You are on page 1of 14

СОДРЖИНА

Вовед......................................................................................................................................2
КИПАРСКИ КОНФЛИКТ................................................................................................3
Историјат на односите на конфликтните страни.........................................................3
Причини за настанување на конфликтот......................................................................7
Начини на решавање на конфликтот.............................................................................9
Заклучок..............................................................................................................................13
Користена литература......................................................................................................14

1
Вовед

Република Кипар е островска земја во Средоземното Море, која de jure има суверенитет
над целиот остров Кипар, иако реалноста е поинаква. Островот е поделен на два дела:
јужен и северен - поголемиот дел од островот е под ефективна контрола на Република
Кипар, додека северниот дел на островот под турска контрола (Турска Република Северен
Кипар). Населението на овој остров е прилично мешано, околу 78% од кипарското
население е со грчко потекло, додека околу 18% од населението има турски корени.
Врз основа на усвоениот Устав, набргу по прогласувањето на независноста на островот,
биле создадени бројни визии за Кипар. Така, грчкиот дел од населението се залагал за
обединување со Грција, додека турскиот дел од населението се стреми кон обединување
со Турција. Тоа било главната причина за почетокот на насилството во Никозија. Потоа,
Турците се повлекуваат од многу државни институции, водејќи сопствена политика.
Сепак, насилството продолжило, а силите на Обединетите нации (ОН) морале активно да
се вклучат.
По прогласувањето на независноста на Кипар, првиот претседател на Републиката станал
архиепископот Макариос III, доживотен претседател на островот. Поради ваквата одлука,
турското малцинство освен што било незадоволно од Уставот, се повлекле и од
Собранието. Следеле повеќегодишни преговори, до 1974 година, кога турските воени сили
ја окупирале територијата на северниот дел на Кипар и прогласиле независна држава
Северен Кипар, признаена само од Турција.
Имало бројни обиди за посредување и помирување на двата ентитета.
Сепак, сите тие завршиле неуспешно. Затоа, со причина, Кипар се смета за една од
главните „кочници“ во процесот на европска интеграција на Турција, што се одразило со
забавување и повремено замрзнување на турски пристапни преговори, односно влезот на
Турција во ЕУ.
Значи, Кипарското прашање е еден од најдолгите и најинтензивните конфликти во кој
учествувала Турција. Сепак, појавата на нафта и гас во кипарските води може да биде
позитивна околност, која ќе ги принуди двете островски народи да воспостават мир и да
ги урнат бариерите, за заедно да постигнат заеднички интерес и просперитет.

2
КИПАРСКИ КОНФЛИКТ

Историјат на односите на конфликтните страни

Островот Кипар се наоѓа на крајниот исток на Средоземното Море, на раскрсницата меѓу


Европа, Африка и Азија. Турција е нејзиниот најблизок сосед на околу 80 километри на
север, а потоа на 112 километри на исток се Сирија и Либан. Египет е 385 км на југ, а
Грција е најоддалечена 531 км на исток. Островот е долг 241 км и широк 160 км и е трет
по големина остров во Средоземното Море по Сардинија и Сицилија.
Кипарските Грци се најголемата етничка група на островот. Во времето на независноста
во 1960 година, кога бил спроведен последниот официјален попис на населението на
островот, имало 442.568 кипарски Грци, или 78% од населението. Во 2008 година,
вкупното население во областите контролирани од владата биле 796.900, според
официјалната статистика.
Од друга страна, има кипарски Турци чија заедница е помала од грчката. Во времето на
независноста се наведува дека имало околу 103.822 кипарски Турци или 18%. Нема
понови сигурни информации за нивниот број.
Низ историјата, Кипар бил под власт на Персијците, Египќаните, Римјаните, Византијците
и Арапите.
Во средината на 16 век, Отоманската империја била на својот врв. Султанот Селим II
наредил инвазија на островот во 1570 година. По кратка инвазија, османлиската војска под
команда на Лала Мустафа Паша ја освоиле Никозија.
Постепеното опаѓање на моќта на османлиската држава започнало во 17 век под влијание
на надворешните и внатрешните неповолни околности и скапите војни против Персија,
Австрија и Русија.
Веднаш по Берлинскиот конгрес, Кипар паднал под британска власт. Цариград склучил
договор со Лондон, дозволувајќи и на Британија да го окупира и управува Кипар. Овој
договор, попознат како Кипарска конвенција, бил од стратешка природа. Лондон го добил
островот, а за возврат ветил помош на ослабената Отоманска империја, особено ако им се
заканува Русија. Британија била поморска и колонијална сила, а Кипар бил клучна база за
транспорт во Индија, најважната британска колонија.

