You are on page 1of 10

ЕВРОПСКИ ЕКОНОМСКИ СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ

- УЛОГА : КОНСУЛТАТИВНА ПРЕСТАВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНОТО ЦИВИЛНО ОПШТЕСТВО


- ЧЛЕНОВИ: 344 ОД 27 ДРЖАВИ ЧЛЕНКИ
- МАНДАТ: 5ГОД
- ИЗБОР: ПРЕДЛОГ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ВЛАДИ ИМЕНУВАЊЕТО ГО ВРШИ СОВЕТОТ НА ЕУ СО
КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО
- СЕДИШТЕ: БРИСЕЛ
- Потеклото и развојот може да се проследи со римскиот договор.2003 го има променето
името.ЕЕСК ги преставува и прави да се слушнат интересите на различни економски и
социјлани компоненти на организираното цивилно општество
- Ваквото официјално толкување со соочи со 2 проблема: теоретски и практичен
- Внатрешна организација на ЕЕСК – бројно тело има 344 члена од 27 држави членки ,
мандатот е 5год.
- Бројот на преставници е различен според бројот на жители,Франција Германија Италија 24
члена , малта луксембург 5 члена.Тие се избрани во лично својство , односно во работата
на ЕЕСК не ја претставуваат ниту својата држава ниту организацијата од која
доваѓаат.Идејата за нивно здружување и заедничка расправа е да се доближат ставовите
на истите сектори или струки од различни држави.
- Се предлагат од националните влади,формално се именуват од Советот на ЕУ.со одлука
која се донесува едногласно.Се води сметка да доаѓаат од што повеќе области,односно да
претставуват широк спектар на интереси.
- Внатрешната организација на ЕЕСК, 3 поголеми групи: Работодавачи ( 50 % индустриска
гранка останатите јавни претпријатија , комерцијални организации , банки )
- Вработени ( синдикати преставници , Синдикалци)
- Различни интереси ( дел се од земјодеслката струка , мали и средни претрпијатија или
професионални здруженија , останатите се од јавни агенции , здруженија на потрошувачи)
И на 2 год се бира претседател, два потпреседатела и БИРО
УЛОГА НА ЕЕСК
- Првата е круцијална : СЛУЖИ КАКО СОВЕТОДАВНО ТЕЛО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ,
СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ.НА ТОЈ НАЧИН ШТО ЗЕМА
УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ.
- Овозможува на организаците на цивилното општество да учествуваат во остварувањето на
европскиот проект и на националното и на европско ниво,помаѓајќи европа да им стане
поблика на граѓаните
- Јакнење на улогата на цивилното општество во земјите кои не се ЧЛЕНКИ НА ЕУ
Во остварувањето на овие функции ЕЕСК МОЖЕ ДА ДАВА 3 ВИДА НА МИСЛЕЊА
-мислења како одговор на обраќањето на ЕК,советот или ЕП.
-Членовите на комитетот учествуват во формулирањето и подготвувањето на одлуките на
ЕУ ,односно надлежните институции задолжително мораат да прибават консултативно
мислење од ЕЕСК.Согласно ДЕУ , советот и ек мораат да го консултираат комитетот за точно
наведните области.
-Мислење по сопствена иницијатива преку кои тој ги ксажува своите погледи за која било
материја.
-Експланаторни мислења во кои на барање на Е.Комисија,Е.Парламент или
Претседателството на ЕУ.Комитетот изложува свои сугестии.
-ЕЕСК може на своја иницијатива да подготви информација по повод некој проблем
истражен од своја страна.
ЕЕСК има место во системот на носење одлуки на ЕУ.СМестен меѓу ЕК ЕП и
советот.Преставува Асемблеја на преставниците на различни сфери на економска и
општествена активност.
ЦЕЛ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ: ЕЕСК да се обезбеди демократска компонента низ која се
обезбедува влијанието на економските социјланите и граѓанските актери во политиката на
УНИЈА.Комитетот е замислен како форум за дијалог и за консултација што во крајна линија
треба даго јакне демократскиот легитимитет на ЕУ и да ја доближи Унијата до граѓаните и
општеството.
КОМИТЕТОТ е замислен како форум з адијалог и за консултација што во крајна линија
треба да го јакне демократскиот дијалог на ЕУ
Начин на работата на ЕЕСК
- Се одвива динамична активност на услогласување на бројни и различни ставови.
- Внатрешната структура опфаќа повеќе секции на чие чело стои по 1 член од избраното
биро на комитетот
- Секции постојат во следниве области
- Земјоделие , индустрија , економски финансиски монетарни прашања , социјални семејни
образовани и културни прашања , транспорт и комуникации , надворешни односи ,трговија
и развојна политика , енергетика нуклеарни прашања и истражувања , регионален развој и
планирање , заштита на животната средина јавно здравје и заштита на потрошувачите,
- Се донесуват со обично мнозинство на пленарни седници.
- Постапка за донесување на одлука
- - Барање за советодавно мислењe од страна на Е.Комисија,Советот.Е.Парламентот се
доставува на ЕЕСК
- Бирото одлучува за тоа која секција е надлежна за изведувањето на подготвителната
работа за Комитетот по конкретното прашање
- Секцијата воспоставува работна група и назначува известувач на кој во работата ќе му
помогнат експерти
- Секцијата го усвојува мислењето со обично мнозинство и го доставува до претседателот
ЕЕСК
- По разгледувањето на текстот на секцијата комитетот усвојува сопствено мислење на
пленарна седница и по принцип на обично мнозинство
- Усвоена мислење се доставува до институцијата која го побарала и истото се објавува во
службен весник на ЕУ

