You are on page 1of 15

Универзитет "Св.

Кирил и Методиј" Скопје


Правен факултет "Јустинијан Први"

Турција помеѓу двете светски војни

Ментор: Изработил:
Проф-Др. Билјана Поповска Џенис Сулимани 1495
Асс-Мр. Иванка Додовска

Скопје 2011
Содржина:

Вовед...............................................................................................3

Национално ослободително движење во Турција..............4-7

Борби за враќање на изгубените територии........................7-9

Лозанска Конференција....................................................... 9-11

Реформите на Мустафа Кемал-Паша...............................11-14

Заклучок......................................................................................15
Вовед

Турција како империја била на залезот од своето постоење по крајот на Првата


светска војна. Турција во овој период како држава се соочила со многу тешка
ситуација. Тоа се должело на фактот што Турција се борела на страна на
Централните сили во Првата светска војна. Интегритетот на Отоманската имерија
бил сериозно загрозен со идејата на американскиот претседател Вудро Вилсон.
Идејата на американскиот претседател се состоела од 14 точки.Турција најмногу
била засегната од точката 12, со која се предвидувала автономија на народите кои
ја населувале имеријата.Со оваа точка исто така се предвидувало отворање на
Босфорот и Дарданелите за воени бродови. За да се спаси од овие територијални
барања на Вудро Вилсон Турција била принудена да се обрати на Франција и
Англија. Франција и Англија сакале да го искористат овој момент и затоа го
поделиле турското прашање на 2 дела. Првиот дел се однесувал на арапските
територии кои тогаш и припаѓале на Турската империја. Токму овие територии тие
сакале да ги поделат меѓу себе. Но тие неуспеале да се договорат за тоа. На
Версајската конференција1 било решено арапските терирории кои спаѓале под
Турска власт да се претворат во мандатни територии под заштита на друштвото на
народите. Сепак судбината на имерија требала да се решава на конферецијата во
Сан Ремо. Конференцијата се одржала од 19 до 26 април 1920. На конфереција
повторно биле донесени одредби за неутрализирање на протоците. На
конференцијата била составена комисија од: Велика Британија, Франција, Италија,
Јапонија, Грција, Романија, Русија, Бугарија и секако Турија. Било решено во
источна Анадолија да се формира независна држава Ерменија а Курдистан да добие
автономија.Франција и Англија пак оствариле дел од своите интереси и успеале да
земат дел од арапските територии.Франција ја окупирала Сирија додека пак
Англија ги добила Месопотамија и Палестина.Одребите од оваа Конференција
влегле во мировниот договор кој бил потпишан во Севр на 10 август1920. Со овој
договор Турција била смалена за четири пати. Турската флота требало да биде
предадена на Франција и Англијаа војската требало да брои 50000 членови. Овие
1
Oваа конференција била одржана од 18 јануари до 28 јуни 1918 помеѓу победниците и поразените
во Првата светска војна
настани ќе придонесат во Турција да се појави Национално ослободително
движење кое ке придонесе да падне од власт режимот на султанот и да се
воспостави Република. Со тоа било отворено ново поглавје во Турската историја.

Национално ослободително движење во Турција

Настаните што се случиле по Првата светска војна и политика што ја воделе


големите сили кон Турција придонеле во Турција да се појави Национално
ослободително движење кое било незадоволно од политиката што ја водел
султанот.На чело на ова движење бил Ататурк Кемал Мустафа-паша Мустафа
Кемал-паша своето несогласување го искажал уште во времето на Младотурската
револуција2 кога лично учествувал во младотурското движење. Ова движење на
чело со Мустафа Кемал-паша излегло со барање Турција да се оттргне од
влијанието на странските влијание со што би почнал процесот за повторно јакнење
и стабилизирање. Целта била Турција повторна да биде силна европска држава.
Мустафа Кемал-паша стапил во контакт со високи функционери од министерството
за војска како што биле Фавзи-паша и Исмаил-бег. Во нив Мустафа –паша добил
силни сојзузници и со нивна помош тој бил избран за началник на армијата. Во мај
1919 година Мустафа Кемал –паша ја добил првата посериозна задача како
началник на војските. Тој требал да ја разреши ситуацијата што настанала во
Смирна откако овој град бил окупиран од грчки војски. Меѓутоа тој ја искористил
оваа ситуација и таму го формирал Националното ослободително движење. Целта
на оваа движење било да се свика Национално собрание кое би требало да ја смени
владата во Цариград.Собранието било свикано во Ерзерум3 Таму Мустафа Кемал-
паша ја презентирал добро познатата политиката и ги критикувал големите сили
кои сакале да ја претворат Турција во колонија. Била одлучено да направи
национална стратегија за зачувување на независноста. Откако завршил конгресот