3
Трансферот меѓу Цариград и Лондон не значел конечен крај на отоманското владеење на
Кипар. Грците, кои уште тогаш го сочинувале мнозинството од населението, се надевале
дека пренесувањето на правата на Лондон ќе го отвори патот за обединување со Грција.
Тој стремеж, еносис, бил присутен долго време кај многу христијански островјани, кои на
Грција гледале како на своја природна татковина. Меѓутоа, Кипар бил дел од поширок
проект кој вклучувал ослободување и обединување на Грците кои живееле под отоманска
власт. Таа идеја беше позната како мегали (голема) идеја.1
Општо земено, целиот 19 век бил обележан со национално будење и процеси на
обединување, а мегали (голема) идејата не била ништо ново.
Официјалното прогласување на Кипар за колонија на Британија се одржало на 10 март
1925 година. Фрустрацијата на населението на островот се зголемувала со текот на
годините, особено на грчкиот дел бидејќи се чувствувале предадени од британското
отфрлање на идејата за обединување со Грција. Во 1930-тите, имало немири и протести
против колонијалната управа на островот. Британија одговорила со забрана за
истакнување на грчкото знаме, цензура на печатот и забрана за политички партии.
За време на Втората светска војна, кипарските Грци биле лојални на Британија, веројатно
со надеж дека таа ќе ги награди со зелено светло за обединување со Грција. Сепак,
Британија останала непопустлива по ова прашање. Дури и неофицијалниот референдум за
еносис во 1950 година не ја променило состојбата во корист на 96 % од кипарските Грци
кои сакале обединување.
Една деценија подоцна, во 1960 година, Кипар станал независен, а епископот Макариос
станал првиот претседател на новата држава
Мислењата за архиепископот Макариос се поделени и спротивставени. Дел од кипарските
Грци го слават како водач и борец за националната идеја. Други го осудуваат како
предавник затоа што се откажал од идејата за енозис. Кипарските Турци го сметаат за
одговорен за уставното уривање по стекнувањето независност и нивното протерување од
Владата.
Желбата за ослободување од британската власт на Кипар почнала да се реализира во 50-
тите години на минатиот век. За таа цел е формирана Националната организација на

1
Dzejms Ker-Lindzi, Kiparski problem: Šta svako treba da zna; Београд 2017, str. 35.

4
кипарските борци, попозната по кратенката ЕОКА. Оваа организација имала за цел
ослободување од британската власт и обединување со Грција (еносис).
Се чини дека британските власти на Кипар не ја сфатиле премногу сериозно
информацијата дека на Кипар е формирана грчка полиција која има оружје и се
подготвува за востание. На 1 април 1955 година, неколку бомби експлодирале во
административни згради низ островот. Востанието против Британците започнало.
Во почетокот кипарските Турци имале помирувачки однос кон целата ситуација. Подоцна,
со развојот на кризата, ставовите на кипарските Турци биле променливи. Во 1954 година
основано е здружението „Кипар е турски“, чија програма во основа поделба на Кипар или
негово припојување кон Турција доколку се промени статус кво состојбата на островот.
Турските аргументи не се базирале само на загриженоста на кипарските Турци, туку и на
фактот дека обединувањето на Кипар и Грција ќе го остави турскиот брег целосно
опколен од Грција.2
Меѓутоа, како што растела борбената моќ на ЕОКА, кипарските Турци застанале на
страната на Британија. Позициите во полицијата што кипарските Грци ги напуштиле за да
се приклучат на ЕОКА или стравувале од одмазда, ги пополниле кипарските Турци. Во
исто време, тие одлучиле да создадат организација спротивна на ЕОКА, која имала за цел
да го припои островот кон Турција или да остане под британска власт. Таа организација
прво се викала Вулкан, а подоцна со помош на Турција го сменила името во Турско
движење на отпорот - ТМТ.
Во екот на востанието во 1955 година, Британија одлучила да свика конференција за мир и
безбедност во Источниот Медитеран. Таа ги поканила и Грција и Турција. Со тоа се
потврдило дека кипарското прашање не е само внатрешно прашање на Кипарците.
Секојдневни биле меѓусебните обвинувања на челниците на двата ентитета. Макариос
решил да не доаѓа на конференцијата, бидејќи бил бесен поради поканата на Турција да
присуствува на истат. Тој сметал дека Лондон и Анкара работат на дестабилизација на
овој простор. Министерот за надворешни рабти на Турција, Зорлу, на конфернцијата ги
нагласил „историските, стратешките, економските врски на Кипар со Турција“ и изјавил
дека Турција е против секоја промена на статусот, а „ако Британија овозможи суверинитет
на островот, тогаш треба да се врати на првиот сопственик односно Турција“. Дошло до

