наоѓање во природата ............................................ 3

2. Местото на кислородот во периодниот систем ............................................... 3

3. Кислородот како елемент во неорганската хемија .......................................... 6

4. Кислородот како елемент во органската хемија .............................................. 9

5. Употреба на кислородот .................................................................................. 10

6. Заклучок............................................................................................................ 11

7. Користена литература ..................................................................................... 12

2
1. Вовед – поим, значење и наоѓање во природата
За првпат во 1772 год. научникот Карл Вилхелм Шеле го изолирал кислородот како хе-
миски елемент. Независно од него, во 1774 год. кислородот го добил научникот Прис-
ли со затоплување на оксидот од живата (Hg). Тој го нарекол дефлогистониран воз-
дух. Научникот Лавоазје утврдил дека тој е составен дел на воздухот, а сметајќи пог-
решно дека е присутен во секоја киселина, му го дал името кислород (oxygenium) –
киселина што создава. Иако воздухот е невидлив, одамна е утврдено неговото реално
постоење, како и фактот дека зафаќа некој волумен. Научниците Галилео Галилеј и
Еванџелиста Торичели докажале дека воздухот има определена тежина, односно при-
тисок. Во воздухот, кислородот е застапен 20,94% волуменски, односно 23,14% тежин-
ски дел. Водата содржи 88,9% тежински кислород. Кислородот учествува во составот
на голем број минерали и карпи. Тој е составен дел на многу органски и неоргански со-
единенија.

2. Местото на кислородот во периодниот систем


Kислородот е осмиот хемиски елемент во периодниот систем. Се обележува со првата
буква О од латинскиот назив оxygenium. Зборот кислород доаѓа од двата старогрчки
зборови оксис – киселина и геиномаи – содржи. Во периодниот систем кислородот е
класифициран во р-елементите, неговата група е 16-та или VI-B и се наоѓа на втората
периода Кислородот е гас и спаѓа во групата на неметали. Неговиот атомски (реден)
број (А) е 8, т.е. има осум протони и осум електрони и овој број се означува на горната
лева страна на елементот. Масениот број или релативната атомска маса (М) претста-
вува збир на бројот на протони и бројот на неутрони, односно тој ке изнесува 15,999
или со приближна вредност – 16. Исто така, радиусот на атомите на кислородот изне-
сува 73рм, а неговата електронегативност (способност на еден атом да привлекува
електрони од друг атом) е мала, т.е. неговата вредност изнесува 3,44. Кога се соеди-
нува со други соединенија, секогаш кислородот е двовалентен – има способност да се
сврзе само со два елементи. За да се докаже колку валентен е кислородот, се пишува
неговата електронска конфигурација: 1s2 2s2 2p4. Кислородот како неметал има окси-
дационен број 2, и јонски број -2, а тоа е еднакво со валентноста. Последниот дел од
овој неметал е густината, т.е. како и сите други гасови кислородот има мала густи-
на .

3
 Добивање
За индустриски цели кислородот се добива:

a) со фракциона дестилација на течен воздух

Течниот воздух е смеса на течен кислород, течен азот и инертни гасови и се подложу-
ва на фракциона дестилација во специјални апарати. Азотот има пониска точка на
вриење (-195,8°C) од кислородот (-183°С), поради што гасовитата фаза (пареата) ќе
биде сè побогата со азот, а течната фаза со кислород отколку што имал течниот воз-
дух пред дестилацијата. Во гасовитата фаза азотот го придружуваат гасовите хелиум
(Не) и неон (Ne), а криптонот (Кr) и ксентонот (Хе) остануваат во течна фаза. Течната
фаза се подложува на повеќекратна фракциона дестилација и кондензација и по таков
пат се добива кислород со 99,5% чистота;