2
Младотурската револуција била крената во 1908 година во Ресен
3
http://www.enjoyturkey.com/info/culture/Ataturk.htm
МустафаКемал-паша доставил барање до владата во Цариград кое се состоело од 3
точки:
1. Да не се преземаат никакви мерки против Националното ослободително
движење
2. Портата да ги штити националните интереси
3. Да се свика народно собрание на кое ке се разгледаат барањата на
народот

Ова секако не било прифатливо за Портата и таа не се согласила на овие барања.


Настаните во Турција предизвикале загриженост кај големите сили бидејки
политиката на движењето била спротивна со нивната. Англија издејствувла кај
султанот Мехмед VI, Мустафа Кемал паша да биде ставен надвор од законот за да
не може да дојде на власт.Но влијанието на султанот во ова време било многу
слабо. Поради ова Мустафа Кемал-паша успеал да издејствува да се свика Конгрес
во Сивас4 На Конгресот било решено да се формира влада во Анкара.Така во тој
момент во Турција имало две влади.Владата на чело со Мустафа Кемал-паша имала
големи овластувања. Било свикано Народно собрание и биле донесени неколку
одлуки со што се потврдиле ставовите што претходно ги имало движењето. Била
донесена одлука да се поништи договорот во Севр и да биде симнат од престолот
султанот Мехмед VI. Исто така имало барање да се објави војна на странските
држави што ја поделиле Турција. Целта на ова собрание било да се истакне
независноста и интегритетот на националната територија. Значајно е да се истакне
дека се истакнал барањето за свикување на конференција на црноморските држави.
Било истакнато и прашањето за малцинствата според кој би се признале по моделот
на европските држави. Бидејки Мустафа Кемал-паша не бил признат од западните
сили тој морал да се сврти на Исток кон Русија. Тој испратил пратеник во Москва
со цел да се истакне дека Турција е против западнте сили и дека има интерес да
биде во сојузништво со Русија а неговата влада побарала материјална помош од
Русија. Набрзо биле воспоставени и дипломатски односи со Москва. Со ваквиот
потег на Мустафа Кемал паша очигледно сакал да ја искористи меѓународната

4
http://www.britannica.com/EBchecked/topic/546974/Sivas-Congress
ситуација односно затегнатите односи помеѓу Франција и Англија. Франција
сакала да раскине пријателството што се создало помеѓу Русија и
Турција.Командантот на сојузничките војски во Цариград дуси истапил со план на
Мустафа Кемал-паша да му се дадат Тракија и Смирна 5 со тоа би го привлекле на
страната на Франција.Мустафа Кемал-паша обидувајки се да ја освои власта го
убедил султанот да го свика парламентот. По свикувањето на парламентот била
формирана нова влада на чело со Али Риза-паша. Во јануари 1920 година се
случиле нови настани во Турција. Новата влада распишала избори. На изборите
националистите победиле убедливо и добиле мнозинство во парламентот. Новиот
парламент ги усвоил одлуките со конгресите во Ерзерум и Сивас. Парламентот
расправал за неколку точки од национално прашање. Се расправало за безбедноста
на Цариград и на Мраморното море,се истакнала идејата границите на Турција да
се протегаат до таму каде што е турското население мнозинство и се барало
укинување на режимот што овозможувал странскиот капитал да го контролира
стопанството. Сепак парламентот не опстојал благодарение на султанот. Тој со
помош на странските држави успеал да го растури. По растурањето на парламентот
Англија испратила помош на Турција.По овие настани Мустафа Кемал-паша и
неговите приврзаници избегале во Анкара каде формирале Народно собрание(23
Април 1920)6 На чело на собранието бил избран Мустафа Кемал-паша.Паралелно
со борбата против султанот националистите биле принудени да се борат и против
феудалците. Феудалците кои заинтересирани за личниот профит биле против
власта на Мустафа Кемал-паша бидејки несакале да ги изгубат привилегиите што
ги имаат. Поради ова народното собрание донел закон со кој се предвидувале остри
казни против непријателите на државата.Националистите успеале брзо да се
пресметаат со феудалците и Народното собрание ги поништило сите договори што
ги склучила цариградската влада по растурање на парламентот. Паралелно со овие
борби во Турција биле извршени внатрешни промени. Во јануари 1921 година бил
донесен нов устав со кој Народно собрание ја добил и законодавната и извршната

5
Денешен Измир
6
http://www.enjoyturkey.com/info/culture/Ataturk.htm
власт.Во меѓувреме Мустафа Кемал-паша повторно воспоставил пријателски
односи со Русија. Главна причина била тоа што сакал да се ослободи од режимот на
капитулации и контролата од странските земји. Поради ова Русија и Турција
потпишале одредби за укинување на овој режим.

