You are on page 1of 12

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ


Насока:Историја-наставна насока

Проектна задача по наставен предмет:


Македонците во рамките на кралството на СХС

Тема: Версајски мировен договор

Ментор: проф. Д-р Верица Јосимовска Кандидат: Ненад Јакимовски


Број на индекс:141748

Штип,2021
Содржина

Вовед...............................................................................................................................3
Апстракт / Клучни зборови.............................................................................................4
Abstract / Keywords…………………………………………………………………………….5
1.Принципи, интереси и организација на мировната конференција...........................7
2.Друштво на народите..................................................................................................9
3.Балканот после Версајскиот договор и Друштвото на народите...........................10
Заклучок.........................................................................................................................11
Користена литература..................................................................................................12

2
Вовед

Версајскиот мировен договор е формален договор со кој завршила Првата


светска војна , војна во која поради алчноста на народите милиони луѓе го
забубиле својот живот. Договор каде што Антантата и Германија се потпишале со
тоа завршило повеќе годишното страдање на народите во Европа и светот.

Со Версајскиот договор се одредени начелата и правата на народите,


границите се прекроиле, била исцртана нова карта на Европа. Со Версајскиот
договор било предвидено формирање и друштвото на народите кое е претходник
на Обединетите нации.

Завршување на Првата светска војна и Версајскиот мировен договор


сосема ја променија политичката карта на Европа. По војната и моровната
конференција од една страна се распаднаа трите мултиетнички империи, а од
друга германскиот милитаризам беше поразен. Сигурно дека распаѓањето на
империите имаше свој историско последователен развој во чија основа пред се
лежи крутоста на владејачките елити кои немала никаков слух за процесите кои во
тој период ги без зафатиле народите во Империјата – појавениот револуционерен
дух и решавање на националното прашање.

3
Апстаркт

Версајскиот мировен договор е договор кој има големо значење за мирот и


состојбата на Европа, со овој договор се завршила Првата светска војна се
исцртале нови територии и биле потпишани мировни договори.

Воспоставениот поредок во Европа по завршување на Првата светска војна


уреден согласно Версајскиот мировен договор, доминантно влијание во креирање
на неговата архитектура во прв ред имаат Франција, Велика Британија и Сад.

Во овој труд ќе се опфати периодот од самото потпишување на Версајскиот


договор неговите позитивни и негативни страни , создавањето на друштвото на
народите но и оштетените народи кои изгубиле поради овој договор.

Клучни зборови: Версајски договор, Европа , Прва светска војна

4
Abstract

The Treaty of Versailles is an agreement that is of great importance for peace


and the state of Europe, with this agreement ended the First World War, new territories
were drawn and peace treaties were signed.

The established order in Europe after the end of the First World War, regulated
by the Treaty of Versailles, has a dominant influence in the creation of its architecture,
primarily France, Great Britain and the United States.

This paper will cover the period from the signing of the Treaty of Versailles, its
positive and negative sides, the creation of the League of Nations and the damaged
peoples who lost because of this treaty.

Keywords: Treaty of Versailles, Europe, World War I


5
1. Принципи, интереси и организација на мировната
конвенција.

Силите на Антантата за основа ја земале концепцијата на Американскиот


претседател Вудро Вилсон тој програм имал шетиринаесет точки кои ги
содржале основните правила на кои требало да се основа тајниот мир. На
друга страна револуционарите го понудија Лениновиот програм Декретот за
мир. Вилсоновата концепција се основала за исклучување на тајни спогодби,
рамноправност на сите народи и право на секој народ за самоопределување,
право за одредување на природни граници, зачувување на основните услови
за егзистенција на секоја држава и зачувување на корисни економски,
политички и друштвени интереси.

Меѓутоа победничките сили и овде пред се ги стави империјалистичките


интереси пред сите овие позитивни принципи. На самата конференција
учествуваа дваесет и седум победнички земји кои учествувале во Првата
светска војна.