b) со електролиза на водата

На водата што се подложува на елетролиза й се додава јака база NaOH (натриум хид-
роксид) или KOH (калиум хидроксид) за подобрување на нејзината спроводливост. Во
индустријата, обично, се употребуваат електроди од железо. За да се добие 1м3 кис-
лород, се трошат 12kWh (киловат-часови) електрична струја. Притоа се добиваат 2м3
водород, но овој гас лесно може да се отстрани. Поради големото количество на
електрична енергија што се троши при електролиза, овој метод може да биде рентаби-
лен само при многу евтина електрична енергија. Во лабораториски услови, кислородот
се добива со разложување на разни негови соединенија (оксиди – SO2, CO2, Fe2O3...;
соли – Na2SO4, Fe3(PO4)2 итн.) богати со кислород. Во лабораториски услови, тој нај-
често се добива при затоплување на калиум хлоратот (KClO3) на температура над
350°С. Притоа, калиум хлоратот прво се стопува, а потоа преминува во калиум хлорид
(KCl) и се ослободува кислород (О2). Оваа реакција се запишува со следната равенка:

2KCl+3О2=2KClO3

Aко кон калиум хлоратот се додадат мали количества од ситен прав на манган диок-
сид (MnO2), разложувањето на KClO3 започнува над 150°С при што се добива KCl и
кислород. Мангановиот диоксид го забрзува разложувањето на калиум хлоратот, а на

4
крајот од реакцијата, неговото количество останува непроменето. Супстанциите кои
забрзуваат еден хемиски процес, а на крајот од тој процес остануваат неизменети се
викаат катализатори, а процесот – катализа. Кислородот се транспортира во мали ко-
личества во специјални челични боци под притисок од 15198кРа, а големи количества
во течна состојба, во специјални цистерни.

 Својства

На обична температура кислородот е гас без боја, мирис и вкус. На температура од


-183°С овој гас врие, а на температура од -218°С се топи. Течниот кислород има бле-
досина, а тврдиот сина боја. Неговата густина во однос на воздухот е ,

густината на течниот кислород е , a на тврдиот е (на -252°С).

Во нормални услови, еден литар од течниот кислород тежи 1,42905g. Кислородот сла-
бо се раствора во вода. Во еден литар вода на собна температура од 20°С се раство-
ра 31,1cm3 О2, а на ниска температура од 0°С се раствора 49,1cm3 O2. Eден литар ета-
нол (С2Н5ОН) на собна температура од 20°С се раствораат 218cm3 О2. Молекулот на
кислород е составен од два атоми. На температура од 1300°С почнува да се распаѓа
на атоми. Реакцијата се запишува со равенката:

О2+490,23кЈ=2О

Зголемувањето на температурата води до побрзо распаѓање на молекулот. Кислоро-


дот е многу активен елемент. На голема температура тој директно се сврзува со сите
елементи. Исклучок се инертните гасови, златото (Au) и платината (Pt) и некои халоге-
ни елементи. Зажарено чкорче во присуство на кислород силно се разгорува. Слично
на ова, многу метали силно горат во кислород отколку на воздух. Притоа се ослободу-
ва топлина и се создаваат соодветни оксиди. Оваа реакција се запишува со следните
равенки:

S+O2=SO2+293,3kJ

C+O2=CO2+393,88kJ

Со металите кои имаат изразито јак метален карактер (Na, K, Ca итн.), кислородот бр-
зо се сврзува на обична температура. Со другите метали, брза оксидација се добива
само на повисоки температури. Равенките за овие реакции се следните:

4Fe+3O2=2Fe2O3

2Mg+O2=2MgO

5
Кислородот им е неопходен на животните и растенија за одржување на процесот ди-
шење. Животните дишат од атмосферскиот кислород, а рибите од кислородот раство-
рен во водена средина. Ноќно време растенија „дишат“ кислород. Човекот троши око-
лу 600g за време од 24 часа. Недостатокот на кислород во ткивата – хипооксија може
да доведе до смрт. Процесите „тлеење“ и „гниење“ на разни органски супстанции, како
и процесот дишење, претставуваат бавна оксидација. Притоа доаѓа до разложување
на сложени органски супстанции на попрости. Мали количества кислород се докажува-
ат со силно концентриран раствор на пирогалол (C6H6O3(бензен,1,2,3-триол)). Негови-
от безбоен раствор во присуство на кислород се обојува темноцрвено.

