You are on page 1of 27

1.

Семејството претставува:

Заедница на родители и деца.

2. Еднородителско семејство е семејство во кое живеат:

Еден родител со едно или повеќе деца.

3. Матријархалното семејство значи дека за потомството се грижи:

Мајката.

4. Кој има право на сопственост?

Право на сопственост има човекот кој ги поседува или ги присвоил нештата.

5. Приватноста постои кога:

Кога не сакаме да споделиме некоја информација со некого.

6. Што ни овозможуваат дневните весници?

Дневните весници секојдневно не известуваат за се она што се случува околу

нас.

7. Весник за секојдневно информирање на читателите со сериозни вести,

информации и анализи се нарекува:

Квалитетен печат.

8. Различните начини на информирање се:

Сателити, радио врски, телевизии, телефони, интернет и др.

9. Кога во едно семејство постои љубов, почит и разбирање тоа значи дека
семејството:

Добро функционира.

10. Кои членови го сочинуваат потесното семејство?

Потесното семејство се состои од двајца родители со своите деца.

11. Семејството во кое што децата живеат со еден родител се нарекува:

Еднородителски семејства.

12. Децата активно учествуваат во семејниот живот во:

Современото (декократско) семејство.

13. Кои членови во семејството треба да учествуваат во извршувањето на

активностите околу средувањето на домот?

Во домаќинството потребно е секој да даде свој придонес во извршувањето на

секојдневните активности.

14. Обврската да се чуваат работите во домот припаѓа на:

Сите членови на семејството имаат право да ги користат сите работи во својот

дом, но и обврска да ги чуваат.

15. Кога младенците склучуваат брак во општината тие:

Се регистрираат во матичната книга.

16. Домашниот буџет го сочинуваат:

Сите пригоди (парични примања) во семејството.

17. Кој е првиот и најстар електронски медиум?


Најстар електронски медиум е радиото. Првото радио е направено во 1920год.

18. Предолгото седење пред телевизор и следење на најразлични ТВ-емисии:

Негативно влијае врз развојот и здравјето на човекот.

19. Братот на мојата мајка мене ми е:

Вујко.

20. Синот на мојата тетка мене ми е:

Братучед.

21. Ако секогаш кога мајката ги мие садовите таткото чита весник, тогаш

положбата на мајката во ова семејство е:

Подредена.

22. По завршување на домашната задача средувањето на работната маса е:

Моја обврска.

23. Мими купи цвет по повод празникот 8-ми Март. Цветот ќе го подари на:

Својата мајка.

24. Марко ја донесе својата фудбалска топка од дома за да можат децата од

IV-а

одделение да играат фудбал на големиот одмор. Во чија сопственост е

топката?

Топката е во сопственост на Марко.


25. Кој од наведените примери покажува почитување на приватноста?

Приватност постои кога не сакаме да споделиме некоја информација (тајна) со

некого.

26. За добро функционирање на зградата потребно е барем еднаш месечно да

се одржува:

Куќен совет, за да разговараат за прометите од секаков вид и нивно решавање.

27. Да бидеме солидарни значи да:

Значи да бидеме несебични во давањето помош на другите, односно да

бидеме свесни за потребите од заедничко дејствување.

28. Просторот кој е наменет за користење од страна на сите луѓе се вика:

Јавно место, на кое треба да се однесуваме пристојно и културно.

29. Поголемите населени места се нарекуваат:

Градови.

30. Која е најголемата котлина во Република Македонија?

Пелагонија е најголемата котлина во РМ.

31. Реките и езерата на географската карта се означени со:

Сина боја.

32. Планинските предели на географска карта се означени со:

Кафена боја.
33. Од која страна на светот изгрева сонцето?

Сонцето изгрева од Исток.

34. Направата која ни ги покажува страните на светот се вика:

Компас.

35. Релјефот на географската карта е претставен со картографски:

Картографски бои и картографски знаци.

36. Кое од наведените зборови е име на највисоката планина во јужниот дел на

Република Македонија?

Баба е највисока планина во јужниот дел на РМ.

37. На која планина се наоѓа највисокиот врв во Република Македонија?

Највисокиот врв на РМ се наоѓа на планината Кораб и изнесува 2764 метри.

38. На која страна од светот на географската карта на Република Македонија

се наоѓа градот Гевгелија?