Борби за враќање на изгубените територии

Во исто време со внатрешната криза владата на чело со Мустафа Кемал-паша


водела борби и со странски војски.Најжестоки борби со воделе во градот Смирна
каде турските војски војувале против грчките.Во текот на 1920 Турската војска
била во подредена позиција па така офанзивата ја имала грчката војска.Тоа пред се
се должело на помошта шо грчките војски ја добивале од Англија. Со Англиска
помош грчките војски успеале да го заземат Едрене. По овој успех грчките војски
се упатиле кон Мраморно море и ги зазеле градовите Баликсир и Бурса. По овие
настани се предвидувало пораз на турската армија. Но дошло до пресврт на
настаните, тоа се случило по битката кај местото Инени на 7 јануари 1921 кога
турската војска под водство на Исмет-бег извојувала победа.Освен на бојното
поле оваа битка и донела добра позиција и во меѓународната политика. Во 1921
година во февруари-март била одржана Лондонската конференција. На оваа
конференција биле поканети и двете турски влади. Владата од Анкара била
предводена од Бекир Сами-бег. На оваа конференција и двете влади имале
заеднички ставови. На 25 февруари двете влади влади поднеле заедничка
декларација. Декларацијата се состоела од пет барања:
1.Да се востанови Турција од 1913;
2.Грчките трупи да се евакуираат од Смирна и таа да и се врати на Турција;
3.Да се обезбеди безбедност и сувереност на Турција и слободна пловидба по
Протоците;
4.Да се укине режимот на капитулациите;
5.На Турција да и се даде право на поморски сили,кои и се потребни за одбрана на
нејзините територии
Големите сили имале различни ставови во врска со овие барања. Сепак на
повекето држави главна цел им била по пат на ветувања да ја отргнат Турција од
пријателство со Русија7 Францускиот делегат Брајан се обидел тајно да преговара
со делегат од владата на Анкара.Истото го направил и англискиот делегат Лојд
Џорџ кој се обидел да преговара со Бекир Сами-бег. Меѓутоа Турција неуспеала да
ја оствари својата политика на Лондонскиот конгрес.Тоа придинело владата од
Анкара да продолжи со својата политика. Таа веднаш по конференцијата скличила
договор со советска Русија и ги продолжила борбите со Грција за градот Смирна.
Грчката војска имала успеси. Турската армија била во подредена улога посебно по
битката кај Сакарија. Во тој момент ситуацијата за Турција била прилично
тешка. По битката кај Сакарија патот на грчката војска кон Анкара бил отворен. Но
турската армија под водство на Мустафа Кемал-паша повторно успеала да се
консолидира. Во 1921 се водела уште една битка кај Сакарија (14 Август- 7
Септември).Турската војска успеала да извојува победа. Оваа победа е од големо
значење бидејки било спречено понатамошното напредување на грчката војска во
Анадолија. Благодарение на оваа победа Анадолија била сочувана 8 Оваа победа е
важна и поради тоа што се подобрила меѓународната позиција на Турција. По оваа
победа Турција ги зајакнала односите со Франција.Во Анкара бил испратен
Франклен Ататурк. Како резултат на ова Франција ги добила под концесија
железничките пруги во Турција,а француските војски отстапиле и се повлекле од
областа Киликија. Сепак и покрај успесите што ги оствариле турските војски тоа
незначело конечна победа против Грците. И покрај поразите што ги претрпела
Грција неотстапувала од оваа војна бидејки Смирна сеуште била под нивни раце.
Турција сакала конечна победа и затоа се подготвувала за против офанзива која
била подготвувана во тајност. Оваа офанзива била подготвувана лично од Мустафа
Кемал-паша. Планот подразбирал тајно приближување кон Смирна без да бидат
забележани. Турската против офанзива започнала на 26 август 1922 година.
Турската армија имала огромни успеси.Офанзивата траела до 31 август кога кај
местото Афон-Кара Хисар грчките трупи биле целосно разбиени. Грчките трупи

