You are on page 1of 8

Востанијата на робовите во античкиот Рим

,,Средствата за работа се делат на три дела: на оружја кои говорат(instrumentum vocale) на


оружја кои пуштаат неартикулирани гласови (semivocale) и неми оружја(mutum). Меѓу
оружјата кои говорат спаѓаат робовите, меѓу оние кои пуштаат неартикулирани гласови –
воловите, а меѓу немите – запрежните коли.” – Марко Теренције Варон.

Бројни војни кои ги водел Рим, ја исполниле Италија со робови, од најразлични етнички
состав. Имало многу Гали, Германи, Трачани, хеленизирани жители на Азија и Сирија и многу
други.

Робовите во Рим припаѓале на државата, поединците, односно на поединечни фамилии, како


што се говорело тогаш. Државните робови биле користени за јавни работи: за градење на
водоводи и јавни згради, насипување на патишта и слично. Некои од нив завземале и извесни
нижи јавни положби: биле клесари, разнесувачи, чувари на затвори, џелати и др. По
рудниците работеле исклучиво робовите. Рудниците и каменоломите припаѓале на државата
која ги издавала под закуп. Закупниците ги експлотирале со кристење на сопствени или
изнајмени робови.

Робовите на поедини римски богаташи се делеле на градски и селски. Секој богат Римјанин
имал по неколку стотици градски робови. Меѓу нив имало телохранители, кувари, ткајачи,
обучари, бојаџии, ѕидари, препишувачи, учители, актери, музиканти – кратко кажано, луѓе од
сите струки кои биле потребен на еден богаташки дом.

Селските робови во најголем дел работеле полјоделство, а нивниот број зависел од


големината на имотот. Поголемиот дел живееле во изразито тешки услови.
Робовладетелството било посебно изразено во јужна Италија и на Сицилија, во подрачјата
каде преовладувале големи имоти, на кои се работело за изразито голем број на робови.
Нивните господари со нив постапувале доста сурово. Многу робовласници дури и не ги
хранеле ниту облекувале своите робови. Затоа тие се одавале на разбојништво и грабежи,
бидејќи тоа бил единствениот начин да преживеат.

Посебна врста на робови сочинувале гладиаторите. Тие биле обучувани во лудуси


(гладијаторски школи) и потоа приморувани да се борат меѓу себе или против диви ѕверови,
да умираат во арените се поради забава на публиката. Во I век п.н.е. без гладијаторските
претстави не можело да помине ниту еден празник во Рим. Некои од нив се бореле во тешки
оклопи, други биле наоружани само со трозабци и мрежа која ја фрлале на противниците како
би ги онеспособиле да се движат, трети пак имале четвороаголни штитови и мали мечови,
четврти пак долги мечови и мали штитови, а имало и гладијатори кои се бореле на коњи. Кога
за време на борбата некој гладијатор бил поразен, публиката со крици давале до знаење дали
да му се поштеди животот или победникот да го убие.

Востанијата на робовите во античкиот Рим биле многу, иако се до II век п.н.е помалку или
повеќе тоа биле спорадични акции кои немале никакво влијание на политичкиот и
друштвениот живот на Рим. Но на самиот почеток на II век п.н.е доаѓа до избивање на неколку
востанија на робовите за кои било потребна вооружена римска интервенција. Прво во 199
година п.н.е. скован е заговор во градот Сетија, недалеку од Рим, каде картагинските
заробеници (кои Картагина морала да им ги предаде на Рим по мировниот договор после
поразот на Ханибал во Втората пунска војна) се поврзале со локалните робови и повеле
агитација меѓу неслободното население во другите градови. Но заговорот бил откриен
благодарејќи на двајца предавници. Во Сетија веднаш бил испратен претор, кој ги уапсил
иницијаторите и така го спречил востанието. Набргу после тоа доаѓа до востание на робовите
во Пренсеа. Гушењето на тоа востание било пропратено со убивање на 500 робови. На крај во
196 година п.н.е. доаѓа до востание на робовите во Етрурија. Востаниците биле лесно
победени, а организаторите на востанието биле сурово казнети со распнување на крст.

Меѓутоа, освен низа мали востанија на робови, робовладетелскиот Рим бил соочен со три
многу значајни востанија од кои два имале локален карактер – двете избиле и биле угушени
во Сицилија, додека третото ја зафатило цела Италија и сериозно ги раздрмало темелите на
римската држава и довело до низа промени во римската државана организираност.

