You are on page 1of 5

Обединети Нации

1.
Обединетите нации, создадени на Конференцијата во Сан Франциско (април
- јуни 1945 година) кон крајот на Втората светска војна, до денес
претставуваат најнапредниот експеримент во глобално управување. Со нив
ce направи обид да ce избегнат очигледните неуспеси на Лигата на народите
која беше немоќна кога Германија, Јапонија и Италија ги следеа своите
експанзионистички амбиции во 30 - тите години на минатиот век. ОН
произлегоа од комбинирање на реализмот и идеализмот.
До 2015 година, 193 земји станаа членки на Обединетите нации, речиси сите
држави во светот. Kora ce приклучуваат, земјите - членки ce согласуваат да ги
прифатат обврските на Повелбата на Обединетите нации, меѓународна
спогодба која ги поставува основните принципи на меѓународните односи.
Повелбата на ОН беше потпишана со голема помпа по Втората светска војна,
на 26 јуни 1945 година. Нејзините почетни цели беа „одржување на
меѓународниот мир и безбедност, развивање на пријателски односи помеѓу
народите, меѓународна соработка и функционирање како центар за
усогласување на активностите на државите.
ОН не ce кооперација во која секоја поединечна држава ce откажува од дел од својот суверенитет
заради општото добро. Таа е асоцијација во која сите држави - членки имаат заеднички интерес,
но често делуваат самостојно.

ОН претставуваат важна арена во која државите во суштина кодификуваат норми во форма на


резолуции и декларации (меко право ), a исто така и конвенции и договори ( тврдо право ). Таа
нуди најефикасен форум за обработка на нормите (пр. стандарди на однесување) во закони (пр.
правила на однесување).

2.Повелбата на Обединетите Нации е основачкиот договор за формирање на Обединетите


Нации. Таа беше потпишана во зградата на Воениот Меморијален Центар и Центарот за
Сценска Уметност, во Сан Франциско, САД, на 26 јуни 1945 година. На 24 октомври,
Повелбата стапи на сила откако беше ратификувана од пет постојани земји членки на
Советот за безбедност – Република Кина (подоцна заменета со Народна Република
Кина), Франција, СССР (подоцна заменет со Руската Федерација), Обединетото
Кралство и САД – како и од повеќето други потписници. Денес, во Обединетите Нации
членуваат 193 земји. Повелбата претставува основачки договор и сите земји членки се
обврзани од нејзините членови. Дополнително, Повелбата наведува дека обврските кон ОН ги
надминуваат сите други обврски произлезени од договори. Повеќето земји во светот ја имаат
ратификувано Повелбата.

Повелбата се состои од преамбула и од серија на членови кои се групирани во поглавја.


Преамбулата се состои од два суштински делови. Првиот дел содржи генерален повик за
одржување на мирот и меѓународната безбедност и почитување на човековите права.
Вториот дел на преамбулата е декларација во договорен стил во која се наведува дека
владите на народите во Обединетите Нации се согласуваат со Повелбата.

Преамбулата на договорот гласи:


"Ние, народите од Обединетите Нации одлучивме: „Ние, народите на Обединетите нации -
цврсто одлучени да ги заштитиме идните родови од бичот на војната, која двапати во нашето
време на живеење му донесе неискажливо страдање на човештвото, одново да ги зацврстиме
нашите верувања во темелните правана човекот, во достоинството и во вредноста на
човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или
мали, и да создадеме услови во кои ќе може да се одржи правдата и почитувањето на
обврските кои произлегуваат од договори и други извори на меѓународно право и да го
поддржиме социјалниот напредок и подобриот животен стандард во поголема слобода, и за
овие цели: Да бидеме толерантни и да живееме заедно во мир, како добри соседи, и да ја
обединиме нашата сила за да ги одржиме меѓународниот мир и безбедност, да прифаќаме
начела и да воведуваме постапки, коишто гарантираат дека оружената сила ќе биде наменета
само во заеднички интерес, и дека ќе ги користиме меѓународните институции за да го
поддржиме економскиот и социјалниот напредок на сите народи - одлучивме заеднички да
влијаеме во нашиот напор за постигнување на овие цели. Според тоа, нашите влади, преку
нивните ополномоштени претставниците кои се собрани во град Сан Франциско, се согласија
со Повелбата на Обединетите Нации и притоа формираат меѓународна организација која ќе
биде позната како Обединетите Нации.".

3.Основни цели и начела на ОБ

Основната цел на Организацијата на Обединетите нации е зачувување на меѓународниот мир и


безбедност и за таа цел и во иднина ќе презема ефикасни колективни мерки заради спречување и
отстранување на заканите по мирот, заради надминување на актите на агресија или на други
повреди на мирот.

. Другите основни цели ce наведени во член i од Повелбата.

Тоа ce:

• развивање на пријателски односи меѓу народите, засновани врз почитување на начелата на


рамноправност и самоопределување на народите и преземање на други соодветни мерки за
зацврстување на општиот мир;

• постигнување на меѓународна соработка со решавање на меѓународните проблеми од


економска, социјална, културна или хуманитарна природа, и унапредување и поттикнување на
почитувањето на правата на човекот и основните слободи за сите, без оглед на расата, полот,
јазикот или верата.