2
Симић Живорад, КИПАР-уједињене или подела; Београд 2001 стр. 16.

5
сериозни тензии во рамките на Северноатланскиот сојуз помеѓу Турција и Грција која се
заканувала со напуштање на сојузот. 3
Силните антигрчки демонстрации во Истанбул и Измир ги отежнале разговорите, кои
завршиле неуспешно. Гледајќи дека работите не се движат во вистинската насока,
британската влада го отповикала цивилниот гувернер во Лондон и на островот го
испратиле поранешниот началник на кралскиот персонал, Сер Џон Хардинг.
Со тоа, британската влада покажала дека не е подготвена да се откаже од Кипар, дека ќе
ги радикализира казнените мерки за оние што го предизвикале бунтот. Насилните
протести продолжиле неколку месеци во 1955 година и следната година, 1956 година.
Обидите да се неутрализираат членовите на ЕОКА биле неуспешни. Сфаќајќи дека дури и
десетици илјади војници не можат да го решат проблемот, Британија одлучува да
преговара. Првиот обид во таа насока била идејата за самоопределување. Со цел да се
маргинализира улогата на ООН, било понудено решение од секретарот на пактот на
НАТО, генералот и барон Исмаи, познат како помошник на Винстон Черчил за време на
Втората светска војна и белгискиот политичар и државник Пол-Анри Спарк.
Имено, според нивниот план, од септември 1957 година Кипар би добил независност на 20
години, по што конечната одлука би била донесена на конференција под покровителство
на В.Британија.4
На тоа се спротивставле кипарските Турци и Турција, сметајќи дека тоа ќе доведе до
обединување со Грција. Грција го отфрлила предлогот, сметајќи дека тој не обезбедува
самоопределување. Потрагата по прифатливо решение продолжила, а дел од тоа бил и
планот на Мекмилан. Британскиот премиер Харолд Мекмилан ги поканил двете страни на
разговори и преземање на заедничка одговорност над островот во период од 7 години.
Овој пат планот бил отфрлен од кипарските Грци и од Грција. Турција побарала по седум
години да се признае поделбата на Кипар.
Станало јасно дека шансите за граѓанска војна меѓу двете спротивставени фракции на
островот се големи. Сепак, тоа не би бил само конфликт меѓу жителите на островот, туку
и меѓу две членки на НАТО, Грција и Турција. Тоа сценарио било погубно за западните
сили, пред се за САД и за Велика Британија.

3
Симић Живорад, КИПАР-уједињене или подела; Београд 2001, стр. 16
4
Симић Живорад, КИПАР-уједињене или подела; Београд 2001, стр. 18.

