You are on page 1of 35

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД

Тема :

“Алтернативни извори за финансирање на


проекти од локално значење со посебен
осврт на Град Скопје”

Кандидат : Ментор :
Александра Лазарова Проф. д-р.Саво Ашталкоски

Скопје, 2022

Листа на кратенки:
(GIZ)The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit - Германското друштво за
меѓународна соработка (ГИЗ)
ЦРПМ – Центар за истражување и креирање политики
UNDP – УНДП – програмата за развој на Обединетите нации
ECA - ЕЦА – Економска климатска агенција (Economic Climate Agency)
SPC - СПЦ – Помали грантови ( Small grant agency )

Листа на слики:

Слика 1: Град Скопје (извор веб порталот на градот Скопје)


Слика 2: Инвестициски план за Европа
Слика 3:ЕГФ Европски гарантен фонд
Слика 4:приказ на клучните термини за одржлив развој и иновативноста на проекти
Слика 5:Проектот велоштад
Слика 6:Смартфон со апликацијата на канта.мк
Слика 7:Слики од смартфон на кој се гледаат опциите на апликацијата канта.мк
Слика 8:Преглед на развојни активности за проектот развоен институт Скопје
Слика 9: Сликовен преглед на финансиерите на проектот поддршка во воспоставувањето
на Развоен Институт Скопје

Слика бр.10: План за финансирање на растот 2022 – 2026

Листа на графикони:

Графикон бр.1: БДП по жител како процент од европскиот просек(ЕУ-27),според парите


на куповна моќ и Бруто инвестиции како процент од БДП(2019-2025)

Графикон бр.2: Проекции на задолжувања

1
СОДРЖИНА
Листа на кратенки:....................................................................................................................................1
Листа на слики:..........................................................................................................................................1
Листа на графикони:..................................................................................................................................1
СОДРЖИНА.............................................................................................................................................2
Апстракт...................................................................................................................................................4
Abstract......................................................................................................................................................5
Вовед..........................................................................................................................................................6
1 ГРАД СКОПЈЕ.................................................................................................................................8
1.1 Визија и мисија на град Скопје.............................................................................................9
1.1.1 Визија..................................................................................................................................9
1.2 Органи на градот Скопје и општините на градот Скопје..............................................11
1.3 Надлежности на градот Скопје и општините во градот Скопје....................................11
1.4 Финансирање на градот Скопје и општините во градот Скопје...................................13
2 АЛТЕРНАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ...........................................................15
2.1 Што опфаќа иновативноста.................................................................................................17
2.2 Досегашни активности во доменот на иновативното финансирање............................21
2.2.1 План за финансирање на растот 2022 – 2026.................................................................21
2.3 Примери од светот кои користат алетернативни начини на финансирање на
проекти................................................................................................................................................22
3 АЛТЕРНАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ...................24
3.1 Проект Велоштад...................................................................................................................25
3.1.1 Активност:........................................................................................................................25
3.1.2 Пристап.............................................................................................................................26
3.1.3 Резултати..........................................................................................................................26
3.2 Канта.мк – еко мобилна апликација..................................................................................27
3.2.1 Краток опис на решението..............................................................................................28
3.2.2 Очекувано влијание од имплементација на решението................................................28
3.3 Поддршка на процес за оценка на реализацијата на стратегијата Отпорно Скопје. 29
3.3.1 Финансирање....................................................................................................................29
3.4 Поддршка во воспоставувањето на Развоен Институт Скопје......................................30

2
3.4.1 Цели и активности...........................................................................................................30
3.4.2 Резултати..........................................................................................................................30
3.4.3 Финансии:.........................................................................................................................31
4 ЗАКЛУЧОК......................................................................................................................................32
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:...............................................................................................................34

3
Апстракт

Овој специјалистички труд има за цел да ги идентификува алтернативните начини


на финансирање на град Скопје за проекти кои се од посебно значење за градот и за
локалните општини. Градот Скопје како и светските градови кои растат брзо и со трендот
на глобализацијата имаат се поголема потреба од наоѓање на алтернативни начини на
инвестирање во проекти кои се круцијално важни за развојот на градот.
Буџетите и самите државни инвестиции не се доволни за да се покрие секој
иновативен проект, па се менуваат концептите за инвестирање во проекти кои ја градат
иднината на градовите.
Во град Скопје има проекти кои се финансираат на алтернативни начини чија цел
на постоење е подобро, полесно и поквалитетно живеење во градот Скопје и општините на
градот Скопје.

Клучни зборови: Град Скопје, алтернативни начини на инвестирање, иновативни


проекти

4
Abstract

This thesis aims to identify alternative ways of financing the city of Skopje for projects that are
of special importance for the city and local municipalities. The city of Skopje, as well as world
cities that are growing rapidly and with the trend of globalization, have a growing need to find
alternative ways of investing in projects that are crucially important for the development of the
city.
Budgets and state investments themselves are not enough to cover every innovative project, so
the concepts of investing in projects that build the future of cities are changing.
In the city of Skopje, there are projects that are financed in alternative ways, whose purpose of
existence is a better, easier and better quality of life in the city of Skopje and the municipalities
of the city of Skopje.