Првото големо востание на робовите во Римската република избил на Сицилија во 136(?) и


траел до 132 година п.н.е.

На Сицилија животот на робовите бил многу тежок и таму робовласништвото го покажало


своето најсурово лице. Затоа заговорите и востанијата на тие подрачја од почетокот на II век
п.н.е. била изразито честа појава. Крупните сицилијански земјопоседници и закупници на
државно земјиште, настојувале да извлечат што поголем приход од земјата и своите стада. За
тоа како тие постапувале со своите робови сведочи историчарот Диодор од Сицилија (Diodoros
Sikeliotes): ,,(Сицилијанците) купуваа многу робови. Со оглед дека ги одвеле од масата од
местата каде биле чувани, веднаш на нив би ставале жигови и белези. Младите робови ги
употребувале како пастири, а останатите по потреба. Во службата тешко постапувале кон нив и
многу малку се грижеле, како во поглед на храната, така и во поглед на облеката”. Останатото
е забележано дека во една прилика известен број речиси голи робови дошле кај
сицилијанскиот робовласник Демофил, кој живеел во градот Хена, со молба да им даде било
каква облека. На тоа бесниот Демофил наредил најпрво добро да ги искамшикуваат, а потоа
повторно да ги вратат на работа.

Демофил со својата суровост и цинизам довел до експанзија на долго воздржуваното


негодување на робовите. Избило големо востание, кој го започнале селските робови на
Демофил. Тие ноќта упаднале во Хена. Демофил и неговата жена биле убиени, а нивната вила
запалена. Нив веднаш им пристапиле и останатите робови и настанало колеж на
робовладетелите.

Водач на востанието бил Сириецот Еун, кој уживал голем углед кај своите сонародници
Сиријци, како голем маг и пророк, а наводно бил под лична заштита на големата сиријска
божица Атаргатис. Штом востаниците ја освоиле власта, го прогласиле Еун за крал, а како крал
Еун го зел популарното сиријско име Антиох. Бил формиран совет од робови кои важеле за
наумни и најобразовани. За три дена создадена е војска од 6.000 луѓе. Со таа војска
востаниците разбиле неколку помали римски одреди кои биле упатени да ја смират
ситуацијата во Хен.

Меѓутоа, истовремено со востанието на Еун, во југозападниот дел на Сицилија избувнало ново


востание, на чие чело бил Киликиецот Клеон, за кого Диодор кажува дека во својата татковина
бил пастир и разбојник. Со одредот од околу 5.000 луѓе Клеон се придружил на Еун. Главниот
водач на востанието и понатаму останал Еун, а Клеон му се потчинил. Здружените сили
успеала да ја разбијат римската војска од 8.000 луѓе, која била пратена да го задуши
востанието. Потоа обединетата востаничка војска зазела цела низа важни сицилијански
градови. Вториот центар на востаниците станал градот Тауромениј, кого востаниците го
претвориле во своја тврдина.

Востанието на робовите наишло на бројни симпатии и кај некои слоеви на слободното


население – ситни земјоделци, кои заземале мали парцели земја под наем. Според зборовите
на Диодор ,,(Робовите) не ги палеле ситните вили, не ја уништувале во нив покуќнината и
залихите, ниту ги чепкале оние кои и понатаму мирно се занимавале со земјоделство, но
масата, од завист под видот на робовите ги напаѓала само селата и не само што ја ограбувале
покуќнината туку и ги палела вилите”.

На почетокот римските трупи претрпеле неколку порази во низа. На крај Римјаните пратиле на
Сицилија силна војска под команда на конзулот Публиј Рупилиј. Со оглед дека се покажало
дека двете главни востанички упоришта – Тауромениј и Хена, не можат да се освојат со јуриш,
тој пристапил кон долготрајна опсада на двете упоришта. Така успеал најпрво да го освои
Тауромениј, а потоа и Хена.

Иако востаниците храбро се бранеле, биле победени не толку со силата на оружјето колку со
долготрајното изгладување, а се споменува дека дошло и до предавство. Клеон погинал
порано, за време на едно невнимателно напуштање на тврдината, а Еун паднал жив во рацете
на Римјаните. Бил затворен и умрел под тешки маки.

После заземањето на Тауромениј и Хена, римските одреди го прочешлале целиот остров и


конечно го задушиле востанието во 132 година п.н.е.