6
Макариос ја искористил ситуацијата, прогласувајќи ја независноста на Кипар во 1958
година без еносис. Лидерите на НАТО решиле да дејствуваат брзо. Потоа следел
состанокот на НАТО пактот во Париз на крајот на 1958 година на почетокот на 1959
година, при што се воделе разговори меѓу министрите за надворешни работи на Велика
Британија, Грција и Турција. По тој повод било договорено наскоро да има билатерални
разговори меѓу Грција и Турција за решавање на кипарската криза.
Година и пол по Договорот Цирих-Лондон, во август 1960 година, беше прогласена
Република Кипар.
Таа станала членка на Обединетите нации во септември 1960 година, a независна членка
на Комонвелтот станала на 13 март 1961 година и шеснаесетта членка на Советот на
Европа во мај 1961 година. Во септември 1961 година, Кипар учествувала, заедно со 25
земји учеснички, на Првата белградска конференција на неврзаните.
Покрај директното мешање и влијание врз настаните во Кипар и соседните земји, Грција и
Турција, од страна на западните сили, по прогласувањето на независноста на Кипар,
наеднаш се зголемил интересот на друга голема сила од спротивниот блок, Советскиот
Сојуз. Традиционално, Советите се обиделе да го зголемат своето влијание на источниот
Медитеран, област што ги поврзува нивните територии на Црното море со виталните
интереси на Блискиот Исток.5

Причини за настанување на конфликтот

Постои широко распространето сфаќање дека кипарскиот конфликт е резултат на


несогласувањата и спротивставените позиции на двете заедници кои го населуваат
островот – кипарските Грци и кипарските Турци. Кипарскиот конфликт е етнички чист по
својата природа, со вмешување на Република Грција и Република Турција во истиот. Пред
декларирањето на независноста на Кипар, уште во раните години на британската управа,
нерешениот статус на островот претставуваше проблем, односно прашање.
Првите кризи се појавиле уште во 1963 година. Преговорите за решавање на прашањето за
етничката поделба на 5 општини биле постојано во криза и конечно завршиле истата
година. Поучен од тешкотиите, во летото 1963 година Макариос почнал да дава изјави во
5
John Sakkas, Nataliya Zhukova, The Soviet Union, Turkey and the Cyprus Problem,. 1967-1974 ; Les cahiers Irice
2013/1(No 10), p. 123-135

7
медиумите за потребата од ревизија на Договорот за гаранции и да предлага амандмани на
Уставот. Тоа било годината во која владата на Караманлис во Атина пропаѓал, а Турција
сè уште била потресена од најлошиот државен удар од 1960 година, кога Мендерес, Зорлу
и уште еден министер биле погубени.6
Само неколку дена по предлозите на Макариос, на островот се разгорел конфликт меѓу
двете заедници. Кипарските Грци од државната армија, безбедносните служби и
поранешните членови на ЕОКА се судриле со турската заедница. Една од првите
последици на конфликтот било повлекувањето (и делумното протерување од грчките
колеги) на турските службеници од државните институции на Кипар. 7 Веќе на 21
декември истата година, Турција го обвини Макариос дека дал зелено светло за
операцијата на тајните сили, со поддршка на Грција, очигледно заборавајќи дека пред тоа
турската страна ја обновила работата на ТМТ, на која и било доставено шверцувано
оружје од Турција.8
Како што продолжиле конфликтите до крајот на декември 1963 година, Турција била
принудена да реагира. Турските воени авиони од базите на југот на Турција биле во
можност да полетаат и да ги бомбардираат позициите на грчката страна, додека
авијацијата на Грција не била во можност да стори исто; најблискиот Родос бил оддалечен
дури 400 километри. САД сè уште не се вклучиле во конфликтот. Турската влада тогаш
им понуди на Грција и на Британија заедничка интервенција според Договорот за
гаранции. По одбивањето на Грција, Турција најавила бомбардирање на Никозија.9
Кипар е формално поделен од 1974 година, односно, нешто повеќе од триесет години, а
фактички од 1963 година. Сепак, имајќи ја во вид историјата на регионот, се чини дека
вистинските корени на поделбата треба да се побараат во вековната спротивставеност на
регионалните инволвирани сили – Грција и Турција. Овој аспект на конфликтот е дотолку
позначаен што благодарение на високо развиеното (и долго негувано) чувство на
припадност на еден од овие два народа, креирањето на поделен и заеднички кипарски
идентитет било невозможно. Токму непостоењето на: кипарски идентитет, кипарска