Keywords:city of Skopje, alternative ways of investing, innovative projects

5
Вовед

Овој специјалистички трудќе ги обработи алтернативните начини за инвестирање во


проекти на Град Скопје. Градот Скопје е дел од локалната самоупрва и по дефиниција се
грижи за задоволувањето на потребите на граѓаните на овој град. Поради тоа изнаоѓањето
на различни начини и финансики инструменти за нивно финансирање отсекогаш било, е и
ќе биде многу значаен сегмент за градот и за неговите жители.
Денес во услови на глобална економска криза која во светот до сега достигна енорми
размери носи големи предизвици сама по себе а посебно за градовите каде населението се
концентрира се повеќе. Според податоцитена Европската унија, светската урбана
популација до 2030 година се смета дека ќе се удвои односно утрои а тоа е огромен
предизвик да се менаџираат градовите.
Сето тоа носи една брза урбанизација која влече значителни импликации за светските
екосистеми како што беше наведено во Извештајот на Обединетите нации од 2012 1кои во
изминативе години се соочуваат со предизвици од секаков вид посебно кога тоа не е во
рамките на буџетот. Вистината е дека градовите во светот, во Европа и регионот околу нас
рапидно растат и инфраструктурата која е етаблирана не може да ги задоволи постоечките
капацитети, а се потешко за галопирачката урбанизација може да стои буџетот како
финансиска поткрепа на градовите.
Градот Скопје како и голем дел на други градови во регионот и Европа па и светот се
регулирани со посебен закон за Градот. Согласно тој Закон за Град Скопје издаден во
Службен весник на Република Македонија со бр.55/2004 и 158/2011со кој во општите
одредби односно во членот 1 од Законот се утврдува организацијата на градот Скопје како
посебна единица на локалната самоуправа, надлежностите и финансирањето на градот
Скопје и на општините на градот Скопје, употреба на јазиците на заедниците в градот
Скопје и во општините на градот Скопје; соработката меѓу градот Скопје и општините на
градот Скопје, како и други прашања од значење на градот Скопје.
Град Скопје го сочинуваат подрачјата на општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба,
Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари согласно
границите утврдени со законот за градот.
1
https://www.un.org/en/development/desa/publications/wess2012.html

6
Како главен град на Република Северна Македонија, градот Скопје има свои
надлежности кои се пропишани со закон и според кои се прави планирање и уредување
на просторот, надлежности, односно работи од јавен интерес на граѓаните на овој град и
работите од локално значење на градот Скопје.
Според закон за град Скопје, градот се грижи за заштита на животната средина и
природата, за локалниот економски развој каде спаѓа планирањето на локалниот
економски развој, комуналните дејности, локалниот економски равој, културата,
образованието, спортот, социјалната и детска грижа, здравствената заштита,
противпожарната заштита и надзор над вршење работи и инфраструктурни проекти кои се
во надлежност на градот.
Од таа причина со која јасно се утврдува дека градот Скопје е посебна единица на
локалната самоуправа кој има својство на правно лице така и град Скопје е правен субјект
кој финансиите ги обезбедува од буџетот кој во најголем дел не може да ги задоволи
потребите за проектите кои го движат градот напред.
Важно е да се напомене дека во овој специјалистички труд ќе се даде осврт на самиот
град Скопје со сите негови институционални елементи и програми за негово одржување и
функционирање согласно програмата и планот за развој, посебно со осврт на делот на
проекти кои се финансираат од алтернативни извори на финансирање.

7
1 ГРАД СКОПЈЕ

Согласно закон за се уредува организацијата на градот Скопје, како посебна


единица на локалната самоуправа надлежностите и финансирањето на градот Скопје и на
општините во градот Скопје; употребата на јазиците на заедниците во градот Скопје и во
општините во градот Скопје;соработката меѓу градот Скопје и општините во градот
Скопје;како и други прашања од значење за градот Скопје.
Во него жители на градот се оние кои имаат постојано живеалиште на подрачјето
на градот Скопје.
Градот Скопје има свој грб и знаме кои се користат на целото негово подрачје а
општините на градот Скопје кои се дел од градот имаат свои амблеми кои ги користат
заедно со грбот и знамето на градот Скопје.

Слика 1: Град Скопје (извор веб порталот на градот Скопје)

Грбот на градот Скопје има форма на штит на кој горната страна е полулак
свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси
линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што
завршуваат со врв по средината на долната оска.
Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, тврдината Кале и
снежните врвови на Шар Планина.
Знамето на Градот Скопје е црвено, а во неговата лева горна четвртина,

8
до копјето, се наоѓа грбот на Градот втиснат со жолта боја.
Сите одредби кои важат за локалната самооуправа согласно законот за локална
самоуправа се однесуваат и на градот Скопје.2
Властите на градот Скопје и властите на општините во градот Скопје ги
извршуваат своите должности во областите определени со Уставот на Република Северна
Македонија во градот Скопје.3
Властите на градот Скопје извршуваат задачи од локално значење кои се
оперативно неделиви и подеднакво важни за целиот регион на градот Скопје. Органите
на општините во градот Скопје извршуваат важни локални задачи кои функционално се
разликуваат една од друга врз основа на нивните карактеристики.

1.1 Визија и мисија на град Скопје

1.1.1 Визија
Скопје е град со високо развиена инфраструктура и сообраќај на мобилност, зелен
и еколошки чист град, посакувана туристичка дестинација, мултиетнички, културен,
образовен и високо развиен бизнис центар.
Мисија
Градот Скопје со својата модерна, ефикасна, европски образована градска
администрција создава услови за високо квалитетен живот на своите граѓани, како и за
успешно и просперитетно функционирање наделовните субјекти.
Вредности
Вредностите се од особено значење за секоја индивидуа и за секоја организација, а
кога станува збор за јавната администрација има посебно значење се кое рефлектира на
корисниците преку клиенти на испораката на услугите кон нив. Со цел да се обезбеди
успех како на личен план така и на организациско ниво, вредностите треба да се
практикуваат и да сеустановат во сите процеси и услуги. Вредностите се битни, помагаат
градот да расте и да се развива, како на личен план, така и на ниво на организација на
Град Скопје. Со вредностите се креира иднината што градот сака секој свој граѓанин да
ја живее и тоа се случува преку процесот на донесување одлуки, во кои се втемелени

2
Закон за Градот Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004 и 158/2011),
достапен на: http://mls.gov.mk/images/laws/Konsolidiran_Zakon_za_grad_Skopje.pdf
3
Официјална веб страна на градот Скопје, достапна на: https://skopje.gov.mk/

