You are on page 1of 3

Хемија Тема 5 и 6

Тема 5
1.Солите се неоргански соодиненија составени пд метал или амино
група и киселински остаток. Солите можат да бидат Нормални,
Хидрогени, Хидроксидни, Двојни соли и Кристалохидрати. Солите можат
да се добијат на 7 начини:
 Со реакција на метал и киселина при што се добива сол и
водород
 Со реакција на метелн оксид и киселина при што се добива сол
и вода
 Со реакција на метален хидроксид и киселина при што се
добива сол и вода
 Со реакција на метален карбонат и киселина при што се
добива сол и вода и јаглерод диоксид
 Со реакција на 2 разлицни соли при што се добиваат 2 сосема
други соли
 Со реакција на метал и неметал при што се добива сол и други.
2. Оксидите можат да се поделат според составот и својствата.
Според составот можат да бидат метални и неметални. Атомите
наелементите во една градбена единка на метален оксид се поврзани со
јонска врска. Тоа значи, дека металните оксиди се изградени од метални
катјони и оксидни анјони. На пример, натриум оксидот е изграден од
натриумови катјони и оксидни анјони. Најголем дел од металните оксиди
имаат базни својства и велиме дека се базни оксиди. Тие можат да
реагираат со киселини и да образуваат соли. Помал дел од металните
оксиди се амфотерни.И овие оксиди можат да реагираа со киселини но
можат да реагираат и со бази. Од ова можеме да заклучиме дека металните
оксиди може да стапат во реакции со киселини при што се образува
соодветна сол и вода.
3. Најчесто среќаван карбонат е калциум карбонатот. Тој е главна
компонента на варовникот. Кога карбонат реагира со киселина се добива
сол и вода и јаглерод диоксид. Присуството на јаглерод диоксидотсе
докажува со варова вода. Реакција помеѓу карбонат и киселина може да се
користи за добивање соли.
4. При реакција на карбонатите со киселин се ослободуваат
меурчиња од јаглерод диоксид. Според ова, реакцијата е завршена кога
веѓе не забележваме издвојување на меурчиња. Сепак, за да бидеме
сигурни дека сета киселина се потрошила, додаваме нерастворлив
карбонат во вишок. Вишокот останува како црста супстанца на дното од
чашата со образуваниот раствор од сол. Сега, можеме да го исфилтрираме
вишокот карбонат за да го раздвоиме растворот од солта како филтрат. Но,
постојат некокку карбонати кои што не се растворливи во вода. За овие
карбонати постапката опишана погоре не е соодветна. Ако додадеме
вишок од растворлив карбонат кон киселината, растворот ќе се раствори
во образуваниот раствор, па нема да постои цврста супстанца што би ја
филтрирале. Така, ако ја испариме водата од вака добиениот раствор нема
да добиеме само кристали од солта туку смеса од солта и неизрегираниот
растворлив каррбонат. Затоа, за растворливи карбонати ни е портебно
дрвен јаглен. Дрвениот јаглен се употребува за отстранување на бојата на
индикаторот од растворот на солта преку вриење. Потоа, дрвениот јаглен
се филтрира и солта може да се кристализира од нејзиниот раствор на
вообичаениот начин.
5. Хидроксидите се соединенија кои што содржат OH-група. Веќе
споменабме дека хидроксидите растворливи во вода се нарекуваат бази.
Една од поважните реакции во хемијата е реакцијата на неутрализација.
Всушност, овој тип реакции е еден од налините за добивае соли. Реакција
на неутрализација се случува кога киселина реагиа со база при што се
добива сол и вода. За утврдување на киселоста на средината користиме
индикатори. За добивање на соли со помош на реакција на неутрализација
најчесто се нарекува постапка наречена титрација. Со помош на титрација
може и да се определи концентрацијата на киселината или базата што
учествува во реакцијата. Апаратурата потрена за изведување на титрација
е омдерна пипета( за точно одмерување на волуменот на киселината или
базата) , ерленмаер (во него се става течноста што се пипетира т.е. еден од
реактантите) и градуирана стаклена пипета ( за додавање мали количества
од реактантот што се наоѓа во неа).

Тема 7
1. Знаци за хемиска промена се промена на боја, појава на талог,
појава на гас( меурчиња) и појава на пламен и чад. Во зависност
од промената на температурата реакциите можат да бидат
егзотермни и ендотермни. Егзотермните реакции се оние реакции
во кои се ослободува топлина. Ендотермните реакции се оние
реакции во кои доаѓадо апсорбција на топлината. Кога пораснува
температурата тоа е егзотермна реакција, а кога се намалува тоа е
ендотермна.
2. Егозтермни реакции се реакција на замена и горење. Горење е
исто со согорување или оксидација. Горењето е хемиска реакција.
При гоење се ослободуваат оксиди и се ослободува топлина. На
пример горење на восок. Восок и кислород=Јаглерод Диоксид и
Вода.
3. Горењето може да биде целосно и нецелосно.Јаглероводородните
горива можат дапредизвикаат појава на црн чад при нивното
горење. Чадот е составен од ситни честички на цврст јаглерод од
горивото. Целиот јаглерод од горивото не се претвора во јаглерод
диоксид. Ова е наречен нецелосно горење. Кога се користи
природен гас доаѓа до целосно согорување. Природниот гас е
главно составен од соединението метан. Метан спаѓа во
јаглероводородите, соединенија изградени само од елементите на
јаглерод и водород.
4. При триење на чкорчето од рапава површина топлинската
енергија предизвикува хемиска реакција кај главата начкорчето.
Тетрасфор трисулфидот се разложува и почува да гори. Ова ја
иницира реакцијата на согорување на антимон(III) сулфидот.
Оваа реакција станува побурна благодарение на калиум хлоратот,
што овозможува дополнително количество кислород потребно за
согорување. Сега температурата е доволна висока за да
предизвика палење на дрвеното чкорче. Избираме гориво според:
содржина на енергија, достапност и дена, токсичност, ефект на
загадување и начин на чување и употреба.

You might also like