3. Кислородот како елемент во неорганската хемија


Кислородот е составен елемент на неорганските соединенија. а неоргански соедине-
нија се: оксиди (метални и неметални), хидроксиди (обични и растворливи во вода),
киселини (безкислородни и кислородни) и соли.

 Соединенија на кислородот

 Оксиди

Оксиди се неоргански соединенија кои се составени од метал или неметал и кислород.


Во зависност со кој елемент се соединува, тие се делат на метални (ако има метал:
Mg, Fe, Zn, Ca и др. и неметални (ако има неметал: S, N, F, Cl и др.). Примери за окси-
ди се: SO2 (сулфур диоксид), CO2 (јаглерод диоксид), Fe2O3 (железо (III) оксид), NO
(азот моноксид), Cu2O (бакар (I) оксид), ZnO (цинк оксид) итн. Оксидите кои реаги-
раат со вода и градат киселини се викаат киселински оксиди или анхидриди на ки-
селини.

 Киселини

Киселините се соединенија кои се составени од водород и киселински остаток. Тие мо-


же да бидат составени од два или повеќе елементи. Оваа група на неоргански соеди-
ненија се дели на две групи на киселини - безкислородни (ако во киселината има
атом на кислород) и кислородни (ако во киселината воопшто нема кислородни ато-

6
ми). Примери за киселини се: H2SO4 (сулфурна киселина), H3PO4 (фосфорна кисе-
лина), H3AsO4 (арсенова киселина), HNO3 (азотна киселина) итн.

 Хидроксиди

Хидроксидите се неоргански соединенија кои се составени од атом на метал и една


или повеќе хидроксилни (-OH) групи. Примери за хидроксиди се: КОН (калиум хидрок-
сид), Zn(OH)2 (цинк хидроксид), NaOH (натриум хидроксид) итн. Во хидроксилната
група кислородот е двовалентен (како и по дефиниција), но целата –ОН група е едно-
валентна.

 Соли

Солите се соединенија составени од атоми на метал и киселински остаток. Ако се про-


учува нивното добивање, тие се добиваат на осум начини: 1) метал и киселина; 2) ме-
тал и неметал; 3) оксид на метал и киселина; 4) оксид на неметал и база; 5) оксид на
метал и оксид на неметал; 6) база и киселина; 7) сол(I) и киселина(I) и 8) сол(I) и ба-
за(I). Во повеќе случаи киселинскиот остаток е изграден од кислород и неметален
атом. Примери за соли се: Fe2(SO4)3 (железо (III) сулфат), Na3PO4 (натриум фосфат),
NaHCO3 (натриум хидроген карбонат), CuSO4 · 5H2O (бакар (II) сулфат пента хид-
рат) итн.

 Озон

Во 1785 год. научникот Ван Марун констатирал дека воздухот во близина на електрич-
ната машина што работи, добива посебна миризба – електрична миризба. Научникот
Шенбајн, во 1840 год. утврдил дека електричната миризба на воздухот се должи на
присуството на нова супстанција во воздухот на која й го дал името озон О3 (од старо-
грчки: озеин – мириса). Тој не го утврдил точниот состав. Сметал дека озонот е оксид
на азотот или пероксид на водородот. Научниците Де Ла Рив и Трему, во 1840 год. го
добиле озонот од кислородот, а подоцна, научникот Сорет докажал дека озонот се до-

7
бива со концентрација на три волумени кислород (3VO2) во два волумени на озон
(2VO3). Озонот го има во мали количини во воздухот, особено во слоевите близу до
Земјата. Некои извршени мерења покажуваат дека неговото количество во тие слоеви
се движи околу 10-6 до 10-8%, што зависи од местото и неговата надморска височина.
Овде озонот се создава при разни оксидациони процеси на смоли што лесно се окси-
дираат и други супстанции, како и при електрични испарувања во атмосферата. Во по-
високите слоеви, максималната концентрација на озонот е од 20-30km. Таа настанува
под дејство на ултравиолетовите зраци на кислородот од воздухот. Се смета дека ова
количество под атмосферски притисок би можело да создаде слој околу Земјата со де-
белина од 3mm. Малата застапеност на озонот во долните слоеви се толкува со него-
вото разложување од зраците со поголема бранова должина. Озонот може да се соз-
даде при различни хемиски процеси. При електролиза на сулфурна киселина (H2SO4),
како и при реакцијa на флуор (F) со вода се создава озон. Тој може да се добие кога на
калиум перманганат (KMnO4) дејствува концентрирана сулфурна киселина. При оваа
реакција, прво се образува диманган хептаоксид (Mn2O7), која се распаѓа и дава озон.
Равенката за добивање на озон се запишува:

2KMnO4+2H2SO4=K2SO4+Mn2O7+H2O

2MnO2+O3=Mn2O7

Озон се создава со озрачување на кислород со ултравиолетови зраци, особено со по-


мала бранова должина (<2100·10-10m). Поради тоа, озонот се наоѓа во близината на
кварцните лампи кои зрачат ултравиолетови зраци, за зрачење на некои болни делови
од организмот. Озонот е гас со синкава боја и карактеристична миризба на лук/метал.
Врие на температура од -112°С, а се топи на температура од -251,4°С. Течниот озон
има синовиолетова боја, а кристалите на тврдиот озон се темновиолетови. Густината
на озонот во однос на воздухот е . Еден литар од течниот озон во нормал-

ни услови тежи 2,140g. Како што се дијамантот и графитот алотропски модификации


на јаглеродот, така и озонот е алотропска модификација на кислородот. Неговиот мо-
лекул е составен од три атоми на кислород → O3, а структурната формула му е цик-
лична. Озонот како ендотермна супстанција е нестабилен. Чистиот озон експлозивно
се распаѓа на ниски температури. Распаѓањето може да се забрза со примена на не-
кои супстанции во прав (MnO2, Pt, Co итн.). Исто така, оваа алотропска модификација
се употребува за белење на разни супстанции (восок, слама, перја итн.), за обезмири-
сување на масла, за вентилација на рудници итн. Во некои градови се користи за сте-
рилизирање на водата. Се пушта озониран кислород во водата за пиење, а таа содржи

8
од , што е достапно да ги уништи штетните микроорганизми. Зголеменото ко-

личество на озон во водата брзо се распаѓа. Исто така може да се употреби за стери-
лизирање на воздухот во магацини каде се чува храна или други хранливи материи.

4. Кислородот како елемент во органската хемија


Органската хемија е дел од хемијата кој ги изучува соединенијата кои се изградени
главно од јаглерод. Но, покрај јаглерод, во едно соединение има и други метални и не-
метални атоми. Кислородот е вториот неметален елемент кој е главна компонента во
органските соединенија. Органски соединенија се: јаглехидрати (шеќери), липиди (мас-
ти), протеини (белковини), алкохоли, алдехиди, кетони итн.

 Соединенија на кислородот

 Алкохоли
Алкохолите се органски соединенија кои се составени од радикал и хидроксилна гру-
па. Тие може да се поделат на два начини – според радикалот и според бројот на хид-
роксилните групи. Примери за алкохоли се: C2H5OH (етанол), C4H9OH (бутанол),
C5H11ОН (пентанол), СН3ОН (метанол) итн.

 Алдехиди

Алдехидите се соединенија кои во составот имаат –СНО група сврзана за радикал.


Таа е функционална група на алдехидите и е наречена алдехидна група. Овие соеди-
ненија имаат сличности со кетоните. Примери за алдехидни соединенија се: HCHO
(метанал/формалдехид), CH3CHO (етанал/ацеталдехид), C6H5CHO (бензалдехид)
итн.

 Кетони

Кетоните се органски соединенија кои се составени од карбонилна/кето група и е свр-


зана за два радикали. Карбонилната група се означува =С=О, која за разлика од алде-
хидната група разликата е што еден радикал е заменет за еден атом на водород. При-
мери за кетони се: CH3COCH3 (пропанон/ацетон), CH3COCH2CH3 (бутанон) итн.