Градот Гевгелија, на геогравската карта на РМ, се наоѓа на југоисточната

страна од светот.

39. На која страна од светот на географската карта на Република Македонија

се наоѓа градот Дебар?

Градот Дебар, на геогравската карта на РМ, се наоѓа на западната страна од

светот.

40. На која страна од светот на географската карта на Република Македонија


се наоѓа градот Делчево?

Градот Делчево, на геогравската карта на РМ, се наоѓа на источната страна од

светот.

41. Како се нарекува надворешниот изглед на земјината површина?

Надворешниот изглед на земјината површина се нарекува релјеф.

42. За добри соседски односи треба:

Кон соседите да се однесуваме пристојно, да градиме добри односи и да им

пружиме помош кога таа им е потребна.

43. Која од наведените представува група од општествени институции?

Општествени институции се училиште, банка, пошта, аптека, кино, полиција,

болница и др.

44. Во изборот на советот на граѓани во една месна заедница учествуваат:

Сите жители на тоа место.

45. Општествените институции имаат за цел да ги задоволат потребите на:

Граѓаните.

46. Во игрите со топка за да не направиме некоја штета на соседите, потребно

е да играме:

Потребно е да го одбереме најблиското игралиште на кое слободно ќе можеме

да уживаме во играта.

47. По што се разликуваат планините од рамнините на гегографска карта?


Планините од рамнините на географската карта се разликуваат по

картографските бои.

48. На географска карта страната на светот југ се наоѓа:

Југ се наоѓа долната страна.

49. Бројот на куќата на Мартин е парен. Тоа ни кажува дека неговата куќа се

наоѓа:

Неговата туќа се наоѓа на десната страна од улицата.

50. Дедо Милан треба да ги подигне парите од својата пензија. Тој треба да

отиде во:

Банка.

51. Зехра има висока температура. Докторот и рече дека треба да пие сируп.

Од

каде ќе го земе сирупот?

Сирупот ќе го земе од аптека.

52. Учениците од IV-3 одделение ќе ја посетат планината Јабланица. Пред да

одат на посета сакаат да видат на географска карта каде се наоѓа оваа

планина. За да ја најдат тие треба да бараат предел обоен со:

Кафејава боја.

53. На географската карта точно ќе најдеме каде се наоѓа Пелагонија ако ги

следиме пределите обоени со:

Зелена боја.
54. Низ прозороецот од собата на Марија сонцето грее во попладневните

часови.

На која страна од светот се наоѓа собата на Марија?

Собата на Марија се ноаѓа на западната страна од светот.

55. Сакаш да го посетиш калето во Скопје. За подобро да најдеш каде се наоѓа,

тебе ти треба:

План на градот (карта со крупен размер).

56. Како треба да се однесуваме во периодот кој според куќниот ред е

планиран за одмор?

Тоа е периодот од 17 до 19 часот кога не треба да се прави врева, бидејќи

нашите соседи најверојатно одмараат.

57. На Ахмет баба му е банкарка, на Мирче татко му е поштар, а мајкаму на

Коле е докторка. Сите тие работат во:

Институции на општината.

58. Група ученици сакаат да го посетат Археолошкиот музеј во Скопје. За

подобро да се снајдат секој користи по нешто. Ајлин има глобус, Весна има

географска карта, Виктор има план на градот, а Мустафа има сообраќајни

знаци. Кој од нив најлесно ќе најде каде се наоѓа Археолошкиот музеј?

Археолошкиот музеј најлесно ќе го најде Виктор кој има план на градот.

59. Каде се спроведува локалната самоуправа?

Локалната самоуправа се спроведува во локалните заедници на општината.


60. Граѓаните во една општина формираат здруженија на граѓани за:

За успешно функционирање, граѓаните формираат здружение на граѓани.

61. Градоначалникот ја представува и застапува:

Општината.

62. Кои се органи на општината?

Органи на општината се: совет на општината и градоначалник.

63. Градоначалникот на општината е задолжен:

Да ја претставува и застапува општината и да ги реализира одлуките на

советот.

64. Која од наведените дејности е земјоделска?

Земјоделски дејности се: пољоделство, сточарство, овоштарство, лозарство,

лов и риболов и шумарство.

65. Која од наведените дејности спаѓа во нестопански дејности?

Во нестопанска дејност спаѓаат, образование, здравство, наука, култура,

полиција, администрација и др.