КОМИТЕТ НА РЕГИОНИТЕ

УЛОГА: Консултативна претставување на локалните и регионалните власти

ЧЛЕНОВИ : 344 члена 27 од држави членки

Мандат 5 год, Седиште: Брисел


Второ консултативно тело на ЕУ воспоставено за време на мастришкиот договор со мастришкиот
договор.Официјалното објаснување е дека Комитетот е воспоставен со намера да се зајакне
демократскиот легитимитет на Унијата,Меѓутоа во стварноста на овој чин му погодува
околностите,кои од една страна значеа ширење на надлежностите на Заедниците во области кои
вообичаено спаѓаат во доменот на локалните и регионалните власти на државите-членки , се
регионално движење и свест за алтернативите што ги нуди регионалнизмот и поврзувањето на
локално ниво.

СОСТАВ:

- 344 члена , 27 држави како и по една замена за секој назначен член ( да го замене во
остуство) .Со лисабонскиот договор утврден е максималниот број 350 члена.
- Советот на ЕУ ги именува со двотретинско мнозинство на гласови.
- Членови на комитетот не примаат и не работат според ничии и политички инструкции,а
само во интерес на ЕУ.Лисабонскиот договор го продолжи од 4г-5год мандат.
- Комитетот на членови се групираат по идеолошка основа по 4 пол.партии:Европска
народна партија,Партијата на европските социјалисти,Групата на Алијанса и либералите и
демократите на Европа.Унија на европа на интересите.
- Извршува советодавна функција и преставничка функција.
- Внатрешни тела на КОМИТЕТОТ се споменуваат: Пленарната асемблеја, Претседателот ,
Бирото И Комисии.
- Од редот на своите членови Комитетот избира претседател,еден прв потпреседател и по
еден потпреседател од секоја земја , со мандат од 2 години.
- БИРОТО Е 60 ЧЛЕНА – прв потпреседател потпреседателите од државите членки ,
четворицата претседавачи на политичките групи како и 27 држави членки од комитетот.
- Пленарната Асемблеја е сочинета од сите членови и претставува еден вид легислативен
орган на Комитетот
- НАДЛЕЖНОСТ НА ПЛЕНАРНАТА АСЕМБЛЕЈА
- - усвојување на мислења извештаи и резолуции.
- Усвојување на нацрт будџетот на Комитетот
- Ги избира претседателот првиот потпреседател и другите членови на Бирото
- Воспоставува комисиите
- Го донесува и менува деловникот за работа на Комитетот
- Работата на комитетот практично се одвива преку дејноста на 6те специјализирани
комисии.
- Постојат моментално 6 комисии:
- Комисија за граѓанство ,управување , инситуционални екстерни работи
- Комисија за територијална кохезија
- Комисија за економски социјални политики , 4 Комисија за образование младина култура и
истражувања, Комисија за животна средина климатска промени и енергија , Комисија за
природни ресурси
- Комитетот на регионите може да донесува неколку вида на мислења
- Мислења во постапка на задолжителна консултација: во точно определени
прашања.советот на министри и ек се обврзани да го консултираат за мислења комитетот
на регионите.Со измените на лисабонскиот договор треба да се зајакне улогата на
комитетот во законодавниот процес.
- Самоповикување – кога е консултиран ееск ,советот или ек истворемено го известуваат и