9
 Јаглехидрати (шеќери)

Јаглехидратите (шеќерите) претставуваат полихидроксилни алдехиди или полихид-


роксилни кетони и супстанции кои при хидролиза даваат полихидроксилни алдехиди
или полихидроксилни кетони. Овие соединенија се високооргански соединенија и има-
ат важна улога во животните процеси. Примери за јаглехидрати се: C6H12O6 (глукоза
(гроздов шеќер) и фруктоза (овошен шеќер)), C12H22O11 (сахароза/обичен или
кристален шеќер), C5H10O5 (рибоза) итн.

 Липиди (масти)

Липидите (мастите) се сложени органски соединенија во кои основни компоненти се


различни естери помеѓу глицеролот и виши масни киселини. Тие не се растворуваат
во вода, а се раствораат во органски растворувачи (етер, ацетон, хлороформ). Приме-
ри за липидни соединенија се: CH3(CH2)10COOH (лауринска киселина), C15H31COOH
(палмитинска киселина), C17H35COOH (стеаринска киселина) итн.

 Протеини (белковини)

Протеините се високооргански соединенија кои се изградени од јаглерод, водород,


кислород и азот. Тие имаат макромолекулска структура, односно се изградени од по-
веќе аминокиселини – повеќе мономерни ензими. Примери за аминокиселини се:
C2H5NO2 (глицин), C3H7NO2 (аланин), C6H13NO2 (изолеуцин) итн.

5. Употреба на кислородот
Во техниката кислородот се применува за добивање на високи температури, бидејќи
со горењето на некои гасови (водород→Н, ацетилен/етин→C2H2) може да се добијат
температури и до 4000°С. Поради тоа се употребува за заварување и сечење на мета-
ли. Исто така, кислородот се користи за добивање на азотна (HNO3) и сулфурна
(Н2ЅО4) киселина. Течниот кислород измешан со супстанции кои лесно горат (јагленов
прав, памук итн.) се употребува како експлозив (оксиликвит), бидејќи ако се запали
силно, експлозивно гори. Авијатичарите на голема височина дишат кислород од специ-

10
јални апарати, нуркачите под вода користат вештачки воздух. Чистиот кислород наоѓа
примена и во медицината за лекување на некои болести на белите дробови или при
некои труења.

6. Заклучок
Ако клетката е основна, градбена, структурна и функционална единица на живите
организми, кислородот е основна градбена единица на водата и воздухот или со други
зборови – главна компонента на биосферата (живиот свет). Тој гради многу органски и
неоргански соединенија, од каде произлегува неговото имe дека тој создава. Неговата
електронска конфигурација и неговите својства помагаат за поврзување со многу
елементи. Ако основата на животот е кислород, тоа значи дека минатото, сегашноста
и иднината се незамисливи без него, а тоа ја докажува неговата огромна важност за
целиот жив свет, т.е. природата.

Планетата Земја е вечно благодарна на кислородот.

11
7. Користена литература
 Хемија за IV година, реформирано гимназиско образование, проф. д-р Ки-
ро Стојановски, проф. д-р Слоботка Алексовска, Просветно дело, 2009;

 Хемија за I година, реформирано гимназиско образование, проф. д-р Бојан


Шоптрајанов, Просветно дело, 2009

 Das Visuelle Lexikon, Dorling Kindersley Limited, London, (Publikation in der


Deutschen Nationalbibliografie), 2003 (www.dnb.ddb.de; www.gerstenberg-ver-
lag.de);

 Schülerlexikon, Dorling Kindersley Limited, London, (Publikation in der Deu-


tschen Nationalbibliografie), 2003 (www.milkmoon.de; www.dnb.ddb.de);

 Children's Illustrated Encyclopedia, Dorling Kindersley Limited, London, 2002


(www.dk.com);
 Хемија за 7 одделение, проф. д-р Гордана Донева – Атанасоска, проф. д-р
Слоботка Алексовска, проф. д-р Босилка Малинкова, Просветно дело, 2006
 Неорганска хемија, проф. д-р Димче Тошев, Просветно дело, 1981
 Интернет

12

You might also like