66. Луѓето кои вршат продажба на веќе готовите производи се занимаваат со:

Трговија.

67. Како се нарекуваат парите во Република Македонија?


Денари.

68. Банкноти се:

Хартиени (книжни) пари.

69. Службата за комунални дејности сметот го носи на одредено место кое е

наречено:

Сметот се собира со специјално опремени возила и се носи до одредено место

наречено депонија.

70. Што од наведеното не претставува верски објект?

Верски објект е црква, џамија, катедрала, а се друго не претставува верски

објект.

71. Кога имаме почитување на слободата и приватноста на секого, тогаш

велиме дека има:

Демократија (владеење на народот).

72. Заедницата на жители на одредено подрачје се нарекува:

Општината е заедница на жители на одредено подрачје.

73. За граѓани на една општина се сметаат:

Граѓаните кои живеат на подрачјето на таа општина.

74. Советот на општината го води:

Претседателот на советот на граѓани.


75. Во близина на шумите потребно е да има фабрика за изработка на:

Фабрика за преработка на дрвото.

76. Во близина на лозовите насади потребно е да има:

Фабрика за преработка на земјоделските производи (лозје).

77. Каде НЕ се врши трговија?

Трговија се врши во поголеми продавници, супермаркети, стоковни куќи или во

помали дуќани. А не се врши каде што нема продавници и дуќани.

78. Луѓето кои ги пречекуваат оние кои доаѓаат во посета и разгледување на

природните убавини се занимаваат со:

Се занијмаваат со туризам.

79. Златарот се занимава со:

Изработка на предмети од злато во занаетчиска работилница.

80. Фирмите и претпријатијата на граѓаните им овозможуваат:

Им овозможуваат вработување за што добиваат плата.

81. Начинот на живеење на еден народ кој живее на одредена територија

претставува:

Претставува негова култура.


82. Во една општина група културни институции може да бидат:

Културни институции може да бидат: домови на култура, кина, театри, културно

уметнички друштва КУД, верски објекти.

83. Едно од културните обележја на еден народ представува:

Негова традиција.

84. Грбот и знамето претставуваат обележја на општината. Тие се:

Нејзини симболи.

85. Кога има владеење на народот а како негови основни вредности се јавуваат

слободата и толеранцијата, тогаш има:

Демократија.

86. Кога група граѓани доставуваат некој предлог за решавање на одреден

проблем до општината а истата не е надлежна за решавање на тој проблем,

тогаш општината:

Ако општината не е надлежна за поставениот проблем, истиот треба да го

препрати (достави) до онаа институција што е надлежна за истиот.

87. Eдна од должностите на секоја општина е:

Должност на општината е да се грижи за подобрување на животот во неа.

88. Во посета на „Спомен куќата на Тоше Проевски“ дојдоа една група на

ученици од основно училиште од Битола, другата група беа од Велес, третата

група од Струга и четвртата група од Струмица. Од какви општини се тие?

Тие се од општина со градска самоуправа.


89. Учениците од ОУ„Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар имаат потреба од

изградба на нова фискултурна сала. Тие поддржани од наставниците и

директорот на училиштето ќе поднесат барање во:

Месната заедница на општината.

90. Советот на општината треба да одржи седница на која ќе се решава за

изградба на фонтана во таа општина. Седницата на советот ќе ја свика:

Претседателот на советот.

91.Таткото на Илир е рударски инженер и работи во рудник. Тој се занимава со:

Се занимава со стопанска дејност (рударство).

92. Дедо Раде има стотици насади со праски и сливи. Тој е:

Земјоделец.

93. Дел од населението во Охрид се занимава со туризам, а друг дел со

трговија.

Тие зе занимаваат со:

Нестопанска дејност.

94. На учителката Мира и се скина рачката од чантата. За да ја поправи таа

треба да ја однесе кај:

Кројачот.

95. Борјан во продавница купи сладолед и доби кусур од пет денари. Тој доби:

Монета.
96. Во Тетово едно утро заврна многу снег. Станарите од една зграда едвај

можеа да ја отворат вратата од влезот. Кој треба да се погрижи за

расчистувањето на снегот пред зградата?

Жителите на таа зграда.

97. Огуз и Александар се најдобри другари и заедно ќе одат во театар да

гледаат претстава. Тие ќе одат во:

Општествена институција (театар).