7
Во овој период западните сили се обеидувале да го отргнат социјалистичкиот режим во Русија
8
Islam and Dhimmitude: where civilization collide, translated from the French by Miriam Kochan and
David Littman, Bat ye’or, 2002, стр. 360
биле принудени да се повлешат кон морето и благодарение на нивните бродови
едвај се спасиле. Бил заробен нивниот командант Трикупис. По успехот во Смирна
турските трупи на чело со Мустафа Кемал-Ататурк се упатиле кон Цариград со
намера да го симнат од власт султанот. Откако војската стигнала пред
Цариград,Мустафа Кемал-Ататурк побарал од странските војски да се повлечат од
градот и на Турција да и се предадат териториите на Источна Тракија се до реката
Марица9 Големите сили биле принудени да се вмешат. Тие барале од Мустафа
Кемал-паша да почне преговори со владата во Цариград и додека траат
преговорите операциите околу Цариград да престанат. Големите сили ветиле дека
на Турција ке и ги областите на Источна Тракија како и Едрене и ке и биде
овозможен прием во друштвото на народите. Од страна на големите сили било
предложено да се свика Конференција во Муданија на која ке се разгледуваат
овие проблеми. Конференцијата се одржала од 3 до 11 октомври 1922 година10
Било решено грчките војски да се повлечат од Источна Тракија а турските војски
да не навлезат додека траат преговорите. Значајни настани се случиле во ноември
1922 година. Турските војски навлегле во Цариград и од власт бил симнат султанот
Мехмед VI.

Лозанска Конференција

За да се решат настанатите проблеми на предлог на големите сили била


свикана конференција која се одржала во Швајцарскиот град Лозана.
Конференцијата започнала со работа на 20 ноември 1922година. Учество на
оваа конференција земале следните држави: Англија, Франција, Италија, Јапонија,
Романија, Југославија Грција и секако Турција. Русија и Бугарија биле привремено
повикувани.Русија била повикувана за прашањето околу протоците а Бугарија за
Источна Тракија. Дебатите главно се одвивале за неколку прашања: пловењето
преку протоците, режимот на капитулациите и суверенитетот на Мосул. Русија
како подржувач на Турција дала предлог да има трговската контрола над
9
Мустафа Кемал Ататурк сакал да ги добие териториите каде Турците биле мнозинство
10
http://www.ataturksociety.org/wartime/index.html
Протоците11 На оваа се спротивставила Англија. Таа се спротивставила од проста
причина што сметала ова ке и овозможи на Русија да стане хегемон на Црното
море. Најголема борба на конференцијата Турција водела за укинување на
режимот на капитулации односно да се отргне странското влијане во
стопанството. Оваа борба секако била многу тешка бидејки Големите сили сакале
по секоја цена да задржат од привилегиите што ги имале. Конференцијата тргнала
во песимистички правец. Тоа било така поради еден предлог на англискиот
претставник лордот Керзон. Тој предложил Турција да се откаже од Мосул. Ова
довело до криза на конференцијата која за извесно време била прекината.
Конференцијата продолжила дури во април 1923. Набрзо бил потпишан договор со
кој на Турција и припаднала цела нејзина територија. Не било се така розово за
Турција на оваа конференција. Најголем дел од териториите каде што Турците не
биле етнички доминантни и биле одземени: Арабија, Египет, Судан, Триполи,
Месопотамија, Палестина, Сирија и некои острови во Егејското море. Границите
на Турција оделе по реката Марица. Нерешено прашање останало Мосул. Било
решено да се реши со преговори во рок од 9 месеци помеѓу Англија и Турција.
Турција успеала издејствува одлука со која се укинуваат капитулациите. Исто така
се предвидувало и слободна пловидба на трговски и воени бродови. Интересен дел
од договорот преставуваат одредбите кои се однесувале на размена на население.
Било предвидено сите турски граѓани од нетурско потекло да се иселат од
Турција,а сите граѓани од негрчко потекло и муслимани да се иселат од Грција.
Посредник во овој процес на размена имал Нансен виско комесар во друштвото на
народите. Може да се истакне дека оваа конференција претставувала успех за
политиката на Мустафа Кемал-Ататурк12 Тој на чело со националистите ги добиле
нивните барања. На оваа конференција била призната независноста на Турција а
и биле признати промените што биле извршени по сменување на султанот. После
ова ке запре надворешниот притисок што во континуитет се вршел врз Турција.
Многу значајно било што се намалилo внатрешното влијание на големите сили во

11
Се мисли на Босфорот и Дарданелите
12
http://www.allaboutturkey.com/antlasma.htm
Турција. Сега Турција конечно можела да се посвети на внатрешен план и на
развојот на државата.

