You are on page 1of 17

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ИЗВЕШТАЈ за РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ


јануари – декември 2022 година

СОДРЖИНА
1. ПРОЕКТИ............................................................................................................................................................ 3
1.1. Проекти финансирани од Европска унија (ИПА).......................................................................................3
1.2. Единствена листа на инвестициски проекти..............................................................................................4
1.3. Секторска работна група „Образование, вработување и социјална политика”....................................5
2. ЕУ ИНТЕГРАЦИИ И ПРЕТПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ..........................................................................................5
2.1. Скрининг........................................................................................................................................................6
2.2. Учество во економскиот дијалог со Европската комисија (Програма за економски реформи)..........7
2.3. рЕСРП 2022 – ревидирана Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2022..8
3. ПРЕДЛОГ ЗАКОНИ.............................................................................................................................................9
4. БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА............................................................................................................................13
5. СОРАБОТКАТА СО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ......................................................................................14
6.1. Соработка со Совет на Европа...................................................................................................................14
6.2. Претседавање со ОБСЕ во 2023 година од страна на Република Северна Македонија под слоганот „За
луѓето се работи“..................................................................................................................................................... 15
6. Учество во други работни задачи и процеси во министерството..............................................................17

18

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


1. ПРОЕКТИ

1.1. Проекти финансирани од Европска унија (ИПА)

Во текот на 2022 и 2023 година се спроведуваа проекти финансирани од Европската унија Унија
(ЕУ) од следниве програми:
 Акциска програма 2017 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната
политика“. 17 мил. евра, (Финансискиот договор помеѓу Владата и Европската Комисија
склучен во ноември 2018);
 Акциска програма 2019 „ЕУ за инклузија“ (Финансискиот договор помеѓу Владата и
Европската комисија Комисија склучен во март 2020);
 Секторска реформска програма 2019 „ЕУ за младите“, 14,35 мил. евра (. Финансискиот
договор помеѓу Владата и Европската комисија Комисија склучен во март 2020);

 Секторски реформски договор за отпорност 2023 за допринос на пакетот за енергетска
поддршка за Западен Балкан и Турција „Договор за градење на капацитетите и отпорност
во енергетска криза“, 80 мил. евра, од кои 24,5 мил. евра се поддршка на мерките за
поддршка на ранливите категории на граѓани (Финансискиот договор помеѓу Владата и
Европската Комисија склучен во јануари 2023).
Во однос на програмирање на ИПА III 3,
 подготвен е Акциски документ за програмската година 2022 и се очекува потпишување на
финансика спогодба со Европска комисија Комисија (ЕК) за да се започне да се спроведуваатсо
спроведување на проектите.
 во декември се испрограмираа 80 мил. евра од програмската 2023 година што ќе
имплементираат како буџетска поддршка на Владата за справување со енергетската криза,
вклучително и за финансирање на мерките за најзагорзените граѓани и домаќинства.
 подготвено и одобрено е и Акциско фише, како и Акциски документ за програмската година
2024 „ЕУ за фундаментални права“ со предлог проекти во делот на услугите за заштита од
насилство врз жените и семејно насилство и домување на Роми, кое доби позитивна оценка
од Европска комисија и ќе се финансира од програмската година 2024.
 подготвено и доставено е Акциско фише за Секторска оперативна програма за програмскиот
период 2024-2027 и изработена на Секторска оперативна програма за финансирање проекти
во областите за вработување, социјална политика и поддршка на ИПА структурата.
За програмските години 2024-2027 се идентификуваа предлог проектни идеи за интервенции во
следниве области:
 гаранцијата за млади,
 поддршка на активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд,
 поддршка за јакнење на капацитетите на Агенцијата за вработување,
2

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


 поддршка на социјалните и микро-претпријатијата,
 зајакнување приспособливоста на претријатијата и нивните работници,
 унапредување на социјалниот дијалог и локални партнерства за вработување,
 унапредување на достапноста и разновидноста на социјалните услуги,
 интеграција на Ромите и нивно домување;
 техничка поддршка на ИПА структурата за имплементација на СОП.
Сепак, програмирањето за периодот 2024-2027 ќе се одвива поинтензивно во 2023 и 2024.
Детални информации за тековните и планираните проекти финансирани од Европската унија
Унија се дадени во Табела во прилог на извештајот.