комитетот на регионите на нивното барање на мислење упатено до ова друго советодавно
тело
- Мислење по сопствена иницијатива: комитетот има право да изгради и објави мислење по
сопствена иницијатива за секое прашање кое го смета за важно.
- Советот и ЕК можат да наметнат рок од еден месец во кој комитетот мора да го соопшти
своето мислење.
- Улога на Комитетот на регионите
- 1. Главна функција на комитетот на регионите е поврзана со неговото учество во
процесот на одлучување иако во својство на советодавен орган.
- 2.Тие ја остваруваат и функцијата на поврзување на дејностите кои се одвиваат на европско
ниво со оние од локално.Своевиден мост кој ги поврзува граѓаните и нивните локални
заедници со европските текови, и на тој начин ја остварува и нивната партиципација и
овозможува нивните интереси да се слушнат во брисел.
- 3.Поврзување и запознавање на локалните заедници од ЕУ.Помага при градење на
Европското општество
- Како главни причини се посочуваат:
- 1) Комитетот има нејасно дефинирана цел и е предмет на различни очекувања,Додека ЕК
има намера да ја искористи експертизата на регионалните претставници,нивното
познавање на состојбите на теренот,заради подобро имплементирање на регионалната
политика,поголеми региони во европа бараат поголема репрезентативна функција.
- 2) Комитетот за регионите доби ограничена советодавна функција,без овластување да ги
наметне своите мислења кои остануват необврзувачки.
- 3) Хетерогеното членство кое го сочинува Комитетот не овозможува донесување на
секогаш добро аргументирани мислења, кои затоа немаат пгоолемо влијание кај другите
институции ниту пак одразуваат конзистента стратегија на комитетот.
- Ја оживотворува идејата за широка преставништво на различните општествени субјекти и
идејата за делиберативна демократија.
- Комитетот добива право да се обрати до Судот на правдата ако смета дека е загрозен
принципот на субсидијарност.

ПОИМ И ПРИРОДА НА ПРАВОТО НА ЕУ

-Европската унија нема само политичка економска и меѓународна димензија.Нејзината правна


димензија заслужува примат затоа што е креација на правото како израз на заедничката политичка
волја на државите членки а и самата создаде спесифичен правен поредок.

За неа се вели дека со креирани од правото и претставува заедница заснова на правото ЕУ е


политички простор во кој владее принципот на владеење на правото.

На европскиот правен поредок се гледа како најуспешната област од европската интеграција во кој
националниот суверинетет е ограничен во најголема мерка за сметка на промоцијата на
европските цели и интереси.Функционира како федерален систем.
Збирот на сите важечки норми донесени во контектст на институционалната структура не ЕУ се
именува како acquis communautaires , што значи заедница како таква се употребува како збирен
термин за означување на правата и должностите кои државите членки на ЕУ Ги споделуват.Ги
вклучува сите договори и законски акти, декларации и резолуции и меѓународни договори
склучени со трети страни,пресудите на ЕСП но и акциите преземани во вториот и третиот столб.