Ова востание на робовите на Сицилија бил сигнал за цела низа востанија на подрачјето на
Медитеранот. На крајот на II век п.н.е. имало повеќе востанија во самата Италија, на островите
Дела и Хија и во Лаурионските рудници на полуостровот Атика. Сицилијанските робови
успеале да ја освојат власта, но кај нејзината организација не создале ништо принципиелно
ново. Го задржале дури и ропството како социјална установа, слобода добивале само оние кои
ќе пристапеле на движењето. И покрај тоа, востанието го потресно робовладетелскиот
поредок и ја продлабочило кризата во робовладетелското друштво и го забрзало процесот на
негово распаѓање.

Второто големо востание на робовите во Римската република, кое исто така избило на
Сицилија, траело од 104 до 100 година п.н.е. Избило во време додека Римјаните воделе тешка
војна на северот. Конзулот Гај Марија во 102 година п.н.е ги разбил Тевтонците, а потоа повел
војна со Кимбрите. За време на војната со Кимбрите, Марија (по одобрување на Сенатот) се
обратил за помош на сојузничкиот крал Битиније Никомеда III. Меѓутоа, од битинијскиот крал
добил негативен одговор дека не може да му помогне, затоа што поголемиот дел на
поданиците ги одвеле римските публикани (порезници) и дека тие сега се во ропство по
разните провинции. Марија за тоа веднаш го известил Сенатот, на што Сенатот донел одлука
поданиците на сојузничките држави, кои незаконитео се лишени од слобода, да се ослободат
од ропство. Римскиот претор Публиј Лициниј Нерва, кој тогаш управувал со Сицилија, веднаш
пристапил кон извршување на одлуката на Сенатот и за кратко време ослободил околу 800
робови. Но сицилијанските робовладетели не биле спремни само така се се лишат од ефтина
работна сила. Со мито и закани го натерале управникот на провинцијата да го запре
понатамошното ослободување на робовите. Ова послужило како повод за востание, кое
започнало речиси истовремено на разни места на Сицилија. Преторот Нерва успеал да излезе
на крај со една група востаници, но за тоа време друг дел на востаници совладал еден римски
одред и се наоружал со нивното оружје. Ова допринело на тоа востанието да зафати поголема
територија.

Востанието растело со вртоглава брзина. Војската на робовите за кратко време броела околу
6.000 луѓе. Како и во првото сицилијанско востание, востаниците избрале крал и образувале
совет од мудри луѓе. За крал прогласен бил Сириецот Салвиј кој уживал слава на искусен
претскажувач со помош на утроба од животни. Салвиј како крал зел ново име Трифон (како
што се нарекувал еден од сиријските кралеви-узурпатори инаку роб по потекло) а за своја
резиденција го избрал градот Триокал. Салвиј (Трифон) ја поделил војската на три дела и на
секој одред поставил по еден командант. Неговата војска нараснала на 20.000 добро увежбани
борци, а имале дури и коњаница.

Со таква значителна војска, Салвиј (Трифон) извршил опсада на градот Моргантина, а на


робовите во опседнатиот град им објавил дека ќе им даде слобода ако преминат на негова
страна. На тоа веднаш реагирале моргантинските робовладетели со ветување до робовите
дека ќе добијат слобода ако помогнат во одбраната на градот. А робовите побргу избирале
добивање на слобода од своите господари отколку отколку од востаничките робови. Салвиј
(Трифон) бргу го разбил собраниот римски одред кој тргнал во помош на опседнатиот град, но
Моргантинците, благодарејќи на робовите им пошло од рака да го одбранат градот. Меѓутоа,
робовите кои се надевале на ослободување ги чекало големо разочарување: преторот
ветувањето дадено на робовите го прогласил за неважечко, затоа што било изнудено и
незаконско.