Реформите на Мустафа Кемал-Паша (Мустафа


АТАТУРК)
По новонастаната ситуација Турција прва задача на Мустафа Кемал-Ататурк била
да ја стабилизира државата на внатрешен план. Најголеми противници на Мустафа
Кемал-Ататурк му биле феудалците. Феудалците сакале да го врата режимот на
султанот бидејки откако се променил режимот тие почнале да ги губат
бенифициите што ги имале. Во оваа борба против феудалците Мустафа Кемал-
Ататурк ја користел буржоазијата. Меѓутоа феудалците имале подршка од
западните сили.За да ја добие борбата со нив Мустафа Кемал-Ататурк формирал
Народна партија. Програмата на партијата била добро позната. Таа била
презентирана уште кога било формирана Националното ослобоително движење.
Програмата била следна: суверенитет на нацијата, одбрана и независност,
закони за заштита на правата на народите, смалување на воената обврска,
давање на социјална помош на инвалидите, вдовиците и останатото
население.Оваа програма бил полн погодок. Благодарение на програмата
Народната партија успела да привлече голем дел од населението. Позиција на
Народната партија зајакнала и ова било искористено за сменување на уредувањето
во државата. На 29 октомври 1923 Националното собрание ја прогласил
Турција за република. Веднаш по овие настани Мустафа Кемал-паша кој бил на
чело на државата почнал со спроведување на реформи.Прва задача била да се
одвои верскиот од политичкиот живот. Требало да се укинат верските судови и
верските училишта а на нивно место требало да се воспостават световни
институции. Овие настани секако не можеле да поминат без реакции во самата
држава. Како резултат на овие настани била создадена Прогресивна републиканска
партија која отворено истапила против републиката и против реформите.
Реформите претставувале своевиден шок во Турција бидејки тие биле во
спротивност со многувековната исламска традиција. Ситуацијата на внатрешен
план посебно бидејки почнале да се мешаат и странски држави. Прогресивната
републиканска партија која била подржувана од Англија во 1925 година
организирала востание во Курдистан кое се проширило во југоисточна Турција.
Како победник во оваа борба сепак излегла Народната партија на Мустафа Кемал-
Ататурк, востанието било задушено а била забранета работата на Прогресивната
републиканска партија. Сепак пресметките не престанале тука. Приврзаниците на
Прогресивната републиканска партија продолжила со активностите против
Народната партија. Во 1926 година тие повторно се обиделе да организираат
востание во Курдистан а исто така бил и организиран атентат врз Мустафа Кемал-
паша но бил неуспешен. Ова било повод власта да почне конечна пресметка со
нив. Освен внатрешни Турската република имала и надворешни
проблеми.Спорното прашање со Англија за градот Мосул уште не бил решен.Исто
така западните сили се обидувале да влијаат и врз внатрешните проблеми. Турција
повторно бил под силен меѓународен фактор. Под еден таков притисок прашањето
во врска со градот Мосул се решил негативно за нив. Градот Мосул му бил даден
на Ирак. И покрај ваквиот развој на настаните позицијата на Мустафа Кемал-паша
се зацврстила. Неговата идеја и визија била Турција да стане модерна Европска
држава. За цел биле донесени многу закони. Исто така биле спроведени економски
и политички реформи. Во 1925 година биле донесени забрани што биле во
спротивност со исламската традиција. Фесот и турбанот се прогласени како неза-
конски симболи на декадната социјална класа од поранешниот османлиски систем 13
За да функционира овој закон биле спроведени и неколку акции. Биле ликвидирани
многу верски секти,дервишки редови и манастири. Била одвоена и црквата од
државата. Исто така бил воведен и мегународен календар. Друга значајна реформа
била тоа што арапската азбука била заменета со латиница. Во енергична реформска
политика почнала дава резултати. На жените им беа дадени можности да се
образуваат и да се насочат кон одредена професија 14 Набрзо почнало опоравување
на земјата. Целиот овој процес на Мустафа Кемал Ататурк се финализираше кога
во 1928 ја избриша фразата “Религијата на државата Турција е Исламот” и
13
Бејтула Демири, “Ислам и Политика”, Скопје, 2006, стр.100
14
Sherif Mardin , “Ideology and Religion in the Turkish Revolution”, International Journal of Middle East
Studies, No.2 (1971).
сите други референци кои се однесуваат на Исламот. И на крај, во уставот на
Република Турција јасно се декларираше дека Турција е секуларна држава 15
Најголема полза од овие реформи имала буржоазијата. Буржоазијата ја надвладеела
феудалната класа. Откако почнала да се опоравува на внатрешен план таа почнала
да се вклучува и на меѓународен план. Турција склучила многу трговски и
политички договори со странски земји. Ова овозможило во Турција да продре
странски капитал со што се овозможило индустриско зајакнување на земјата. Од
големо значење било и склучуањето на политичките договори.Целта на овие
договори била да се зачува мирот во регионот и во светот.Турција склучила пакт за
ненапаѓање со СССР. Турција била потписник и на Балканскиот пакт заедно со
Романија,Грција и Кралството Југославија.Значајно да се спомене е и тоа што на
конференцијата во Монтре Турција се изборила за укинување на одредбите од
договорот во Севр16 Зајакнувањето на позицијата се потврдила со потпишувањето
на таканаречениот “Џентелменски договор” помеѓу Турција и Англија за
пружење помош во случај на напад на Италија.
Во овј период претседател на владата бил Џелал Бајар. Тој бил под Фашистичко
влијанние се залагал за донесување на закон за забрана на работнички здруженија.
Ваквата политика дошла до израз во 1937 кога Исмет Исени и Ружди Арас во
Белград имале средба во духот на балканската ориентација кон фашизмот. Турција
исто така ги отфрлила санкциите на Друштвото на народите против Италија кои
биле воведени заради фашизам.
Во 1938 умрел Мустафа Кемал Атаурк,а за нов претседател бил избран неговиот
близок соработник Исмет Инени.Фашистичките ориентации придонеле да Турција
да ги влоши односите со Франција помеѓу нив избил судир за санџакот
Александрија. Сепак судирот брзо бил решен. Во 1939 Турција склучила пакт за
заемна помош со Англија и Франција а за тоа добила заем од 43,5 милиони
стирлинзи. Со овие настани заршува овој значаен период од турската историја кога
и била признаена независноста.