1.2. Единствена листа на инвестициски проекти

На 17.10.2022, Министерството достави до Секретаријатот за европски прашања ревидирана


Единствена листа на инвестициски проекти за социјалниот сектор и ревидирани обрасци за
идентификација на проекти. Подготовката на Единствената листа на инвестициски проекти за
социјалниот сектор ја координира Секретатијатот за европраки прашања (СЕП) и таа е основа за
задолжување за развојни цели, поднесување на апликации на повици за техничка помош и
инфраструктурни грантови преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан (Western
Balkan Investment Facility - WBIF). Ревидираната листа на МТСП ги опфаќа следните инвестициски
проекти:
o Социјално домување за семејствата во социјален ризик, вклучувајќи ги Ромите
Ова е тековниот проект за изградба на социјални станови за лица во социјален ризик, кој е
кофинансиран од заемот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB) (FP1674 од 2009 година).
o (Ре)Конструкција на објекти за пред-училишно образование и згрижување
Ова е тековниот заем „Проект за подобрување на социјалните услуги - ССИП” финансиран од
страна на Светска Банка (СБ).
o Нов модел за управување и (ре)конструкција на пензионерски домови и домови за стари
лица
Реконструкција, адаптација, модернизација и опремување на пензионерски домови за стари лица
управувани од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИО) на Северна Македонија.
Општата цел е да се обезбеди зголемен опфат за 20% од пензионерите сместени во пензионерски
домови и да се поддржи воведување на нов модел на управување со пензионерските домови.
o Инвестиции поврзани со деинституционализација и превенција од
деинституционализација
(Ре)конструкција и опремување на објекти за социјални услуги во заедницата и вонсемејна
заштита на најранливите лица, како што се децата во ризик, лицата со попреченост итн.

1.3. Секторска работна група „Образование, вработување и социјална политика”

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Работната група за секторот „Образование, вработување и социјална политика” е форум за
водење на секторски дијалог и место каде се утврдуваат приоритетите што ќе се финансираат од
ЕУ/ИПА, а воедно се следи нивната имплементација и се остварува координација на целокупната
странска помош.

Во текот наДо септември 20222023, Секторската работна група ја одржа две 12-тата пленарни
пленарна седници седница ни два состаноци на техничко ниво:
На 1618.35.2022 2023 година на која се презентираа подготвениот Трет извештај за
самооценување за ИПА 2019 Договорот за секторски реформи „ЕУ за млади “, вклучувајќи го и
Годишниот извештај за 2022 година за имплементација на ревидираната ЕСРП 2022, и се одржа
10-та седница за презентација на среднорочните приоритетите и целите на МТСП и МОН.
На 28.3.2022 година се одржа технички состанок за приоритетите за програмирање на ИПА III во
областите на пазарот на труд и вработување, социјална заштита и инклузија,
деинституционализација, ран детски развој, интеграција на Ромите и други области за апсорпција
на средствата од ИПА.
13-тата пленарна седница на Секторската работна група е планирана да се одржи на 14.11.2023
година.
На 23.5.2022 година се одржа 11-та седница на која се презентираа подготвениот Втор извештај за
самооценување за ИПА 2019 Договорот за секторски реформи „ЕУ за млади “, вклучувајќи го и
Годишниот извештај за 2021 година за имплементација на ревидираната ЕСРП 2022.
На 29.11.2022 година се одржа координативен состанок во координација со МОН и Делегацијата
на ЕУ во Северна Македонија за активноста 3.2. проценка на нивото до кое се исполнети
индикаторите и целите за варијабилните транши во рамките на ИПА 2019-Договорот за секторски
реформи „ЕУ за млади“.

2. ЕУ ИНТЕГРАЦИИ И ПРЕТПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ


Во делот на поддршката на процесот на европска интеграција, согласно воспоставената практика
се подготви Придонесот на Република Северна Македонија, кон годишниот Извештај на
Европската комисија кој содржеше сеопфатни и фактички информации за остварените резултати
за периодот октомври 2021 - март 2022 година. Се подготви и ажурирањето на Придонесот на
РСМ кон Годишниот извештај на Европската комисија за периодот од 01 април - 15 јуни 2022
година.
Во Придонесот и неговото ажурирање се презентираше постигнатиот напредок за прашањата и
областите опфатени со Поглавјата 3.02 Слобода на движење на работници и 3.19 Социјална
политика и вработување, кои се директно во надлежност на Министерството за труд и социјална
политика, но и во другите поглавја во кои Министерството дава придонес, особено Поглавјето
3.23. Правосудство и фундаментални права во делот на фундаменталните права.
Секретаријатот за европски прашања целосниот материјал за Извештајот за напредокот на РСМ за
периодот од октомври 2021 година до јуни 2022 година го достави до Европската комисија.
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022
година, беше објавен на 12.10.2022 година.
4

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Исто така, Секторот за европска интеграција и меѓународна соработка учествуваше во
подготовката на 18-от состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и
социјална политика, кој се одржа на 28 април 2022 година. Беше подготвен позадински
материјал, во кој беше прикажана состојбата и напредокот во одредени области во надлежност на
министерството, согласно агендата на Поткомитетот, во периодот од март 2021 до март 2022
година. Од 18-от состанок на Поткомитетот произлегоа и заклучоци со обврски за чие
исполнување МТСП реферира до Европската Комисија.