Одприлика истовремено почнува востание и во западниот дел на Сицилија. Водачот на тоа


востание бил храбриот и искусен Антенион, бившиот пират од Мала Азија кој уживал слава на
претскажувач според ѕвездите. Тој во својата војска ги примал само оние робови кои биле
способни за борба. Останатите пак биле должни да ја снабдуваат војската со храна, да водат
грижа за позадинските работи и нивната организација. И Антенион исто така се прогласил за
крал и со оглед дека собрал голема војска пристапил кон опсада на градот Лилибеја, која се
завршила со неуспех. Набргу доаѓа до спојување на војските на Салвиј и Антенион во градот
Триокали, во западниот дел на Сицилија. Антенон во таа прилика доброволно се ставил под
команда на Салвиј и го признал за крал. За себе ја задржал положбата на главен командант.
Добро фортифицираниот град Триокала е избран за престолнина на втората сицилијанска
држава на робовите. Тука се наоѓал и кралскиот дворец, пред кој се состанувала народното
собрание, кое решавало за прашањата претходно разгледани од советот. Салвиј, а потоа и
Атенион се појавувале пред народот со дијадема на главата во широк хитон и пурпурна тога а
пред нив оделе ликторите (некаква врста на гарда).
Се на се, граѓанската војна зафатила значителен дела на Сицилија. Во градовите кои
востаниците сеуште не ги зазеле, робовите во секој момент биле спремни да се дигнат и да се
придружат на своите другари.

Обидите на Римјаните да се покорат на востаниците завршиле во 103 и 102 година со неуспех.


Робовите биле решени да се борат до последната капка крв па така римската војска не успеала
да ја завземе непристапната и добро утврдениот Триокала. Дури во 101 година п.н.е. Маниј
Аквилиј, пријателот и колега по конзулат на Марија, му пошло од рака со долготрајна опсада
на Триокала да ги натра востаниците на предавство. Во меѓувреме Салвиј (Трифон) умрел, а на
неговото место дошол Атенион – кого, како што кажува Диодор – Аквилиј го убил во херојски
двобој. Иако нејголемиот дел на робови, кои гладтта ги довела до очај, се предале на
непријателот, еден дел (околу 1.000 востаници) и понатаму ја продолжиле борбата. А кога
Римјаните им ветиле живот на сите кои ќе се предадат и тие се предале. Нив подоцна ги
одвеле во Рим и ги извеле во арената како гладијатори. Меѓутоа, тие одбиле да ја веселат
публиката во арената и пред нив меѓусебно се испоубиле.

Второто сицилијанско востание на робовите било слично на првото и одекнало меѓу


останатите угнетени во другите делови на римската држава. На островот Дела и на
полуостровот Атика. Атичките робови кои работеле во рудниците во Лаурион, се дигнале на
востание, ги убиле стражарите и ја зазеле тврдината на морскиот брег. Од таму долго патувале
во хеленско-римската покраина, босфорското кралство. Таму скитските робови кои кренале
востание под водство на Савмак го убиле босфорскиот крал и на неговото место го поставиле
него кој владеел околу две години и дури и ковал пари со своето име. Востанието на крајот гу
задушила кралската понтска војска, која се наоѓала на јуниот брег на Црно Море (Понта).

Третото големо востание на робовите е истовремено и најголемо востание на робовите во


антиката и започнало во самата Италија. Избило во моментот на огорчената класна борба во
самиот Рим, војната со Квинтиј Серториј и Мертидат во Азија, а освен тоа и во времена
безуспешна борба со гусарите на море. Тоа трето востание на робовите, познато е и како
Гладијаторско востание, а најмногу се споманува под името Спартаково востание, според
водачот на востанието Спартак. Избило во 74 година и траело до 71 година п.н.е. Тоа било
последното од низата неуспешни и меѓусебно неповрзани востанија кои ги дигале робовите
против Римската република.

Според биографот Плутарх, главниот водач на востанието Спартак по потекло бил Трачанин.
Некое време служел како наемник во римската војска, но дезертирал и организирал банда.
Меѓутоа бил фатен и продаден како роб. Така стигнал во гладијаторската школа (лудус) на
Лентул Батијат во кампањскиот град Капуа. За Спартаковата снага и високата интелектуална
надареност Плутарх кажува дека ,, повеќе личел на овразуван Хелен отколку на варварин” , а
историчарот Салустиј дека била ,,со необично голема снага на телото и душата”. На жалост, не
постојат никакви биографски податоци за другите водачи на востанието. Самите нивни имиња
– Крикс, Еномај, Ганик, Каст – не откриваат ништо, затоа што на робовите им биле давани
имиња од страна на нивните господари по нивното однесуање.