98. Кога ќе пораснеш и ќе бидеш полнолетен ќе ја добиеш можноста да

излезеш на избори и да гласаш. За остварување на ова право треба да

наполниш:

18 години.

99. Во една општина, градоначалникот во чаршијата обезбедил простор за

неколку дуќани . Во нив ќе има, златари, грнчари, ковачи, чевлари,

којунџии, ткајачи и многу други. Градоначалникот се грижи за:

Стопанска дејсност (Занаетчиските работилници).

100. Во Скопје дојдоа група туристи од Србија. Ги посетија сите споменици,

музеи

и значајни знаменитости. На крајот од продавницата за сувенири купија по

неколку предмети. Тие платија со:

Денари.

101. Никола патувал со автомобил. Навреме стигнал во Скопје затоа што ги

следел:

Сообраќајните табли и знаци.


102. Покрај нивите со памук треба да има фабрика за:

(Текстил) Преработка на памукот.

103. Престојат избори за градоначалник во твојата општина. На тие избори ќе

гласаат:

Сите жители на таа општина.

104. Градоначалникот се избира:

На секои четири години на општи, непосредни и слободни збори со тајно

гласање.

105. Со трговија се занимаваат оние кои:

Вршат продажба на веќе готови производи.

106. Како се однесуваш кога ти е роденден и планираш да направиш

роденденска забава?

Ги почитувам соседите со тоа што ќе изберам неработен ден за правење на

забавата, а однапред за тоа ќе ги известа.

107. Туристи од Романија дојдени се во посета на градот Битола. За да можат

подобро да се снајдат, ним им е потребно:

Да имаат план на градот.

108. Економскиот живот во општината зависи од:

Стопанските и нестопанските дејности во општината.


109. Соседите меѓу себе треба:

Да се однесуваат пристојно, да градат добри односи и да си пружат помош кога

таа им е потребна.

110. Рамно земјиште со голема плодност, обиколено со планини се нарекува:

Котлина.

111. За подобрување на својот живот граѓаните формираат:

Здруженија на граѓани.

112. Општината ја сочинуваат:

Советот на граѓани и градоначалник.

113. Кој е највисокиот врв во Република Македонија?

Највисокиот врв на РМ се наоѓа на планината Кораб (Голем Кораб) и изнесува

2464 метри.

114. За да го развијат туризмот жителите од планинското село Цера решиле

најнапред да изградат:

Безбедни патишта.

115. Кога одиш во училиште некој постојано те следи. Тоа ќе го пријавиш во:

Полиција.

116. Највисока планина во источниот дел на Македонија е:

Осогово.
117. Релјефот го сочинуваат сите:

Сите рамнини, ридови и планини го сочинуваат релјефот.

118. За полесно да ја прочиташ географската карта треба да ги знаеш:

Картографските бои и картографските знаци.

119. Бабата на Филип е кројачка, мајката е фризерка, таткото е златар, а

дедото е чевлар. Семејството на Филип се познати:

Занаетчии.

120. Домашниот буџет се планира за:

Потребите на тоа семејство. Приходите правилно да бидат распоредени, умно

да се трошат и да се штеди.

121. За чиста и здрава околина треба да се грижат:

Убавата и чиста средина е должност и обврска на сите нас.

122. Која од наведените е културна институција?

Културна институција е театар, кино, дом на култура и слично.

123. Под демократија се подразбира:

Владеење на народот (слобода и толеранција).

124. Симболите на локалната заедница се истакнуваат за време на:

Државните празници.

125. Културниот живот во општинатата опфаќа:


Начин на облекување на луѓето, нивните обичаи при склучување на брак,

семејниот живот, религиозната определеност и начинот на однесување.

126. Кој се грижи за сметот во општините?

Се грижи оптината со посебна служба за комунална дејност.

127. Во занаетчиските работилници луѓето се занимаваат со:

Различни занаети како што се чевлари, бравари, златари, кројачи, фризери,

ковачи и др.

128. Со што најмногу се занимаваат луѓето кои се во предели со плодна земја?

Со земјоделство и работат во блиските фабрики за прерабодка на

земјоделските производи.

129. Влегуваш во лифт, а во него веќе се вози еден дедо со двете внучиња.

Како ќе се однесуваш?