2.1. Скрининг

Со одржувањето на Меѓувладината конференција за преговорите на Република Северна


Македонија со Европската Унија, на 19 јули 2022 година формално започна процесот на
пристапни преговори, а се одржа и состанок за започнување со фазата на скрининг.
Согласно Одлуката на Влада на РСМ за определување на институции чии претставници се дел од
работните групи за подготовка на преговарачки позиции за преговори за пристапување на
Република Северна Македонија во Европската унија, се пристапи кон формирање на работните
групи за Поглавје 19. Вработување и социјална политика и за Поглавје 2. Слободно движење на
работници каде МТСП е институција носител. Составот на работната група беше комплетиран до
крај на декември 2022 и за него беше и формално известен СЕП. Составот на работната група за
поглавје 19 е во завршна фаза на комплетирање и СЕП ќе биде известен во првата половина на
јануари 2023.
Министрството за труд и социјалана политика преку формално доставени номинации на членови
до институциите носители на поглавјата учествува и во следниве поглавја: Поглавје 3 -Право на
основање и слобода на давање на услуги, Поглавје 17- Економска и монетарна унија, Поглавје 20 -
Претпријатија и индустриска политика, Поглавје 22-Регионална политика и координација на
структурни инструменти, Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Поглавје 24 -Правда,
слобода и безбедност, Поглавје 25 -Наука и истражување, Поглавје 26 -Образование и култура,
Поглавје 27- Животна средина и климатски промени и Поглавје 28 - Заштита на потрошувачи и
јавно здравје.

Област - Економски критериуми


Оваа област ја координира Министерство за финансии, а Министерство за труд и социјална
политика ги покрива прашањата за пазар на труд и неформална економија.
 На 20 септември 2022 се одржа објаснувачкиот скрининг за област Економски
критериуми
 На 8 ноември 2022 се одржа обука за подготовка на билатерален скрининг
 На 5 декември 2022 се одржа билатерален скрининг состанок со Европската
комисија во Брисел за областа Економски критериуми на кој учествуваше еден
претставник од Министерството за труд и социјална политика. На билатералниот
состанок претходеше подготовка на презентациите и излагањето на нашите

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


претставници, што го координираше секторот за европска интеграција и меѓународна
соработка.

Поглавје 23. Правосудство и фундаментални права


Ова поглавје го координира Министерството за правда, но Министерството за труд и социјална
политика е одговорно за подрачјата Правва на детето, Недискриминација, вклучително и права
на Ромите, еднакви можности и права на лицата со попреченост.
 На 27 септември 2022 се одржа објаснувачки состанок за Поглавје 23, на кој ЕК го
презентираше новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година.
 На 4 ноември 2022 се одржаа обуки за подготовка за билатерален скрининг за
Поглавје 23.
 На 1-2 декември 2022 се одржан билатерален состанок со Европската комисија во
Брисел, на кој учествуваа тројца претставници од Министерството за труд и социјална
политика. На билатералниот состанок претходеше интензивна подготовка на
презентациите и излагањето на нашите претставници за сите погоре наведени
подрачја, што го координираше секторот за европска интеграција и меѓународна
соработка.

Поглавје 2. Слободно движење на работници


Институција носител: Министерство за труд и социјална политика
 13 октомври 2022 год се одржа објаснувачки скрининг за Поглавјето 2
 1 декември 2022 се одржаа обуки за подготовка на билатералниот скрининг
 3 март 2023 одржување на билатералниот скрининг во Брисел за Поглавје 2.
Поглавје 19. Вработување и социјална политика
Институција носител: Министерство за труд и социјална политика
 18 октомври 2022 се одржа објаснувачкиот скрининг за Поглавје 19
 15 декември 2022 се одржа обука за подготовка на билатерален скрининг
 10-12 мај 2023 одржување на билатерален скрининг во Брисел за Поглавје 19.

2.2. Учество во економскиот дијалог со Европската комисија (Програма за


економски реформи)

Во рамки на економскиот дијалог со Европската комисија, се спроведе оценка на степенот на


реализација на мерките од Програмата за економски реформи 2022-2024 што се однесуваат на
непријавената работа и реформа на социјалната заштита, а се подготвија и презентираа и предлог
мерки за новата програма што ќе го покрива периодот 2023-2025. Мерките во надлежност на
Министерството за труд и социјална политика се продолжение на мерките од претходната година
и се надоврзуваат на напредокот постигнат во 2022 година:

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Мерка 2: Зголемување на флексибилноста на пазарот на труд, која предвидува донесување на
нов Закон за работните односи и Закон за уредување на пазарот на трудот. Овие закони уредуваат
прашања што треба да ја подобрат флексибилноста на пазарот на трудот, но во исто време и
подобра заштита на работничките права и сигурност.
Мерка 3: Зајакнување на системот за социјална инклузија на ранливи категории на лица, која
предвидува разни интервенции за активација на ранливите групи на пазарот на трудот и
натамошен развој и диверзификација на социјалните услуги.
Мерка 13: Финансиска поддршка на Роми претприемачи, која се состои од користењето на
Мечинг фондот со цел промоција на развојот на претприемништвото и зголемување на пристапот
до финансирање кај Роми претприемачи.
Мерка 15: Воведување механизми за формализирање на неформалната работа во сектори со
најголема веројатност дека постои непријавена работа. Оваа мерка предвидува подготовка на
Закон со кој ќе се уреди поедноставено работно ангажирање на сезонски, привремени и
повремени работници заради промовирање формално вработување во избрани сектори со
поголема застапеност на непријавена работа.
Во рамки на овој процес се следи и имплементацијата на препораките од Заедничките заклучоци
усвоени на Економско – финансискиот дијалог на 24 мај 2022 година. Има напредок во
спроведувањето на препораките во делот на спроведувањето и координацијата на Стратегијата за
справување со неформалнаат економија, како и во однос на зајакнување на пристапот до
активните политики на пазарот на трудот, особено за невработените со ниска квалификација и
луѓето во ранливи состојби. Треба дополнителна работа и време за спроведување на препораката
за понатамошно зајакнување на капацитетот и соработката помеѓу центрите за вработување и
центрите за социјална работа, како и институциите за образование и обука за обезбедување
интегрирани услуги и мерки за подобрување на вклученоста на пазарот на трудот.

2.3. рЕСРП 2022 – ревидирана Програма за реформи во вработувањето и


социјалната политика 2022

По однос на обврската за редовно следење и известување за напредокот во имплементацијата на


Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2022 – (р) ЕСРП
2022, Секторот за европска интеграција и меѓународна соработка го координираше процесот на
подготовка на Годишниот извештај за имплементацијата на „Ревидираната Програма за
реформи во вработувањето и социјалната политика 2022“ за 2021 2022 година. Во Годишниот
извештај е прикажан напредокот во однос на реформите и политиките реализиран во рамките на
трите приоритетни области и тоа: 1. Пазар на труд и вработување 2. Човечки капитал и вештини и
3. Социјална инклузија и социјална заштита, остварен во 2021 2022 година. Извештајот беше
усвоен од страна на Владата на Република Северна Македонија во септември јуни 2022 2023
година (82174-ра та седница на Владата на РСМ, одржана на 1325.709.2022 2023 година).
Извештајот се достави до Европската комисија, како еден од предусловите за исплата на новата
транша на ИПА Секторскиот реформски договор „ЕУ за младите“. Извештајот на македонски и
англиски јазик е достапен на веб страницата на Министерството https://www.mtsp.gov.mk/espr-
espr.nspx

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


3. ПРЕДЛОГ ЗАКОНИ
Предлог Закон за социјални претпријатија
Изработени се неколку верзии на нацрт текстот на законот, спроведени консултации со надлежни
институции дел од работната група, но и билатерални средби со други релевантни институции
како ФПИОМ, Биро за јавни набавки, Централен регистар . Последната верзија на нацрт текстот
на Законот за социјални претпријатија во чија изработка учествуваат експерти од ИПА проектот
и членови на работната група е од 30.12.2022 година и истиот треба да се доработува за да се
инкорпорираат коментарите и отворени прашања кои сеуште постојат.
Реализирани активности поврзани со нацрт Законот за СП :
 Измени и дополнувања на работната група за креирање политики и законска регулатива за
социјално претприемништво
 19.12.2022 год. одржан интерсекторски состанок за нацрт текстот на Законот за социјални
претпријатија по однос на дадени коментари и предлози од членовите на работна група за
креирање политики и законска регулатива за социјално претприемништво со цел
консолидирање на текстот на законот;
 14.11.2022 год. одржан 7ми состанок со работна група за креирање политики и законска
регулатива за социјално претприемништво на нацрт текстот на Законот за СП ;
 6 -7.10.2022 год. дводневен состанок за работа на нацрт текстот на Законот за СП ;
 19.4.2022 год. одржан 6ти состанок на Работната група за креирање политики и законска
регулатива за социјално претприемништво;
Предлози за статусот на Центарот за социјални претпријатија и решение за негова одржливост:
 Предлог 3: во рамки на МТСП да се воспостави Одделение за социјално
претприемништво или проектна единица во рамки на Секторот за европска
интеграција одговорно за креирање на Годишнина програма за финансиска поддршка
на социјалните претпријатија, за водење на регистарот, за надгледување и
комуникација со Центарот итн. Во тој случај и горе-споменатиот модел полесно би се
остварил.( актуелно, но треба да се допрецизира)
 Предлог 2: Центарот за социјални претпријатија да се менаџира и спроведуваат
активности од неколку акредитирани организации акредитација кои ќе делуваат како
Центри за поддршка на СП. Избор на овие организации преку јавен повик за
финансиска поддршка на овие Центри за поддршка , со утврдени критериуми за
селекција и со избраните организации се склучува повеќе-годишни договори ( не
прифатен заради сложен процес и процедурата за акредитација која треба да се
воспостави и недостаток од децентрализација)
 Предлог 1: Национален ресурсен центар за поддршка на социјалните претпријатија се
основа во форма на Фонд, кој има својство на правно лице. ( не е прифатен, заради
потребата од основање на институција - Фонд)

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


 Паралелено се работи и на Извештај за проценка за влијанието на регулативата (РИА).