Една од најважните карактеристики на правниот систем на ЕУ е хетерогеност,како што покажува


acquitо.

Од гледна точка за содржината најголемиот број акти и норми се од областа на на јавното право во
полето на економскиот живот ,иако се со поголем број на елементи на еколошкото и социјалното
право.

Во правната теорија има два концепта комунитаризација и европеизација – не се синоними

1. Комунитаризација се подразбира процес на создавање на комунитарното право преку


методи на унификација и хармонизација а со користење на посебни средства.
2. Поимот Европеизација е поширок и се употребува за означување на феноменот на
приближување на националните права на европските држави,туку само подготвеност на
националните држави и нивните судови за постепено менување на внатрешното
законодавство заради неговото прилагодување на европските стандарди
Спесифичноста на Европското право се огледува и во тоа што не е врзано исклучиво за
територијата на ЕУ.Земјите кои претендираат за членство стапуваат во договорен однос со
ЕУ и во текот на асоцирањето преземаат различни обврски меѓу кои е прифаќањто и
усогласувањето на своето законодавство со acquit.Пр швајцарија

ИЗВОРИ НА ПРАВОТО ВО ЕУ

- Правен извор на правото на ЕУ претставува волјата да се создаде европски поредок преку


поблиско економско поврзување што е и суштината на европската интеграција
- МАТЕРИЈАЛНИ И ФОРМАЛНИ ИЗВОРИ
- Материјални извори ја означуват причината која предизвика односно бара правно да се
уреди една област на општествените односи и која го определува начинот на тоа
регулирање.
- Формални извори- сите важни општи правни акти со кое е регулирана одредена област.
- Најопшта поделба:
- ПИШАНИ И НЕПИШАНИ
- НЕПИШАНИ: СУДСКА ПРАКТИКА , ОПШТИ ПРАВНИ ПРИНЦИПИ, обичаите кои имат голема
улога во меѓународното право немат улога во правниот систем на ЕУ
- СУДСКАТА ПРАКТИКА – значаен извор , во контекст на неговата функција на толкување на
одредбите на основачките договори,утврдени се главните принципи на ова право.
- Општи правни принципи – поврзани се со судската празнина како непишани извори на
правото,бидејќи токму врз нивното почитување и аплицирање се засноват од пресудите на
СП
- Во општи правни принципи спаѓаат : - Принцип на Меѓународното право, во работата на СП
се користат рестриктивно односно се почитуваат само оние кои не се во колизија со
правната природа и институционалната поставеност на ЕУ.принципот според кој на
државата и се забранува да им го одбие на своите државјаните правото на пристап и
престојување на својата територијата принципот на територијалност и принципот ПАКТА
СУНТ СЕРВАНДА ( договорите се почитуваат)
- Принцип заедничките за сите правни системи ( принципот бона фидес и право на одбрана)
- Општите правни принципи заеднички за внатрешните правни системи на државите членки
се прифаќаат особено во областа на т.н вондоговорна одговорност на ЕУ
- Принципите на правото на ЕУ , се всушност оние кој што се изведени од природата на ЕУ од
логиката и целите на системот воспоставен со основачките договори.
- Принципот на солидарност , единственост,принципот на слобода,забрана на
дискриминација,принципот на институционална рамнотежа и принципот на комунитарен
