You are on page 1of 2

ДО:

ЕЛС ОПШТИНА ОХРИД


     СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
     ПРЕТСЕДАТЕЛ: Сашо Донев
ПРЕДМЕТ: Доставување на иницијатива
ПРЕДЛАГАЧ: Леона Кичеец, член на Советот од независна листа ,,Охрид пред се‘‘,

Врз основа на чл. 48, ст. 1, точка 2 од Законот за локалиата самоуправа, чл. 26 2 од
Статутот на Општина Охрид и чл. 53 алинеја 2 од Деловникот на Советот на Општина
Охрид, како и чл. 43, ст. 1, ст. 2 и ст. 5 од Законот за локалната самоуправа (Сл. весник на
РМ бр. 5/2002), чл. 22, ст.1, од Статутот на Општина Охрид, поденсувам:

ИНИЦИЈАТИВА

Согласно наведениот законски, статутарен и деловнички основ, барам на една од


следните седници на Советот на Општина Охрид да се стави Предлог - Одлука за
санирање и репарирање на објект на ул. Македонски Просветители. – ТЦ Амам, од
надворешната страна , сообразно со автентичниот изглед на самиот објект и поставување
на информативна табла за неговото историско и културно значење.

Образложение

Имајќи ги во предвид местоположбата на самиот објект кој се наоѓа во самиот центар на


градот, како и неговото историско и културно значење и дополнително, неговото значење
како единстевн функционален објект со својство на трговски центар на територијата на
Општина Охрид, сметам дека санирањето и репарирањето на објектот е од особено
значење за градот и комплетирње на изгледот на ул. Македонски Просветители во
целост. Дополнително, со поставување на информативна табла во близина на самиот
објект би се овозможило информирање за самиот објект, неговата архитектонска
вредност и историско значење.
Заради финансиските импликации на поднесената иницијатива, предлагам
стручните служби и надлежните комисии да изготват анализа и да изнајдат можност за
обезбедување на финансии од Буџетот на Општина Охрид за реализација на истата.

You might also like