До крајот на февруари 2023 треба:


 Да се финализира нацрт текстот на Законот за СП
 Дефинирање на измени и дополнувања во други закони кои се неопходни за
спроведување на Законот за СП
 Да се започне со спроведување на процесот на ПВР ,
 органиирање на јавни консултации на кои освен експертите од проектот треба да бидат и
присутни луѓе од МТСП (сектор труд, сектор соц. Заштита, СЕИМС)
 подготовка на информација во Влада и доставување на нацрт текстот на Законот за СП
заедно со РИА на разгледување и утврдување
во март- април 2023 година треба:
 доставување на Законот за СП во собраниска процедура
 изработка на нацрт подзаконски акти
 координирање со институции кои треба да направат законски измени и дополнувања ,
какао и измени во оперативни процедури за ефикасна примена на Законот за СП
 подготовка на нацрт Годишна програма за финансиска поддршка на социјалните
претпријатија
 подготвка на предлог активни мерки за вработување за поддршка на социјалните
претриајтија
 изработка на програма за работа на Центарот за социјални претпријатија и
систематизација на работно место/а за одделение за социјални претпријатија или
Проектна единица во рамки на СЕИМС

Сектор носител на законот Сектор труд

Други сектори вклучени во координација СЕИМС


и подготовка на законот
Сектор за социјална заштита
Сектор за ПИО

Предлог Закон за поедноставно работно ангажирање на сезонски, повремени и привремен


работник (Lex specialis)

Во врска со ова законско решение во текот на 2022 година се реализираа следниве активности во

рамки на ИПА проектот „Подобрување на условите за работа“ и регионалниот проект „Подобри


услови за вработување на сезонските работници“ финансиран од Германската влада:

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


 Дефиниран модел и механизам за работно ангажирање на работници во извршување на
сезонска, привремена и повремена работа во секторите: земјоделие, туризам, угостителство,
услужни дејности.
 Изработен бизнис процес за софтверско решение/платформа според искуството и софтверот
за е-регистрација на Република Србија(www.sezonskiradnici.gov.rs). Софтверското решение/
платформа предвидено е да биде администрирана од Управата за јавни приходи и ќе има за
цел:
 дигитализација и поедноставување на процедурите за пријава и одјава на сезонски,
повремен и привремен работник,
 автоматска подготовка на даночна пријава за уплата на придонеси од социјално
осигурување и персонален данок и електронско издавање на потврда за извршена
работа,
 транспарентно информирање за условите за работа и условите за здравје и безбедност
при работа.
 поврзување и размена на податоци помеѓу Фондот на ПИОМ, ФЗО, АВРСМ, Централен
регистер, Национален регистар на население (МИОА), Државен инспекторат за труд,
работникот, работодавачот (правни и физичко лице)
 Спроведени теренски истражувања и анализи:
 „Неформалната работа во услужните сектори: лични и услуги во домот, туризам и
угостителство во Северна Македонија,“ март 2022
 „Кон воведување систем на поедноставено работно ангажирање на сезонски,
привремени и повремени работници во одредени дејности – Еx Ante Анализа на
правната и институционалната рамка во Северна Македонија“.
 „Анализа на трошоци и придобивки на законското решение и воведување на
електронски систем за поедноставена регистрација на сезонски работници во
земјоделството“, јуни – декември 2022
 Учество во подготовка на материјали за презентирање на основите карактеристики и
придобивки на моделот за поедноставено работно ангажирање на сезонски, повремени и
привремени работници пред ЕСС на седница која требаше да се одржи на 20.12.2022 година.
До крајот на 2023 година треба:
 Да се изготви и усвои посебен закон (Lex specialis) за поедноставно работно ангажирање
на сезонски, повремени и привремен работник
 Да се развие и тестира софтверот/платформата за електронско регистрирање на
работните ангажмани на сезонски, повремени и привремени вработувања
 Да се спроведе обука на државни службеници, работодавачи за користење на
платформата
 Да се спроведе кампања и промотивни настани за јакнење на свеста за важноста и
поволностите од формалната работа

10

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Сектор носител на законот Сектор труд

Други сектори вклучени во СЕИМС


координација и подготовка на
Работна група за формализација на неформалната
законот
економија координирана од МТСП/ Сектор труд
* согласно заклучок на Влада на РСМ на 8.11. 2022 година
Министерство за финансии е определено за институција носител
за подготовка на Стратегија за формализирање на неформалната
економија 2023-2025 со Акциски План.