9
вредностите на Град Скопје. Одлуките кои се донесуваат се одраз на вредностите и
верувањате, и секогаш се насочени кон специфична цел која се преведува на
задоволување на потребите на градот било тоа да се индивидуалниили организациски
потреби.
Градот Скопје пристапи сериозно кон идентификување и примена на определени
заеднички вредности кои се од големо значење за нивното севкупно работење како јавна
администрација:
Транспарентност – јавната администрација на Град Скопје имајќи за цел
транспарентно работење, им обезбедува на граѓаните достапност до информациите кои
се од јавен интерес.
Професионалност – вработените во Град Скопје манифестираат професионално
однесување во своето секојдневно работење кое вклучува почит кон сите засегнати
страни и животната средина, навремено соодветно реагирање, емпатија и интегритет.
Стручност – вработените во Град Скопје се стремат да бидат високо стручни во
својата област и да ги имаат последните и најнови информации релевантни во својот
домен на експертиза во рамки на секој сектор.
Посветеност – работите се извршуваат со максимална посветеност кон
исполнување на зацртаните цели.
Одговорност – секој од вработените на Град Скопје превзема пред се лична
одговорност за своето работење и донесените одлуки, и ги прифаќа последиците од
соодветните акции и одлуки.
Мотивираност – Градот Скопје се стреми континуирано да ги мотивира своите
вработени преку соодветно наградување, како и вреднување на личната мотивираност на
секој од вработените манифестирана преку одличната лична организација, успешно
раководење со времето и самодоверба во справување со предизвиците при секојдневното
работење.
Совесност – вработените на Град Скопје демонстрираат совесно работење кон
сите засегнати страни со висок степен на етичко однесување.
Отчетност – за сите активности и проекти вработените на Град Скопје даваат
извештај за својата работа и постигнувања пред граѓаните на лесно достапен и разбирлив
начин за сите граѓани.

10
Флексибилност – вработените на Град Скопје се стремат кон флексибилност во
своето работење демонстрирано преку спремноста да одговорат на променетите услови и
очекувања, имајќи го секогаш во предвид професионалниот начин на работење.
Инклузивност – вработените на Град Скопје со гордост се во служба на сите
граѓани на територијата на градот Скопје, без оглед на нивната верска определба,
возраст, пол, националност, сексуална ориентација, политичка определба и/или посебни
потреби.
Точност – вработените на Град Скопје се стремат за почитување на поставените
рокови и навремено исполнување на сите поставени задачи.
Достапност – вработените на Град Скопје со гордост се ставаат во служба на
граѓаните и се на располагање за нивни определени потреби, кон кои се пристапува со
внимание и соодветна почит.4

1.2 Органи на градот Скопје и општините на градот Скопје

Советот и градоначалникот се надлежни за општина Скопје како и за градот Скопје.


Во Советот на град Скопје има 45 лица кои се избираат со мандат од 4 години и ги
претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сошствени убедувања. Во согласност
со законот се одлучува за составот на советите на општините во градот Скопје. Жителите
на град Скопје имаат право да гласаат и за градоначалник и за членови на градскиот совет.
Правото да се биде избран во град Скопје со постојана адреса на живеење во регионот на
општината каде што се одржува изборот го опфаќа правото да се биде избран за член на
совет на општина во градот Скопје и за градоначалник на општина во градот Скопје. Во
градот Скопје има вработени кои се административни лица односно администрација која е
поделена согласно внатрешна организација и е организирана во 20 сектори и 69
одделенија (сите се наведени со работните задачи кои ги извршуваат и секој граѓанин
може директно да им се обрати и да биде навреемено услужен.

1.3 Надлежности на градот Скопје и општините во градот Скопје

Согласно законот за градот Скопје, надлежностите на градот се многубројни.


4
Стратешки план на град Скопје за период 2020 – 2022 година достапен на:
https://skopje.gov.mk/media/4910/strateski-plan-na-grad-skopje-2020-2022.pdf

11
Тука спаѓаат планирањето и уредување на просторот. Надлежности кои се од јавен
интерес на градот се следните: донесување на генерален урбанистички план на градот
Скопје; донесување на просторен план на градот Скопје; градот дава мислење за
предлозите за деалните урбанистички планови, урбанистички проекти, уредување на
земјиштето и утврдување на одредени стандарди според кои се дава согласност за
поставување на објекти од времен карактер, мебел или урбана опрема на територијата
на град Скопје.
Важно е да се нагласи дека во надлежноситите на градот е и заштитата на животната
средина и природата согласно која се заштитува истата, се перземаат мерки за да не
дојде до загадување на водата, воздухот, почвата, заштитата од бучава и нејонизирачко
зрачење на територијата на градот.5
Во надлежност на градот спаѓа и многу важниот сегмент односно
економскиот локален развој кој ќе биде и дел од главната тема на овој специјалистички
труд. Планирањата на локалниот економски развој, утврдувањето на развојните
економскиструктурни приоритети кои се на ниво на градот Скопје, за кои се води
развојна економска политика и се утврдваат стратегии и се дава поддршка на развојот.
Во овој сеглент на градот Скопје спаѓа и она што е најважно за оваа тема а тоа е
развојот и поттикнување на актернативни начини на финансирање. Градот Скопје е
надлежен и за комуналните дејности во градот, културата, Образованието со основање,
финансирање и учество на свои претставници во органите на управувањето на јавните
средни училишта и се поврзано со нивно не пречено функционирање; Спортот,
Социјалната и детска заштита, Здравствената заштита, Заштитата и спасување,
противпожарната заштита, Надзор над вршење на работите од надлежност на градот
Скопје.6
Согласно надлежностите кои ги има градот Скопје, свои надлежности имаат и
општините во градот Скопје во однос на планирањето и уредувањето на просторот,
заштитата на животната средина и природата секоја општина за својот дел, исто секоја
од општините имаат одговороност и во локалниот развој на самата општина,
комуналните дејности, културата, образованието, социјалната и детската заштита,
здравствената заштита, заштита и спасување на материјалните добра и луѓето кои се дел
5
Ибид
6
Ибид

12
од општината и надзор над објектите кои се во домен на секоја општина.
Општините во градот Скопје, во согласност со начелото на субсидијарност а во рамки
на законот имаат право на подрачјето на општината да вршат работи од јавен интерес и
од значење за општината со цел подобро живеење на жителите на таа општина.