Ке ги поздравам сите и познати и непознати, а тие треба да ми отпоздрават.

130. Што спаѓа во земјоделство?

Во земјоделство стапаѓа лозарство, шумарство, сточарство, лов и риболов,

овоштарство, олјоделство.

131. Кои се симболите на општината?

Симбоило на општината се грб и знаме.

132. Основни вредности на демократијата се:

Основни вредности на демократијата се слободата и толеранцијата.


133. Жителите од општината дадоа предлог до градоначалникот за изградба на

нова училишна зграда. Градоначалникот:

Градоначалникот е должен да ја реализира одлуката.

134. Во населбите луѓето се организирани во:

Месни заедници.

135. На географска карта на Република Македонија, градот Скопје се наоѓа на:

Северната страна на географската карта.

136. Картата со крупен размер, најпрецизни податоци, со точно внесени улици

и сите значајни објекти е:

План на градот.

137. Како треба да се однесуваме на јавни места?

На јавни места треба да се однесуваме пристојно и културно.

138. Ридските предели на географската карта се означени со:

Светло кафена или жолта боја.

139. Рамничарските предели на географската карта се означени со:

Зелена боја.

140. Предлози во општината имаат право да доставуваат:

Сите жители на таа општина.

141. Ана и Стефан доаѓаат дома кога мајка им ја чисти куќата. Што ќе им

препорачаш да направат?
Да и помогнат во чистењето.

142. Сафет и Мирче сакаат да го гледаат најновиот дел од филмот

Спајдермен. Тие ќе одат во:

Кино.

143. Општината донесе одлука за изградба на ново училиште. Со тоа се

придонесува за:

Економскиот живот во општината.

144. Во близина на живинарска фарма треба да има фабрика за:

Фабрика за производство на пилешки производи.

145. Која од наведените дејности е стопанска?

Стопански дејности се оние што учествуваат во создавање на материјалните

добра односно предмети, храна, облека и друго што е наменето за продажба,

земјоделство, индустрија, трговија, угостителство, туризам и други.

146. Локалната самоуправа може да биде:

Градска или селска самоуправа.

147. Граѓаните имаат право на глас со наполнети:

18 години.

148. Во местото каде живее Јана има училиште, пошта, болница и полициска

станица. Сите тие се:

Институции во општината.
149. На спортскиот натпревар помеѓу основните училишта во општината ќе

биде истакнато:

Знамето на општината.

150. Кој ја претставува и застапува општината?

Општината ја претставува и застапува градоначалникот.

151. Како може да ги поделиме семејствата?

Семејствата се делат на потесно, пошироко и еднородителско семејство.

152. За добро функционирање на едно семејство потребно е да постои:

Почит, љубов и разбирање.

153. Кои се видови сродства?

Крвно или природно сродство, сродство при склучување брак, сродство што

настанува со посвојување и духовно сродство (кумство, побратимство,

сродство по млеко).

154. Како најбрзо патуваат информациите до нас?

Преку сателит, радиоврски, телефони, телевизии и друго.

155. Приватност е кога:

Приватност е кога не сакаме да споделиме некоја информација (тајна) со

некого.

156. За добро функционирање на едно семејство потребно е:

Почит, љубов и разбирање.


157. Кое семејство има родители, деца, баба и дедо?

Поширокото семејство.

158. Во современото семејство (демократско семејство):

Има рамноправност помеѓу мажот и жената, а и децата активно учествуваат во

семејниот живот.

159. Во зависност од новостите и информациите дневните весници ни

овозможуваат:

Сериозни вести (квалитетен печат) и сензационални вести со забавен карактер

(жолт печат).

160. Какви видови живеалишта има?

Семејни куќи и стамбени згради.

161. Како се викаат луѓето кои живеат најблиску до нас?

Наши соседи.

162. Кој води грижа за одржување на станбената зграда?

Сите станари на зградата, преку куќниот совет.

163. Што ќе направиш со твојот награден расказ, доколку сакаш да го

прочитаат повеќе другарчиња ширум Републиката?

Ќе го објавам во некое списание.

164. Како се почитува приватноста меѓу тебе и твоите другарчиња?


Кога ке ми каже некоја информација (тајна) не ја споделуваме со други.

165. Како награда твоето потесно семејство доби викенд-патување во Маврово.

Кој ќе оди на ова патување?

Јас и моите родители.