Предлог на Закон за измена и дополнување на Законот за заштита на децата

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за заштитата на децата се поддржува реформа


во делот на подобрување на квалитетот на професионалниот и кариерен развој на стручниот
кадар во установите за деца-детски градинки. Се воспоставува систем за континуиран
професионален развој на стручните лица вработени во предучилишното воспитание, образование
и грижа со цел да се одржува чекор со педагошките новитети што ќе можат да обезбедат високо
квалитетни воспитно-образовни услуги уште од најрана возраст и грижа за сите деца, вклучително
и за децата во ризик и децата кои се социјално исклучени.

Поважни промени:
 се предлагаат одредби со кои детално квалитено се уредуваат компетенциите на стручниот и
раководниот кадар, нивниот професионален развој со посебен акцент на критериумите на
кариерниот развој.
 се регулираат заеднички активности на Министерството за труд и социјална политика и Бирото за
развој на образованието во однос на програмите за професионален развој, особено
акредитацијата на програмите за обуки за професионален развој како и на понудувачи на услуги
за професионален развој.
 се дополнува и модернизира воспоставената рамка за кариерен развој на вработените во
предучилишното воспитание, образование и грижа и зајакнување на капацитетите за нејзина
успешна реализација.
 се овозможува во делот на кариерниот развој приправништвото од работна позиција (ниво), како
што е во постојниот закон,да станува влез во професија во јавните установи за деца – детски
градинки (предлогот е секое прво наредно вработување на стручен кадар - стручни работници,
воспитувачи, стручни соработници и негуватели, да есо статус на приправник, коиќе добијат
поддршка од ментори на приправници од редот на вработените кои претходно аплицирале по
распишан јавен повик од Министерството за труд за социјална услуга и се стекнале со уверение за
ментори на приправници).

11

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


 на стручните кадри им се дава можност во рамките на установата да напредуваат во звања, со
збогатување уште со едно ново звање виш во кариерниот развој, воедно се предлага созакон
утврдување на бројот на стручен кадарза кариерно напредување.
 во рамките на основната компонента се предлага нова подобрена кариерна скала во смисла на
зголемување на разлика помеѓу пооделни кариерни нивоа, рамномерно распоредување на
бодовните разлики меѓу нивоата,вклучувајќи го нивото виш, без нивото приправник
 во рамките на исклучителната компонента се предлага поширока лепеза на надоместоци во
парична форма, како и други бонуси и стимулации во непарична форма, компензација во
слободни денови, платени обуки за професионален развој
Исто така, изработени се и 17 предлог подзаконски акти-правилници со кои се доуредуваат новните
од Предлог на Закон за измена и дополнување на Законот за заштита на децата.

Во февруари 2023 година треба:


 Да се даде feedback за да усогласат предложените измени на Законот за заштита на
децата и предложените подзаконски акти.

Сектор носител на законот Сектор за заштита на децата

Други сектори/институции вклучени во Биро за развој на образованието


координација и подготовка на законот
Работна група
СЕИМС

4. БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА
Во 2022 година беа склучени два нови меморандуми за соработка и тоа:
 Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на
Република Северна Македонија и Министерството за семејство и социјална политика на
Република Полска во областа на социјалната заштита и заштитата на децата (склучен на 29
јули 2022)
 Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на
Република Северна Македонија и Министерството за здравство и социјална заштита на
Република Албанија за политиките на социјалната заштита и заштитата на децата (склучен
на 14 ноември 2022).
По дипломатски пат е усогласен текстот на Меморандумот за разбирање за соработка помеѓу
Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и
Министерството за труд и социјална заштита на населението на Република Азербајан во областа
на трудот, вработувањето и социјалната заштита на населението. Меморандумот ќе се потпише во
12

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


2023.

Реафирмирана е потребата од обновување на иницијативата од 2019 година за склучување


меморандум за соработка во делот на политиките од областа на трудот и социјалните политки со
надлежното министерство од Република Хрватска. Се разгледува и потребата од уредување на
сезонската работна миграција со Хрватска.
Во однос на билатералната соработка со Австрија продолжи спроведувањето на проектите
финансирани од австриското Министерство за социјални прашања, здравство, нега и права на
потрошувачите. Претставници на Министерството ги споделија македонските искуства за
интегрирано давање услуги за ранливите групи и за мониторинг и евалуација на политиките
заедно со Косово, Ерменија, Албанија, Молдавија, Украина, Азербејџан и Црна Гора, а зедоа
учество и на виртуелна обука за финансирање на социјалните услуги, работилница за
Регулативата 883/2004 за координација на социјалната сигурност, но и на студиски посети во
Австрија.
Повеќе информации за билатералната соработка се објавени на веб страницата на Министерството
https://www.mtsp.gov.mk/bilateralna-sorabotka.nspx

5. СОРАБОТКАТА СО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ

6.1. Соработка со Совет на Европа

РЕСП ( ревидирана Европска социјална повелба)