1.4 Финансирање на градот Скопје и општините во градот Скопје

Финансирањето на градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа се


уредува со овој закон и со законот на Градот Скопје.7
Градот Скопје и општините во Градот Скопје се финансираат од сопствени извори:
локални даноци, локални такси, и локални надоместоци, приходи од сопственост на
општината, самопридонес, парични казни, донации и други приходи утврдени со закон;
Градот Скопје има Буџет кој според закон претставува едногодишен план за
финансирањена надлежностите на општината и истиот се состои од годишна проценка на
приходите по извори и на расходите по намени; согласно тоа општински буџетски
корисници се органите на општината на приходи, приходи од даноци, приходи од буџетот
на РСМ и буџетите на фондовите, приходите од задолжувања во согласност со закон и од
други приходи утврдени со закон. Поради обезбедување рамноправни услови за
функционирање на општините во Градот Скопје и задоволување на заедничките потреби
на граѓаните во градотСкопјепостои формиран Заеднички фонд на градот Скопје и на
општините во градот Скопје кој од средствата од персоналниот данок на доход,
комуналната такса за фирма и комуналната такса за користење на патнички, товарни и
приклучни возила во согласност со закон го сочинуваат Заедничкиот фонд.
Градот Скопје и општините во градот Скопје има и сопствени извори на приходи
кои се:
o Локални даноци (данок на имот, данок на промет на недвижности, данок на
наследство и подарок, други локални даноци утврдени со закон);
o Локалните такси (комунални такси, административни такси и други локални такси
утврдени со закон);

7
Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа (пречистен текст во МФ) (Службен
весник бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, и 192/15)

13
o локланите надоместоци (надомест за уредување на градежно земјиште, надомест од
комунална дејност, надомест за просторни и урбанистички планови, други локални
надоместоци утврдени со закон);
o приходите од сопственост (приходи од закупнина на имот, приходи од камати,
приходи од продажба на имот);
o приходи од самопридонес;
o приходи од казни утврдени со закон;
o приходи од донации; и
o други приходи утврдени со закон.
Покрај сопствените извори на приходи, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
од Буџетот на Република Северна Македонија и од буџетите на фондовите добиваат:
наменски дотации, блок дотации, капитални дотации и дотации за делегирани
надлежности.
Исто така, Градот Скопје и општините во Градот Скопје можат да се задолжуваат во
земјата и во странство според условите утврдени со закон според кој градот може да се
задолжи во согласност со министерството за Финансии а со претходно донесена одлука од
советото на општината. Општината може да се задолжува краткорочно со заем што ќе го
отплати во рок од 12 месеци од денот на склучување на договорот за задолжување.
При краткорочно задолжување, вкупниот долг на општината направен по основ на
краткорочно задолжување и краткорочна позајмица од Централниот буџет на Република
Македонија во текот на фискалната година, не може да надмине 30% од реализираните
вкупни приходи на тековно-оперативниотбуџет на општината во претходната фискална
година.8
Долгорочното задолжување градот може да се задолжи за финансирање на капитални
пректи и инвестиции, финансирање на превземени обврски, обврски по основ на
позајмици и заштита и отстранување на последици предизвикани од природни непогоди и
од еколошки катастрофи.
При долгорочното задолжување, вкупната годишна отплата на долгот (главнина,
камата и други трошоци) направен врз основа на долгорочно задолжување и долгорочна
позајмица од Централниот буџет на Република Македонија не може да надмине 30% од
8
Закон за финансирање на единици на ликанната самоуправа (пречистен текст во МФ) објавен во Службен
весник бр. 61/04, 96/04, 97/07, 156/09, 47/11 и 192/15)

14
вкупните приходи на тековно-оперативниот буџет на општината во претходната фискална
година.9

2 АЛТЕРНАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ

Градот Скопје како и општините во градот Скопје имаат проекти кои се финансираат
по стандарден пат односно од буџетот, низа одредени проекти кои се капитални
инвестиции и се важни за инфраструктурата и доброто на градот Скопје и општините на
градот Скопје, важна и неизбежна компонента се алтернативните финансирања. 10
Феноменот на финансирање на големи јавни работи со капитал од приватни извори
датира од средновековно време. Во 12 век, британската круна преговарала за заем за
развој на рудниците за сребро во Девон со италијанска трговска банка.
Во текот на 18 век, во САД биле изградени приватни патарини, а во 1863 година во
Лондон било отворено првото подземен транспорт во светот, финансирано со приватни
пари. Една од поголемите инфраструктурни реализации во тоа време, изградбата на
Суецкиот канал, била спроведена како приватен проект. Француските дипломати добиле
право да го градат и да го водат каналот 99 години преку приватна компанија. Со цел да се
договорат финансиите, акциите биле продадени на инвеститори низ Европа и Отоманската
империја. По завршувањето на периодот на концесија, каналот стана сопственост на
египетската влада.11
Дури кон крајот на 19 век јавното финансирање на големи инфраструктурни проекти
почнува да доминира во приватните финансии и овој тренд продолжува во поголемиот дел
од 20 век.
Меѓутоа, од раните 1980-ти, финансирањето на големите инфраструктурни проекти од
приватниот сектор доживуваат силно експанзија. Ова се должи на промената на деловната
клима што го следела бранот на приватизација и дерегулација во последните петнаесет
години.12
9
Ибид
10
Ballestero, E (2000): Project finance: a multi-criteria approach to arbitration, Journal of the Operational Research
Society,
11
Buljevich, E. & Y. S. Park (1999): Project financing and the international financial markets, Kluwer Academic
Publishers: Norwell
12
Brealey, R. & S. C. Myers (2000): Principles of corporate finance, 6th ed., McGraw-Hill Companies Inc: U.K.