15
http://kongar.org/aen_ata.php Ataturks Understanding and Practices of Sovereignty of People, 1918
16
Со овој договор на Турција и се забранувало изградба на утврдуња на Босфорот и Дарданелите
Заклучок

Периодот помеѓу двете светски војни претставува мошне значаен периодот во


турската Историја. Овој период како што можевме да видиме е поврзан со една
личност Мустафа Кемал Ататурк. Во овој период се појавува овој исклучителен
лик кој ке ја трансформира Турција и ке ја направи модерна држава. Тој ке биде
предводник на Националното ослободително движење кој ке ја потикне
националната свет во Турција. Турција конечно во овој период се ослободила од
западните капиталистички земји кои ја третирале како своја колонија. Конечно
после шест века паднала монархијата и Турција станала република. Со паѓањето на
султанот паднал и феудализмот што довело до зајакнување на државата. Значајно
за овој период е тоа што и покрај губењето на дел од териториите што биле под
нивна власт Турција била меѓународно призната. Во Турција на чело со Мустафа
Кемал Ататурк биле извршени многу реформи што придонеле за забрзано
развивање на државата.Турција конечно излегла од летаргичната ситуација во која
се наоѓала и почнала да ја засилува меѓународната позиција. Овој период
претставува пресвртница во турската држава.Мустафа Кемал Ататурк бил творец
на модерна Турција и затоа со право е наречен”Татко на Турција”.

Библиографија:

Бејтула Демири, “Ислам и Политика”, Скопје, 2006


Islam and Dhimmitude: where civilization collide, translated from the French by Miriam
Kochan and David Littman, Bat ye’or, 2002

http://www.allaboutturkey.com/antlasma.htm

http://www.ataturksociety.org/wartime/index.html

http://www.enjoyturkey.com/info/culture/Ataturk.htm

http://www.britannica.com/EBchecked/topic/546974/Sivas-Congress

http://kongar.org/aen_ata.php Ataturks Understanding and Practices of Sovereignty of


People, 1918

http://www.bbc.co.uk/history/historic_figures/ataturk_kemal.shtml

Sherif Mardin , “Ideology and Religion in the Turkish Revolution”, International Journal
of Middle East Studies, No.2 (1971).

Yuksel Atillasoy, Mustafa Kemal Ataturk, Woodside House, 2002

Olivier Roy, Turkey Today- a European country, Anthem press, 2004

You might also like