You are on page 1of 10

62.

Претседателот на Републиката во случај на спреченост да ја врши функцијата го заменува:


а) шефот на Кабинетот на Претседателот
б) Претседателот на Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Владата на Република Македонија

63. Избори за пратеници во Собранието на Република Македонија и избор на претседател на Република


Македонија распишува:
а) Секретарот на Собранието на Република Македонија
б) Претседателот на Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Владата на Република Македонија

64. За одземање на имунитетот на претседателот на Република Македонија одлучува:


а) Собранието на Република Македонија
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија

65. Претседател на Советот на безбедност на Република Македонија е:


а) Претседателот на Владата на Република Македонија
б) Претседателот на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на Република Македонија

66. Носител на извршната власт во Република Македонија е:


а) Врховниот суд на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Владата на Република Македонија

67. Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции
или професии
а) точно
б) неточно

68. Мандаторот за состав на Влада до Собранието на Република Македонија поднесува програма и


предлага состав на Влада во рок од:
а) осум дена од денот на доделување на мандатот
б) 20 дена од денот на доделување на мандатот
в) 15 дена од денот на доделување на мандатот

69. Прашање за доверба на Владата можат да постават:


а) најмалку 15 пратеници
б) најмалку 20 пратеници
в) група пратеници

70. На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.


а) точно
б) неточно

71. За имунитетот на претседателот на Владата на Република Македонија одлучува:


а) Владата на Република Македонија
б) Уставниот суд на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

72. Државната управа ја сочинуваат:


а) министерствата и органите во состав
б) самостојните органи на државната управа
в) министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон

73. Највисок суд во Република Македонија е:


а) Апелационен суд на Република Македонија
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија

74. Судија се избира


а) со мандат од осум години
б) со мандат од шест години
в) без ограничување на траењето на мандатот
75. Мандатот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија е:
а) пет години
б) шест години
в) осум години

76. Судскиот совет на Република Македонија го сочинуваат:


а) 12 члена
б) 15 члена
в) 16 члена

77. Судскиот совет на Република Македонија за својата работа поднесува годишен извештај до:
а) Владата на Република Македонија
б) Министерот за правда
в) Собранието на Република Македонија

78. Јавниот обвинител на Република Македонија го именува и разрешува:


а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерот за правда

79. Јавниот обвинител на Република Македонија има мандат од:


а) десет години
б) осум години
в) шест години

80. Јавните обвинители ги избира:


а) Собранието на Република Македонија
б) Судскиот совет на Република Македонија
в) Советот на јавни обвинители

81. Јавните обвинители се избираат:


а) за мандат од 4 години
б) за мандат од 5 години
в) без ограничување на траење на мандатот

82. Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и
законитоста.
а) точно
б) неточно

83. Уставниот суд на Република Македонија го сочинуваат:


а) девет судии
б) дванаесет судии
в) седум судии

84. Мандатот на судија на Уставниот суд на Република Македонија трае:


а) девет години
б) осум години
в) шест години

85. Одлуките на Уставниот суд на Република Македонија се:


а) конечни
б) правосилни
в) конечни и извршни

86. Единици на локална самоуправа се:


а) градоначалникот
б) општините
в) советот на општината

87. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на
локалната самоуправа…
а) одлучува Собранието на Република Македонија
б) одлучува Владата на Република Македонија
в) одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа

88. Градот Скопје е посебна единица на локалната самоуправа, чија организација се уредува со закон.
а) точно
б) неточно

89. Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува:


а) Собранието на Република Македонија
б) Претседателот на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на Република Македонија

90. Одлука за стапување на Република Македонија во членство или истапување од членство во


меѓународни организации донесува:
а) Претседателот на Собранието на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

91. Воена состојба прогласува:


а) Претседателот на Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Владата на Република Македонија
92. Уставот на Република Македонија се менува и дополнува со уставни амандмани.
а) точно
б) неточно

93. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија може да поднесат:
а) Претседателот на Собранието, Владата, најмалку 15 пратеници или 100.000граѓани
б) Претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани
в) Претседателот на Владата, Собранието, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани

94. Измената на Уставот на Република Македонија ја прогласува:


а) Претседателот на Собранието на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Републиката

95. Постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел утврдува:
а) Претседателот на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

96. При постоење на воена или вонредна состојба уредби со законска сила донесува:
а) Министерот за одбрана
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

97. Комитетот за односи меѓу заедниците го сочинуваат:


а) 15 членови
б) 19 членови
в) 17 членови

98. Слободата на пазарот и претприемништвото е темелна вредност гарантирана со:


а) подзаконски акти
б) Уставот на Република Македонија
в) Закон

99. Слободата на пазарот и претприемништвото претставува темелна вредност на:


а) Уставниот суд на Република Македонија
б) уставниот поредок
в) законскиот поредок

100. Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:


а) со закон
б) со подзаконски акти
в) во случаи утврдени со Уставот на Република Македонија
101. Економските, социјалните и културните права се:
а) судска категорија
б) собраниска категорија
в) уставна категорија во Република Македонија

102. Правото на сопственост како уставна категорија, создава права и обврски и треба да служи за
доброто:
а) на поединецот и на заедницата
б) на поединецот
в) на заедницата

103. Во случај на експропријација на сопственоста:


а) не се гарантира праведен надомест
б) не се гарантира надомест
в) се гарантира надомест

104. Во случај на експропријација на сопственоста, се гарантира праведен надомест:


а) кој може да биде понизок од пазарната вредност
б) кој е произволен
в) кој не може да биде понизок од пазарната вредност

105. Странско лице во Република Македонија:


а) може да стекнува право на сопственост под негови услови
б) може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон
в) не може да стекнува право на сопственост

106. Право на соодветна заработувачка има:


а) секој вработен по навршување на 6 месеци работа
б) секој вработен
в) секој невработен
107. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.
а) точно
б) неточно

108. Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните...?


а) имаат забрана со закон да основаат синдикати
б) имаат право да основаат синдикати
в) немаат право да основаат синдикати

109. Дали Република Македонија обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот?
а) да
б) не, воопшто не обезбедува
в) не, само на одредени субјекти

110. На странските вложувачи, правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката:


а) им е ограничено
б) им се гарантира
в) не им се гарантира

111. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал:


а) може да се ограничуваат со закон
б) може да се намалуваат со закон
в) не може да се намалуваат со закон или друг пропис

112. Народната банка на Република Македонија е одговорна за:


а) извршната политика
б) монетарната политика
в) фискалната политика

113. Републичкиот буџет го донесува:


а) Министерството за финансии
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

114. Републичкиот буџет го предлага:


а) Министерството за финансии
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

115. Кој ја предлага одлуката за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување?


а) Судот
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија

116. Општините се финансираат од:


а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Република Македонија
в) со средства од Република Македонија

117. Градот Скопје се финансира од:


а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) со средства од Републиката
в) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката

118. Законите се прогласуваат:


а) со пропис
б) со одлука
в) со указ

119. Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија се донесува со...


а) мнозинство од вкупниот број на пратеници
б) мнозинство од присутните пратеници
в) двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници

You might also like