15
Дерегулацијата и приватизацијата, исто така, влијаеа на меѓународните финансиски
пазари кои беа сведоци на феноменална експанзија и во однос на обемот и различноста во
текот на изминатите децении. Глобалниот пазар за финансирање проекти драматично
порасна во текот на последните години, во 1994 година изнесуваше 17 милијарди
американски долари, а денес, финансирањето од банки, агенции и обврзници што се
користат во трансакциите за финансирање на проекти се многу над 50 милијарди долари
со историски максимум во 1997 година, кога достигна речиси 75 милијарди долари. Во
Шведска, Договорот од Мастрихт од 1992 година влијаеше на пазарот на капитал. Кога
Шведска стана членка на Европската унија, земјата почна да ги следи критериумите за
конвергенција за економска и монетарна интеграција на ЕУ. Средство за ограничување на
буџетскиот дефицит и националниот долг стана да му се дозволи на приватниот сектор да
финансира големи инфраструктурни проекти.13
Со ова целта на дипломската работа е да се опише и анализира како градот Скопје и
општините кои се дел од градот Скопје се креираат линкови и соработки за алтернативни
начини на финансирање на структурни и капитални проекти кои се од круцијална
важност за градот Скопје и општините во градот Скопје а при тоа за нив не се предвидени
пари согласно буџет или регуларни инвестициски фондови.
Иновативните финансии се однесуваат на сите механизми на иницијативи, кои
обезбедуваат финансии преку инволвирањето на јавниот сектор во исполнувањето на
Агендата за одржливиот развој 2030.14
Со тоа иновативното финансирање на развојот треба да обезбеди дополнување (некаде и
целосна замена) на традиционалните извори и механизми на финансирање.
Со оглед на тоа што глобалната економија се движи со се поголема брзина,
традиционален финансиски инструмент во развиените пазарни стопанства се уште може
да се смета за иновативен во транзициские економии. Со оглед на брзиот демографски и
економски раст во многу градови во светот, инвестиции во високо квалитетна урбана
инфраструктура се очајно потребни. Поради недостатоците во општинските буџети,
градовите се повеќе гледаат на поширок опсег на опции за финансирање за да ги
премостат своите инфраструктурни потреби, особено во партнерство со приватниот
сектор.
13
Shaugnessy, H. (1995): Ed., Project finance in Europe, Wiley, Inc: Chichester
14
Lindfield, M., Teipelke, R. (2022) How to Finance urban Infrastructure, C40, Finance Facility
16
Овие недостатоци резултираат со помалку одржливи проекти, од кои некои можат да
станат значителен товар за граѓаните.

2.1 Што опфаќа иновативноста

Недвосмислените докази укажуваат на фактот дека одржливиот развој добива големо


внимание ширум светот. Како концепт, одржливоста напредува до точка да стане
фундаментална во модерното време. Одржливоста означува поим што заслужува
внимание. Затоа, од клучно значење е да се има практично разбирање на концептите на
одржлив развој и одржливост бидејќи тоа влијае на широк спектар на фактори. Пакетите
кои се поврзани со политики, иницијативи и програми со придружни импликации се
користат за промовирање на одржливоста.
Слика 2: Инвестициски план за Европа

Иако постојат различни елементи кои влијаат за заштита на животната средина,


развојните прашања, поголемата употреба на енергија и штетите врз животната средина.
Последиците вклучуваат негативно влијание врз животната средина, модификации на
урбаната инфраструктура и раселување на населението.

17
Ресурсите, управувањето со политиките, социјалните услуги, енергијата,
планирањето, економијата, влијанието врз животната средина итн. се сите аспекти на
одржливоста. За институциите, ова подразбира повторно измислување на основните
процедури со цел да се зголеми можноста за оригинална мисла и инвентивна активност
како и барање решенија за актуелните прашања.

Слика 3: ЕГФ Европски гарантен фонд

Иновативното финансирање вообичаено вклучува:


 Нови финансиски инструменти за поддршка на одржливиот развој,
 Нови финансиски механизми (нова комбинација на финансиските
инструменти),
 Вклучување на нови развојни партнери (на пр. нови фондови за
претприемачки капитал),
 Иновации во начините на кои се употребуваат прибраните средства,
 Нов фокус и нови комплементарни области на проектите, и др.

Иновативно и комбинирано финансирање вообичаено вклучува:


 Иновативни финансии во голема мера се преклопуваат со концептот на
комбинирани финансии (blended finance),
 Комбинираното финансирање предвидува различни комбинации на јавни и
приватни извори на средства за финансирање на инвестициски проекти во

18
приоритетни области,
 Со ангажирање јавни срества и средства од меѓународните развојни
партнери се охрабрува и повеќекратно се мобилизира дополнителен
приватен капитал (концептот на левериџ).15

Слика 4: приказ на клучните термини за одржлив развој и иновативноста на проекти

Со спроведувањето на повеќе мерки и програми преку различни министерства и


агенции, државата која е задолжена за изготвување закони, прописи и стимулации,
овозможува нивна надополнувачка и синергетска активност.
Финансирањето на декарбонизацијата или „нискојаглеродната“ економија се сотои
од финансиска подршка на транзицијата на енергетските системи кон помала емисија на
CO2.
Финансиите на адаптирање опфаќаат финансиска поддршка на решенијата на
приспособување и реализација на активности како одговор на влијанието на климатските
промени кои допрва се случуваат, но и да се подготват за идните помени (UNEP
Adaptation Gap Report, 2022)
15
Carter, P (2000): Mixed fortunes for project finance, Euroweek, Issue 653

19
Климатските финансии се насочени кон напорите за намалување на емисиите на
стакленички гасови и целат кон намалување на ранливоста притоа обезбедувајќи ја и
зголемувајќи ја отпорноста на човековите системи и екосистемите кон негативното
влијание на климатските промени.
Инклузивните финансии се финансиски услуги и производи наменети за да му
помогнат на населението со низок доход, односно ранливите категории на граѓани.
Одржливите финансии се однесуваат на вклучување на економските, еколошките,
социјалните аспекти, и аспектите на управувањето при донесувањето на одлуките за
долгорочно инвестирање во одржливи економски активности и проекти.

