You are on page 1of 5

Тематски тест-Општина -1

Насоки-Прочитај внимателно, заокружи 1 точен одговор


1. Градоначалникот ја представува и застапува
а)месната зедница б)општината в) државата г)училиштето

2. Градоначалникот на општината е задолжен


а)да седи во канцеларија б)да ги реализира одлуките кои ги носи Советот в) да носи одлуки г)да
носи одлуки и да управува со градот

3. Која од наведените дејности е земјоделска


а)полјоделство б)рударство в) индустрија г) образование

4. Луѓето кои вршат продажба на веќе готовите производи се занимаваат со


а)занаетчиство б)трговија в) просвета г) образование

5. Како се нарекуваат парите во Република Македонија


а) денари б) монети в)банкноти г) евра

6. Службата за комунални дејности сметот го носи на одредено место кое е наречено:


а) контејнер б) обработлива почва в) камион г) депонија

7. Што од наведеното не претставува верски објект


а) црква б) синагога в) ресторан г) џамија

8. Кога имаме почитување на слободата и приватноста на секого, тогаш велиме дека има:
а) толеранција б) интелигенција в) сопственост г)право на глас

9. Во близина на лозовите насади  потребно е да има:


а)индустриски фабрики б) фабрики за преработка на грозјето в) домашни животни и инсекти г)
отпадни води

10. Кога има владеење на народот а како негови основни вредности се јавуваат слободата и
толеранцијата, тогаш има
а) демократија б) среќа в) сопственост г) анархија

11. Кога група граѓани доставуваат некој предлог за решавање на одреден проблем до општината а
истата не е надлежна за решавање на тој проблем, тогаш општината
а) го фрла предметот б) го доствува предметот до надлежната институција в) го дава предметот на
градоначалникот

12. Eдна од должностите на секоја општина е


а)да ги извршува должностите без да ги известува граѓаните б)да ги известува граѓаните за својата
работа в)да врши притисок врз граѓаните г) да го менува градоначалникот секоја година

13.. Дедо Раде има стотици насади со праски и сливи. Тој е


а) здравствен работник б)рудар в)член на потесното семејство г)земјоделец

14. Дел од населението во Охрид се занимава со туризам, а друг дел со трговија. Тие зе занимаваат со:
а) нестопански дејности б)стопански дејности в)политика г)индустрија

15. Со трговија се занимаваат оние кои:


а) произведуваат овошје и зеленчук б) прават рачни изработки
г) копаат руда д) вршат продажба на веќе готови производи

16. Економскиот живот во општината зависи од:


а) стопанските и нестопанските дејности во неа б)климатските промени в)општествените институции
17. Општината ја сочинуваат:
а) градоначалникот и советот б) жителите од тоа подрачје в) обичаите фолклорот и старите занаети
г)фирмите и претпријатијата од тоа подрачје

18. За да го развијат туризмот жителите од планинското село Цера  решиле најнапред да изградат:
а) училишта и градинки б) општина в) фабрики за преработка на овошје
г)туристички, спортски и рекреативни објекти

19. Кој се грижи за сметот во општините?


а) камионите за собирање смет б) службите за комунални дејности в) родителите г) градоначалникот

20. На мајката на Мила ѝ се скрши штиклата од чизмата. За да ги поправи чизмите таа треба да ги
однесе на :
а) чевлар/занаетчија б) во општина за поправка в) бравар г) кројач

21. Таткото на Александар работи во пошта како поштенски работник. Со која дејност се занимава тој?
а)стопанска дејност б) индустрија в) нестопанска дејност г) туризам

22. Бојан една седмица пред да бидат организирани локалните избори во неговата општина стана
полнолетен и  се  здоби со правото да гласа на изборите. Колку години наполнил Бојан?
а) 18 години б)21 година в)38 години г)11 години

23. Дедо Иле има свое стадо со овци. Тој се занимава со:
а)туризам б)сточарство в)шумарство г)лов и риболов

24. Една група туристи од Франција воодушевини од убавините на Охридското Езеро, сакаат да
испратат разгледници на своите пријатели. Разгледниците ќе ги испратат преку:
а) банка б)полиција в) авион г) пошта

25. Во Крушево дојдоа група туристи од Република Хрватска. Ја посетија „Спомен куќата на Тоше
Проески“. На крај од посетата купија сувенири од продавницата. Тие платија со:
а) денари б)куни в)динари г)евра

26. Семејството Филиповски одгледуваат јаболка, праски и сливи. Тие се занимаваат со:
а)лозарство б)овоштарство в)лов и риболов г) сточарство

27. Таткото на Едон се занимава со трговија. Тој работи во:


а) занаетчиска работилница б)општина в)трговска фирма г)училиште

28. Јана доби домашна задача да ги нацрта симболите на општината во којашто живее. Што треба да
нацрта Јана?
а) грбот и знамето на општината б) грбот и знамето на Р.Македонија в) географската карта
г) своето живеалиште

29. На ракометен натпревар кој се одржува меѓу две училишта од иста општина во спортската сала се
истакнува симбол на општината. Што се истакнува?
а)грбот на општината б) знамето на општината в)знaмето на Р.Македонија г)грбот на Р.Македонија

30. Од што зависи бројот на членовите на советот во општината?


а)од бројот на вработени во општината б)од бројот на жителите на општината
в) од фирмите и претпријатијата г) од бројот на барања пристигнати од граѓаните
Тематски тест-Општина -2
Насоки-Прочитај внимателно, заокружи 1 точен одговор
1. Како се избираат претставниците од редот на граѓаните кои го сочинуваат советот на општината?
а) на јавни седници б)преку собирање потписи в) со викање г)со тајно гласање

2. На колку години  се организираат локални избори, за  избор на  градоначалник на општина?