Незадоволството на гладијаторите во лудусот на Лентул Батијат кулминирало со заговорот во


74 година п.н.е. Во заговорот зеле учество околу 200 робови-гладијатори, на чело со Спартак.
Меѓутоа, заговорот бил откриен, но преку 70 робови успеале да се извлечат од градот и да се
зацврстат на вулканската планина Везув. Набргу нивниот број рапидно пораснал: во нивните
редови се придружиле бројни робови, меѓу кои голем број на Трачани, Гали, Германи, како и
пастири од латифундите на јужна Италија кои обилно биле наоружани поради одбрана на
стадата. Освен робовите им се придружиле – како што кажува Апијан – и ,, слободни луѓе од
полињата” (најверојатно пропаднати селани кои ги имало во голем број во Кампања).

Во почетокот римските власти не посветувале никакво посебно внимание на овие востаници,


затоа што бегството на робовите од своите господари биле вообичаени појави. Против Спартак
пратиле само неколку локални одреди, кои востаниците лесно ги поразиле и го заплениле
нивното оружје. Дури после тој неуспех, римските власти го пратиле преторот Гај Клаудиј
Глабер, со одред од 3.000 луѓе. Глабер го зазел единствениот пат кој водел кон вулканската
планина и со тоа им го пресекол патот на робовите. Но Спартак тогаш покажал извонредна
способност за снаоѓање. Наредил да се исечат гранди од дива винова лоза која растела во
изобилство по падините на вулканската планина и од неа да исплетат дебели јажиња. Со
помош на тие јажиња робовите се спуштиле низ вертикалната страна на планината и ги
нападнале Римјаните од зад грб. Следувал неочекуван напад и одредот на Глабер се разбегал,
оставајќи им го на робовите целиот свој логор. После тоа силите на востаниците многу бргу
пораснале, затоа што голема маса на робови му се придружиле на Спартак. На тоа римските
власти го пратиле во Кампања преторот Публиј Вариниј, но Спартак најпрво наредил да се
поразат неговите легати, а потоа го поразил и самиот претор. Успесите на Спартак довеле до
проширување на востанието и надвор од границите на Кампања. Сега Спартак – како што
пишува Плутарх – станал веќе голема и страшна сила.

Ниту наредните потфати, кои Римјаните ги преземале против робовите не биле ништо
поуспешни. Спартак продолжил да ја поразува римската војска и Рим се нашол во тешка
ситуација, а со секоја победа на Спартак тој станувал се посилен и поопасен.

Меѓутоа, и покрај бројните успеси, Спартак се сомневал дека може да го скрши и самиот Рим.
Затоа се залагал за изведување на робовите од Италија, за тие да можат да се вратат во своите
домови. Поради тоа тој презема поход преку цела Италија со намера да стигне до Алпите. Но,
не биле сите согласни со неговата одлука. Крикс пак сакал да останат во Италија и да тргнат на
Рим. (Неговата војска била составена од Гали и Германи, кои веќе одамна се навикнале на
животот во Италија). Исто така, ниту слободните селани, кои ги имало во голем број, не биле
заинтересирани за напуштање на Италија, туку сакале да се борат за своите права и земјата во
Италија. Како резултат на тие несогласувања дошло до поделба на војската – Крикс со еден
дел се одвоил од Спартак.

Римскиот Сенат во 72 година п.н.е. праќа против побунетите робови двајца конзули, Луциј Гел
и Гнеј Корнелиј Лентул. Во Апулија, кај планината Гарган, еден од нив успеал да го победи
одредот на Крикс, а самиот тој во текот на битката погинал. Но Спартак набргу се одмаздил на
Римјаните за тој пораз. Задавајќи неколку удари на римските трупи тој со брз марш тргнал кон
северот на Италија и кај Мутина однесува победа над војската на намесникот на Цисалпијска
Галија. Иако патот кон Алпите бил слободен, од сеуште недоволно разјаснети причини,
Спартак се свртил назад кон Рим. (Тешко е да се каже што го навело на отстапување од
првобитниот план. Можно е, како што мислат некои историчари, дека сватил како по долината
на реката По и по планинските места, кадешто имало малку робови, нема да може да смета на
поголема подршка на локалното население). При враќањето кон средна Италија, Спартак во
Пиценум ја победил војската на двајцата конзули. Спартак сега командувал со најмалку 60.000
луѓе – кажува историчарот Еутропија. Меѓутоа историчарот Апијан кажува дека Спартаковата
војска имала 120.000 луѓе.