БДП по жители само 42% од просечниот БДП ...реалната економска конвергенција треба да
по жителна ЕУ-27 во 2021година и... се забрза со посилна инвестициска активност.
БДП по жител како процент од европскиот
Бруто инвестиции како процент од БДП(2019-
просек(ЕУ-27),според парите на куповна моќ 2025)

Графикон бр.1: БДП по жител како процент од европскиот просек(ЕУ-27),според парите

на куповна моќ и Бруто инвестиции како процент од БДП(2019-2025)

20
Макроекономски контекст  Фискалниот простор и просторот за
натамошни задолжувања е стеснет;
 Оттука и идејата за поефикасна
употреба најавните пари за
воведување на иновативни алатки и
механизми за финансирање на
одржливиот развој.

Графикон бр.2: Проекции на задолжувања16

16
Стојков, А., Иновативно финансирање на одржливиот развој, Правен факултет „Јустинијан Први“ при
Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

21
Еден од примерите со кои светот се гордее е примерот за Мумбаи – еден од
најнаселените градови во Индија, каде што реално поставената инфраструктура била
толку кревка што едноставно морало да се најде начин како истата да се употребува во
услови на експлозивна популација што било огромен потфат. Не било лесно да се најдат
средства од алтернативни извори за Мумбаи да се однесе ниво погоре и водата за пиење
да не носи загуба. Во 2012 година, паметните броила од Итрон, глобален партнер на
Советот за паметни градови, беа поставени на системот што го снабдува Мумбаи со вода
од чешма. Мерачите помогнаа да се пронајдат протекувањата и со тоа се добива помала
загуба а повеќе жители добиваат чиста вода за пиење. Системот на крајот ги намалил
загубите на вода за 50%. Создавањето градска инфраструктура да работи поефикасно со
напредни технологии, како што се паметните водомери инсталирани во Мумбаи, стана
императив за јавните службеници, научниците и граѓаните кои бараат решенија за
растечките еколошки проблеми и урбаните предизвици со кои се соочуваат градовите. 17
Како поборници за попаметни градови, тие ја препознаваат важната улога на ИКТ во
поттикнувањето на економската конкурентност, одржливоста на животната средина и
општата одржливост.
Тие гледаат како:
• Паметните броила можат да го следат и поттикнат заштедата на енергија и вода;
• Електронските цени на патиштата, сензорите и патарините можат да го регулираат
сообраќајот и да го намалат метежот;
• Одделенијата за јавна безбедност можат да користат предвидлива аналитика за да ги
таргетираат жариштата за криминал.
Интегрирањето на интелигентна инфраструктура со поврзување низ целиот град и
аналитика на податоци - три основи на паметен град - обезбедува ситуациона свест што
овозможува некои неверојатни случувања.18
На пример, Сингапур ги собира податоците за да ги предвиди сообраќајните метежи
додека сè уште има време да ги минимизира нивните ефекти. Рио де Жанеиро може да

17
de Lemos, T. & M. Betts et al. (2000): From Concessions to project finance and the private finance initiative,
Journal of Project Finance, Vol. 6, Issue 3, Euromoney Publications PLC
18
Ahmed, P. & X. Fang (1999): Project finance in developing countries, International Finance Corporation:
Washington D.C., USA

22
предвиди точно каде ќе се појават поплави од одредена бура, така што екипите за итни
случаи и тимовите за евакуација знаат само каде да одат.19

3 АЛТЕРНАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ НА


ГРАД СКОПЈЕ

Град Скопје има иницијатива во склоп на центарот за иновации на градот со кој се


промовираат проекти кои се алтернативно финансирани.
Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните градот и неговите
соработници работат да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им
служат на сите.
Работат како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите,
секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел
креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на
иновативни решенија.

19
Berst, J. (2022) Smart Cities Financing Guide, expert analysis of 28 municipal finance tools for city leaders
investing in the future, Developed by the Center for Urban Innovation at Arizona State University

23
Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб е експериментален простор и
место за соработка. Во Центарот граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските, јавните и
образовните организации и институции заедно со администрацијата на Град Скопје ќе
ги здружат силите да дизајнираат и да развиваат иновативни решенија за да му
помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.
Во прилог на овој труд се прикажани неколку студии на случај каде може да се
види алтернативното финансирање на проектите на град Скопје.

3.1 Проект Велоштад

Слика бр. 5 Проектот велоштад


Овој проект е направен во текот на 2020 година од тимот на Скопје Лаб кој го
дизајнирал концептот за реализација на Вело Паркинг.
Велоштад е направен со цел да се прикаже важноста на граѓаните во дизајнирање
на јавните површини и принципите што ги поддржуваат, особено кога станува збор за
нивно зачувување и унапредување. Со ова е разубавен и ревитализиран еден запуштен
простор-слободниот простор на Транспортниот центар Скопје со цел да се намали

24
влијанието на урбаните топлински острови и да се поттикне мултимодален и алтернативен
транспорт.
3.1.1 Активност:
Проектот бил реализиран во неколку фази:
Фаза 1: Дизјанирање на просторот за Вело пааркингот
Фаза 2: Спроведување на процес за редизајн на јавниот простор во склоп на Транспортен
Центар и дизајнирање на Вело паркинг
Фаза 3: промоција на решението и воспоставување на партнерства за имплементација
Фаза 4: Имплементација на решението и промоција
3.1.2 Пристап
Целиот проект бил воден според методологијата на Дизајнерско размислување која го
става корисникот во центарот на решението и обезбедува изнаоѓање на решенија кои
соодветно ги адресираат проблемите/предизвиците на истите.
3.1.3 Резултати
 Отворен првиот Велоштад во Скопје во склоп на Транспортен центар
 Активирани околу 50 граѓани во процесот на дизајнирање на вело паркингот
 10-тина претставници од јавниот сектор запознаени со пристапот на ко-
дизајнирање со цел ефективно адресирање на проблемите/предизвиците и
обезбедување на транспарентност на процесите
 Зајакната соработката меѓу градот, јавните претпријатија, приватниот сектор,
невладините и интернационалните организации кои работат во МК, прикажана
преку заедничкото ко-финансирање на проектот
 Ревитализиран еден јавен простор
Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското
друштво за меѓународна соработка (GIZ - The Deutsche Gesellschaft für
InternationaleZusammenarbeit) преку компонентата за спроведување на активна мерка за
развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна
Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација
која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот
Скопје.

