You are on page 1of 10

Република

Македонија во меѓународните
организации

Од Антонио Дејаноски и Христијан Захарчев 1-6


Во светот постојат 193 држави. Како
што во нашата држава, ние
соработуваме
меѓусебно за да имаме напредок, така и
државите во светот соработуваат за да
напредуваат нивните заедници. За да
соработуваат подобро меѓусебе,
државите
се здружуваат во меѓународни
организации.
Суверената државна власт во суштина значи дека таа е највисок политички авторитет во
една држава која самостојно донесува одлуки. Во една држава не може да има повеќе
суверени власти, на пример два парламенти, две влади, две судства, кои имаат право да
одлучуваат за сите државјани. Суверените држави не смеат да се мешаат во внатрешните
работи на други суверени држави.
Сепак, со цел меѓународните организации да можат да функционираат, државите се
откажуваат од мал дел од својот суверенитет, односно правото да одлучуваат и му го
даваат на телото на меѓународната организација да одлучува во нивно, заедничко име.
На пример, одлуките на Советот за безбедност при Обединетите нации се задолжителни
за земјите членки на оваа организација. Тоа значи дека кога Советот на безбедност, ќе
одлучи дека некоја држава треба да биде казнета поради, на пример, непочитување на
човековите права, сите држави мораат да послушаат. Затоа што државите се согласиле
за овие прашања во име на сите да одлучува Советот на безбедност, тие практично се
откажале од дел од својот суверенитет, односно се откажале од правото да носат сами
одлуки за овие прашања
Постојат два типа меѓународни организации:
меѓународни
владини организации и меѓународни невладини
организации, нашата презентација е посветена на на
меѓународните владини организации.

Клучната разлика е што меѓународно владините


организации се составени од држави кои
одлучиле да соработуваат. Меѓународните невладини
организации се составени, пак,
од национални невладини организации или од групи
граѓани кои имаат заедничка цел,
независно од кој дел на светот доаѓаат. Пример за
меѓународни невладини организации
се: Amnesty International, Human Rights Watch, World
Wildlife Fund, PETA, Greenpeace и сл.
РМ е членка на Совет на Европа/ Council of Europe (CoE), Светска
здравствена органзиацијa/ World Health Organization (WHO), Организација
на обединети нации/ United Nations (UN), Светска трговска организација/
World Trade Organisation (WTO), Фондот за деца при Обединетите нации/
The United Nations International Children’s Fund (UNICEF), Организација за
образование, наука и култура при Обединетите нации/ The United Nations
Educational, Scientific and Cultural Organization (UNESCO), Меѓународен
комитет на Црвениот крст / International Committee of the Red Cross (ICRC),
Организацијата на Северноатланскиот договор / North Atlantic Treaty
Organisation (NATO), Светски поштенски сојуз/ Universal Postal Union
(UPU)
Светска здравствена органзиацијa/ World Health Organization (WHO) РСМ
е членка Оваа меѓународна организација работи на промоција и
унапредување на здравјето на светското население, се застапува за
универзална здравствена заштита и им служи на најранливите категории
граѓани. Со поддршка на програмите за имунизација на оваа организација,
повеќе од 1 милијарда деца се вакцинирани во последната декада. Па така,
речиси се елиминирани малите сипаници и детската парализа во светски
рамки, а во одредени делови од светот е елиминирана маларијата.
Организација на обединети нации/ United Nations (UN) РСМ е членка
Оваа меѓународна организација има за цел да го одржува
меѓународниот мир и безбедност, да развива пријателски односи меѓу
државите, да решава заеднички проблеми преку меѓудржавна
соработка, да ги штити човековите права, да го поддржи одржливиот
развој, да овозможи пристап до хуманитарна помош и да го
промовира меѓународното право. Има 193 членки и е основана во
1945 година, по завршувањето на Втората светска војна. Во нејзини
рамки, се спроведени 72 мисии за зачувување на мирот, под нејзино
покровителство склучени се преку 172 мировни договори, со кои
најчесто се прекинала војна и се склучени повеќе од 300 меѓународни
договори на теми од заштита на животна средина до користење на
вселената.
Организацијата на Северноатланскиот договор / North
Atlantic Treaty Organisation (NATO) РСМ е членка Оваа
организација е во суштина воен сојуз. Во случај држава
членка на сојузот да е нападната, останатите држави се
должни да ѝ помогнат. Ова се нарекува принцип на
колективна безбедност. Првичната цел на оваа
организација по нејзиното формирање била да го обедини
и да го зајакне воениот одговор на западните сили на
можната инвација за Западна Европа од страна на
Советскиот Сојуз и партнерите од Варашвскиот пакт.
Постојат и меѓународни организации во кои РМ не е е членка,
на пр. Европска организација за нуклеарно истражување/
European Organization for Nuclear Research (CERN). Оваа
организација во суштина е истражувачка лабараторија.
Истражувачите во оваа организација ја откриле Хигсовата
честичка, во неа функционира Големиот хадронски судирач,
таму се создадени првите антиматерија атоми и Тим
БернерсЛи, британски научник кој работи во оваа
организација во 1989 година го измислува интернетот.
Ви благодариме на
вниманието!

You might also like