а) на 4 години б)на 4 месеци в)секоја година г) на секои 6 години

3. Никола и Илир сакаат да бидат ракометари. Тие редовно одат на тренинг. Каде тренираат?
а)на базен б)во спортски - ракометен клуб в) во парк г) во училиште

4. Каде вежбаат и настапуваат фолклорните друштва што изведуваат песни и ора од локалната
заедница?
а) културно-уметнички друштва (КУД) б)во македонски народен театар (МНТ) в) македонска опера и
балет (МОБ) г)во спортско-ракометни клубови

5. Со која стопанска дејност  најмногу се занимаваат луѓето кои живеат во предели со плодна почва?
а) лов и риболов б) образование, здравство и туризам
в) земјоделство, полјоделство, градинарство и овоштарство г) грнчарство

6. Луѓето кои произведуваат или поправаат обувки се занимаваат со:


а) чевларство б)трговија в)туризам г)градежништво

7. Градоначалникот се избира  на избори:


а) секој месец со тајно гласање б) секои четири месеци со тајно гласање в) секоја четврта година
со јавно гласање г) секоја четврта година со тајно гласање.

8. Каде  се наоѓа  седиштето на локалната самоуправа?


а)во населено место – село б) во населено место – град в) во населено место – град или село

9. Во којa од следните институции се одвива културниот живот на населението?


а) во училиште б) во парк в) дом на култура, кино, театар, КУД, ...

10. Штип, Гази Баба,Тетово, Ресен, Куманово и Охрид се:


а) градови во источна Македонија б) градови во западна Македонија в) општини

11. Хартиените пари се нарекуваат: а) монети б) банкноти в) динари г)евра

12. Монетите се: а) хартиените пари б) металните пари в) златници г) девизи

13. Лицето кое е на чело на општината се нарекува: а) општинар б) министер в) градоначалник

14. Кога ќе наполниш 18 години  имаш право да гласаш на избори.Тогаш ти си:


а) малолетен б) матурант в) полнолетен

15. Семејството Петрески има кројачка работилница (изработуваат панталони, сакоа, здолништа...). Со
што се занимаваат тие?
а)туризам б)сточарство в) занаетчиство г)лов и риболов

16. Симбол е некој предмет, знак или обележје што стои наместо нешто друго. Секој симбол  има свое
јасно значење. И општините имаат свои симболи. Тоа се:

а) освоените медаљи б освоените пехари в) грбот и знамето на општината


г) грбот и знамето на Р.Македонија
17. На избори може да гласа секој граѓанин на Република Македонија кој има наполнето:
а) 11 години б)21 година в)38 години г) 18 години

18. Кој ги свикува седниците на советот во општината?


а) градоначалникот б) советот. в) претседателот на советот. г) директорот

19. Симболите на локалната заедница се истакнуваат за време на:


а) празници на општината б) денови на жалост во општината в) културни и спортски
натпревари во општината в) училишни натпревари во општината

20. Здружение на граѓани  од една општина, поднесле барање до општината за изградба на детска
градинка во истата населба. Кој треба да донесе одлука за нивното барање?
а) градоначалникот б) советот на општината. в) претседателот на советот. г) директорот

21. Фирмите и претпријатијата на граѓаните им овозможуваат: 


а) да одат на работа и се занимаваат со разни дејности б) да живеат убаво в) да работат
г) да одат на работа и се занимаваат со разни дејности при што се здобиваат со материјална
егзистенција / приход

22. Во една општина, градоначалникот во чаршијата обезбедил простор за неколку дуќани . Во нив ќе 
има, златари, грнчари, ковачи, чевлари, којунџии, ткајачи и многу други. Градоначалникот се грижи
за: а)туристите б)сточарите в)  занаетчиите г) учителите

23. Која од наведените дејности е земјоделска?


а)туризам б) сточарство в) занаетчиство г) култура и спорт

24. Во која институција се образуваат учениците?


а)згрижувачко-– образовна институција – градинка б)здравствени институции
в)Воспитно – образовна институција – училиште г) културни институции

25. Во која институција се лекуваат луѓето?


а)теретана б) јога клуб в) болница г) козметички салон

26. Која од наведените претставува културна институција?


а) флиперница б) продавница за CD в) интернет кафе г) театар

27. Мајката на Ана е медицинска сестра и се грижи за здравјето на децата во болница. Во која
нестопанска дејност работи мајката на Ана?
а)образование б) здравство в) култура г) туризам

28. За училишната претстава по повод патрониот празник, Анастасија  има улога да глуми принцеза. Но,
за таа улога потребен ѝ е долг убав фустан, кој мајка и не може да го сошие. Кој може да го сошие
фустанот на Анастасија?
а) баба и б) сосетката в) костимограф г) кројач-шнајдер

29. Таткото на Иле секое лето произведува пченица, пченка, овес и јачмен на површините на неговите
ниви. Со каква дејност се занимава таткото на Иле?
а)лозарство б)овоштарство в) сточарство г) полјоделство
30. Културно-уметничкото друштво  „Танец“ на 25 декември ќе одржи голем концерт. Оние кои добиле
покана за концертот ќе посетат:
а)згрижувачко-– образовна институција – градинка б)здравствена институција
в)Воспитно – образовна институција – училиште г) културна институција – фолклорно друштво

You might also like