166. Каква може да биде сопственоста?

Сопственоста може да биде лична (индивидуална) и групна (здружена).

167. Семејството Халими купиле нов стан. Кои членови на семејството ќе се

погрижат за неговото уредување?

Сите членови на тоа семејство.

168. Улогата на бракот е грижа за:

Бракот подразбира грижа на брачните другари во одгледување на нивните

деца.

169. Кој има право да ги користи сите работи кои се во домот?

Сите членови на семејството.

170. Од кого зависи економскиот живот во општината?

Економскиот живот во општината зависи од стопанските и нестопанските

дејности.

171. Здружението на граѓаните поднесе барање до општината за изградба на

фудбалско игралиште. Кој треба да одговори на нивното барање?

На нивното барање треба да одговори градоначалникот на таа општина.


172. Лозарството спаѓа во:

Стопанска дејност (земјоделство).

173. Која од наведените дејности е стопанска?

Земјоделство, индустрија, трговија, угостителство, туризам и др.

174. Семејството Стојановски произведуваат пченица, памук и вишни. Тие се

занимаваат со:

Стопански дејности.

175. Кораб е:

Планина на која се наоѓа највисокиот врв во Република Македонија.

176. Како се избира советот на општината?

Советот на општината го сочинуваат претставници награѓани кои се избираат

начетири години со тајно гласање.

177. Која страна на светот се наоѓа на твојата десна страна на географската

карта?

Исток.

178. Средства за информирање се:

Дневни весници, радио, телевизија, интернет и др.

179. Покрај овоштарниците потребно е да има фабрика за:

Преработка на овојшјето.
180. Која е институцијата што ја застапува градоначалникот?

Градоначалникот ја застапува општината.

181. Домашниот буџет се планира за потребите на:

Семејството.

182. За една општина грбот и знамето претставуваат:

Обележје на таа општина.

183. Во земјоделство спаѓа:

Лозарство, лов и риболов, шумарство, овоштарство, полјоделство, сточарство.

184. Со што се занимаваат луѓето во занаетчиските работилници?

Се занимаваат со стопански дејсности (грнчари, фризери, златари, кројачи,

ковачи и др.).

185. Кој треба да се грижи за чиста и здрава околина?

Сите треба да се грижиме за чиста и здрава околина.

186. Да даваме помош на другите луѓе значи да бидеме:

Хумани.

187. Кој од семејството ќе се погрижи за уредување на новата детска соба?

Сите членови на семејството.

188. Кои се основни видови на семејства?

Потесно, пошироко и еднородителско семејство.


189. Што е потребно за добро функционирање на едно домаќинство?

За добро да функционира едно домаќинство, треба да се почитува редот во

него.

190. Најбрз, најкористен и најсовремен начин на информирење претставува:

Интернетот.

191. Рамноправност помеѓу мажот и жената има во:

Современото демократко семејство.

192. Која од наведените дејности е стопанска?

Стопанска дејност се предмети, храна, оглека и друго што е наменето за

продажба, земјоделство, индустрија, трговија, угостителство, туризам и друго.

193. Учениците од IV-а одделение на географска карта го бараа каде се наоѓа

градот Крушево родното место на Тоше Проевски. Забележаа дека Крушево е

во предел обоен со темно кафена боја и со висина поголема од 500 метри.

Крушево се наоѓа на :

Планина

194. Туристи од Холандија се дојдени во Македонија. Ќе одат да ја посетат

највисоката планина во јужниот дел на Република Македонија. Тие ќе ја

посетат планината:

Баба е највисока планина во јужниот дел на Р.Македонија.


195. На родителите на Сара им е украден автомобилот . Каде треба тие да

пријават?

Во полиција.

196. Како се нарекува надворешниот изглед на земјината површина?

Надворешниот изгрел на земјината површина се нарекува релјеф.

197. Осогово е највисока планина во:

Источна Македонија.

198. Како треба да се однесуваме на јавни места?

На јавно место треба да се однесуваме пристојно и културно.

199. Во кој од наведените примери се покажува почитувањето на приватноста

меѓу тебе и твоите другарчиња?

Пример-Кога зборувам на телефон, тие не го прислушуваат мојот разговор.

200. Марко за прв пат има право да гласа на изборите. Тој треба да го даде

својот Глас: на тајно гласање, слободно и на фер избори.

You might also like