преференцијален систем
- Основните ЧОВЕКОВИ ПРАВА- се составен дел од правото на ЕУ,
- *** ПОСТОЈАТ ДВА ВИДА ФОРМАЛНИ ИЗВОРИ НА ЕВРОПСКОТО ПРАВО ***
- ПРИМАРНИ
- СЕКУНДАРНИ
- ВО ПРИМАРНИ ИЗВОРИ СПАЃААТ РАЗЛИЧНИ ДОГОВОРИ КОИ ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ ГИ
СКЛУЧИЛЕ МЕЃУСЕБНО А НАЈЧЕСТО ВО ВРСКА СО УРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ВО УНИЈАТА.
- 1. ** ДОГОВОРИ кои државите членки ги склучиле во врска со основањето и
надлежностите на унијата,а кои се јавуват во два вида како ОСНОВАЧКИ и
ДОПОЛНИТЕЛНИ.
- ОСНОВАЧКИ – ПАРИСКИОТ ДОГОВОР ЗА ОСНОВАЊЕ ЕЗЈЧ , двата римски дог. Еез и
евроатом,в) мастришкиот договор за основање на ЕУ
- ДОПОЛНИТЕЛНИ , договор за фузија на институциите , амстердамскиот договор , договорот
од ница од 2000г,и лисабонскиот договор
- 2. ДОГОВОРИ СКЛУЧЕНИ НЕ ПОМЕЃУ СИТЕ ЧЛЕНКИ ТУКУ САМО МЕЃУ ДЕЛ ОД НИВ
- Немат сила на супранационални правни инструменти
- 3. Договори и други акти кои еу ги склучила со трети 3ти држави и меѓународни
организации во рамки на екстерните односи.Овие акти влегуваат во категоријата на
договорно право.
- 2 ГРУПА СЕКУНДАРНИ ИЗВОРИ.
- -Тие се резултат на нормативните дејности на надлежните органи на ЕУ.Станува збор за
извори кои врз основа на примарните извори ги донесуват Советот ЕК и ЕП:
- Секундарните извори ги сочинуваат неколку вида на правни акти.Нивните дефиниции се
вообичаено дадени во основачките договори,но често не конзистентен начин.Се утврдува
дека заради остварување на надлежностите на Унијата,институциите ќе усвојуват уредби ,
директиви , препорака и мислење.
- Задолжителни правни АКТИ
- Предвидува дека органите на Заедницата располагаат со значајни овалстувања во поглед
на донесувањето на одлуки заради спроведување на неговите одредби.Секунарното право
претставува збир на сите правни акти усвоени од институциите на ЕУ.По обемот и бројот на
АКТИ што го сочинуваат ,тоа далеку го надминува примарното право.
- УРЕДБИ – ПРАВНИ АКТИ КОИ КОРЕСПОНДИРААТ СО ОНА ШТО ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАВНИ
СИСТЕМИ ГО ПРЕСТАВУВААТ ЗАКОНИТЕ.УРЕДБАТА СЕ ДЕФИНИРА КАКО ОПШТ АКТ
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВО СВОИТЕ ЕЛЕМЕНТИ,КОЈ СЕ ПРИМЕНУВА ДИРЕКТНО ВО СИТЕ ДРЖАВИ
ЧЛЕНКИ.
- УРЕДБА – ОПШТ АКТ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВО СВОИТЕ ЕЛЕМЕНТИ , кој се применува директно
во сите држави членки,се применува и се однесува на неопределен број на
случаи.ПРЕДВИДУВА ДИРЕКТЕН ЕФЕКТ

Формален услов за нивно стапување во сила е претходно објавување во службеното гласило на ЕУ.

УПАТСТВА – ДИРЕКТИВИ – се општи правни акти со секундарен карактер.Не се директни за


разлика од УРЕДБИТЕ.НО СЕ ПРИМЕНЛИВИ во исклучителни ситуации кога се исполнети неколку
кумулативни услови.Државите се слободни само да го утврдат најсоодветниот начин на
остварување на посочената цел.Државите ја задржуваат својата нормативна надлежност , но
моралната да ја почитуваат рамката и роковите утврдени од страна на ЕУ.

Се смета дека се дуалистичкиот принцип на односот меѓу националното и меѓународното право.

Директивите се сметаат за основно средство за хармонизација на правото на ЕУ.

