You are on page 1of 2

Каква заедница е ЕУ?

ЕУ е меѓувладина и наднационална заедница на 27 европски земји. ЕУ постојано се проширува со


нови земји членки.

Како потекнала идејата за создавање на унијата?

Идејата е од порано и имало обиди за здружување на европските народи но не биле успешни.


Така по Втората светска војна, постоела желба да се обнови Европа и да биде голема светска сила
па во 1951 год најсилните 6 земји од Европа: Белгија, поранешна западна Германија, Луксембург,
Франција, Италија и Холандија ја создале Европската заедница за јаглен и челик. Од 1957
прераснува во Европско-економска заедница и почнува да се проширува. Движењето на стоките и
услугите и луѓето меѓу земјите на ЕУ е слободно.

Кога е основана Унијата под ова име?

Во 1993 год.

Колку земји ја сочинуваат ЕУ?

27 земји членки.

Кои се симболи на ЕУ?

Синото знаме со 12 златни ѕвезди и Химната – Ода на радоста.

Знамето е сино со 12 ѕвезди што се наредени во круг и бројот 12 означува единство и


совршенство.

Химната е создадена од Бетовен во 1823 година и се вика Ода на радоста. Симболизира единство
на народите и расите во светот.

Кое е мото на ЕУ?

Обединети во различностите.

ВО која година е воведено еврото?

Во 2002 год, јануари.

ВО кои градови се наоѓаат институциите на ЕУ?

Совет-Брисел.

Парламент – Брисел и Стразбур.

Комисија – Брисел.

Суд на правдата – Луксембург.

Најважни институции (од вкупно 7) на ЕУ се:

Советот на ЕУ е најважна институција - има 27 членови министри колку што има членки, се
занимава со закони, буџет, проблеми со криминал, се наоѓа во Брисел.
Европски парламент – ги претставува граѓаните на ЕУ, се занимава со закони, буџет и контола и е
интересно што кога работи парламентот, тој е достапен за јавноста и граѓаните може да го следат
во живо. Локација Брисел и Стразбур.

Европска комисија – се состои од 27 комесари, ги штити интересите на заедницата, предлага нови


закони и одговара пред Парламентот. Се наоѓа во Брисел.

Европскиот суд на правдата ги спроведува судот и законите на ЕУ и ги решава споровите меѓу


членките на ЕУ и граѓаните и е составен од 15 судии кои се менуваат на секои 6 години и се наоѓа
во Луксембург.

Европски совет е составен од шефовите на државите и од премиери и цел има да го поттикнува


развојот на ЕУ.

Што им овозможи Унијата на граѓаните?

Демократија, мир, безбедност, стабилност.

Каков статус има Македонија во ЕУ?

Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ. Како кандидат, треба да исполни повеќе услови
за да стани членка еден ден.

Кои критериуми треба да ги исполни Македонија за да стане членка?

-мир и безбедност во земјата

-да владее правото

-поголема демократија

-подобра социјална заштита на луѓето

-намалена невработеност

-да го зголеми економскиот развој

-да го намали загадувањето на животната средина

Какви придобивки би имала Македонија ако стане членка на ЕУ?

Побезбедна, постабилна, подемократска земја, размената на стоките би била без даноци или со
помали даноци, проширен пазар за пласман на производите, луѓето би патувале без визи и со
неограничен престој во земја членка...

You might also like