Иако сега располагал со голем број на војници, на Спартак не му било доволно тоа за да го
охрабри да удри на Рим. А во самиот Рим се чувствувал истиот ужас како за време на војната
со Ханибал. Никој повеќе не се осмелувал да тргне со војска на Спартак. На крај Сенатот донел
вонредно овластување на преторот Марк Лициниј Крас, богаташ, политичар и шпекулант.

Крас веднаш почнал со строго појачување на дисциплината во римската војска. Меѓутоа, како и
покрај тоа немал некаков успех, Крас – како што кажува Апијан – сурово ги казнувал римските
војници. Спроведувал децимирање (погубување на секој десети војник), кое одамна не се
применувало во римската војска. И покрај тоа, со оглед дека сеуште немал успех, во еден
момент го молел Сенатот да го повикаат Гнеј Помпеј од Шпанија и Марк Линициј Лукула од
Тракија.

Спартак во меѓувреме со војската тргнал кон југот на Италија, во Брутија. Намерата му била
своите трупи да ги префрли на Сицилија, каде се надевал на изразито голема подршка од
тамошните бојни робови. Се договорил со киликиските гусари тие во своите бродови да ги
префрлат неговите луѓе преку Месинскиот мореуз, но тие не го исполниле своето ветување.
Потплатени од Рим, едноставно не се појавиле во закажаното време. Тогаш Спартак наредил
да се изградат сплавови, но ненадејно разбеснетата бура ги разбила сите изградени сплавови.
А дури и да не се случело тоа, големо е прашањето дали војската на Спартак би успеала да се
истовари на Сицилија, затоа што пропреторот Вер, кој тогаш управувал со Сицилија ги
зацврстил бреговите на Сицилија со намера да го оневозможи истоварањето на робовите.

Така војската на Спартак останала затворена во Брутија, предниот дел на


италијанската ,,чизма”, затоа што трупите на Крас ги отсекле од остатокот на Италија. За
целосно да го спречи враќањето на востаниците Крас наредил да се ископа длабок ров, од
Тиренското до Јонско море. Една бурна зимска ноќ, робовите ја затрупале со земја и суви
гранки еден мал дел од ровот преку кој Спартак ја пренел војската.

Крас се плашел робовите да не тргнат на Рим, но Спартак се упатил во Бриндизиј, од каде


планирал со востаниците да се префрли во Хелада (Грција). Но двајца истакнати команданти
на неговата војска – Ганик и Каст, одбиле да се покорат на таа одлука и се одвоиле од Спартак.
Оваа поделеност на востаниците Крас веднаш ја искористил. Со цела жестина го нападнал
одцепениот одред и сосема го уништил кога погинале преку 12.000 робови.

Крас по секоја цена сакал да се пресмета со робовите иако претходно го молел Сенатот да го
повикаат Помпеј од Шпанија и Лукула од Тракија. До пресудната битка помеѓу Спартак и Крас
дошло во Апули во 71 година п.н.е. Останало забележано дека пред самата битка на Спартак
му го привеле коњот кој веднаш го убил. На изненадување на неговите следбеници одговорил
дека доколку победи ќе стекне многу добри коњи, а ако бидат поразени нема да му биде
потребан никаков коњ. После тие зборови јурнал на непријателските редови. Со меч во рацете
се обидувал да се пробие до самиот Крас. При тоа убил многу противници, меѓу кои и два
центуриони. Упаднал меѓу редовите на Римјаните таму каде што биле најмногу, а кога бил
ранет во колкот, клекнал и продолжил да се бори се додека не го исекле на парчиња.
(Неговото тело не е никогаш пронајдено). После смртта на Спартак неговата војска се
распаднала.

Во меѓувреме стигнал Помпеј од Шпанија кој заедно со Крас организирал вистинска хајка на
избеганите робови.Помеѓу Рим и Капуа на крст биле распнати околу 6.000 луѓе. Сепак, некои
делови од војската на Спартак се одржале на југот на Италија уште цела деценија каде
продолжиле со давањето отпор.

Спартаковото востание било единствено востание на робови кое директно и на големо ја


потресло цела Италија. Римјаните долго после гасењето на востанието се сеќавале на Спартак,
а ужасот и стравот кои некогаш се чувствувале со време избледиле. Многу познати Римјани
биле фасцинирани од неговата храброст и способност, така да се почесто се зборувало дека
водачот на робовите загинал ,,како голем војсководец”.

You might also like