6
Ker-Lindsay, James, The Cyprus problem, Oxford University Press, New York, 2011str: 32.
7
Ker-Lindsay, James, The Cyprus problem, Oxford University Press, New York, 2011, str:35.
8
Janković, Aleksandar, Simić, Živorad, Kipar istorijat ujedinjenja, Svet knjige,Beograd, 2015, str: 34.
9
Turkman, Sayim, Reasons for Turkey’s intervention in Cyprus and Cyprus Conflict (1955-1974) u International
Review of Military History, No. 87, Ankara, 2007, str: 284-230.

8
нација, свест за кипарска заедница обединета под едно знаме и една химна, е и една од
главните причини за неможноста да се постигне трајно решение за кипарскиот конфликт.10

Начини на решавање на конфликтот

Кипарското прашање е долготраен политички конфликт меѓу кипарските Турци и


Грците, две различни етнички и верски заедници кои живеат на стратешкиот остров во
источниот дел на Медитеранот. По децении политички ќор-сокак на статусот на
спорниот остров и неговите жители, кипарските Турци повеќе не веруваат во
решението за една држава, политичка формула која е диктирана од меѓународната
заедница од 1960 година, кога Република Кипар беше формирана како би-комунална и
бизонална унија која ги опфаќа двете заедници. Потстоеле обиди со партнерство. Тоа не
функционираше, бидејќи кипарските Грци не можеа да ја прифатат идејата дека
кипарските Турци се еднакви со нив. Така, формулата за партнерска република беше
испробана и не успеа затоа што другиот партнер не сакаше да функционира.
1960-тите биле критична деценија за конфликтот бидејќи политичките тензии меѓу
двете страни достигнаа највисок подем. И покрај грчката агресија од 1960 до 1974
година, кипарските Турци дале се од себе за да функционира заедницата. Во 1974
година, Грција организирала воен удар преку кипарските Грци во обид да ги обесправи
кипарските Турци, но Турција ги спречи тие планови со воена интервенција.
Во 1963 година, три години по формирањето на Република Кипар, агресијата на
кипарските Грци против кипарските Турци се засилила, принудувајќи ги турските
заедници да живеат во енклави опкружени со грчки милиции.
И покрај бројните предупредувања од кипарските Турци, ниту кипарските Грци ниту
Атина не покажале подготвеност да ги третираат како рамноправни партнери и
косопственици на островската држава. На крајот, по воената интервенција во 1974
година, Анкара го задржа своето воено присуство во регионот, расчистувајќи го
островот од милициите на кипарските Грци и обезбедувајќи ја безбедноста на
кипарските Турци.

10
Ирена Рајчановска Пандева, Ана Чупеска, Етничките конфликти во меѓународните односи, 2021 година

9
Дури и по 1974 година, и Турција и кипарските Турци продолжија да преговараат со
Грција и со кипарските Грци за повторно воспоставување на политичко партнерство.
Но, тековниот неуспех на меѓународната заедница да го реши кипарското прашање ги
наведе кипарските Турци на север да прогласат сопствена држава, ТРСК, во 1983
година, признаена само од Анкара. Турција и кипарските Турци ја препознаваат
територијата под контрола на кипарските Грци на југ како Грчка администрација на
Јужен Кипар.
Поради одбивањето на Грција да ја признае турската реалност на островот, Турција и
кипарските Турци повеќе не гледаат на решение во една држава како идеален пат
напред, според Исмаил Бозкурт, политичар од кипарските Турци кој бил претседател на
заедницата на кипарските Турци помеѓу 1973 и 1975 година, клучен период во
историјата на спорниот остров.
Тахсин Ертугрулоглу - министер за надворешни работи на ТРСК верува дека Кипар
може да го следи моделот на Хаити – Доминиканска Република. И Хаити и
Доминиканската Република се две независни држави лоцирани на ист остров во
Централна Америка. Според него, реалноста на островот Кипар е еден остров, две
држави, два народи. Два национални ентитети, две демократии е единствената формула
за патот напред. Во спротивно, ако меѓународната заедница се обиде принудно да
направи таканаречено „населување“ или „федерација“ или заедничка држава меѓу
кипарските Турци и кипарските Грци, тоа е залуден обид, тоа нема да успее, бидејќи е
испробано. Шефот на дипломатијата исто така смета дека ОН, меѓу другите
меѓународни тела, одамна избрала да биде дел од проблемот, а не решението, бидејќи
поставила „погрешна дијагноза на кипарскиот конфликт“, гледајќи ја турската
интервенција во 1974 година како корен на конфликтот. 11
И за Турција и за кипарските Турци, едно суштинско прашање отсекогаш бил молкот на
меѓународната заедница во однос на одбивањето на кипарските Грци да ја признаат
турската заедница на островот како нивен рамноправен партнер. Друго суштинско
прашање за Анкара и Лефкоса е признавањето на меѓународната заедница единствено
на суверенитетот на кипарските Грци врз целиот остров.