Ги усвојува советот на ЕУ или Е.Комисија а тие се главно упатени кон државите членки

ОДЛУКИ – СЕ ЗАДОЛЖИЛТЕНИ ПРАВНИ АКТИ МЕЃУТОА ЗА РАЗЛИКИТЕ ОД УПАСТВАТА И УРЕДБИТЕ


КОЈ ШТО СЕ општи акти, ОДЛУКИТЕ СЕ ВО КАТЕГОРИЈА НА ПОЕДИНЕЧНИ УПРАВНИ АКТИ.

Во смисла дека се однесуват на однапред познати субјекти.СО ЦЕЛ РАЗРЕШУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ


СИТУАЦИИ.Одлуките секогаш се однесуват на поединечни односи,што значи дека имаат адресат
на кој му се одобруваат права или наметнуваат обврски.За примателот одлуката станува
задолжилтена во сите свои елементи наеднаш по соопштувањето.Тие имаат директен ефект,што
значи дека не е потребна никаква национална мерка на нивно транспонирање.

Како адресати се јавуваат : влади на држави членки ,стопански организации или граѓани.Надлежен
за ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ Е СОВЕТОТ ИЛИ КОМИСИЈАТА КОЈА МОЖЕ ДА ДЕЈСТВУВА СОГЛАСНО
СОПСТВЕНИ ОВЛАСТУВАЊА.

НЕОБВРЗУВАЧКИ АКТИ

СЕ НАРЕКУВАТ АКТИ СО КОИ НЕ СЕ ОДЛУЧУВА

1. ПРЕПОРАКИ И МИСЛЕЊА – СЕ НЕОБВРЗУВАЧКИ ПРОПИСИ,НЕМАТ ПРАВНО ОБВРЗУВАЧКА


СИЛА И НЕ НАМЕТНИУВАТ НИТУ ОБВРСКА НИТУ ПОВЛЕКУВАТ НЕКАКВА САНКЦИЈА
ЗАРАДИ НЕИЗВРШУВАЊЕ.И НЕМОЖЕ ДА СЕ ВОДЕ ПРОТИВ НИВ ПОСТАПКА НА СП
2. НЕИМЕНУВАНИ АКТИ- АТИПИЧНИ АКТИ,ТИЕ СЕ РЕЗУЛТАТ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА
ПРАКТИКА НА БРОЈНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ТЕЛА КОМИСИИ

ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ НА ПРАВНИОТ ПОРЕДОК НА ЕУ

1. ПРИНЦИП НА НЕПОСРЕЕЕЕДНА ПРИМЕЕНА – значи дека правото на ЕУ претставува


автономен правен систем кој произведува непосредни дејствија во внатрешниот јавен
поредок на државата.Без притоа да биде пренесо во национален законик или уредба.
Се смета за институционален принцип и се однесува за прашања за тоа како правото е
инкорпорирано.
Принцип на директен ефект ---- СЕКОЕ ЛИЦЕ ИМА ПРАВО ОД СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН СУДИЈА
ДА БАРА НА НЕГОВИОТ СЛУЧАЈ ДА ГИ ПРИМЕНИ ОДРЕДБИТЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ ДОГОВОРИ
УПАТСТВА ИЛИ КОМУНИТАРНИ ОДЛУКИ.Судијата има обврска да ги користи овие текствои
без оглед на законодавството на земјата од која потекнува.
СУДОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ГО ПРЕЦИЗИРА ЗНАЧЕЊЕТО НА ДИРЕКТНИОТ ЕФЕКТ
- Нормите на комунитарното право мораат да произведуваат дејствија во потполност и на
еднообразен начин во сите држави – членки ,и тоа од денот на стапување во сила па за
време на својата важност
- Нормите – претставува извор на права и обврски за сите оние кои се засегнати во нив,без
оглед дали станува збор за државите или за поединци кои учествуваат во правните односи
од сферата на комунитарното право
- Се однеусва и на секој судија кој одлучувајќи во рамките на својата надлежност како орган
на државите – членка има задача да ги штити правата кои комунитарното право им ги
признало на поединците.
- ПРИНЦИПОТ НА ДИРЕКТЕН ЕФЕКТ НЕМА ОПШТ КАРАКТЕР,ОДНОСНО СЕ ОДНЕСУВА САМО НА
КОМУНИТАРНИТЕ НОРМИ КОИ ИСПОЛНУВАТ ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ,КАКО ПРЕЦИСНОСТ
ЈАСНОСТ И НЕУСЛОВЕНОСТ
- МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ВЕРТИКАЛЕН И ХОРИЗОНТАЛЕН ЕФЕКТ.
-
-
- 3. ПРИИИИИИИИИНЦИП НА СУПРЕМААТИЈА – приматот на комунитарното право над
националното право на државите членки е признат како еден од конститутивните
принципи на комунитарниот правен поредок.Овој принцип заедно со принципите на
директен ефект и непосредна и униформна примена претставува основа за ефективноста
на комунитарниот правен систем,но тие исто така играат улога на столбови на уставноста
на ЕУ.ВО НИТУ ЕДНА ОДРЕДБА НА ОСНОВАЧКИТЕ ДОГОВОРИ НЕ СЕ ПРЕДВИДУВА овој
принцип иако за неговото значење еден судија на ЕСП рекол дека е егзистенцијален услов
за постоење на комунитарното право.
- ПРИНЦИП НА СУПРЕМАТИЈА Е КРЕАЦИЈА НА СУДСКАТА ЈУРИСПРУДЕНЦИЈА.ВОВЕДЕН ОД ЕСП
во случајот КОСТА В ЕНЕЛ 1964
ПРИМАТОТ на комунитарното право европско право важи во однос на сите норми на
внатрешното право без оглед на нивната правна сила.

4.. ПРИНЦИП НА СУБСИДИЈАРНОСТ – СТАНУВА ИНСТИТУЦИОНАЛНЕН ЕЛЕМЕНТ НА ЕУ СО


ДОНЕСУВАЊЕ НА МАСТРИШКИОТ ДОГОВОР.корените се уште од римскиот договор.
Најголем поборник е В.БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА.В.БРИТАНИЈА ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ
ПЛАШИ ОД КОМУНИТАРНИОТ ЕКСПАНЗИОНИЗАМ
ДЕФИНИРАН Е У ДОГОВОРО ОД ЕУ - заедниците дејствуват во рамки на надлежностите кои
и се доверени и согласно целите утврдени во овој договор.
Заедницата може да реагира исклучиво во рамките на оваа надлежноста која и е доверена
и на тој начин се формулира принципот на доделени надлежности
Принципот на субсидијарност се применува исклучиво во областите во кои постои
комунитарна надлежност.не се применува во ретки области во кои постои есклузивна
надлежност
ПОДЕЛБА НА НАДЛЕЖНОСТИ МЕЃУ ЕУ И ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ
СО ДОГОВОРОТ ОД ЛИСАБОН ПРЕДВИДУВА ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА МЕЃУ ЕУ И
НАЦИОНАЛНИТЕ ДРЖАВИ КОЈ СЕ ЗАСНОВУВА ВО РАЗЛИКУВАЊЕ НА 3 ВИДА НА
НАДЛЕЖНОСТИ ПРЕДВИДЕНИ ВО УНИЈАТА ТОА СЕ
- ЕСКЛУЗИВНА НАДЛЕЖНОСТ
- ЗАЕДНИЧКА НАДЛЕЖНОСТ
- ОБЛАСТ ОД ПОТИКНУВАЧКИ , ПОДРЖУВАЧКИ И НАДОПОЛНУВАЧКИ АКЦИИ

