You are on page 1of 20

Внатрешните борби во

Римската држава
Гладијатори
и
Спартаково востание
Вовед
• Оваа лекција на страна 79 од учебникот се
однесува:
• на слабеењето на римската држава
• положбата на населението(пред се
селаните и робовите),
• востанието на робовите(Спартаково
востание) како и промените во економскиот
систем.
Најбројно население во римската држава
биле селаните а најтешка била
положбата на робовите
1.селаните-служеле во војска како пешадија, но
поради честите војни нивите им останувале
необработени.од друга страна производите на
побогатите кои биле произведени со бесплатна
робовска рака биле поефтини од оние на
селаните.Така селаните почнале да осиромашуваат,
да зимаат пари од лихвари и кога неможеле да ги
врата ја давале својата земја
2.робовите –можеле да бидат приватни(роб на некој
богаташ) или државни(воени заробеници,гладијатори
и др.)
ГЛАДИЈАТОРИ
• Гладијаторите биле државни робови или воени
заробеници  кои се бореле во арена против
животни и едни против други . Постоеле и
гладијатори жени, кои обично се маскирале како
легендарните Амазонки. На почетокот на 3 век,
царот Септимиј Север ги забранил борбите на
жените
• Терминот „гладијатор“ потекнува од зборот
„гладиус“ (латински gladius), краток
римски меч за бодење и сечење.
Гладијаторските борби се воведени во Рим во првата
половина на 3 век п.н.е. во состав на погребните
свечености, како ритуал на жртвување човечки животи за
сенките на покојниците. Во првата забележана борба 264
п.н.е. се бореле само три пара. Кон крајот на 2
век гладијаторските борби станале многу популарни
претстави кои римските цареви му ги подарувале на својот
народ. Првобитно се изведувале во Форумот, а подоцна
во амфитеатрите низ целото Римско Царство. Најпознат
амфитеатар е римскиот Колосеум
Гладијаторските борби се укинати со јакнењето
на христијанството, врз основа на законот на
цар Константин Велики од 325 година, но и натаму се
одржувале одвреме-навреме до околу 450 година.
Последните гладијаторски борби во самиот град Рим се
одржани на 1 јануари 404 година
Обука
Сите гладијатори за да можат да се борат во арената, морале
претходно да поминат обука. Вежбале под будното око
на магистерот , кој во исто време водел и школа и обука. Во
текот на обуката гладијаторите користеле штитови од гранки
и мечеви од дрво кои се нарекувале рудис , и кои биле дупло
потешки од мечот што обично се користел во арената. Овие
мечеви им се предавале на оние гладијатори кои успешно
стигнувале до крајот на гладијаторската кариера, како
награда за добрата служба и како дозвола да отворат своја
школа за гладијатори. Во Рим имало многу приватни
гладијаторски школи за време на Републиката, но кога
настапил периодот на царството, државата ги презела сите
тие мали школи, како и покровителството над самите борби
Спартаково востание
• Причини
Робовите во Римската Република биле третирани
многу грубо и многу сурово. Робовладетелите
можеле да ги злоставуваат, повредуваат, па дури и
да ги убиваат своите робови без тој чин да има
било какви правни последици. Преголемата
суровост и угнетувањето на робовите довело до
неколку побуни и востанија.Но од сите востанија
најмногу внимание кренало Третото робовско
востание познато под името Спартаково востание
СПАРТАК
Од 74 до 71 година пне,  на Апенинскиот полуостров
се одвивало големо востание на робовите. Го
започнале гладијаторите под водство на способниот
гладијатор Спартак. Тој бил од Тракија и
истакнувајки се со својата способност, бил одреден
да ги вежба  гладијаторите во  гладијаторското
училиште во Капуа.Востанието започнало со бегство
на околу 70 робови гладијатори на планината Везув.
Подоцна на нив им се придружиле и мноштво други
робови и  незадоволни селани, па се зголемил бројот
на над  60 000  востаници. Спартак востаничката
војска ја организирал и извежбал по углед на
римската, а оружје се стекнувало во битките.
По почетните успеси востанието се  проширило во
цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на
Рим. Но намерата на востаниците била  да заминат
кон своите родни краеви и да ја напуштат Италија.
Робовите по потекло од Апенинскиот полуостров се
спротиставиле на тие планови. Тие сакале борба за
здобивање на лична слобода и земја, и да им биде
признато правото на римски граѓанин. Подвоеноста и
 недоразбирањата ги ослабнале силите на
 востаниците. Во  71 година пне се одиграла
решавачката битка во Јужна Италија . Робовите биле
поразени.

You might also like