11
https://macedonian.trtbalkan.com/politics/dogovor-za-dve-drzhavi-e-edinstvena-formula-za-kiparskiot-konflikt-
9457678

10
Според основачкиот меѓународен договор на Република Кипар, легитимитетот на
заедничката, бизонална држава се засновала на продолжување на партнерството. Но,
ако партнерството пропадне, како што било наведено во меѓународниот договор, ниту
кипарските Грци ниту кипарските Турци немаа да имаат право да ја бараат целата
територија на островот.
Меѓутоа, од 1974 година, кипарските Грци се преправаат дека имаат суверенитет над
целиот остров додека кипарските Турци владеат со Северен Кипар. Ертугрулоглу
верува дека за разлика од меѓународниот договор од 1960 година, меѓународната
заедница ги признава кипарските Грци дека имаат легално суверено право да владеат со
целиот остров - што е критична повреда на основачкиот документ на островската
држава. Со единственото признавање на суверенитетот на кипарските Грци врз целиот
остров, меѓународната заедница практикува непогрешлива и неправедна пристрасност,
јасно покажувајќи дека тие ги гледаат кипарските Грци како „поеднакви“ од кипарските
Турци, според министерот за надворешни работи на ТРСК. 12 Една од основните
причини за кипарското прашање е поставена врз соништата за грчката идеја Мегали,
политички концепт кој има за цел да ги интегрира таканаречените хеленски земји со
Грција. Од грчката побуна од 1821 година против Отоманската империја, Атина се
обидува да ги прошири своите територии и преку Егејското и Средоземното Море.
Во изминатите пет децении, меѓународната заедница користела, главно, два метода за
разрешување на конфликтот: 13
1) Медијација (посредување) меѓу конфронтираните страни заради постигнување трајно и
одржливо решение. Посредувањето се одвива, главно, преку ООН иако, исто така,
определена улога имаат и други субјекти, како: Велика Британија, САД и ЕУ;
2) Надворешна интервенција заради спречување на судир, односно, спречување на
ескалација на постојниот судир во судир од поширок размер. Кипар искусил воена и
политичка надворешна интервенција, и тоа од: Грција, Турција и ООН, односно:
UNFICYP и САД и Русија.14

12
https://macedonian.trtbalkan.com/politics/dogovor-za-dve-drzhavi-e-edinstvena-formula-za-kiparskiot-konflikt-
9457678
13
Ирена Рајчановска Пандева, Ана Чупеска, Етничките конфликти во меѓународните односи, 2021 година
14
Ирена Рајчановска Пандева, Ана Чупеска, Етничките конфликти во меѓународните односи, 2021 година

