You are on page 1of 13

ООН И ЕУ

• Организацијата на обединетите нации (ООН) е универзална


светска организација што дејствува во насока на спречување на
судирите меѓу државите врз база на почитување на човековите
права и слободи. Создадена е во 1945 година во Сан
Франциско. Нејзини главни органи се Генералното собрание
што се состанува редовно секоја година, како и Советот за
безбедност.
• Организацијата располага со специјализирани агенции и
организации што дејствуваат во насока на поускладен светски
развој. Такви се на пример ФАО (организација за храна и
земјоделие), УНЕСКО (за образование, наука и култура), УНИДО
(за индустриски развој) и многу други.
• Обединетите нации исто така ја насочуваат и дејноста на
Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Генерално собрание
• Сите 193 членки на ООН се дел од
Генералното собрание каде што во
суштина дискутираат за различни
прашања. Ова Собрание е најблиску
што го имаме до светско Собрание.
Секоја држава независно дали е
голема или мала, богата или
сиромашна, од северот или југот, има
по еден глас. Слично како пратениците
во нашето Собрание, така и
претставниците на државите членки
во Генералното собрание на ООН се
сретнуваат и носат одлуки. Разликата е
во тоа што одлуките на нашето
Собрание се нарекуваат закони и се
задолжителни за граѓаните на нашата
држава, додека одлуките на
Генералното собрание на ООН се
нарекуваат резoлуции и истите се на
ниво на препораки за државите
членки.
Генерален секретар
• ООН има
Генерален
секретар кој го
избираат земјите
членки, а чија
задача е да ја
претставува
организацијата, но
и да ги заштитува
интересите на
граѓаните од
светот, некогаш и
по цена да им се
спротивстави на
државите членки.
Совет за безбедност
• Во рамки на ООН, функционира и Советот за
безбедност, чија главна задача е да го
одржува меѓународниот мир и безбедност.
Во него членуваат 15 земји членки, од кои 5
се постојани членови на Советот за
безбедност: Кина, Франција, Русија, Велика
Британија и САД. Другите 10 члена се
избираат на секои две години. Одлуките на
Советот за безбедност се задолжителни за
сите земји членки. Кога има конфликт
помеѓу две или повеќе држави, Советот за
безбедност најчесто прво ги повикува
страните да се договорат на мирен начин
меѓусебе како да го надминат конфликтот,
најчесто преку преговори. Доколку се случи
војна, тогаш Советот се обидува да склучи
примирје меѓу страните. Во меѓувреме,
додека трае војната или насилството,
Советот може да одлучи да испрати
мировна мисија, за да го врати мирот и за
да го заштити цивилното население.
Мировните мисии мора да бидат неутрални
кон сите завојувани страни и војниците кои
се дел од мисиите смеат да пукаат само во
самоодбрана.
Меѓународен суд на правдата

• Меѓународниот суд
на правдата е уште
едно тело на ООН.
Кога државите
имаат меѓусебно
несогласување, тие
можат да одат пред
овој суд и тој да
одлучи кој е во
право.
Вредностите на ЕУ
• Мотото на ЕУ е „Обединети во различностите“, а целата
работа на Европската Унија почива врз вредностите на
демократија, човеково достоинство, слобода,
еднаквост, владеење на право и почитување на
човекови права. Затоа секоја држава која сака да стане
членка на ЕУ мора да покаже дека ги почитува истите
вредности. Па така, еден од начините да покаже дека
навистина ја цени разноликоста на многуте култури кои
постојат во рамки на државите на ЕУ, но и дека сите се
еднакви, ЕУ во работата на своите институции
применува дури 24 јазици. Тоа значи дека кога Северна
Македонија ќе стане земја членка на ЕУ и македонскиот
јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ.
Симболи на ЕУ
• Симболи на ЕУ се знамето и химната на
Унијата.Знамето на ЕУ е составено од 12
жолтозлатни ѕвезди распоредени во круг, на сина
позадина. Петте краци на ѕвездите го
симболизираат единството на народите од
Унијата,а изборот на бројот на ѕвездите (12) се
должи на симболиката на бројот.
Овој број претставува симбол на совршенство и
единство. Химната на ЕУ е тема од Деветтата
симфонија „Одата на радоста“, компонирана во
1823 од Бетовен. Химната претставува израз на
визијата на Бетовен за зближување на народите и
расите во светот.
Трите најзначајни институции на ЕУ
• Трите најзначајни институции на ЕУ се: Советот
на Европската унија, Европскиот парламент,
Европската комисија. Овие институции ги
застапуваат интересите на одделните земји
членки, но и заедничките интереси на Унијата.
Советот на Европската унија е водечка
институција, одлучувачко тело кое ги
претставува интересите на земјите членки.
Европскиот парламент е избрано тело кое ги
претставува граѓаните на Европската унија.
Европската комисија е извршна власт на ЕУ.
Придобивки од членството во ЕУ
• Граѓаните на ЕУ можат да патуваат и да живеат во која било
друга држава на ЕУ. На пример, „Откриј ја ЕУ“ е иницијатива со
која секој кој ќе наполни 18 години може да патува низ ЕУ,
претежно со воз. Ова е возможно затоа што со воведување на
Шенген зоната нема граници и превозот е многу поевтин од
порано.
• Исто така, граѓаните на ЕУ можат да учат во која било друга
држава на ЕУ. За тоа постои Еразмус+ програмата која на
ученици и наставници им дава можност да учат или да се
усовршуваат надвор од својата држава. Младите дури може да
се пријават да одат на пракса во европските институции во
Брисел, Стразбур и Луксембург. Граѓаните може слободно да
изберат каде сакаат да живеат, учат или работат, благодарение
на слободното движење на луѓе и единствениот пазар на труд
кој постои во ЕУ. Во овој момент, дури 17 милиони луѓе работат
или живеат во друга држава во ЕУ
• Граѓаните на ЕУ можат да работат во компанија или институција или
да започнат сопствен бизнис во која било држава во ЕУ. За да им
помогне на младите луѓе полесно да најдат работа, односно да се
вклучат во пазарот на труд, ЕУ има своја програма која се нарекува
Младинска гаранција. Оваа програма им помага на младите да најдат
работа со која ќе бидат задоволни.
• Исто толку важно е што граѓаните на ЕУ имаат право да учествуваат
во донесувањето одлуки на европско ниво. Па така, тие учествуваат
на избори за пратеници во Европскиот парламент. Граѓаните можат
заедно со други милион граѓани од 7 држави да поднесат
иницијатива до Европската комисија со која предлагаат да се донесе
некој закон, или да учествуваат во дијалог со претставници на ЕУ,
каде што може да им ги кажат нивните очекувања и ставови.
• ЕУ исто така помага да се заштити животната средина и
биодиверзитетот и активно се бори со климатските промени.
Граѓаните пијат значително почиста вода поради стандарди кои ЕУ го
воведува во однос на квалитетот на воздухот и водата.
• ЕУ се грижи и за правата на граѓаните како
потрошувачи. Па така, каде било во ЕУ граѓаните
плаќаат иста цена за зборување на телефон, без
трошоци за роаминг или, пак, ако им го откажат
или значително одложат летот, ЕУ ќе се погрижи да
им бидат вратени парите. Исто така, ако граѓанин
на ЕУ купува онлајн од понудувачи кои се
регистрирани во ЕУ и не е задоволен од купениот
производ, може да го врати назад, благодарејќи на
законите кои ги усвојува ЕУ. Ако државјанин на ЕУ
се разболи во држава која не е неговата, без
проблем, под исти услови, ќе може да се лечи во
локалните, јавни здравствени установи.

You might also like