25
3.2 Канта.мк – еко мобилна апликација

Слика бр. 6 Смартфон со апликацијата на канта.мк


Во град Скопје во последние неколку години се преземаат многу активности и
иницијативи за подобрување на одлагањето, собирањето и рециклирањето на отпадот од
страна на различни актери во системот.
Со цел да се покрене нивото на чистота во градот предизвикот на кој ова решение се
обиде да даде одговор е: Како да им се обезбеди на граѓаните начин на кој може да
придонесат кон подигање на степенот на чистота во град Скопје?
Апликацијата можете да се симне од официјалната веб-страна kanta.mk
Во град Скопје во последние неколку години се преземаат многу активности и
иницијативи за подобрување на одлагањето, собирањето и рециклирањето на отпадот од
страна на различни актери во системот.
Со цел да се покрене нивото на чистота во градот предизвикот на кој ова решение се
обиде да даде одговор е: Како да им се обезбеди на граѓаните начин на кој може да
придонесат кон подигање на степенот на чистота во град Скопје?
Апликацијата можете да се симне од официјалната веб-страна kanta.mk

26
3.2.1 Краток опис на решението

Канта.мк – е мобилна апликација која ја користи толпата луѓе (crowdsourcing) за собирање


на податоци за состојбата со отпадот во Скопје. Целта е поставување основа за мерење на
состојбата во иднина, и понатаму за дефинирање акции и донесување информирани
одлуки за справување со отпадот. Дополнително, да им се обезбеди можност на граѓаните
да се вклучат во решавањето на овој општествен проблем за поубав и почист град.
Собраните податоци преку апликацијата понатаму можат да бидат трансформирани во
форма соодветна за преглед и испратена до институциите одговорни за справување со
отпадот во градот со цел преземање на брзи акции и донесување информирани одлуки.

3.2.2 Очекувано влијание од имплементација на решението

Донесување на ефективни акции и информирани одлуки за справување со отпадот во


градот во иднина од страна на одговорните институциите и организациите;
Намален број на нелегални или диви депонии и расфрлан отпад во Скопје;
Зголемен степен на вклучување на граѓаните во решавање на проблемот со отпадот и
По-координирани акции од страна на граѓанските организации чија цел е подобрување на
животната средина

Слика бр.7 Слики од смартфон на кој се гледаат опциите на апликацијата канта.мк


Апликацијата е развиена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации
Скопје, организацијата која го координира СкопјеЛаб – Центарот за иновации на

27
СкопјеЛаб. Финансирана е од страна на ЦРПМ – Центар за истражување и креирање
политики

3.3 Поддршка на процес за оценка на реализацијата на стратегијата Отпорно


Скопје

Во втората половина на 2018 година, Центарот за иновации на Град Скопје –


СкопјеЛаб, преку обезбедување на техничка поддршка активно го поддржа процесот на
оценка на реализацијата на Стратегијата Отпорно Скопје.
Техничката поддршка се состоеше во осмислување и изработка на интерактивен
прашалник за оценување на степенот на спроведување на Акцискиот план во склоп на
стратегијата Отпорно Скопје за периодот 2017/18 година кој беше поставен на веб-
страницата на Град Скопје – сектор за заштита на животната средина
https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/.
„Стратегија за климатски промени – Отпорно Скопје“ или накратко „Стратегија за
отпорно Скопје – СОС“ беше изготвена во рамки на регионалниот проект „ИКТ за урбана
отпорност“ кој се спроведува од УНДП и Градот Скопје а донесена е во февруари 2017
година. Целта на стратегијата е да го трасира патот со мерки и акции во следните десетина
години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени.
Целта на ова истражување беше да се оцени општиот напредок во реализацијата на
Стратегијата, но и напредокот по тематски области опфатени во Акцискиот план. Во тој
поглед се направи оценка на тоа што е направено, колку средства се алоцирани, колку
потрошени, како и придонесот на направеното за реализацијата на целите за одржлив
развој, евроинтеграцијата и други домашни и меѓународни договори и обврски.
3.3.1 Финансирање
Финансирањето на проектот е од УНДП.

28
3.4 Поддршка во воспоставувањето на Развоен Институт Скопје

Слика бр.8 Преглед на развојни активности за проектот Развоен институт Скопје


Со завршување на проектот Скопје Лаб и неговата еволуција во “Развоен Институт
Скопје” чии основачи се Град Скопје и Универзитетот Св Кирил и Методиј, се појави
потреба од пренос на знаење и поддршка за да се овозможи ефективна транзиција за
луѓето и организациите вклучени во проектот.
3.4.1 Цели и активности
Во тој поглед, тимот на Скопје Лаб го подржаа формирањето на фондацијата со:
 Организирање на 5 работилници со клучните актери – Град Скопје, претставници
од УКИМ, УНДП и тимот на СмартАп (3 физички и 2 онлајн). Главната цел на
работилниците беше да се постигне договор за мисијата, визијата и целите кои
фондацијата ќе ги промовира, да се дефинира управна структура и да се
дефинираат неколку клучни приоритети за почетокот.
 Нацрт на главната документација потребна за основање на фондацијата за да се
олесни комуникацијата помеѓу тимот на градот, советот на градот и универзитетот.
 Подготовка на целата пропратна документација за да се забрза процесот.
3.4.2 Резултати
Процесот за основање на фондацијата моментално се наоѓа во последната фаза и се чека
на официјално одобрение од Централниот Регистар на Република Северна Македонија.