11
Заклучок

Кипар како една од земјите кандидати која влезе во Унијата со големиот блок на
проширување од 2004 год., и пристапи кон Унијата со нерешено територијално прашање
за Северен Кипар, кое сè уште го држи отворено. Ѝ покрај фактот што Европската унија се
обидуваше да ги помири двата делови на островот во посредство со Обединетите нации,
настојувајќи и двата да бидат дел од Унијата, сепак тоа не се случи. Имено, во
претпристапните преговори Европската унија се залагаше да се врати во сила Уставот од
1960 година и да се обединат двата дела од островот пред нивниот влез во Унијата.
Ваквиот став, Европската унија го потврди во неколку наврати, и тоа особено со
Хелсиншкиот европски совет од 1999 г.6 и Копенхашкиот состанок на Европскиот совет
од 2002 г., како и со усвојувањето на Десеттиот протокол кон Актот на пристапување во
април 2003 г., во кои нагласи дека преферира постигнување на решение за конфликтот
пред пристапувањето односно нивното влегување како целосна единка, и дека е согласна
да пружи помош за економски развој во северниот дел од Кипар, со цел за негово
доближување до Унијата. Но, во овие документи стоеше една забелешка, а тоа е дека
доколку помирувањето не се случи, односно доколку одговорноста за нерешавање на
конфликтот не падне врз грчко-кипарската страна односно падне на товар на труско-
кипарската страна, тогаш Унијата ќе му овозможи влез на Кипар пред да го реши
конфликтот. Ова укажува на фактот дека Унијата претпочита кипарскиот конфликт да се
реши пред влезот на Кипар во Европската унија, но дека, истата е волна да му овозможи
прием доколку конфликтот не се реши по вина на турските кипарци. По интензивни
преговори на европските претставници со двете конфликтни страни, заедно со напорите
на Обединетите нации за разрешување на конфликтот, на 24 мај 2004 г., се одржа
референдум кој се спроведе на целиот остров, една недела непосредно пред официјалниот
влез на Кипар во ЕУ. Со референдумот се бараше одобрување и прифаќање на
предложениот план на Обединетите нации, т.н. „план на Анан“ за ставање крај на
поделеноста и за разрешување на долгогодишниот конфликт. Референдумот имаше
контрадикторен исход односно „планот на Анан“ од една страна беше потврден со
консензуз од 65 % од населението во Северен Кипар, но, од друга страна, тој беше одбиен
со негативен одговор од 76% од населението од Јужниот дел на Кипар. Овој резултат ги

12
покоси очекувањата на Европската унија и на ООН за обединувањето на Кипар и дотолку
повеќе беше спротивен на она што Унијата го декларираше во однос на приемот на Кипар
во ЕУ. Така, со референдумот се докажа дека вината за неразрешницата на кипарскиот
конфликт, падна врз грчко-кипарската страна, а не врз турско-кипарската, што со други
зборови требаше да ги затвори вратите за прием на Кипар во Европската унија. Но,
спротивно на она што Унијата го декларираше дотогаш во своите документи, и извештаи,
како и спротивно на изјавите за повреда на европските вредности, таа сепак на 1 мај 2004г.
го дочека Кипар во своето големо европско семејство.
Оттука, решавањето на конфликтот се пролонгира на неодреден период, како и се
суспендира процесот на усвојување на европското право во оние делови од островот
Кипар кои се надвор од контрола на авторитетите на Републиката.

13
Користена литература

1. Dzejms Ker-Lindzi, Kiparski problem: Šta svako treba da zna; Београд 2017,
2. Симић Живорад, КИПАР-уједињене или подела; Београд 2001
3. John Sakkas, Nataliya Zhukova, The Soviet Union, Turkey and the Cyprus Problem,.
1967-1974 ; Les cahiers Irice 2013/1(No 10),
4. Ker-Lindsay, James, The Cyprus problem, Oxford University Press, New York, 2011
5. Janković, Aleksandar, Simić, Živorad, Kipar istorijat ujedinjenja, Svet knjige,Beograd,
2015,
6. Turkman, Sayim, Reasons for Turkey’s intervention in Cyprus and Cyprus Conflict
(1955-1974) u International Review of Military History, No. 87, Ankara, 2007,
7. Ирена Рајчановска Пандева, Ана Чупеска, Етничките конфликти во меѓународните
односи, 2021 година
8. https://macedonian.trtbalkan.com/politics/dogovor-za-dve-drzhavi-e-edinstvena-formula-
za-kiparskiot-konflikt-9457678

14

You might also like