Professional Documents
Culture Documents
• Кога со Хуните владееле Атила и неговиот брат Блед се чувствувало неслога. Блед неколку пати
правел завери но за среќа на Атила не биле успешни. А од друга страна Блед имал поголем
углед како постар владател.
• Полека но сигурно Атила ја зацврстувал својата позиција, и со тоа што го отпуштил Блед го отрул
Ругу, па во 445 година го убива. Тогаш станал единствен владетел на Хуните, ги обединил сите
хунски племиња и народи од Волга до Германија. Седиште на неговата држава која се протегала
од Данска до Панонија и од Лапонија и Рајна до Касписко Езеро па се до Кина. Неговата власт ја
признале многу племиња (Германи, Сармати, Словени, Турци и др.). Според зборовите на Приск
неговата војска броела 500 000 војници, вооружени со стрели, копја, мечеви и ножеви.
• Од како ја освоил власта и станал единствен владетел решил да го прекине сојузништвото со
Рим, но за почеток да не ги загрозува териториите на Западното Римско Царство, туку само
Источно Римско Царство т.е Византија. Против Визиготите му се обратил вандалскииот крал
Гизерик, пуштајќи му подароци за да го натера да завојува против Визиготскиот крал Теодирих.
Тоа го натерало Атила повторно да ги обнови непријателските односи со Визиготите. Атила
пуштил свои луѓе кај царот Валетинијан III , во чие име валедеела неговата мајка Гала Плацидија
со намера да ги одвлече од намерата да склучат сојуз со Визиготите и да им се приклучат на
Хуните во заедничка војна. Атила ветил дека ќе го чува мирот спрема Западното Римско
Царство деке ќе војува само со Теодорих со кој веќе подолго време се наоѓал во непријателски
односи.
Војната против Западното Римско царство
• Кога Атила ја осигура својта позиција према Византија, која купувала мир со Хуните, се сврти на кај Западното
Римско Царство.
• Мислата на Атила да замини со војска на кај Рим, никогаш не го напушти, но тој прво ги нападна нејзините
провинции. Во крајот на 450 год ја нападна Галија. Тоа е и времето кога се развивало Бургундското кралство во
областа Мајнца со главен град Вормсом на Рајна. Тогаш таму владеел кралот Гунтер кој се наоѓал притиснат во
отворен конфликт помеќу неговите ќерки и хуните Најзначаен доказ за овие случувања е старогерманскиот еп
«Песната за Нибелунзите».
• После соединувањето на Бургундите, Атила излегол пред западноримскиот цар со јасни намери. Тој барал да се
ожени со сестрата на царот Валентинијан III, Хонорија. Интересно е да се објасни како дошло до поврзување на
Хонорија и Атила, во 449 година била откриена љубовна врска помеѓу сестрата на царот Валентијан и нејзиниот
слуга. После тоа љубовникот бил погубен, а Хонорија највероватно била трудна, таа била изолирана од јавниот
живот. Бесна пуштила порака до Атила во која го замолила да биде нејзин витез. Атила тоа го сфатил како брачна
понуда и за нејзин мираз побарал половина од Западно Римско Царство. Против особено била мајката на
Валентијан, Плацидија која изјавила дека нејзината ќерка никогаш нема да се омажи за варварин. Атила решил
спорот да го реши со сила.
• Единствениот човек што тогаш можел да му се спротистави на Атила бил западноримскиот сатрап Флавиј Аециј.
Тој едно време бил заложник на хуните и се запознал со хунскиот живот на живеење, нивните обичаји и
традиции. Кога Римјаните со замена го вратиле назад, пробал да го симне Валентијан од кралскиот престол, па
бил осуден на доживотна затвореништво. Поради опасноста од Хуните тој бил ослободен и повторно застанал на
чело на римската војска. Меѓутоа, после победата над Атила Аециј ќе падни како жртва на чиста политика, тој ќе
биде обвинет дека повторно подготвувал планови за да го симне царот од власта, па тој ќе биде убиен на улица
во 454 година.
Походот во Италија
• Атила ја искористил не организираноста на Визиготите, па направил нов
воен план, за да ја оствари својата желба да се ожени со Хонорија. Ги
поминал Јулските Алпи и навлегол во Италија во 452 година. Го опколил
градот Аквилеј, близу Венеција и го напаѓал со катапулти. Кога градот
паднал под Хунска власт, Атила имал намера да продолжи кон Рим.
Валентинијан побегнал од Равене во Рим, додека Аециј останал на бојното
поле, но немал доволно војска за да се спротистави. Атила освоил повеќе
градови, ја опустошил долината Падаи стигнал до Минциа каде што во
пресрет му дошол папата Свети Лав И. Благодарение на папата Лав I, Рим
бил спасен од уништување. Епидемии и глад го присилиле Атила да ја
напушти Италија.
• Атила имал намера да го нападни Константинопол и да го присили
наследникот на Теодос, Марсијан да му плаќа данок, кој одбил да плаќа
додека Атила бил зафатен со војувањата на запад. Меѓутоа, Атила умрел на
почетокот од 453 година.
Легендата за мечот на богот Марс