29
3.4.3 Финансии:
Проектот е финансиран од Град Скопје, Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје,
УНДП, Смарт ап и климате кик, ко-основач од страна на Европската унија

Слика бр. 9: Сликовен преглед на финансиерите на проектот поддршка во


воспоставувањето на Развоен Институт Скопје.

30
4 ЗАКЛУЧОК

Она што може да


се заклучи е дека се
поголем е бројот на
проекти за кои градот
се труди да ги
финансира со
алтернативни начини
на финансирање и
воочливо е дека три
фактори се од
посебно значење при
изборот на одреден
финансиски
аранжман. Овие три
фактори се регионот
во кој се наоѓа
проектот, времетраењето на проектот и неговата големина мерени во пари.
Ризикот може да се каже дека е одлучувачки фактор за тоа дали компанијата прифаќа
да инвестира во проект или не. Понатаму, потешко е да се најдат инвеститори кога
ризикот е висок ако проектот нема гаранции на пример од ЕЦА (ECA) агенцијата за
еколошки климатски активности. Друга можност за минимизирање на ризикот е да се
создаде СПЦ (SPC) која функционира како агенција но за помали грантови во која се
финансираат помали проекти и каде што ризикот се распределува меѓу учесниците.
Најголемата разлика помеѓу малите и големите проекти е можноста за издавање
обврзници за голем проект.
Заемите од комерцијалните банки може да се користат и за мали и за големи проекти.
За да се добијат големи износи на долг, можно е да се синдициран заем. Локалните извори

31
на капитал се помали и приспособени за справување со големи заеми, бидејќи тие често
немаат капацитет. Може да се користат владини и мултилатерални агенции, како и лизинг
без оглед на големината на проектот.
Комерцијалните банки се најважниот извор за краткорочни кредити, но малку од нив
даваат долгорочни заеми. Пазарот на долгови со фикснастапка е релативен кога станува
збор за градовите како оние кои бараат алтернативни начини на финансирање на проекти
кои во реалноста, тешко се исплаќаат.
Сепак, кога се работи за инфраструктурни проекти за градовите и за нивните идеи
како да станат попривлечни места за живеење, или како да го олеснат живеењето на
граѓаните во градот, емисијата на обврзници не е погодна за краткорочни заеми.
Локалните извори на капитал не даваат долгорочни заеми поради нивната мала големина.
Затоа овде може слободно да се дојде до заклучок дека обврзниците се добри за
долгорочни проекти кои се исплаќаат со децении или со години во една деценија и се
функционални за градовите.
Регионите се исто така важечки фактор кој игра голема улога во алтернативното
инвестирање. Пример може да се земе Белград како главен град на република Србија кој
добива многу поголеми средства од УНДП и од Европската банка за нивните
инфраструктурни проекти и за подобрување на граадот. Самата големина на градот од
нивните вработени бара поголема решителност во пакување на еден проект кој треба да
алтернативно да се финансира а со самото тоа и парите кои се бараат во алтернативното
финансирање се поголеми и сумите кои се одобруваат се помали.
Во градот Скопје регионално иако е главен град на Република Северна Македонија
капиталните проекти имаат визија за алтернативни начини за финансирање на истите, но
важна структурна компонента како што веќе горе е напоменато е големината на градот.
Скопје според пописот кој се одржа минатата година има околу 507 000 жители што е
мала бројка во однос на други главни градови но сепак е и бројка која споредено со
помали држави има големи иницијативи, идеи и капацитети за тоа како на алтернативни
начини да се финансираат проектите кои градот активно ги истражува и се обидува да ги
реализира или успешно векќе ги реализирал за подобра иднина на граѓаните на Град
Скопје.

32
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Ahmed, P. & X. Fang (1999): Project finance in developing countries, International


Finance Corporation: Washington D.C., USA
2. Ballestero, E (2000): Project finance: a multi-criteria approach to arbitration, Journal of the
Operational Research Society,
3. Berst, J. (2022) Smart Cities Financing Guide, expert analysis of 28 municipal finance tools
for city leaders investing in the future, Developed by the Center for Urban Innovation at
Arizona State University
4. Brealey, R. & S. C. Myers (2000): Principles of corporate finance, 6th ed., McGraw-Hill
Companies Inc: U.K.
5. Buljevich, E. & Y. S. Park (1999): Project financing and the international financial markets,
Kluwer Academic Publishers: Norwell
6. Carter, P (2000): Mixed fortunes for project finance, Euroweek, Issue 653
7. de Lemos, T. & M. Betts et al. (2000): From Concessions to project finance and the private
finance initiative, Journal of Project Finance, Vol. 6, Issue 3, Euromoney Publications PLC
8. Lindfield, M., Teipelke, R. (2022) How to Finance urban Infrastructure, C40, Finance
Facility
9. Shaugnessy, H. (1995): Ed., Project finance in Europe, Wiley, Inc: Chichester
10. Светски Економски и социјален надзор 2012: барање на нови начини на финансирање
2012, Обединети Нации, достапно на:
https://www.un.org/en/development/desa/publications/wess2012.html
11. Стојков, А., Иновативно финансирање на одржливиот развој, Правен факултет
„Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
12. Стратешки план на град Скопје за период 2020 – 2022 година достапен на:
https://skopje.gov.mk/media/4910/strateski-plan-na-grad-skopje-2020-2022.pdf
13. ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ („рвесник на Република Македонија“ бр. 55/2004 и
158/2011), достапен на:
http://mls.gov.mk/images/laws/Konsolidiran_Zakon_za_grad_Skopje.pdf
14. Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа (пречистен текст во
МФ) (Службен весник бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, и 192/15)

33
15. Официјална веб страна на градот Скопје, достапна на: https://skopje.gov.mk

34

You might also like