На почетокот на 2022 година беше подготвен Деветтиот извештај за имплементација на
Ревидираната Европска социјална повелба, согласно системот на известување, усвоен од страна
на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој се применува од 31 октомври 2007 година. Во
Извештајот беа прикажани релевантни информации и податоци за имплементацијата на
превземените обврски на Република Северна Македонија по членовите од третата тематска група
- „Трудово право“, со референтен период на известување од 1.1.2017 до 31.12.2020 година.
Извештајот е доставен до ВРСМ и истиот е усвоен на 36-та седница, одржана на 5.04.2022 година.
Извештајот на македонски и англиски јазик е достапен на веб страницата на Министерството
https://www.mtsp.gov.mk/evropska-socijalna-povelba.nspx
Започна подготовка на Десеттиот извештај за имплементацијата на ратификуваните одредби од
ревидираната Европска социјална повелба од Тематската група 4 – “Деца, семејства и мигранти”.
До релевантните сектори и институции во декември 2022 година се достави прашалник чие

13

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


пополнување ќе овозможи комплетирање на Извештајот во текот на јануари 2023 год. и по
усвојување од ВРСМ ќе биде доставен до Совет на Европа до крај на првиот квартал на 2023.
Во тек е изработката на Аd hoc Извештај за кризата на трошоците за живот кој се осврнува на
новонастанатиот клучен предизвик во однос на современите права кои се уживаат во областа на
Советот на ЕУ имајќи го предвид значителниот пораст на трошоците за живот, понатаму стапката
на инфлација која причини значителна дискрепанција со платите кај повеќе држави каде посебно
се погодени социјално ранливите групи на граѓани.
Со оглед на ваквата ситуација, Комитетот смета дека „социјалните права и кризата на трошоците
за живот“ е соодветна тема за изготвување на едно мерило во форма на ad hoc извештај кој е
сочинет од следователен прашалник кој треба да ја детектира и измери оваа новонастаната
ситуација.
Имено, во тек е комплетирањето на Извештајот, при што прашалникот сочинет од десет клучни
прашања кои се непосредно поврзани со наведената антецеденса е доставен до релевантните
институции и со комплетирање на одговорите односно произнесувањето во целост, Извештајот ќе
биде комплетиран и проследен.
Во завршна фаза е подготовката на Вториот извештај за неприфатените одредби од
Ревидираната Европска социјална повелба, ратификувана од страна на Република Северна
Македонија на 6 јануари 2012 година. Согласно обврските од Европската социјална повелба,
Република Северна Македонија подготвува извештај за неприфатените одредби од истата на
секои пет години. Првиот извештај е подготвен и доставен до Советот на Европа и до Европскиот
комитет за социјални права (ECSR) во декември 2017 година.

Европски комитет за социјална кохезија


Претставник на МТСП зеде учество на вториот состанок на Европскиот комитет за социјална
кохезија (CCS) кој се одржа на 23-24 ноември 2022 година, во Стразбур (Франција). Главни точки
на дискусија беа актуелните предизвици за социјалната кохезија, предизвикани од пандемијата
ковид-19 и тековната војна во Украина и придобивките од транзицијата кон зелена економијата,
како еден од начините за надминување на сегашните и идните кризи. Членовите на Комитетот
имаа усни презентации за неодамнешните случувања во областа на социјалната кохезија и
социјалните права во нивните земји (во овој дел учесникот од РСМ информираше за мерките на
Владата на Република Северна Македонија за справување со енергетската криза).
Ажурирање на компаративните табели за системите на социјална заштита (МИСЦЕО)
Табелите за Северна Македонија со ажурирани информации заклучно со 1.1.2022 се доставени до
Совет на Европа во јуни 2022. http://bitly.ws/yCKW