Мировната конференција беше отворена на 18 Јануари 1919 година во


главниот град на Франција Париз во дворецот Версај затоа е и попознат како
Версајски мировен договор.Тука во Версај водачите на победничките земји ќе
ги постават темелите на мирот и судбината на поразените земји 1.

Слика бр-1 Делегати во Версај

1
Билјана Поповска, Иванка Додовска – Париската мировна конференција од 1919 година и турското
национално движење стр-27

6
Версајската конференција заседавала околу една година од средина на
Јануари 1919 до средина на истиот месец 1920. Во оваа конференција воочени се
две фази прва од 18 Јануари 1919 до 28 Јуни 1919 во која најважните задачи биле
подготвување на мировниот договор со Германија и основање на друштвото на
народите, и втора од 28 Јуни 1919 до 20 Јануари 1920 година која била исполнета
со припремање на мировните договори со сотанатите победени земји како што се
Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција.

Покрај големите пет сили Америка Велика Британија, Франција, Италија и


Јапонија другите учесници немале некој глас или пак сила нешто да променат туку
биле само присутни и се согласувале на тоа што веќе овие земји се имаат
претходно договорено.За да се заштитат интересите на големите сили најважните
органи на оваа конференција била составена од претседателите на овие големи
сили на чело со советот. Советот не донел некои ефикасни решенија и се покажал
како недоволно ефикасен.Покрај овој совет заседавале и пет министри за
надворешни работи кои расправале за прашања кои им биле доделени од страна
на нивните претседатели.Најважни помеѓу комсиите биле Комисија за
територијални прашања, Комисија за друштво на народите,Комисија за ратна
одговорност, Комисија за репарација и многу други 2.

Слика бр-2 Големата четворка

2
Чедомир Попов- Од Версај до Данциг стр-113,114

7
2. Друштво на народите

Идејата за основање на оваа друштво на ннародите му припаѓа на Вудро


Вилсон Американски претседател. Уште на првата конференција на мирот на 25
Јануари 1919 година донесена е одлука за формирање на друштво на народите и
одредена е комисија за изработка на неговиот статус. Оваа комисија работела под
раководство на претседателот Вилсон.

Учесници на конференцијата се сложиле дека друштвото нема да го загрозува


суверинитетот на другите држави,главна цел на оваа друштво да биде
разоружување, спречување на војна преку колективна безбедност, подобрување
на глобалната благосостојба. Државите членки се обврзале дека меѓусебните
проблеми ќе ги решаваат со преговарачка дипломатија.Ако дојде до војна
друштвото на народите треба завојуваните страни да ги казнат економски а по
потреба си со воени санкции3.

Слика бр-3 Знаме на Друштво на народите

Друштвото на народите со работа официјално започнала на 16 Јануари


1920 година со седиште во Женева. Најголемо проширување достигнало од
1934 до 1935 година кога имало вкупно 58 членови 4.

Почетокот на Втората светска војна само ја покажало немоќта на ова


друштво да ја постигне својата примарна цел а тоа е спречување на идните
светски војни. По завршување на Втората светска војна Обединетите нации го
3
Azarte De. P – League of nations and national minorities , Washington 1945 стр- 104
4
Верица Јосимовска, Тодор Чепреганов – Македонците во рамките на Балканските земји меѓу двете светски
војни - е-скрипта Штип – 2020 год, стр-10

8
замениле друштвото на народите при што наследиле неколку организации и
агенции основани од оваа друштво.

И Версајскиот договор и Друштвото на народите не ја постигнале својата


примарна цел. Главна цел на Версајскиот договор била да се ослабнат некои
држави а други да се зајакнат. Германија како поразена била принудена да го
потпише овој договор на сила , да остапи своја територија, да ја намали
својата војска и да плаќа репарации на многу земји. Додека пак Франција
заедно со Велика Британија ја преземале палката на лидери во Европа.