1. ЕСКЛУЗИВНА НАДЛЕЖНОСТ – ОДНАПРЕД дефинирани области САМО УНИЈАТА има право


да донесува одлуки во вид на легислатива,а државите членки во тие сфери можат да
дејствуват само ако се овластени од страна на ЕУ,или кога се ангажираат во процесот на
нивната имплементација.ЕУ е носител на есклузивна надлежност во воспоставувањето на
правилата за конкуренцијата за областа на заедничкиот пазар и тоа во :
- Монетарна политика во евро зоната
- Заедничката трговска политика
- Царинска унија
- Конзервација на морските биолошки ресурси
2. ЗАЕДНИЧКА НАДЛЕЖНОСТ – СПОДЕЛЕНА , институциите на унијата и оние од национално
ниво имаат власт да регулират одредени прашања.Тоа е надлежност се одмерува по
принципот окупирано поле на дејствување , во моментот кога ке пријде во раците на ЕУ
надлежноста на националните институции престанува
-вакви споделени надлежности има во
-внатрешниот пазар
Област на слобода безбедност и правдата
Земјоделие и риболов
Енергија
Транспорт
Социјална политика заштита на потрошувачи здраствена заштита слобода и безбедност и
правда
ЕУ е надлежна за одобрување и имплементација на програмите без притоа да ги спречува
државите да ги остварат своите суверени надлежности
3. ОБЛАСТИ НА ПОДРЖУВАЧИ ПОТИКНУВАЧИ ИЛИ НАДОПОЛНУВАЧИ

ЕВРОПСКАТА ЛЕГИСЛАТИВА ВО ПОЛЕТО НА НАДВОРЕШНАТА И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА


ПОРАНЕШЕН ВТОР СТОЛБ

- Може да се подели на 2 компоненти правото карактеристично за првиот и третиот столб и


акти кои се донесуват во ова сфера.
- Во поранешниот втор столб се уште се карактеристични следниве принципи
- Клучна институција за донесување на одлуки е советот на еу
- Ек ретко се јавува како иницијатор за донесување одлуки
- Еп има советодавна улога
- Судот на правдата нема улога
- Постојат следниве спесифични правни инструменти
- Заеднички стратегии – акти кои ги усвојува европскиот совет.
- Заеднички позиции – ставови – правни акти кои ги усвојува советот на еу.се изразува
ставот на еу за некои посебни прашања кои се однесуват на трети држави или
меѓународни организации.
- Заеднички акции – акти на советот на еу кои се донесуват во ситуации кога се бара
оперативно дејствување на еу
- Рамковни одлуки – заради хармонизација се донесуват приближување на националните
заокнодавства
- Одлуки-
- Декларации – ги изразуват гледишта барање очекување
- Меѓународни договори се склучуват во областа на ндворешната и безбедносната политика

ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЕУ

ЕУ – МИРОВЕН И ДЕМОКРАТСКИ ПРОЕКТ,требаше подолго време за да го сврти вниманието кон


прашањата на човековите права и нивната конституционализација во основувачките договори.

Во преамбулата е нагласено, се појавуват политички иницијативи на материјата на човековите


права во рамка не еу,

1. Колективно пристапување на ЕКЧП


2. ДЕУ ги додава , граѓаните да избираат и да се кандидираат на локални/европски избори
во државата која е место на нивното престојувалиште правото на поплака до еп и до
европскиот обдусман и правото на заштита од страна на дипломатските конзуларни
пресштавништва на било која држава членка.ДЕУ нагласува дека унијата ќе ги почитува
човековите права онака како што се гарантирани со европската конвенција зазаштита на
човековите права и основните слободи.

Документ кој е донесен како компромис е ПОВЕЛБАТА ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ЕУ

6 поглавја 1. Гарантирано право на живот 2. Право на слобода 3. Ја уредува материјата на


еднаквост право на деца , право на старите лица 4.социјални и работничките права 5. Право на
граѓаните во политичката сфера 6. Посветен на прашања од судските постапки

You might also like