Основните начела според кои Организацијата и нејзините членки постапуваат во спроведување на


наведените цели ce:

® начелото на суверена еднаквост на сите држави - членки;

• сите држави - членки совесно ги исполнуваат обврските од Повелбата;

• државите - членки своите меѓународни спорови ги решаваат на мирен начин;

• сите членки во своите меѓународни односи ce воздржуваат од заканата со сила или од


употребата на сила против територијалниот интегиритет или политичката независност на секоја
држава;

• сите членки им овозможуваат на Обединетите нации секаква помош во акциите што ги


преземаат во согласност со Повелбата, a ce воздржуваат од давањето помош на државата против
која „Обединетите нации преземаат превентивна или принудна акција“;

• и државите кои не ce членки на Обединетите нации постапуваат во согласност со оние начела


колку што е потребно за одржување на меѓународниот мир и безбедноста;

• Обединетите нации немаат овластување да ce мешаат во прашањата од внатрешна надлежност


на државите при примената на принудните мерки во согласност со Повелбата.

4.Структура и институции преку кои функдионираат ОН

Обединетите нации имаат шест главни органи: Генерално собрание, Совет за безбедност,
Секретаријат, Економски и социјален совет, Доверителски совет и Меѓународен суд за правда.

Генерално собрание.

Органот на Обединетите нации, во кој сите членки ce претставени и кој има широкоопсежна
агенда е Генералното собрание. Секоја држава - членка е претставена со еден глас; бидејќи во
моментот има 193 држави - членки во Обединетите нации, има 193 седиште во Генералното
собрание

Може да донесе необврзувачки препораки до земјите-членки или предлози до Советот за


безбедност;

Одлучува за прием на нови членки, по предлог на Советот за безбедност на ОН;

Го усвојува буџетот;

Ги избира непостојаните членки на Советот за безбедност; сите членки на Економскиот и


социјалниот совет; Генералниот секретар на ОН (после неговото/нејзиното предложување од
страна на Советот за безбедност); и петнаесетте судии во Меѓународниот суд на правдата. Секоја
земја има еден глас.
Совет за безбедност

 Одговорен за одржување на меѓународниот мир и безбедност;


 Може да усвојува обврзувачки резолуции;

Тој е помал орган од Генералното собрание, и ce состои само од 15 членки. Од тие, 5 членки ce
постојани во Советот за безбедност: Кина, Франција, Русија Обединетото Кралство и САД.
Преостанатите 10 непостојани членки ce избираат од Генералното собрание со двегодишен
мандат.

За усвојување на резолуциите на Советот за безбедност потребни ce 9 гласови.

Секретаријат на ООБ

Секретаријатот на ОН го сочинуваат постојаните функционери и персонал на ОН. Во моментот


Секретаријатот брои околу 8 900 луѓе од 160 држави. Иако седиштето на Секретаријатот ce наоѓа
во Њујорк, тој има канцеларии насекаде низ светот. Генерално, Секретаријатот ja извршува
секојдневната работа на ОН, помагајќи ja работата на другите главни органи и администрирајќи ги
многуте програми и политики воспоставени од нив. Со Секретаријатот претседава генерален
секретар, кој е назначен од Генералното собрание, по препорака на Советот за безбедност и има 5
годишен мандат.

Економски и социјален совет .

Работејќи под надлежност на Генералното собрание, Економскиот и социјален совет ce фокусира


само на економски, работни, развојни, прашања за човековите права и други прашања за
социјален прогрес. Тој не е пленарен орган; Генералното собрание избира 52 земји - членки за
работа во Советот.

Доверителски совет
За администрирање на териториите под старателство (моментално неактивен) —

 Првично бил замислен да управува со колонијалните области кои претходно биле под
мандатна управа на Лигата на народите;
 Е неактивен од 1994, кога Палау, последната територија под старателство, се здоби со
независност.

Меѓународен суд на правдата

 Решава спорови меѓу државите кои ја признаваат неговата јурисдикција;


 Дава правни мислења;
 Донесува пресуди со релативно мнозинство. 

Тој ce наоѓа во Палатата на мирот во Хаг и сослушува случаи меѓу држави кога има судска
надлежност за тоа. Судот ce состои од 15 судии, избрани од Генералното собрание и од Советот за
безбедност, и донесува два вида одлуки:
• одлуки во спорни случаи;

• советодавни мислења на поставени правни прашања од компетентен орган (на пр. Генералното
собрание) или меѓународни организации.

5. Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите Нации кој има за задача да го


одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите. Советот за безбедност има моќ да носи одлуки
кои земјите членки мора да ги спроведат. Одлуките на Советот се познати како резолуции.
Претседавањето со Советот е ротирачко и трае 1 месец. 

Членовите на Советот мора во секое време да се на располагање на седиштето на ОН, со


цел ОН да може да носи брзи одлуки во случај на криза. Претседавачот на Советот има улога
да ја одреди агендата, да претседава со седниците на Советот и да има целосна прегледност
на светската сцена и моменталните кризни жаришта. Постојат два типа на членови на
советот: постојани и непостојани.

Државите кои се постојани членки се држави кои биле победници во Втората светска војна.

 Велика Британија
 Кина
 Русија
 САД
 Франција

Генералното собрание избира уште 10 членови со мандат од 2 години стартувајќи секогаш


на 1 јануари. Членките се бираат на тој начин што 5 од нив се менуваат секоја година.
Членките се одбираат од регионалните групи и се потврдуваат од Генералното Собрание. 
Земјите кои не се членки на Советот за безбедност можат да земат учество во дискусијата, но
не и во гласањето. Доколку Советот оцени дека во одлучувањето одредена земја може да
придонесе во одлуката, ја поканува да го образложи своето мислење.

Постојаните земји членки имаат право на вето врз одлуките на Советот за безбедност.


Негативно гласање се смета за вето. Во случај на апстиненција од гласање, гласот не се
смета како вето.

You might also like