Друштвото на народите пак наместо да воведе конечен мир и да се создаде


добри услови за живот во Европа и во Светот не успеале со тос бидејќи голем
дел од земјите не ги применувале потпишаните одлуки додека пак други земји
како Сад не биле ни потписници на истиот договор. Од друга страна Русија
влегува во Октомвриска револуција и настанува Советскиот Сојуз , комунизмот
пополека тропа на вратите во Европа ,светската криза која го потресува светот
после Првата светска војна , зајакнување на Германија , ширење на
национализмот во Германија и за крај Втората светска војна. Сите цели идеи и
одлуки на Друштвото биле подгазени од самите земји потписнички.

Слика бр-4 Основачот на друштво на народите Вудро Вилсон

9
3. Балканот после Версајскиот договор и Друштвото на
народите

Друштвото на народите како што претходно споменав никогаш не направи


ништо од аспект на вистинска заштита на малцинството од страна на земјите кои
беа етнички хомогени. Механизмите на Друштвото не беа доволни, не беа
ефективни и дозволија настап на етничка сегрегација, без да се даде никаква
инструментална забрана на нејзиниот процес.

Во периодот на Версајскиот договр во историските циклуси што следеа со


потпишување на низа договори без извршени големи демографски-етнички
промени на Балканот со што беше изменет балканскиот полуостров. Со тоа се
доведе до присилно етничко цистење на одредени малцинства и низа договори за
размена на населението како што е размемна на население помеѓу Турција и
Грција 1923 година потоа размена помеѓу Грција и Бугарија 1919 годинасо што
беше направена неправда спрема домородното население претежно
Македонското население кое живеело во тој регион5.

Поради тоа агресивниот национализам мна трите балкански земји под заштита
на принципот самоопределување на народите и генерално со подршка на
големите сили ја создаде трагедијата на огромните бегалски маси кои беа
принудени засекогаш да ги напуштат своите исконски огништа , без никаква
алтернатива за повторно враќање назад6.

Границите на државите на балканот биле исцртани, било создадено ноба


држава на Србите , Хрватите и Словенците , Бугарија изгубила територии,
Албанија и Грција добила на територија додека единствено Македонија останала
оштетена и била сеуште дел од новата држава СХС, Македонскиот народ сеуште
останал да живее раздвоен во три делови од сите страни трпи прогонства,
асимилација и крпшење на основното право за самоопределување.

5
Историја на Македонскиот народ , том 4 – Скопје 2000
6
Андонов-Полјански Христо – Велика Британија и Македонското прашање на Париската мировна
конференција во 1919 – Скопје 1973 стр-89

10
Заклучок

Версајскиот договор ќе остане запаметен како договор кој ја помирил


завојуваната Европа, договор каде што се удрени темелите на новосоздадени
држави, договр каде што се удриле темелите на денешната организација на
Обединети нации и договр каде што за првпат се спомнуваат правата на
малцинствата основните човекови права за слобода и самоопределување.

Одредени нации не го почитувале догвоворот затоа и се случи Втората светска


војна, доколку замислата на договорот се применувала на дело тогаш светот во
кој што денес живееме би бил далеку поразличен без толку многу војни и загувени
живот.

Се надевам човештвото ја извлече историската лекција за во иднина и секој од


нас потребно е да запамети за сега и за идните генерации дека секој човек без
разлика каде и да живее потребно е да ги има сите привилегии како и
мнозинството. Версајскиот договор е еден од поважните договори каде земнале
учество поголем број на држави на почетокот од 20 век.

11
Користена литература

1. Билјана Поповска, Иванка Додовска – Париската мировна конференција од


1919 година и турското национално движење
2. Чедомир Попов- Од Версај до Данциг
3. Azarte De. P – League of nations and national minorities, Washington 1945
4. Историја на Македонскиот народ , том 4 – Скопје 2000
5. Андонов-Полјански Христо – Велика Британија и Македонското прашање на
Париската мировна конференција во 1919 – Скопје 1973
6. Верица Јосимовска, Тодор Чепреганов – Македонците во рамките на
Балканските земји меѓу двете светски војни - е-скрипта Штип – 2020 год

12

You might also like