6.2. Претседавање со ОБСЕ во 2023 година од страна на Република Северна


Македонија под слоганот „За луѓето се работи“

14

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


На 4.12.2020 година, Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа
(ОБСЕ) донесе одлука со која на Република Северна Македонија (РСМ) и се довери
претседателството Претседателството со ОБСЕ во 2023 година. Целосната координација на
активностите во рамки на претседателството е под координација на Министерството за
надворешни работи (МНР).
Во насока за навремено започнување и вклучување во подготовките за планирање и дефинирање
на активностите и настаните по одделни приоритетни области, министерството во текот на
септември 2021 достави до МНР предлог генерален приоритет и предлог активности во областите
во негова надлежност, кои би се спровеле во рамки на Претседавањето со ОБСЕ од страна на
Република Северна Македонија во 2023 година. Дел од предложените специфични приоритети и
предлог активности во текот на 2022 година се надополнија од страна на МНР имајќи го предвид
воениот конфликт во Република Украина и последиците од истиот, како и пост-ковид-19
пандемијата.
Генерален фокус на македонското претседавање со ОБСЕ во текот на 2023 година ќе бидее
ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност.
Притоа, сеопфатните аспекти на безбедноста ќе бидатсе поврзани со политичко-воената,
економско-еколошката и хуманата димензија, кои допридонесуваат кон регионалниот мир,
соработка и севкупен развој.
Дадениот предлог за генерален приоритет од МТСП, кој воглавно е прифатен во областите
поврзани со почитување на човековите права и фундаменталните слободи (во кој дел се
вклопуваат поддржаните активности на министерството), е: „Почитување на фунаменталните
права за подобра човекова безбедност” (‘Respect of Fundamental Rights for Better Human Security)
Дадените предлози за специфични приоритети по области, кои се општо прифатени, во
надлежност на министерството, се:
 Втемелување и имплементација на принципите, преку ефективни механизми за почитување
на човековите права, поддршка на политиките за борба против нетолеранција и
дискриминаторски политики и практики, како и поддршка на маргинализираните групи во
земјите членки во ОБСЕ, во насока за зајакната безбедност и сигурност во самите членки и кон
зајакната регионална соработка;
 Втемелување и имплементација на принципите на родовата еднаквост за подобри еднакви
можности за граѓаните, во насока за зајакната сигурност на општествените текови и процеси;
 Втемелување на човековите права и фунцкионирање на ефикасни механизми за нивна
примена во поддршка на мигрантите во миграционите движења, како и борба со трговија со
луѓе, во насока за зајакната регионална безбедност и сигурност;
 Подобрена безбедност и сигурност за зајакнати економски активности во насока за одржлив
економски раст и развој во земјите членки на ОБСЕ и поттикнување на меѓународната
економска соработка за различни прашања како одговор на глобалните и регионалните
закани.
Дадени предлог активности, кои се општо прифатени, во надлежност на МТСП и се очекува истото
да земе активно учество, се:

15

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Во областите Човекови права и Толеранција и недискриминација:
 Размена на искуства за примена на принципите на еднаквост и недискриминација во земјите-
членки на ОБСЕ – регионална работилница.
Во областа родова еднаквост:
 Размена на искуства во врска со унапредувањето на родовата еднаквост во регионот на ОБСЕ и
Предизвиците во справувањето со родовото базирано насилство и имплементација на
Истанбулската Конвенција -– регионална конференција одржана на 6.9.2023 година.
 Предизвиците во справувањето со родовото базирано насилство и имплементација на
Истанбулската Конвенција во регионот на ОБСЕ - конференција.
Во областа Роми и Синти:
 Размена на позитивни искуства за решавање на проблемот на Лицата неевидентирани во
Матична книга на родени - регионална конференција.
Во областите Миграции и Борба против трговијата со луѓе:
 Регионална размена на искуства за борба против трговија со луѓе и предизвикот на
идентификација на жртвите на трговијата со луѓе во услови на КОВИД – 19 - регионална
работилница.
Во областа Работна миграција:
 Размена на искуства и практики за работна миграција и позитивни примери од
имплементација на мерки за спречување одлив на младата работна сила – регионална
работилница/семинар.
Досега не се добиени официјални информации од МНР за прифаќање на предлозите.
Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе трае во текот на целата 2023 година.
Министерот за надворешни работи, г-н Османи, е најавено дека ќе ја презентира програмата на
македонското претседавање, пред Постојаниот совет на ОБСЕ, во Виена на 12.1.2023 година.
Номинирани лица од МТСП во Работната група (РГ) - Task Force (TF) раководена од МНР, за
подготовка на претседавањето на Република Северна Македонија (РСМ) со Организацијата за
безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година се: Гордана Тренкоска (член),
Александра Недева (заменик член) и Мабера Камбери (заменик член).

6. УЧЕСТВО ВО ДРУГИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ПРОЦЕСИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО

16

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


Во текот на 2022 2023 година, вработени во секторот беа активно вклучени во спроведување на
работни задачи и процеси во министерството, и тоа:
- Учество за работна група за креирање политики и законска регулатива за социјално
претприемништво за изработка на нацрт Закон за социјални претпријатија,
- Учество во работна група за изработка на Национална стратегија за правата на лицата со
попречености 2022-2032,
- Учество во работна група за изработка на Национални акциски планови за имплементација на
Националната стратегија за интеграција на Ромите 2022-2030,
- Учество во подготовка на новиот план за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026,
- Учество за работна група за изработка на Годишен план за проценка на ризици и мерки за
спречување корупција за 2023,
- Учество при спроведување на годишна редовна активност за попис во министерството, како
претседател на централна пописна комисија и членови во поединечните комисии за попис.

Подготвиле: Александра Славкоска, државен советник


Анкица Ивановски, раководител на сектор
Гордана Тренкоска, помошник раководител на сектор

Во подготовката на извештајот придонес дадоа и:


Кристина Илиевска, помлад соработник
Оливера Пенева, советник
Александра Лозаноска Бркиќ, советник
Ане Накова Петрушевска, советник
Драган Костовки, помлад соработник
Драгана Јаковлеска, помлад соработник
Ивана Антевска, помлад соработник
Моника Димчевска, соработник

ПРИЛОГ – Преглед на проекти

17

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

You might also like